AnnaMolly RR
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Natasa981 A majki, da ve prasam, kako se voveduva red kaj bebe..? Kako da postapam , sto da pravam, eve na primer ako sakam da ja zaspivam vo 22h, znaci togas da ja uspivam, so sila li ako treba,,,zasto mozda ete nejze ne i se zaspiva togas..?Kako se sozdavaat tie naviki kaj bebe? Наташа, ред се воведува што порано и пополека. Децата си ја сакаат рутината, тоа им дава чувство на безбедност и сигурност зашто знаат што следи. Ти според твоето бебе одреди кога е најдобро да спие, да јаде, да си игра. Неколку дена забележувај си кога станува, кога и даваш да јаде и кога се бањате, кога заспива... ЌЕ си видиш дали си има создадено некој ред. Јас мислам дека на 4 месечна возраст е доволно три пати да спие во денот. На пример од 10 до кај 11, па од 13 до 15 максимум (јас го будев ако спие повеќе од 2 часа), после од 18-19 (третото спиење не му давав повеќе од 45-60 минути да спие). И после во 21-22 пак спиење. Јас лично така правев и Филип од прв ден како дојдовме дома спие навечер без будење и без плачење. А јадење јас му давав во 9 појадок, 10 млеко пред спиење, 12-12:30 ручек, 13 млеко пред спиење, 16 ужинка, 18 млеко пред спиење, 19-19:30 вечера и 21 млеко пред спиење. Добро, сега Лина ти е само на цицање, па и не можеш да и направиш ред за цицање, кога сака тогаш си цица. Ама кога ќе воведете цврста храна и кога ќе наполни 6-7 месеци верувај дека ќе ти се чини дека имаш друго дете колку брзо се менуваат.
_____________________________
Live and let live
|