|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прва нова храна на бебето
17.8.2010 17:01:28   
Тања РР

Jaс на Јана денес прв пат и дадов јогурт. Не беше нешто воодушевена ама касна колку за проба. Ајде сега мамички како и обично дајте ми предлози со што да и го давам user posted image

П.С. глутен уште немаме пробано


Сега се сетив, а павлака може ли да и дадам ако нема реакција на јогурт?


< Поракaта ја уредил Тања -- 17.8.2010 17:04:58 >


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 501
   RE: Прва нова храна на бебето
17.8.2010 17:19:29   
Julie1

ИЗВОРНА ПОРАКА: sashka2004

Најхранливи се Плазма бисквитите и ние најмногу нив ги сакаме, има мелена плазма , се става во топло млеко (има на пакувањето упатство) ако е густо за во шише може низ цедалка за чај да се помине и од шише ќе пие...

а за солените каши, јас додавам павлака од 12% масленост (морков, ориз, зелена тиквичка, и павлака )



само внимание за дечиња алергични на мед, плазма бисвитите содржат и мед, детето на моја братучетка силно изреагира со алергиска реакција поради конзумирање на плазма.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот sashka2004)
Непосредна врска до пораките: 502
   RE: Прва нова храна на бебето
17.8.2010 22:49:00   
betpet
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања


Jaс на Јана денес прв пат и дадов јогурт. Не беше нешто воодушевена ама касна колку за проба. Ајде сега мамички како и обично дајте ми предлози со што да и го давам user posted image

П.С. глутен уште немаме пробано


Сега се сетив, а павлака може ли да и дадам ако нема реакција на јогурт?



јогуртот е многу здрава исхрана и педијатрите многу го препорачуваат, јас и го месаш на сабајле кога јадеме со тарана или палента и многу го сакаме, а сега веќе јадеме и помалку лепче па по некогаш и правам и малку попара со јогурт и малку сиренце, може да го мешаш и со овошје, како и сто се овошните јогурти, супер е мјам, мјам, мјам.


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 503
   RE: Прва нова храна на бебето
17.8.2010 23:43:06   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања


Jaс на Јана денес прв пат и дадов јогурт. Не беше нешто воодушевена ама касна колку за проба. Ајде сега мамички како и обично дајте ми предлози со што да и го давам user posted image

П.С. глутен уште немаме пробано


Сега се сетив, а павлака може ли да и дадам ако нема реакција на јогурт?



Пробајте глутен Тања, веќе има 6 месеци колку што гледам. Јас јогуртот и го давам со квики рипчиња, всушност рипчињата и беа првото запознавање со глутен.
Павлака јас сеуште не сум и дала на Миа, докторката ми рече по 9 месеци, затоа што била помаслена. Ама овде прочитав дека имало со 12% масленост, па ќе пробам.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 504
   RE: Прва нова храна на бебето
18.8.2010 14:13:57   
Felly RR
На која возраст може да се дадат тестенини?
ЈАс од HIPP видов една кашичка - шпагети болоњезе - за од 4 месеци. 4 мес мислам дека е многу рано, ама од 8 дали може да давам тестенини кои се без јајце???


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 505
   RE: Прва нова храна на бебето
19.8.2010 17:27:41   
Палешка РР
И мене ме интересира..user posted image
Сепак мислам дека не е ништо страшно ако и измиксирам макарони без јајце, со АБЦ сирење и јогурт.
Ајде плиз помош user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 506
   RE: Прва нова храна на бебето
19.8.2010 19:52:19   
Felly RR
Јас денес ја прашав докторката и таа рече може, и ми рече па таа штом пробала јајце и месо практично може со вас да седи на маса да јаде.user posted image user posted image user posted image Дури и ми рече дека може и јајце да има во тестенините, тоа е термички обработено, дека не требало да јаде само жива белка. Ама јас сепак ќе побарам некои макарони без јајце


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 507
   RE: Прва нова храна на бебето
19.8.2010 22:30:52   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly

Јас денес ја прашав докторката и таа рече може, и ми рече па таа штом пробала јајце и месо практично може со вас да седи на маса да јаде.user posted image user posted image user posted image Дури и ми рече дека може и јајце да има во тестенините, тоа е термички обработено, дека не требало да јаде само жива белка. Ама јас сепак ќе побарам некои макарони без јајце



Мамички не се воздржувајте после шестиот месец се' може да им се дава на децата, се разбира постепено воведување, барем мене така докторкaта ми кажува, сега се разбира со исклучок на некои производи кои се сметаат за алергени. Значи белка во деветиот, грав, зелка исто така во деветиот, јаготки, малини, рибизли, киви, портокали и слични овошја после една година. Не ми текнуваат други, а да и мед после година. Друго мислам, може се' да им се дава

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 508
   RE: Прва нова храна на бебето
19.8.2010 22:40:54   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Ги знам тие џиџи бебе, ама ме интересираше дали може да пробам со овие што ги имам дома, заради ова пченично брашно што пишува, дали и другите имаат пченично брашно во составот?


