|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Царски рез
30.7.2009 13:32:46   
Mammy
Haley,

Nemoj da se nerviras.. Sega si najvazna ti i tvoeto malo..
Tvoja e odlukata i ne navleguvaj vo diskusii. Znam deka se osekas povikana, ama uzivaj...
Si napravila izbor i toa e toa. Sekoj ima pravo na toa i treba da go pocituva izborot na drugite.
Ubavo sto site sovetuvaat i davaat svoi gledista.Ama na kraj site se zivi i zdravi i posle carski i posle prirodno, se e ok.
Sto i da bide, kako i da bide ke izdrzis..
Teraj kako sto si resila. Pa normalno sekoj od nas sam odgovara za svoite postapki. Zatoa mamicki ne ja osuduvajte Haley..Taa go napravila svojot izbor.

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Царски рез
30.7.2009 13:35:58   
haley
Фала фала мами..за убавите и позитивни желби..   како сум подготвена сеа за едвај 2 недели , има таму додека лежам да се искарам и со анестезиологот ако случајно нешто ми се занесува  ;))))   има сите да ги подберам user posted image

единствено што е добро што бебето ти го даваат одма во раце а и мажот може да е до тебе. . така да фино стварно..
а во врска со раната и подигање.. тоа ќе биде блага катастрофа не друго имам проблем со кичмата и сега кога нешто треба да дигнам и носам од 2кг јас практично не можам , ме штреца а тек со бебето.. Или некако ќе користам само рачни мускули, бицепси трицепси и тоа стално ќе гледам одма да седнам или све мм ќе прави и ќе ми го дава бебушот , оти он зема месец дена па така ќе бидеме само ние двајца.   Во август баш и ќе морам на ренгени да одам заради мојов проблем со кичма така да со царски или без ја и така си го имам проблемот. :)   ама све тоа се средува за тоа сум и јака и оптимистична  :)

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Царски рез
30.7.2009 13:41:40   
Mammy
I jas treba da se porodam do kaj 20.08. Minata nedela zborev so doktorkata moja i taa mi rece deka samoto bebe so tek na narednite denovi ke ni dade nasoki kako ke se rodi. Taka da odam so namerata prirodno so epiduralna, pa i spinalna ako treba... Ako ne daj boze se javi problem odime na carski. Taka da ne sum i jas od tie sto trpat bolki.. Mi se povraka od pomislata na toa..

Taka da vo racete na strucnjaci sme, sto i da bide, bitno e nie i nasite bebuski da sme zivi i zdravi...

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Царски рез
30.7.2009 13:46:46   
moni imatea
samo so lesno i so dobra misla neka bide jas i so 2te se porodiv po priroden pat pa super pominav



_____________________________

gorde

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Царски рез
30.7.2009 13:53:32   
haley
Големо фала Елена и Mammy :)) ухх доста ми е зезнато сега вака при самиот крај зошто сама сум преку недела па еве ноќеска во 3саат сабајле се разбудив без шанса да заспијам па  шетав низ форумов . Некако ме смирува вака кога читам теми за бебиња и подготовки  зошто инаку само размислувам и тоа ме доведува до паника.  :) 

mammy исто и јас ете сум таква имам многу низок праг на толеранција кога се работи за болка, болки .. е сеа факт е дека човек може се да издржи и дека и со болки куп тоа све се преживува ама кога веќе има алтернатива, јас сум за таа да се искористи , ехехе :)) 

(Одговор на членот moni imatea)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Царски рез
30.7.2009 14:40:47   
Nikolina
незнам како ќе ме сватите ам јас мислам дека е во ред секој да си има свое право за избор  на пораѓај ама не ми е јасно зошто и како можите да слушате и да верувате на секој па луѓе секој различно поминува и секој со среќата сакам да кажам дека секој различно поминува и нетреба се да си сваќаме лично,јас ја отварам темата најискрено заради Елена гледам дали има пишано нешто ново како поминала и сл. оти многу беше нерасположена ама се помина најдобро јас бар така мислам па луѓе мои најбитно е бебето да е живо и здраво и ние со него поздравuser posted image user posted image

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Царски рез
30.7.2009 21:40:15   
Mama20
Здраво! Прво да ви кажам дека сум нова на форумов, ама во тек сум со разговорите бидејќи ги читав и пред да се регистрирам. Во врска со царскиот рез да ви кажам - останав бремена со едвај 20 години (сега имам 22), и на мое барање се породив со царски рез. Не ми паѓаше напамет да се породам нормално пред се ми беше многу страв. Докторот инсистираше на нормален пораѓај со епидурална анестезија ама кога виде дека не попуштам тогаш и он крена раце и рече - Одиме на царски. Легнав на операција во 10 часот и 10 минути а во 10.40 бев породена и син ми го видов исто како кај нормален пораѓај. Немаше апсолутно никаква болка, никаква компликација , дури и сега кога кажувам на други мајки не веруваат. И отпосле толку не ме болеше, нели првите два дена додека раната да подзарасне. Секоја чест на тие што одлучуваат да се породат нормално, ама јас и нареден пат би се одлучила за царски рез. Не за џабе е царски !!! user posted image  Поздрав 

