|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Царски рез
16.7.2009 17:27:34   
haley
срничка, јас више таквите студии ги гледам повеќе од аспект забава отколку нешто сериозно.. постојано, секоја недела имаш така по некоја нова студија која објаснува до што резултати дошле.. еве една од вчера-денес
http://biologija.com.hr/modules/AMS/article.php?storyid=153
наводно некои трауми во детството подоцна во животот се причина за некои хронични болести(како дијабетис, кардиоваскуларни и сл.)
е сега, што е траума? и 3год дете кога ќе падне и се учука малку е траума и да се попари со врела вода и бр. други безвезни работи .. И кај ќе фати човек крај на сето ова.
Она што најповеќе ме збеснува,
никако ги нема овие институти да земат да анализираат да речеме што се токсични супстанци има во пелените и кои влегуваат во кожата и крвта на детето.. потоа пластиката од шишенцата што све испушта , сега додуше откога Канада ги забрани пластичните шишенца со Bisphenol A еве полека и други земји полека почнуваат да забрануваат и се враќаат кон стаклените ! ама сеуште во повеќето земји и понатаму најнормално во продажба се секакви пластични шишенца изработени под којзнае какви никакви норми и за тоа на никој не му е гајле. Исто и се фталатите за кои прочитав  mami имаше нешто напишано.  Какви отрови трпиме и трпат новиве генерации тоа не е нормално , ухх user posted image   се уморив и изнервирав

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Царски рез
16.7.2009 17:39:15   
Еца
Она што Срничка го напишала е во ред, мислам таа го има напишано најдобронамерно, со убаво предупредување дека сепак царски би требало да се прави доколку навистина постојат причини за него.Но исто така  може да бидеи личен избор на пацинетот поради ххх причини, и поради тоа не смее да има осудувања од околината.Не дека не се разочарав малку, но нема да дозволам да трпи траума ниту бебушто ниту јас.Ги прифаќам работите со готовност и подготвена сум психички за царскиот, мислам нема од што да се плашам. ќе биде онака како некаде горе е запишано, а најбитно ми е ние двете да бидеме како треба.Па се друго се заборава. И уште еднаш ми докажавте дека фумкционираме како семејство кое е тука за да даде подршка барем со убав збор. Ви благодарам на сите, и знаете дека сте дел од мојот живот, а со тоа и дел од мојата душа.Затоа сите ве сакам на еден посебен начинuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Царски рез
17.7.2009 11:32:22   
Nikolina
Pa i nie te sakame tebe toa si znaesuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Царски рез
17.7.2009 12:00:43   
srnicka
vcera mnogu se iznervirav mnogu mi bese krivo so sum go napisala toa, megutoa sega srekna sum koga gledam deka elena me svatila deka toa e dobronamerno, deka ne mi bila celta nekogo da zagrizam i da zamislam. Jas navistina ve smetam kako semejstvo i uste ednas izvinete ako nekomu sum nastetila so nekoja moja izjava