Да Snowhite, сите бисквити се од пченично брашно, нема од пченкарно и јас барав. Ама Михаил има 6 месеци па можеш да почнеш. Јас почнав со интегрални бисквити од Јафа, ги има во Тинекс.


Во врска со бисквитите ја прашав докторката и ми рече колку што можам да го одложувам нивното давање, дека е подобро да давам, компир, ориз, морков, грашок, спанаќ и такви работи, отколку глутенски производи, нив да ги давам кога нема што друго за набрзина да му спремам, зошто со бисквитите не се добива на тежина, туку само салце се добивало, а него му треба идеална тежина, а не сало, и плус тие биле за енергија, а енергија рече ќе му треба во деветти месец кога ќе го турка дубакот. Таа ми рече ако можам да не брзам до година да не ги давам, јас, сепак, решив да почекам уште малку, но не до година, ќе почнам да ги давам и ќе ги давам баш како што ми рече, кога ќе немам што друго да му спремам. Сепак овој период изобилува со свежо овошје и зеленчук полни со витамини, подобро да му давам тоа, отколку бисквити и тестенини. Понатаму кога ќе нема што, ќе му давам и бисквити.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 509
   RE: Прва нова храна на бебето
19.8.2010 22:52:56   
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања


Jaс на Јана денес прв пат и дадов јогурт. Не беше нешто воодушевена ама касна колку за проба. Ајде сега мамички како и обично дајте ми предлози со што да и го давам user posted image

П.С. глутен уште немаме пробано


Сега се сетив, а павлака може ли да и дадам ако нема реакција на јогурт?



И за јогурт ја прашав, рече може јогурт и кисело млеко и дека нема потреба да ги разредувам, а за павлака, па не ја прашав, баш за некој ден кога ќе одам пак, ке ја прашам

< Поракaта ја уредил Snowhite -- 19.8.2010 22:53:47 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 510
   RE: Прва нова храна на бебето
22.8.2010 18:44:26   
Палешка РР
Денес Миа јадеше макарони со АБЦ намаз и јогурт. И, леле колку и се допаднаааа user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 511
   RE: Прва нова храна на бебето
22.8.2010 20:41:33   
Felly RR
user posted image за Миа, јас на Матеа и правев пред некој ден и проба едно лажиче, и толку, не сакаше. Ама може и ги направив многу густи, user posted image другиот пат ќе пробам со повеќе јогурт.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 512
   RE: Прва нова храна на бебето
22.8.2010 20:42:18   
*miki mami*
Од кога почнавте да давате вода

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 513
   RE: Прва нова храна на бебето
22.8.2010 20:42:45   
Felly RR
А колку се радував јас, сварив за двете и си велам- исто ќе јадеме- ама ништоuser posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 514
   RE: Прва нова храна на бебето
22.8.2010 20:47:14   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: *miki mami*

Од кога почнавте да давате вода


ТУКА сме дискутирале за вода, мики мами. А инаку и Миа не пие, еве 8 месеци утре прави. Само чај и доење.

Фели јас ги изблендирав со малку вода во која се вареа и беа густи. Откако ставив сиренце и јогурт убаво се разредија и многу и се допаднаа на Миа.user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот *miki mami*)
Непосредна врска до пораките: 515
   RE: Прва нова храна на бебето
22.8.2010 20:51:38   
Felly RR
Ќе пробам и јас така другиот пат, јас вода не ставив, само јогурт, и беа така, прилично густи, мислам затоа не сакаше да ги јади. АМа ќе пробаме пакuser posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 516
   RE: Прва нова храна на бебето
22.8.2010 20:54:36   
Felly RR
А денес прв пат ручкавме брокулаuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 517
   RE: Прва нова храна на бебето
23.8.2010 16:36:20   
elle
user posted image user posted image user posted image за вас фели
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Денес Миа јадеше макарони со АБЦ намаз и јогурт. И, леле колку и се допаднаааа user posted image
палешка а кои макарони се без јајце? кажи колку да не лутам и барамuser posted image user posted image

