|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Прва нова храна на бебето
11.5.2009 18:37:45   
Боцко
Која беше првата храна на Вашето бебе со која го почнавте преминот и на која возраст?
Воглавно постојат три главни концепти: балкански, европски и американски. Кај нас се почнува со овошни сокови, во Европа (Германија) со млад зеленчук а во САД со житарки.
Во европскиот и американскиот модел има некоја логика со оглед на тоа што тие вкусови се "понепријатни" од слаткиот вкус на овошјето и детето потешко ќе ги прифати. Од друга страна почнувањето со сокови може да предизвика детето да сака само сок а помалку друго.
Ние на Стефан на 5 месеци најпрво му дадовме кашичка од млад морков, како неутрален избор, за да продолжиме со тиквички (млади) и по некој додаток од житни снегулки на Милупа. И ден денес 7 житарки ја обожава. Подоцна продолживме со свежо овошје и на крај сокови. Ама еве, и покрај се, пак се сведува на "сок па сок" а помалку од другото.user posted image
Кој како ќе си нареди. За торта зинува како за боранија!user posted image
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Прва нова храна на бебето
11.5.2009 20:26:14   
Еца
Првото нешто што и го дадовме беше Хип кашичка од ориз,растворена со вода(по препорака на доктор) и тоа на 7 месеци,и за 5 минути доби утрикарија по лицето,почна да кива,да повраќа,чешка очиња,пак да повраќа и повраќа....(завршивме на хитна)...сето тоа било од лактозата која што ја содржела кашичката,бидејќи се постави дијагноза Алергија на кравјо млеко и млечни производи. Затоа почнав да и давам варено овошје(јаболко,круша) и варен зеленчук (морков,компир,тиквичка...)и така полека потоа и воведов житарици и соино млеко,а сок не сакаше никако,ја научив да пие сок дури на 2.5 години и тоа со молење.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Прва нова храна на бебето
12.5.2009 8:13:12   
mami
ние почнавме со сокче од јаболко ама не го сакаше баш многу- и ден денес не пие сокчиња нешто посебно, една до две голтки само- па продолживме со кашички од јаболко, морковче, ориз и на ред дојдоа житарките- ги обожава, му ставам овесни и оризови растопени во млеко и плус една банана или јаболко..може да изеде еден тон од таа
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Прва нова храна на бебето
12.5.2009 15:30:59   
mis.
Која беше првата храна, освен млекото,која му ја дадовте на вашите бебиња?дали тоа беше сок од овошје,зеленчук,млечна кашичка или нешто друго?Јас започнав со сок од јаболко па продолжив со сок од круша,банана па правев комбинации од нив.После преминав на кашички од наведениве овошја па морков,тиква па млечна кашичка од пченка.Сега сме на ориз.



< Поракaта ја уредил Elena -- 12.5.2009 15:36:28 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Прва нова храна на бебето
18.6.2009 10:39:43   
Еца
• Храната за првите детски немлечни оброци според нормативите не смее да го
содржи следново:
-конзервански
- боја
- вештачки ароми
- ГМО
- некои видови на пестициди (за некои е дозволена количина од 0,01 мг на кг
вредност внатрешна граница во ко која можат да се утврдат)

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Прва нова храна на бебето
20.6.2009 16:10:44   
Еца
Од 0-4 месец се препорачува исклучиво млеко, мајчино или адаптирано.

Во 5-от месец се препорачува воведување на овошје: јаболко, банана, круша и житарки: оризови и пченкарни снегулки.

Во 6-от месец се воведуваат нови видови овошје: кајсија, праска, цреши, вишни, сливи. Во овој месец можете да започнете со воведување на зеленчукови каши подготвени од морков, спанаќ, тиквици. При нивното приготвување можете да употребите и малку маслиново масло или маргарин, за да го подобрите вкусот.

Во 7-от месец  при приготвувањето на овошните оброци може да воведете и диња, боровинки, јагоди, малини, капини, ананас, рибизли, киви. Внимавајте на можни алергиски реакции особено при конзумирање на јагодата. Воведете нови зеленчукови вкусови како: брокула, компир, грашок, боранија, карфиол. Настојувајте грашокот и боранијата да бидат млади. Во овој месец се препорачува внесување на оброк од месо и тоа пилешко (бело месо, не копан) и јагнешко.

Во 8-от месец  се воведува рибата. Приготвувајте бела риба како ослич, пастрмка и тоа само варена. Воведете млечни производи :кравјо сирење, путер. Од житарките воведете леб и двопек. Овошните вкусови збогатете ги со лимон, портокал, грејпфрут, мандарина, грозје, лубеница, а од зеленчукот дадете домат.

Во 9-от месец како нов вкус воведете го јајцето, но само жолчката и за почеток не повеќе од ¼, тврдо варена. Од млечните производи воведете го јогуртот и киселото млеко, со кои може да го подобрите вкусот на зеленчуковите каши, затоа што сеуште не се препорачува засолување на храната, и приготвување на житните каши. Воведете бисквити како сладок оброк, тестенини и тоа: макарони, шпагети, јувки.