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Царски рез
17.7.2009 12:03:21   
mami
миличка па сите тоа си го сфативме..немој да се нервираш..и ти како и сите овде пишуаме за наше добро, да споделиме со сите некои информации кои некому може ке му користат..user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот srnicka)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Царски рез
27.7.2009 12:05:56   
Еца
Еве драги мои, еве и втората моја бременост заврши со царски рез.Мислите дека ќе пишам дека супер поминав? Да супер и фала му на Господ што немаше компликации, добро поминавме и јас и бебето, но да бев природно породена, веќе ќе размислував за трето, вака, не ми пага напамет.Навистина немаш никакви болки, суепр си викаш те носат ти ставаат клизма, те подготвуваат за царски и се изгледа безболно, но кога те внесуваат во сала веке не знаеш што ќе биде понатака.Значи заспиваш, со мисла дека ќе те разбудат со убават вест имаш ќерка или син...Така и беше, Елена разбуди се имаш преубава ќерка, Еленаајде разбуди се...И се разбудив но наместо со она блажено чувство на среќа дека сум повторно мајка, јас час и половина се тресев од студ(што е нормално по царски)лежиш гола, покриена со ќебе, те боли се, а да не збориме и мало движење на било кој дел од телотот ти доаѓа да вриштиш од болка. И така првио ден поминав во шок соба, моето сонце го видов дури вечерта во 21 часот, и тоа на една минута, нормално плачењето беше неизбежно, а имаш сила само да го гушнеш и бакнеш и повторно го однесоа.Дури до утредента кога не симнаа долу во соба, а и за таму за да станеш ти треба сила и офкање. Конечно бебето е со мене и ве'ек се трудам да заборавам на болките, нели бебето ти дава сила, но верувајте колку и се да изгледа дека кога ќе го видиш бебето се ќе заборавиш не е така.И сега добро се осеќам, но се движам како желка низ брдо, раната боли, пече,кичмата и грбот не ги осеќа, но нели со царски сум, безболбо.И знам дека ќе помине, но она што сакам да го кажам е сепак природното е природно, знам дека и таму има исклучоци и дека има болни породувања, но кај царскиот сите завршуваме исто после будењето од анестезија. Се надевам дека со овој мој пост ќе ве натерам барем малку да подразмислите кога сами одлучувате да одите на царски.Верувајте на сите ви посакувам да поминете најубаво, а на царски да се оди само ако навистина е неопходно и хитно.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Царски рез
27.7.2009 13:43:01   
Twins
  Eлена во потполност те разбирам , само што кај мене беше уште полошо. Се породив со царски во 34 -35недела (предвреме значи). Прво се разбудив со страшни болки, бебушките  не ги ни видов ни ми ги покажаа, затоа што како недоносени беа сместени веднаш во инкубатор, па и рекоа ај утре кога ке те донесат на одделение ако можиш да станиш дојди види си ги бебушките.user posted image Така после некои 24ч. ме прфрлија од интензивна во оддел.соба и ме оставија да сум се суредела самата (значи да се измијам, преслечам ,облечам ....).Цела среќа што помина другарками да ме види баш во тоа време па некако со нејзина помош успеав да станам и да се суредам. СО судни маки и стршни болки( при движење) успеав сама да се извлечкам до неонатологија  и да си ги видам малечките, душички, како црвци беа и најпрво што си помислив беше дали од овие душчки некогаш ке пораснат и ке заличат на деца user posted image user posted image . Бебушите беа во инкубатори , едното 10дена а другото15 дена а јас прв пат ги допрев после некои15-16 дена   и останав вкупно на болница цели 3 недели .Ама еве сега иамае 7месеци и сме вистински бебуши user posted image user posted image user posted image а искуството со царскиот рез беше ужасно .Така да те  подржувам Елена . Девојки размислете дали баш сакате доброволно да одите на царски оти не е баш така ЦАРСКИ, царскиот рез. Поздрав