< Поракaта ја уредил elle -- 23.8.2010 16:37:04 >


_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 518
   RE: Прва нова храна на бебето
23.8.2010 20:07:42   
Martins mom
Пред некој ден бев на вакцина со Мартин и зборевме со докторката за исхраната и таа ми рече се што содржи глутен да го оставам за по една годинаuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Па што ќе јаде моето дете??? Само овошје и зеленчук???? Стварно сум збунета, што да правам???user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 519
   RE: Прва нова храна на бебето
23.8.2010 20:12:56   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: elle

Палешка а кои макарони се без јајце? кажи колку да не лутам и барамuser posted image user posted image


Да ти кажам право elle, скоро сите. Јас купив Данубиус макарони, ама колку што гледав состав повеќето се од гриз и вода правени.
Мартинс мам и на Snowhite така и рекоа. Мене ми рекоа од шест месеци и јас и давам на Миа, нема никаков проблем. Одлучи си, секој различно кажува.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 520
   RE: Прва нова храна на бебето
23.8.2010 22:32:16   
lukas
danibius se najubavi za bebce jas rabotev vo kolonijal i znam deka se samo od toa napraveni i deka brzo se varat mm ic gi neki...a mene mi se ubavi oti pobrzo  se varat hahaha...imase uste edni bez jajce ama ne mi teknuva na imeto bas utre ke vidam i ke ve izvestam...pozz

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 521
   RE: Прва нова храна на бебето
23.8.2010 22:45:02   
EciPeci
Imam edna dilema, pa bi sakala da cujam vase mislenje.
Koga imase sin mi 4 meseci drzev dieta vo koja mnogu se jadese oves i nego go fati stomaceto t.e. pokaka edni ( izvinete na izraz) zeleni gomca kako pasteta gusti i doktorot mi rece da ja batalam dieteta, da ne mu e slucajno od toa. I sea pred nekoj den mi tekna (koga nemas druga rabota mislis na svasta :) da ne ima netolerancija na gluten, pa takva reakcija so imase?!!?!?!?!!? Ne mi teknalo da go prasam doktorov t.e. prvo so vas da se konsultiram dali mi e glupav stravov ? :)))
Isto me interesira koga pocnavte da im davate na decata proizvodi so gluten i so sto pocnavte i kako?
Se nadevam ne ja utnav premnogu temava :))

_____________________________

Pogledni kon sonceto i nasmevni se...

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 522
   RE: Прва нова храна на бебето
23.8.2010 22:54:49   
Палешка РР
Јас баш читав една статија во која се вели дека доените бебиња мнооогу поретко страдаат од целијакија (ќе се потрудам и да ја преведам), но и без тоа мислам дека неможе да се пренесе (до толкава мера) преку мајчиното млеко.
Можеби (од што си држела диета) си имала помалку млеко. Зелената столица, кај доени бебиња, е знак за неухранетост. Ете и јас еднаш се обидов да бидам на диета, но по само еден ден се откажав бидејќи млекото драстично ми се намали.
Мислам дека немаш причина за грижа, но воопшто не е срамота да прашаш доктор. Тие за тоа се платени, за да одговорат на сите наши прашања, глупави, неглупави. Ееееее да знаеш јас какви прашања и поставувам на матичната, ама се навикна user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот EciPeci)
Непосредна врска до пораките: 523
   RE: Прва нова храна на бебето
23.8.2010 23:07:02   
lukas
Мислам дека немаш причина за грижа, но воопшто не е срамота да прашаш доктор. Тие за тоа се платени, за да одговорат на сите наши прашања, глупави, неглупави. Ееееее да знаеш јас какви прашања и поставувам на матичната, ама се навикна user posted image



isto i jas koga ke zaminamm od kaj pedijatarot mozi si se gazi od smea ama ne mi e gajle si prasav toa sto me maci a za toa deka navistina vo tolkava mera se prenesilo kaj deteto preku mlekoto zaradi toa sto si na dieta so oves ne vervam...pozz

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 524
   RE: Прва нова храна на бебето
23.8.2010 23:17:57   
Тања РР
Глутенот се пренесува преку млекото и кај деца со докажана нетолеранција на глутен мајките што дојат треба да избегнуваат глутенска храна ама во твојот случај не верувам дека се работи за тоа. Сигурна сум дека ти секојдневно внесуваш (како и сите ние) глутен ако не преку друго, барем преку лебот па доколку твоето дете има целијакиа би имало константна манифестација.
Поверојатно ми е мислењето на Палешка дека се работи за потхранување поради недостаток на млеко (заради диетата)  што резултира со зелена столица.

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 525
Страница:   <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?