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Царски рез
20.8.2009 16:28:46   
Cacko
Jas sum najtaze porodena so carski(pred samo 8 dena) i mozam da kazam deka ne e tolku carska rabota.Se me boli , ko da prooduvam se osekam, i da ne bese neophodno nikogas nemase da idam na carski.Sabajleto u 5 mi pocnaa bolkite, koi by the way uopste ne se strasni ko sto gi zamisluvav,pa u 8:30 koga otidovme u Sv.Lazar ja bev 4 prsta otvorena.Ej si vikam super ako e vaka, i uste 50% pogolema bolka se izdrzuva.Me prasuvaa za epidural i spinal, ama ja ne sakav , zosto stvarno bolkite si gi izdrzuvav, sto so disenje pravilno, sto so pomos na mm koj celo vreme mi go masirase blago krstot i kicmata.Arno ama otkako mi go puknaa vodenjakot i otkako si se otvoriv skoro cela pocna pekolot, a saatot bese 17:00.Plodot ne sakase da se spusti.E luge ovie bolki se 10 pati postrasni nego tie duri se otvaras .Pa zatoa mi stavija spinal zasto pocnav od bolka da povrakam.More setav saat vreme i ne biva pa u 19:35 se porodiv so carski.Plodot bese4900gr pa zatoa ne sakal da se simne.Bitno se super projde,ama carskiot ic ne e carska rabota posle poraganjeto.So toa sto vo Sv.Lazar imav besprekoren tretman i mozam samo ubavi raboti da kazam za personal, bolnica i sve povrzano so niv, ama makata e neverojatna,  i koga bi mozela da biram ne bi izbrala carski

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Царски рез
20.8.2009 17:26:26   
Sara
Леле Цацко машала 4900 гр бравос, и моето бебе е многу напредно во 36+6 недели е 3470 гр према ехо мерките, незнам до крај како ќе тераме ама се повеќе ме фаќа страв за вагинален пораѓај, а и јас не сум крупна баш.


(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Царски рез
21.8.2009 0:35:31   
mami
Сара, тоа дали си крупна или не, нема никаква врска со тоа колкава ти е карлицата и нејзината можност да се рашири. Постојат и доста крупни жени кои имаат тесна карлица и одат на царски..само смирено, ке биде се во ред

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Царски рез
21.8.2009 1:22:51   
nadica
ДА за оние кои неможат да се породат природно но од помодарство и да не трпат болки НЕ
инаку царски рез нарачена операцијата бидејќи големиот цезар е првото бебе кое е извадено од матката со помош на операција

јас се породив природно родив девојче 4300гр добро сум пресечена ама вредеше.моментот кога ти го ставаат бебето на гради неможе да се опише и замени со ништо друго(оние кои неможат да се породат природно е друго)


аааааааааа и закрепнувањето од царскиот рез не оди така лесно имате рана на стомакот и не е едноставно