(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Царски рез
27.7.2009 23:07:13   
niki
Elena cestita kerkicka, uzivaj vo nea i nemoj da ocajuvas, bitno e deka ste dobro, ne e bitno kako si se porodila, vprocem taka moralo da bide ne si ti vinovna.
Eve i jas da si go kazam mislenjeto na temava, gledam mosne sprotivstaveni stavovi.
Bidejki imam HPV imav dolg period koga mislev deka poroduvanje so carski ke bide neminovno kaj mene. Se uzasnuvav od idejata pri prirodno poroduvanje da mu go prenesam virusot na bebeto, sto e mozno dokolku na grloto na matkata se razvijat bradavicki predizvikani od virusot. No se uzasnuvav i od idejata da se porodam carski, bidejki toa nosi dolgo i tesko oporavuvanje, ne boli dodeka si pod anestezija, ama posle so meseci ke se oporoavuvas i cel zivot ke nosis beleg na stomakot.
Za moja sreka ne bese potrebno da sse poroduvam carski, i se porodiv prirodno, rodiv zdravo bebe, i bev spremna za noviot predizvik uste vednas stom se vrativ od bolnica po poroduvanjeto.
Sekoj ima pravo na izbor i kako saka neka si pravi, negovo telo, ne mozeme nie tuka nisto, no ke kazam deka treba dobro da razmislite zosto od bolka nema da se spasite.
So carski nema da gi preziveete onie 18 casa poroduvanje, kontrakcii i naponi i eventualno secenje (epizootomija), no sigurno ke vi bide isecen i sien stomakot i toa prilicno mnogu i na mosne nezgodno mesto koe ke vi go otezne dvizenjeto, navednuvanjeto, krevanjeto na deteto. Jas ne bi mozela da preziveam da mora nekoj da me mie dodeka da mi zarasne ranata ko sto slusam deka svekrvite gi miele snaive sto se porodeni so carski bidejki sami nemozat i ako bas nemora nikogas ne bi se odlucila na takov cekor.
Da prirodnoto poroduvanje e bolno i trae dolgo, no so nego mozete da go izbegnete i secenjeto i sienjeto, ima zeni koi se mnogu elasticni i se otvaraat dovolno, pa kaj niv toa i ne e potrebno.
Jas na primer na posledniot ginekoloski pregled pred poroduvanje bev otvorena 6 prsta, posle 25 minuti se porodiv, bez epizootomija, i samo malku raspuknav pa bese potrebno da mi stavat 1 sav, a rodiv devojce tesko 3370 grama.  Da, mi bese nezgodno sedenjeto prvite dve nedeli, no site bolki zavrsija vo momentot koga se rodi moeto bebe, ne zatoa sto mi ja dadoa tuku zatoa sto tuka navistina zavrsuvaat bolkite, a bebenceto mi go dadoa da go vidam posle dva casa otkako ja pregledaa pedijatri bidejki imase potreba da i ispumpaat plodova voda i  poradi toa sto papocnata vrpca i bese vrzana okolu vrat da vidat dali e se vo red.
I posle prespani nekolku casa mozev da stanuvam i da funkcioniram bez nikakov problem, sto ne e taka so carski.
Od bolnica me pustija posle dva dena, nasproti onie koi carski moraa da pominat uste nekolku dena vo bolnica.
No da ne bide deka se obiduvam da ve ubeduvam vo nesto, koj kako saka, samo za kraj sovet za onie koi sepak ke odlucat prirodno da se poroduvaat, prethodno podgotvete se, setajte i pravete kegelovi vezbi i koga ke pocnat kontrakciite nemojte da panicite, so dlaboko disenje i masaza od nekoj blizok ke gi preziveete, a koga ke stignete vo bolnica i ke pocnat naponite, slusajte sto vi zboruvaat doktorite i pravete go toa, nasproti da vristite, mnogu pobrgu zavrsuvaat onie koi sorabotuvaat nasproti onie koi vristat i ofkaat, cela zemjina populacija go prodolzuva svojot vid otprilika taka i pominuvaat bez problem pa zosto ne bi i vie.

(Одговор на членот Twins)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Царски рез
28.7.2009 8:16:55   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image тотално потпишувам

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Царски рез
28.7.2009 8:35:42   
karla
Niki so ova sto si go napisala nemozes ni da zamislis kolku mi pomogna vo odlukata za poroduvanje. I jas insistiram na prirodno poroduvanje, no mnogu mi bese strav bidejki mi bese dijagnosticiran HPV koj ne e visokorizicen no sepak e HPV i ne sakam moeto "ne rodeno" bebe da ima bilo kakvi posledici od toa. No sega, znaejki ja tvojata situacija, definitivno ke insistiram na prirodno poroduvanje. pozdrav

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Царски рез
28.7.2009 8:47:30   
niki
 Drago mi e Karla sto ti pomognav.
Ti pak konsultiraj se so ginekologot i koga ke pojdes na poroduvanje na lekarite sto ke te primat i na onie sto ke te poroduvaat kazi im ja dijagnozata zemi si gi i dokumentite od PAP testovite da gi vidat i tie najdobro ke ti kazat sto treba. Ako bas mora carski nema beganje, mora i na toa da bides spremna, sepak toa e za dobroto na deteto, no ako nemora, prirodno poroduvanje e definitivno moj izbor a i mnogu majki koi se porodile so carski ke ti kazat isto.
Ajde bez plassenje i so lesno pa da slavime za uste edno ringeraja bebce.