Во 10-от месец од зеленчук можете да приготвите зелка, праз, ќељ, да користите пилешко темно месо и мисиркино, воведете павлака, а може и малку мед. Внимавајте со употребата на медот, може да предизвика алергија.

Мелени ореви, бадеми, лешници, костени давајте ги во 11-от месец.
Внесетего и лукот при приготвување на зеленчуковите каши, кој е познат  како природен антибиотик.

Во 12-от месец воведете ја белката и тоа тврдо варена, леќата и гравот.

По 12-от месец можете постепено да воведувате  сол и зачини но во мали количини, слатки, свинско, тврди и топени сирења.

За цело време во исхраната на вашето дете треба да е застапено млекото мајчино или индустриски адаптирано.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Прва нова храна на бебето
15.7.2009 14:19:04   
mami
изворна порака од Коаличка..ја преместив бидејќи мислам дека тука и подобро место

Zdravo mamicki, jas sum zbuneta mamicka na edna prekrasna pet mesecna mamina princeza, koja e vo dilema kako i so sto da pocneme da jademe, pa zatoa Ve molam pisete mi koi kasicki, sokcinja i zitarici gi koristite najmnogu, (hipp, milupa, frutek, nestle......), Falaaaaaa

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Прва нова храна на бебето
15.7.2009 14:21:45   
mami
кашички на несле, а житарици на Хип или несле, ама најчесто Хип и тоа е ориз со 5 овошја или праска и јаболко мислам...сега веќе сме големи и поминавме на оризови и овесни пахуљици од Виталија, во прво време ги мешав со млеко и после во блендер и додавав некое овошје а сега само ги потопувам, додавам ситно сецкано овошје и оброкот е готов и го нема за неколку минути

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Прва нова храна на бебето
15.7.2009 15:38:17   
Son4ko
zdr i od mene, jas sum majka na 4 i pol mesecno bebece koe zasega super napreduva, pokraj doenjeto resiv da mu davam i sokcinja, neli se namaluva zelezoto i takvi prikazni pa pocnav so sok od jabolko i super si prifaka po 20ml dnevno eve skoro edna nedela, dilemata e sto drugo da prodolzam. Jabolkoto i go davav svezo cedeno.
Ima nekoj idea so sto da prodolzam?
Sekoj sovet e dobrodojden...
Vi blagodaram

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Прва нова храна на бебето
15.7.2009 15:42:11   
mami
Здраво Сончко...па пробај со сокче од круша, праска, кајсија, мислам ако имаш соковник дома супер ке можеш свежи да му ги даваш ако не и готовите ке завршат работа. ЈАс правев вака- бидејќи му спремав кашички одвечер за кај моите пошто таму го чуваа додека бев на работа- варев ориз за да му го сомелам после во блендер и водичката што остануваше му ја даваа како сокче, исто и со водичката од варниот морков и јаболко..мајка ми некогаш му ги даваше така посебно некогаш му правеше микс..или пак имавме компот од праски и водичката од компотот си ја пиеше како сокче

(Одговор на членот Son4ko)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Прва нова храна на бебето
15.7.2009 16:32:46   
mis.
Сончко можеш да продолжиш со морков,круша,мелен ориз(има во продавница да се купи мелен)Понатака можеш да продолжиш со банана,слива,компир,вишна.Еве на пример можеш да му изрендаш јаболко и морков да ги свариш и 8 минути пред да ги тргнеш од оган стави мелен ориз.Потоа испасири ги и оброкот е готов.Во оваа можеш да додадеш и млечна кашичка од оние на милупа,хумана или хипп што се спремаат со вода.(млечни кашички оние од кутија)

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Прва нова храна на бебето
15.7.2009 18:27:11   
koalicka
user posted image za bebeto sto pie sokce od jabolko, i za mama Soncko i nie pocnavme po malku da pieme sokce od jabolko samo sto nas pedijatarot ni peporaca sokceto da i go mesame pola voda pola sokce, za da ne e mnogu koncetrirano, mozes da prodolzis so sokce od praska, kruska odnosno so bistri sokcinja nas taka ni preporaca pedijatarot, pa od 5 meseci so ovosni kasicki, posle pet i pol meseci so zitarici i na 6 meseci so zelencukovi kasicki. Samo vnimavaj da mu davas edno po edno ne vnesuvaj razlicni vidovi odednas za da ne vi se pojavi nekoja alergija pa nema da znaes od sto e. user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Прва нова храна на бебето
15.7.2009 18:30:51   
koalicka
Mis da te prasam kakov e toj melen oriz sto se kupuva od prodavnica, pisi mi od kade go kupuvas i kako se vika, a i od koj mesec pocna da mu go davas na maloto.

(Одговор на членот koalicka)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Прва нова храна на бебето
15.7.2009 18:36:07   
mis.
Мелен ориз има во секоја продавница дури и да е таа мала.Околу 15 денари е 200гр.и пакуван е како гриз,прав шеќер.Има нацртано бебе на кутијата.Прашај ја продавачката таа ќе ти даде.Јас почнав многу ранмо со него бидејќи е мелен и може да се дава само варен како за почеток или со друго овошје и зеленчук во комбинација.Може да биде и прва храна на бебенцето.