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Царски рез
5.9.2009 13:51:58   
Sara
На последниот преглед д-р ми рече дека најверојатно ќе мора со царски да се пораѓам, и некако и потсвесно се спремав за тоа поради многуте проблеми во бременоста а и сега на крај испадна дека бебево е крупничко, додуша докторот рече дека не е битна толку тежината туку обемот на главчето.
И сега некој страв ме фати. што потоа?
Најмногу се плашам од тоа како ќе се снајдам во болница ако не сум способна од кревет да станам и неможам да си го поземам бебето за доење. Кажете ми после колку време ви ги носеа бебињата и дали со вас беа цело време - во Чаир инаку ќе се пораѓам, и дали сестрите ќе ми помогнат или сама ќе треба да се снаоѓам.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Царски рез
5.9.2009 13:59:23   
Еца
Сара воопшто немој да се грижиш, помош од сестрите имаш максимално, од тебе зависи кога и колку ќе го оставаат бебето.Еден ден си во шок соба и таму ќе ти го донесат само да го видиш, а веќе кога ќе те симнат во соба ти го носат, го местат со нивна помош да цица, ти кажуваат како и што(а ти прашувај се што не ти е јасно таму)јас сум многу задоволна ос персоналот во Чаир.На три часа ги земаат да им променат пелена и ќе те прашаат дали сакаш да се одмориш или сакаш бебето да остане со тебе. Доколку многу плаче(како што имаше една мамичка со мене во собата не можеше да ја фати брадавицата и беше гладно)сестрите доаѓаат го земаат бебето и рекоа на мајката да одмори убаво, а бебето да го нахранат.Немој да се секираш се ке биде доброuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Царски рез
5.9.2009 14:05:28   
Sara
А па јас ако можам и смеам да станувам и го земам бебето не е проблем баш би сакала да е со мене. А според вашето искуство дали од одма станавте после операцијата и како ќе се опоравам побрзо, и дали можевте да го земете бебето во раце или не смеам да дигам толку рано?
Инаку јас прашував за апартманите ама моментално нема слободен па ако има кога ќе дојде ред би сакала само заради тоа што таму е дозволена посета и може да има некој со мене да ми се најде.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Царски рез
5.9.2009 14:11:48   
Еца
Сара нормално дека болка ке имаш, меѓутоа ќе примаш и терапија, но колку повеќе се трудиш и стануваш, и се движиш толку побрзо ќе се опоравиш.Значи тоа ќе боли, но ти ќе стискаш заби и колку можеш повеќе ќе се трудиш да стануваш.И бебето нормално дека ќе си го креваш, и треба да го  земаш што почесто. Инаку јас дома кога дојдов уште некој ден ме болеше ранат, но јас се си работев дома, многу се движев, бидејќи уште едно дете, па и со него обврски, така да брзо заздравев.Инаку да ти напоменам штом ке направите 40 дена веднаш да си одиш на гинеколог на преглед, обавезно.Тоа е апел до дите мамички кои ќе се породат без разлика дали се со царски или природно. Јас да не отидев кој знаер што ќе се случеше со менеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Царски рез
5.9.2009 14:27:08   
Sara
Едвај чекам да ви кажам, оваа бременост ми се чини цела вечност, кога одбројуваш подолго ти се чини времето тече. Ако имате уште некој совет слободно пишете, јас најверојатно ќе одам во вторник па може и тогаш да се деси операцијата, до петок ми е последниот термин.
Инаку Елена обавезно на преглед, јас сум ептен хипохондрик за тие работи и се нешто се сомневам дека не е во ред па и чест посетител сум на доктор, можеби и досаден пациент ахахах. Се надевам дека сега се е во ред со тебе, ти напишав еден пост во темата Крв во матката незнам дали го прочита?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Царски рез
5.9.2009 14:36:46   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: haley
...  Кај нас единствено различно што прават од 60тите години е тоа што го прават резот хоризонтално , другото се е исто !   Додека низ странскиве клиники користат ласер за зацелување на матката како и кожата , нешто што е ефикасно и ја спојува кожата ефикасно и заздравува ептен побрзо. Има и други работи ама џабе да кажувам гледам дека се' што ќе кажам на вас ви делува глупаво.


ne ziveeme nie vo Tanguzija ,mila,pa  da bi zastanalo se vo 60 god.Jas se porodiv so carski,zasto imase pricina,se porodiv so spinalna,znaci celo vreme bev svesna..koga go izvadoa Marko od mene mi go stavija na gradi,ne sum siena tuku lepena ...i site raboti sto si gi nabrojala gi ima  i kaj nas isto kako sto gi ima i na zapad...so edna edinstvena razlika....si gi plakas od tvoj dzeb a tamu pogolem del plaka fondot za zdravstvo.