(Одговор на членот karla)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Царски рез
28.7.2009 12:02:25   
Еца
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image за убавите постовиuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Царски рез
29.7.2009 18:58:37   
Еца
Тања еве тука ќе ти одговорам на прашањето.Бидејќи со Мартина бев царски, овој пат бев решена да одам природно, но последното гледање на ехо докторот ми објасни многу стручно дека постојат големи шанси да настанат компликации, и дека веќе и не смееме да чекаме, зошто имаше некаков проблем со ѕидот на постелката, и постоеле големи шанси да настант проблеми кај бебето, па затоа во вторник ме гледаше на ехо, во средата на 22 јули  се породив со царски, почеток на 39 гестациона недела.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Царски рез
29.7.2009 21:31:46   
haley
Поради тоа што јас сум овде единствената што е ЗА царски само малку ќе се надоврзам на ова што Елена го кажа.
Елена знаеш дека овде на повеќе клиники се имам консултирано во врска со царски како и со различни гинеколози(прво одев во еден па во друг кабинет и град) и од она што сфатив е дека низ швајцарија,франција и др. земји воопшто не практикуваат царски под потполна анестезија. Туку само половична и имаш завеса, бебето е надвор за 10мин , ти го ставаат потоа го носат на мерење а гинекологот акушер е веќе во тек да сошие тоа раната.  Во зависност од неговата спретност и талент, некои знаат да го направат за 20мин, други 30мин.  Ова го дознав од медицинските сестри во клиниката кои на нас трудниците ни држат курсеви и предавања на разни теми.

Потоа те носат во соба, бебето до тебе и така неколку дена. Бебето е постојано во соба со мајката и таткото за кого има помошен кревет иако нормално тоа е по избор дали ќе остане и тој преку ноќ или не. 
Кај нас  не би сакала да кажам дека има доста некомпетентност затоа што сепак и нашиве се на место и ниво но факт е дека воопшто не се трудат таа техника околу царскиот да ја усовршат направат поефикасна, по лесна со повеќе follow up што би се рекло ;) 
Јас имав состанок со анестезиологот и затоа што некако ми е језиво тоа царски со полуанестезија баш ја прашував.. викам, а откога бебето е извадено , во колку ме фати паника или нешто слично ќе ми дадете ли нешто за смирување ?? :) и таа ми вика, ’тоа ич не е проблем, без грижа бидете, ќе ви дадеме и оксижен а и нешто ако треба друго плус некаква мала анестезија исто така може’  Тоа се оние анестезии кога си кај забар и те успива на 15мин. не повеќе.

Јас еве психички можам полесно да прифатам да добијам рез и да ме сошијат отколку да одам во бокс, да ми пикаат рака да видат колку е отворено па други работи па да се напрегам па бебе па најверојатно шиење ..  за мене ич не е нешто пофино да ме сошиваат долу и да лежам така отколку ова рез во абдоменот кој ионака е ептен долу и не страшен воопшто.  Но јас ви кажав,  јас имам стварно фобија од тоа дека додека ми одат контракции да ми ставаат форсепс(она металното) или прсти и чуда.. :)   
За овие вака што немаат фобија иако не им е све тоа супер сепак го прифаќаат како нормално додека јас имам озбилна блокада. ЗА среќа во странство сум и тука ептен припаѓаат и гледаат да ти угодат на секој начин , да бев во Ск. ако не ми упалеа врските богзнае што ќе трпев. :)

На канал5 видов една емисија во која се зборуваше за новата клиника во сарај мислам , нешто Лазар лазарус се вика не знам точно и таму ми делува дека гледаат да удоволат и со што помалку стрес да ти помине породувањето е сега дали и во пракса е така , ќе чуеме ,видиме.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Царски рез
29.7.2009 21:37:53   
haley
Ники, чисто се сомневам дека Елена не може сама да се тушира и дека некој друг ја тушира.
Раната од царски може да биде лошо направена ради број проблеми , некои имаат поспоро зараснување или царскиот е изведен итно и хирургот го засекол мускулот а одамна сите овие хирурзи научија дека мускулот не се сече туку ги тргаат ..  јас што видов таму во клиниката каде што одам , само првиот ден не се тушираат и лежат најчесто а веќе втор ден стануваш и во зависност како се осеќаш можеш да шеташ малку и вечерта малку туширање. 

како и да е јас ќе дојдам со мое искуство на 10. 08 имам закажано па ќе ви го раскажам моето искуство :)

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Царски рез
30.7.2009 0:05:48   
Tanja K.
Dobro Elena,znaci sepak moralo carski.A jas i izumiv deka ti celo vreme si imala i nekoe krvarenje.Neli?Jas sum mnogu plaslivka i placka,i voopsto netrpam bolka.Pa me interesira kako odi zakazuvanjeto,i dali mora ako sakas sam da zakazes da mora da e pominat terminot ili ne????No mnogu me faka panika,mislam deka nespijam po cela nok samo zaradi taa bolka uzasna!!!!!!!!!user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Царски рез
30.7.2009 2:20:43   
haley
па Тања земи епидурал инекција.. обавезно осигурај се дека ќе ти ја дадат и  после гајле немашuser posted image

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Царски рез
30.7.2009 8:43:33   
mami
Халеу ај ке разговараме откако ке помине царскиот дали ке бидеш толку ЗА него...

