Snowhite RR
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite Ги знам тие џиџи бебе, ама ме интересираше дали може да пробам со овие што ги имам дома, заради ова пченично брашно што пишува, дали и другите имаат пченично брашно во составот? Да Snowhite, сите бисквити се од пченично брашно, нема од пченкарно и јас барав. Ама Михаил има 6 месеци па можеш да почнеш. Јас почнав со интегрални бисквити од Јафа, ги има во Тинекс. Во врска со бисквитите ја прашав докторката и ми рече колку што можам да го одложувам нивното давање, дека е подобро да давам, компир, ориз, морков, грашок, спанаќ и такви работи, отколку глутенски производи, нив да ги давам кога нема што друго за набрзина да му спремам, зошто со бисквитите не се добива на тежина, туку само салце се добивало, а него му треба идеална тежина, а не сало, и плус тие биле за енергија, а енергија рече ќе му треба во деветти месец кога ќе го турка дубакот. Таа ми рече ако можам да не брзам до година да не ги давам, јас, сепак, решив да почекам уште малку, но не до година, ќе почнам да ги давам и ќе ги давам баш како што ми рече, кога ќе немам што друго да му спремам. Сепак овој период изобилува со свежо овошје и зеленчук полни со витамини, подобро да му давам тоа, отколку бисквити и тестенини. Понатаму кога ќе нема што, ќе му давам и бисквити.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
|