(Одговор на членот koalicka)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Прва нова храна на бебето
15.7.2009 18:38:43   
mis.
Во почетокот бебето нема да јаде толку многу количински туку важно е да ја научи техниката на јадење од лажица а тоа е голем чекор.Доколку одбива немојте да се откажувате,бидете упорни и постојано нудете му храна од лажица.Многу бебиња ја одбиваат таа прва храна бидејќи е нова за нив но со тек на време ќе ја засакаат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Прва нова храна на бебето
15.7.2009 19:12:03   
koalicka
Mis moram da ti kazam deka mojata kerkicka e malku poveke lakoma i veke tretiot den mi izede poveke od pola solja za kafe kasicka od jabolko no zatoa posle toa imavme problem nr sakase nisto da jade, pa sega pak odnovo pocnuvame popoleka so sokcinja.user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Прва нова храна на бебето
15.7.2009 19:16:26   
Еца
Коаличка еве тука имаме пишувано и рецепти за бебиња, па според она што веќе планираш да и го даваш можеби нешто ќе направиш и од нив

http://www.ringeraja.mk/receptiPodrobno.asp?katID=110

user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот koalicka)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Прва нова храна на бебето
15.7.2009 19:22:46   
mis.
Јас ја немав таа среќа да имам лакоми деца но сепак неможам да се плачам големото почна убаво да јаде а малото е супер иако на почетокот видов мака.

(Одговор на членот koalicka)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Прва нова храна на бебето
28.7.2009 16:06:10   
ripce
пред 1 месец почнавме со хип кашичка од јаболко, морков и банана, постепено по препорака на педијатарот воведовме тиквичка, ориз, слива, круша... а за појадок му давам млечни каши од банана или житарки на хумана

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Прва нова храна на бебето
28.7.2009 16:28:43   
Maca25
Пред 3 недели почнав да и давам кашички на ќерка ми, пополека, прво морковче, па не знам јаболче и така едно исто по неколку дена. Сокчиња не сака, сега почна малце да пие од крушка и сливка, ама тоа затоа што има многу голем проблем со столицата. Сиротка има многу тврда столица и еве неколку дена се крши од плачење. Не знам што да правам - ПОМАГАЈТЕ!!! 

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Прва нова храна на бебето
28.7.2009 16:32:01   
mami
леле и Лука го имаше тој проблем кога првпат почнавме со кашите..не се секирај трае две-три недели отприлика и единствено што можеш е да и даваш компот или сокчиња од сливи и кога ке почне да кака да ја легнеш на грб и ноџињата да и ги свиткаш кон стомачето. ЈАс неколку пати дури исо влажна марамица му го кршев гомцето за да излезле полесно- можеби звучи гадно ама во тие моменти кога го гледав како вришти мене ме болеше а не него 

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Прва нова храна на бебето
28.7.2009 16:37:39   
Maca25
Јас се искинав од плачење со неа заедно user posted image . Се надевам дека ке и помине брзо, не сакам да се мачи. А сака да си јаде, срценце е, ама само овошни кашички, од зеленчук неќе ни да мирисне. Сега за сега ќе одиме полека додека не и се изрегулира мешето. Сега пиеше сокче од круша - тоа единствено го пие од сокчињата. И пребирлива е- не сака секакви каши, само купечки. Што е итра мојата мала!!!user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Прва нова храна на бебето
28.7.2009 16:42:00   
mami
хахах сите се такви
пробај во зеленчуковата да и го смешаш овошјето што го сака најмногу, кај мене тоа е јаболкото и обично секогаш во зеленчукот му става и рендано јаболко или прво во блендер и така ги јадеше..


(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Прва нова храна на бебето
28.7.2009 16:44:22   
SUPER MAMA
Maca25 od moe iskustvo ako mozes zemi nekolku suvi kajsii posto sega gi nema svezi ili ako imas napraveno domasen kompot od kajsii i toa mozes da koristis samo stavi vo blender dodaj malku od sokot i izmiksaj do zelenata gustina.
A ako koristis suvi kajsii svarigi kako kompot i srtavi dve tri vo blender dodaj malku od sokot vo koj se varele i izmiksaj.Isto taka pomaga i praskata prvo svarija  i na ist nacin izmiksaj ja vo blender.
Ako mozes da pokusas da zemes maslo becutan i malku da mu go izmasiras stomaceto moze malku ke place ali ke mu bide podobro.Pozdrav

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Прва нова храна на бебето
28.7.2009 16:51:36   
ripce
на мојот бебуш сокот од јаболко и круша му делуваат лаксативно, веројатно и кај другите ефектот ќе е идентичен

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Имиња
Максо

Најпопуларните имиња за 2016

Максимилијан (17%)

Лукијан (9%)

Симон (12%)

Калин (16%)

Филип (34%)

Кристијан (12%)


Број на сите гласови: 179

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!