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Царски рез
30.7.2009 10:58:09   
Tanja K.
Abe jas ne sum za carski,samo dali ima nesto sto ke ja ublazi bolkata.Bidejki so carski posle nemozes se da rabotis vo pocetok,a jas nemozam da miruvam.Plus ke treba samo babite da se tuka,a toe e user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image .

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Царски рез
30.7.2009 12:03:59   
niki
Tanjak, razgovaraj so tvojot ginekolog, ima epiduralna anestezija i uste edna ne mi teknuva imeto koi gi stavaat i pri prirodno poroduvanje, za da ne cuvstvuvas bolka a pak se poroduvas vaginalno i svesna si celo vreme, nemora na carski da odis da se spasis od bolka, a da ne zborime i sama znaes deka so carski od bolka ne se spasuvas.
A za Haley ona sto kaza mami, koga ke pomine javi se ke pravime muabet,  nie immame zad sebe iskustva ti imas samo teorija koga ke go prezivees na svoja koza togas. Jas rekov ednas koj kako saka, negovo pravo na izbor, i jas imav pravo na izbor i uste i medicinski potkrepena pricina za da odam na carski, ama ne otidov, ti odis bukvalno od bes, nemozela da izdrzi ginekoloski pregled, pa sto mislis ti sega samo na poroduvanjeto i nikogas vise na ginekolog, za obicen PAP test ti pikaat cuda vnatre, na sekoj pregled osven sto te gledaat pikaat race koga te pregleduvaat vaginalno ili ti ostana trudna a uste ne si bila na ginekolog, ako nedaj boze zatreba da ti pravat biopsija na grloto na matkata kaj ke odis togas na carski pak ili mislis toa ne boli ili ke baras i za toa anestezija...
Aj da ne zamaram i da zabeguvam na temava.....
Spinalna bese drugava anestezija sega mi tekna.

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Царски рез
30.7.2009 12:07:10   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Царски рез
30.7.2009 13:16:29   
haley
Добро, па зошто мора да сте така скептични ај објаснете ми??

мами, како што реков ќе дојдам и ќе раскажам  и како што објаснив нема правило кога се рабоди за породување, можеш да имаш компликации и при ваг. пород и при царски .

ТањаК, јас ти кажав да побараш и добро се информираш за епидурална анестезија со тоа ке ги избегнеш сите болки.  Од вака што сум зборувала со жени кои се пораѓаат кај нас, тоа што е зезнато е што ти можеш да се договориш со твојот гинеколог и се тоа фино , арно ама кога си веќе дојдена со контракции во болница таму се тие патронажни сестри, некој друг гинеколог, анестезистот треба да го чекаш.. и често пати, ќе ти кажат, “е подоцна е не може сега“ , и кога ќе дојде тоа подоцна тогаш пак е прекасно за епидуралната ..   Така да многу е важно да таму каде што ќе одиш се договориш некако.

Ники, епа ете видиш.. во еден момент викаш “кој како сака треба да прави“ а во друг момент моево ти било од бес. Ете ти си требала да  одиш на царски ама не си отишла.. јас не требам ама ќе одам и што ?? во тоа е суштината ако размислиш, дека секогаш некој си има своја причина зошто едното му се допаѓа повеќе од другото и кога веќе живееме во ова време на развиени општества и слободи  зошто ете јас да не отидам од кеиф или бес на царски ?
на тој начин може дури да речеме дека ако ми каже докторот дека морам на царски а јас упорна сакам природно тогаш и тоа е од бес?  конкретно, имам пример од една жена која баш излезе дента од клиниката и мед. сестра која ни држеше предавање за доење баш ни го посочи примерот со неа зошто биле сите они на цел оддел страшно под стрес. Имено, женава инсистирала на природен никако царски и со саати се обидувале да ја породат во тие тешки услови а сите лекари што биле ја упозорувале дека ќе има последици од породувањето и бебенцето е родено со 80-90% намален вид , значи скоро слепило затоа што предолго било во каналот ем стиснато (не ги знам деталите).   Е сеа ај ти мене кажи ми зар не е ова од бес? 

