Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
treba da si gorda majka od 1600 da oformis detence koe vo idnina t.e. so tekot na godinite nema da se razlikuva ama bas po nisto.bidi gorda majka na svoeto cedo
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
Искрено, секогаш кога ја носам Јана на лекар се враќам растревожена. Матичната кај ќе стигне кажува „ова е прематурчето од 1600 грама“, сега и овие денес. Ко циркуска атракција да сме
Туку, не се секирајте вие, се ќе биде добро утре. Ајде гушки за малата Миа.
Леле какви сељачишта! Остај ги Тања, толку им е културата. И ние на почеток кога идевме на вакцини не гледаа како изрод и ме прашуваа: А цица ли бебево? Моето се роди 2610 и сите ми се качуваа на глава за се и сешто.
на 12ти мај примивме трета доза од DTP и polio тој ден немаше реакција но вчера на 13 вечерта качи температура 37,7 степени.Дали е можно да е од вакцината?
_____________________________
Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА
Мамички да ве предупредам кога се прима полио вакцината, бебето не смее да го доите 1 час пред и 1 час после вакцина, зошто и ние сме вакцинирани со таа вакцина и во нашиот организам веќе има создадено антитела и преку млекото можат да го уништат дејството на вакцината која ја прима бебушот, така ми објасни матичната.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Ние малку ја згрешивме работата со таа вакцина, односно дојде до недоразбирање, имено, поради тоа што претходно пиеше сирупче, се измени редоследот на вакцините и кога и реков на матичната да види во книшката која вакцина треба да ја прими наредниот ден, ми рече знам јас и така кога ми објаснуваше за вакцината за наредната недела, всушност била баш таа што требаше да ја прими наредниот ден и јас мислејќи дека оваа нема врска со цицањето, кога отидовме на вакцина, многу чекавме и него почна да му се јади и му дадов да цица и некаде по пола саат ја прими и откако ја прими ми рекоа да не јади 1 час и јас тогаш се сетив, за она што ми го кажа, ама веќе касно беше. После и кажав на матичната, малку мрчеше, па рече да се надеваме дека не се измешала со млекото и дека има ревакцинација и ме праша дали таму не ме прашале дали цицал претходно, а се разбира дека тие сестрите не ме прашаа. Абе хаос..не знам да ли ме разбравте, ама и јас не знам како да објаснам поинаку, ова со вакциниве е премногу комплицирано
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Snowhite тоа со доењето важи особено за деца помали од 6 недели затоа што концентрацијата на антитела е највисока во колострумот. Кај таквите протоколи на вакцинација се препорачува не еден туку 6 часа пред и потоа да не се јаде (не знам како е тоа изводливо ). Не се грижи, мали се шансите твоите антитела да го уништат имуниот одговор на детето.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
Па не знам, мене за оваа вакцина ми рече што се прима на 3 месеци и една недела и мислам дека не треба да јадат само оние кои се дојат, а не важи за тие што се на адаптирано
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Да ви кажам ов со доењето еден час пред и после до сега никој не ми кажал, ниту опак ме прашале дали и кога е цицано. ама ние уште немаме примено дитепер и полио. тоа важи само за тие вакцини или општо за сите?
Neznam oli_naum i jas prv pat slusam za ova. Pravo da ti kazam nitu mi kazale takvo nesto nitu sum pravela,a i ako se desilo ne se sekavam za ova se desilo slucajno da ne bila jadena pred i posle vakcinata.Moze e najubavo da se konsultiras so pedijatar za ova.
Точно е дека препораката важи сао за децата што се дојат, не за децата на АД затоа што во АД млекото нема антитела. Секоја држава има различен картон за вакцинација, вакцините се примаат на различни возрасти но кај сите полио се дава покасно токму заради тоа што пораното млеко кај мајката има поголема концентрација на антитела. Експертите сметаат дека во трети месец количината на полио антитела незначително може да влијае на интензитетот на имуниот одговор и заради тоа препораката за недоење не е генерална. Подобро е да не му се даде на детето мајчино млеко непосредно пред и по вакцинацијата ама и давањето нема да направи којзнае колкава штета.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
Јас прв пат слушам дека не требало да се дои детето пред вакцината. Јас гледав мајки кои ги дојат своите бебиња пред вратата на амбулантата, додека чекаа. Никој ниту да каже, ни ништо. Знам само дека еден до два часа после примање на одредени вакцини не треба да му се дава на бебето да цица или пак да пие нешто.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
jas kolku sto znam 45 min. posle vakciniranjeto ne smee da se doi bebeto,a za diteper toj den koga e vakcinirano sokovi ovosje i jogurt ne se dava. taka ni kaza doktorkata sto e na vakcini
Значи, мене само за дитепер и полио кога требаше да ја примаме ми рече да не цица пред и после вакцината, заради тоа што ние помладава генерација сме вакцинирани од таа вакцина и да не се повторувам напишав погоре
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
А на која помлада генерација мислиш? Има и постари мајки овде . И да прашам која друга вакцина се прима на 3 месеци и една недела. За ди-те-пер знам, ама ми рекоа дека и таа што се прима на 3 месеци точно може заедно со неа, ама за што е таа? Нареднава недела треба да ги примиме сите. Си реков што да одиме секоја недела, нека ги прими одеднаш. Па да внимавам со доењето ако е така. Претходно никој ништо не ми кажа.
Епа јас сум генрерација 81 и мене ми се обраќаше докторката и така ми објасни, сега не знам точно кога почнале со вакцинирање со таа вакцина. Дитепер и полио ние ги примивме заедно, едната со боцкање, другата со лажиче, а требаше и втората доза од ХИБ (мислам дека беше таа), но др ми рече да не му се многу трауми на детето да ги разделиме. Мислам дека ова со доењето се однесува за полио вакцината.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Кратенка за вакцината против Hemophilus influenca tip B, бактерија која е најчест предизвикувач на менингит кај децата. Исто така може да предизвика пневмонија,сериозно отекување на грлотои други проблеми.
< Поракaта ја уредил Тања -- 21.5.2010 21:21:47 >
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
И мене ме интересираше истото и најдов. Таа е против бактеријата Haemophilus influenzae која може да предизвика менингитис, пневмонија, инфекции на очите, ушите итн.
Денес ги примивме Ди-те-пер, полио и втор пат ХиБ. Ми рекоа само да не јади ништо 1 саат после тоа без разлика дали мајчино или АД млеко, за да не ја поврати полио вакцината што и ја дадоа со лажиче в уста. Засега нема температура, ни ја боли ножето, само повеќе спие.
Да, и мене таму сестрите кај вакцините ми рекоа да не јади 1 сат после вакцината, ама матичната мене ми рече и претходно да не јади 1 сат заради причини кои веќе ги кажав. Се надевам не ја доеше пред вакцина
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Не ја доев пред вакцина благодарение на твоето искуство. Нашата матична ништо не ни кажа, само дека вакцините немаат врска со неа. Ама затоа е тука форумов .
Кога прв пат примивме со лажичка- веднаш поврати, а беше нацицана пред пола саат,но никој не ме праша претходно туку откако поврати ме прашаа дали скоро јадела веднаш и дадоа уште една лажичка од вакцината Имал ли некој такво искуство и дали е во ред да се даде два пати вакцината
_____________________________
Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА