Viktori
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki Ако си читала, пишував за тоа во постовите погоре Везилка. Абортусот не е и не смее да биде средство за контрацепција! А Стојна треба убаво да отвори очи, и Стојче исто така, но тоа нема да го направат ако немаат поим од сексуално и репродуктивно здравје, и ако одењето на абортус е едноставно како одење на фризер. Нека ми простат и Стојна и Стојче, но тие го направиле изборот уште кога се спрпелале без заштита. И што сега? Треба уште да сочувствувам со нив оти од носот подалеку не гледаат, оти им е сеедно што некое срценце ќе престане да чука по нивна волја, а зачукало поради нивно невнимание? Демек, ууууупс, ми се истури малку кафе на панталониве, ај ќе ги подзаперам!, и ништо нема да се познава! јас со ова се согласувам од А до Ш. Поретко на забар се оди во државава. Менталитет бе! Сте виделе ли некој во Тинекс на каса кондоми да купи?? Па кај бе? Ќе ги видат тие позади нив во редот, продавачката, некој комшија... Што е најтрагично кај постарата генерација жени правото на абортус е искористено полно пати, а правото да му каже на мажот кондом да стаи никаде го нема! Најмногу во целава ситуација за абортусот ме нервира кај новокомпонираните борци за права на жените е што најмногу се грака за правото на абортус! Браво! Во 21 век, кога жените работат, заработуваат, имаат пари и образование, не знаат за контрацепција. Па уште и аргумент од типот не била 100 % сигурна. Каде бе? Мое тело, мој избор! Точно! Удрете! Нека се тресе некој во вас, па ваше е телото. А дома не смеете да кажете на мажот кондом да стави, оти не му бил ист филингот. Толку за правата... Инаку не мислам дека треба да се забрани абортусот, ама мислам дека е убиство со умисла во одредени случаи. И пак, тоа е мое мислење, никој не мора да се согласи со мене и не сакам никого да навредам.
< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 10.4.2012 22:17:01 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
|