Сега скоро на еден хрв. форум баш таа една девојка кажуваше за нејзиното искуство , тргнало све фино со породувањето , тоа сестрите и не знам кој убедени дека не треба ни рез ни ништо ... бебето се раѓа и баш тогаш и испукнува оној дел ама не наназад како обично бива туку нанапред го има зафатено и клиторисот. Кога ја сошивале и имаат кажано дека такво нешто немаат видено , многу е ретко и бла бла. 
Е па видиш, јас еве таква сум , не можам да прифатам таква неизвесност и мене тоа ептен ме потресува. Некој друг реагира поинаку на такви неугодности, некој ги преживува полесно јас не.. мене раната од царскиот ми е како да сум била на вадење слепо црево и ич не ме потресува.

Згора на се да ти кажам дека , да, моментално имам само теорија а вие искуства но во изминативе години и години можам да ти кажам дека сум во контакт со бројни жени,колешки,пријателки од странство а и од кај нас нешто и слушам искуства не теории.
Затоа и еве кажувам, дека како го изведуваат царскиот во странскиве клиники и кај нас е небо и земја.  Кај нас единствено различно што прават од 60тите години е тоа што го прават резот хоризонтално , другото се е исто !   Додека низ странскиве клиники користат ласер за зацелување на матката како и кожата , нешто што е ефикасно и ја спојува кожата ефикасно и заздравува ептен побрзо. Има и други работи ама џабе да кажувам гледам дека се’ што ќе кажам на вас ви делува глупаво.



(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Царски рез
30.7.2009 13:26:20   
mami
Само ке кажам дека секој има право на свое мислење и свој коментар, и никој не мисли дека твоето мислење е глупаво, едноставно има повеќе кои поминале низ тоа и ке ти кажат дека компликациите при природно се многу поретки од оние при царски. ДАј боже да биде се во ред и да можеш да стануваш и да вршиш работи нормално како секој ден уште ден после породувањето, меѓутоа реалноста е друга.
Го почитувам твоето мислење и чекаме на резултати за две недели...ти се ближи терминот милаuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Царски рез
30.7.2009 13:29:29   
haley
ах да, и само да кажам, во цела бременост имам прифатено само два прегледа и тоа онака ги гњавев гинеколозиве(еднаш жена еднаш маж) да ме осигураат дека ќе биде брзо и дека нема да има некакви ставања на метално нешто и слично.  Ги нервирам ама мораат да прифатат.. а тек да сум во америка или австралија аууу таму можеш на глава да им се качиш, имаат обврска да го респектираат секое твое барање и да образложат зошто ова или она би ставиле и провериле...
прифатив тоа прегледите , првиот заради тој брис за бактерии вториот за да видат дали е затворен тој долниот дел од матката. 

епидурал или спинална анестезија е всушност едно исто.  Спинална значи -кичмена , а инекцијата се става во епидуралниот дел на кичмата таму подолу каде што е тоа рашидиан каналот и базата ткивото на нервните завршетоци.  На тој начин,  нервите во долниот дел од телото се недвижечки значи ништо не осеќаш .

често пати оваа анестезија ја викаат и перидурална.   Истата се дава при царски рез низ клиниките во странство  затоа што ќе кажам пак,   докторите преферираат да бремената жена не добие комплетна анестезија затоа што нема потреба, и откога е извадено бебето (кое според нив не смее да биде повеќе од 10мин )  потоа ти даваат ако сакаш нешто за успивање и слично .

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Царски рез
30.7.2009 13:30:00   
Еца
Халеу твоето право на избор е само твое право и јас те подржувам.Кога човек е убеден во нешто верувај и подобро поминува, а точно е и дека поинаку е кај нас, поинаку е во странство.Јас знаев што ме чека, па затоа бев онака, фуј расположена.Како и да е јас ти посакувам да помине се во најдобар ред и да ни го напишеш своето искуство, инаку секој има право на свое мислење и се што ќе кажеш е добредојдено, па не е битно дали за некој е глупаво или не, бидејќи верувај на друг она што ќе го напишеш можеби ќе му биде од неизмерна помош.Поздравuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?