Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Зумбулче, еве јас ќе ти одговорам од сопствено искуство, ние почнавме со бело пилешко месо со полни седум месеци. Сега и јас се двоумам дали да продолжам со телешко или мисиркино. Snowhite, го варев месото некаде околу час и пол, колку да можам да го одделам и го замрзнав. Потоа кога вадам за секој оброк го варам заедно со компир, морков...
< Поракaта ја уредил Палешка -- 11.8.2010 14:04:30 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Ти благодарам Палешка, јас денеска како за прв пат варам само месо, па подолго ќе го варам. Зумбулче, еве моето бебе има 6 и пол месеци и јас ќе му дадам месо, бело пилешко, а докторкта ми рече уште од кога направи 6 месеци да му дадам
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Јас сакам на Матеа да и воведам телешко месо и АБЦ намаз, ама не ми е јасно дали и тие треба да ги воведувам како нова храна по 4 дена да и ги давам само тие. Зошто сирењето е млечен производ, а млеко има пробано, па дали треба да го третирам како нова храна или не
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
Не Felly, штом нема реакции на млеко, мислам дека нема да имате проблем. Јас на Миа веќе цел месец и давам АБЦ намаз, дури и со лебче го јаде, лебарка моја
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Фала Палешка, а за лепче и Матеа многу сака да си јади. Ние кога ручаме и таа си седи до нас и само го отвора устето за да лапни некоја трошка леб, и после џвака ли џвака
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
Јас и давам месо преку еден ден, значи еден ден месо со зеленчук, еден ден само зеленчук. И во 200 гр кашичка и ставам 20-30 гр месо. Вие по коку месо им давате? А за лепче после 6тиот месец, ама и давам ние кога јадиме - таа седи до нас и гледа дека јадиме и само зинува да касне и таа,и ми е жал ние да јадиме а таа да не гледа, па и давам додека јадиме ние и таа си каснува по малку лепче.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
nie pocnavme so kasicki i do sega imame probano jabolko, kompir, praska, kajsija, morkov, oriz i veke ne znam sto da prigotvuvam.citav po forumov za davanje na jogurt.moze nekoj da mi kaze kakov jogurt im davate na vasite deca i od koja vozrast
Имам дома едни бисквити на кои пишува дека содржат пченично брашно, исто пишува дека содржат и шеќер и сол. Па се мислев дали да му дадам од нив? Дајте ми совет, сакам да почнам со бисквити, ама ми е страв, не знам какви да земам, досега немам ништо глутенско дадено
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
За шеќер и сол сигурно кај сите ќе видиш дека содржат, но тоа е многу мала количина што не треба да те загрижува, и квики рибици со јогурт што ги даваме и тие содржат. Јас на Матеа и давам џиџибебе, тие се баш за бебиња. Мислам може да ги пробате, јас и давам од кога наполни 6 месеци.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
Ги знам тие џиџи бебе, ама ме интересираше дали може да пробам со овие што ги имам дома, заради ова пченично брашно што пишува, дали и другите имаат пченично брашно во составот?
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
од 7-8 месеци може да јадат месо. Телешко месо има железо, затоа е убаво да го јадат, мада моите деца не го сакаат баш многу - го јадат, ама не со сласт. Бело пилешко, свежо им даваме од 8 месеци (со тоа почнавме) 2 пати неделно во супа - како за нас што ја правиме со морков, целер, пашканат, магдонос и лимон, само не ставме вегета
ИЗВОРНА ПОРАКА: zumbulce
Здраво. Јас сум нова на форумов и би сакала да ве прашам од кога се препорачува да се дава месо на бебето и со какво месо вие започнавте?
Ги знам тие џиџи бебе, ама ме интересираше дали може да пробам со овие што ги имам дома, заради ова пченично брашно што пишува, дали и другите имаат пченично брашно во составот?
Да Snowhite, сите бисквити се од пченично брашно, нема од пченкарно и јас барав. Ама Михаил има 6 месеци па можеш да почнеш. Јас почнав со интегрални бисквити од Јафа, ги има во Тинекс.
< Поракaта ја уредил Палешка -- 17.8.2010 16:12:46 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Најхранливи се Плазма бисквитите и ние најмногу нив ги сакаме, има мелена плазма , се става во топло млеко (има на пакувањето упатство) ако е густо за во шише може низ цедалка за чај да се помине и од шише ќе пие...
а за солените каши, јас додавам павлака од 12% масленост (морков, ориз, зелена тиквичка, и павлака )