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Царски рез
5.9.2009 14:45:43   
mother 29
sara nemoj da se sekiras,jas stanav posle eden den,me bolese ama i vo dr.slucaj bi bolelo.lezes samo malku podolgo vo bolnica 5 dena,doma koga si dojdov bev super podvizna,si go krevav bebeto,sepak ne e toa tolku tesko(ne smees da krevas potesko od 5 kg)i super mi zarasna ranata,normalno si se tusirav...pecka od vreme na vreme,ama se izdrzuva!
zborot mi bese ..nemoj da ja misles..ke postignes i ke mozes sama se da si pravis...ne e tolku strasno ke vidisuser posted image user posted image
so srekauser posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Царски рез
5.9.2009 23:13:08   
kiki_riki
jas dvete deca gi rodiv so carski, zasto bea prenoseni t.e. morav, no i da mozev da biram ce go izberev istoto zasto znam mnogu slucai vo koi pri prirodno poroduvanje decata ostanale invalidi poradi nepredvideni komplikacii vo tekot na prirodnoto poroduvanje, retki se vakvi slucai ama i najmalata verojatnost za takvo nesto mene me plasi. podobro jas da se macam so carski otkolku bebeto nedaj boze da bide povredeno, a za onie majki koi sakaat vednas da go vidat i da go gusnat bebeto neka baraat spinalna anestezija. ne planiram treto no i 100 da radjam jas sum za carskiuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Царски рез
15.9.2009 13:10:38   
Sara
Еве и јас да го пишам моето искуство.
Имав закажан царски рез бидејќи со д-р се сложивме дека бебчето е големо,особено обемот на главчето и дека има големи шанси да испукам многу и 2 саати да ме шијат бла бла....
Претходниот ден ми пукна водењакот дома и отидовме еден ден порано пред закажаниот термин но немаше никаков проблем ме оставија во родилна сала некои 3 саати додека се направат прегледи и д-р да дојде да ме породи. Операцијата помина супер со целосна анестезија бев само многу тешко се повратив, се разбудив уште во операционата сала и едвај дојдов до воздух, голтав плунка, ама фала богу се се нормализира. Првите 2 дена си викав овој царски рез не е баш царски ама после како поминуваа деновите се подобро ми беше а и кога ги слушав тие што се пораѓаат како вриштат по цел ден и ноќ, сто пати си реков - јас барем вакви болки не трпев. Не пуштија дома по 5 дена супер сме и двајцата.
Сега ми рекоа да носам мидер обавезно да се истисне крвта од матката, и сакав да ве прашам колку крваревте после царскиот - односно до колку денови и дали првата недела имавте пообилно крварење, односно јас барем еднаш во текот на денот имам така повеќе крвав исцедок ама со црвена боја, не е кафеава сеуште?

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Царски рез
15.9.2009 13:17:03   
mother 29
jas krvarev okolu mesec dena.menstruacija mi dojde naredniot mesec.

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Царски рез
21.10.2009 16:30:33   
steci
Se porodiv so carski rez po moja zelba i sosema gi opravduvam site trudnici toa e individualno i ne mozime da im sudime na tie sto se porodile so carski pa za smetka na rtoa da im pruzime raka na tie sto se so normalen poragaj.Jas si pominav mnogu ubavo na porogajot imav odlicna doktorka i akuser,anesteziolog celiot tim.Se porodiv so celosna opivka ne sakav epiduralna.So bebeto bese se vo red isto i so mene navistina mnogu me bolese stomakot prvite nekolku casa posle porogaj no zatoa postojat analgetici i se bese ok.POZDRAV SO SITE KOI SE PORODILE KAKO MENE I ZNAETE STO VELAM AKO OSTANAM PAK BREMENA PAK BI ODELA NA CARSKI REZ BIDEJKI NE CUSTVUVAS NIKAKOV PSIHICKI STRAV I NE OSEKAS NIKAKVA BOLKA .

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Царски рез
21.10.2009 16:54:16   
Mila na mama
Јас баш и не сум за царски со оглед на тоа што видов како помина мојата познаничка со која се погоди да се породиме во ист ден. Можеби вака мислам зашто имав многу убаво породување, добив епидурална кога почнаа болките, цела нок си спиев а следниот ден одморена без болка без малтретирање со нормален пораѓај ај родив Мила. Нормално имав мала епизиотомија морам да го пофалам д-р Јовановски совршено сошиена, а станав да се туширам 2 часа по породувањето. Сама одев убаво седев ја дигав и местев Мила за цицање. Мојата познаничка пак беше како во полусон цел ден стана дури по 30 часа не можеше да го дигне бебето имаше болки поради кои постојано и даваа аналгетици и страшно крвареше и и премногу болно ги чувствуваше контракциите на матката. Сепак секој си прави избор и сам најдобро си знае.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот steci)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Царски рез
29.10.2009 0:17:11   
rosii
Priroden si e priroden,,,,,,,Koja saka da bide carica ke bide magarica,,i jas sum edna od tie,/magaricite/hahaha,da ne mozes da si go dignes bebeto toa li e polesno od poragajot,tie sto se porodija prirodno posle poragaj vednas na noze a nie sto bevme carski se vlecevme po krevetot za da se svrtime,katastrofa,se porodiv pred 4 meseci a od spinalnata uste nemozam da se oporavam,koga ke legnam na grb nemozam da se svrtam,koga samo ke slusnam Carski se ezam,,,,,Go podrzuvam dokolku ima indikacija koja go zagrozuva zivotot na majkata i bebeto,POZDRAV

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Царски рез
29.10.2009 7:32:35   
Matej i Eli
Jas sum za priroden poragaj, no ima i neizbezni situacii, kade sto carckiot e neophoden, zatoa kakov saka neka bide poragajot, vazno e da se zivi i zdravi bebceto i majkata user posted image

(Одговор на членот rosii)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?