|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 22:27:07   
mamicki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

Инаку не мислам дека треба да се забрани абортусот, ама мислам дека е убиство со умисла во одредени случаи.
И пак, тоа е мое мислење, никој не мора да се согласи со мене и не сакам никого да навредам.

Тоа ми е муабетот, ама не им се слуша на тоа уво. user posted image А тие одредени случаи не се: медицински причини, мајката е малолетна, жената е силувана. Мислам дека е толку. Другото се е егоизам и тоа многу перфиден егоизам, завиткан во фразата „право на избор“. А изборот - веќе направен, ама ајде, ќе речеме пу, не се важи, и ќе се себезалажуваме дека сме чисти како пролетна роса... фуј

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 201
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 22:40:50   
humana
Тоа ми е муабетот, ама не им се слуша на тоа уво. А тие одредени случаи не се: медицински причини, мајката е малолетна, жената е силувана. Мислам дека е толку. Другото се е егоизам и тоа многу перфиден егоизам, завиткан во фразата „право на избор“. А изборот - веќе направен, ама ајде, ќе речеме пу, не се важи, и ќе се себезалажуваме дека сме чисти како пролетна роса... фуј
Тоа ми е муабетот, ама не им се слуша на тоа уво. user posted image А тие одредени случаи не се: медицински причини, мајката е малолетна, жената е силувана. Мислам дека е толку. Другото се е егоизам и тоа многу перфиден егоизам, завиткан во фразата „право на избор“. А изборот - веќе направен, ама ајде, ќе речеме пу, не се важи, и ќе се себезалажуваме дека сме чисти како пролетна роса... фуј
--se slozuvam.Samo od medicinski pricini ili nedaj boze siluvanje.Pa duri i da e maloletna nema pravo da go ubie toa malo covece sto raste vo nea,ako bila maloletna netrebala da se ........ 

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 202
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 22:45:13   
amateuress
И јас сум за право на избор, иако абортусот не смее да во никој случај да се користи како контрацепција.
Инаку тешка одлука е во секој случај, менува и жигосува животи и затоа памет во глава и (повеќе) сексуално образование во училиштата. А и стандардот да ни се подобри сигурно нема да биде на одмет.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 203
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 22:53:10   
Fiao
DA! Apsolutno ne go gledam abortusot kako ubistvo. Se uzasnuvam od vladinata kampanja, vo koja zenata ja pravi ubiec dokolku taa poradi niza splet na okolnosti se resila na abortus. Skoro vo sekoj slucaj koga zenata go izbira abortusot kako opcija, najverojatno toa e najdobroto resenie. Mislam deka e mnogu povekje zalosno da se rodi dete koa ke izrasne vo mizerni uslovi (siromastija, bolest, semejstvo bez ljubov i mnogu drugi pricini) i najverojatno ke izrasne vo krajno isfrustrirana i iskompleksirana licnost, otkolku da se abortitra. Postojat ogranicuvanja do koj period abortusot moze da se izvrsi, taka sto mislam deka sekoja zena MORA da ima pravo na toj izbor! I nikoj, AMA BAS NIKOJ ne bi trebalo da smee poradi toa da ja narekuva ubiec!

(Одговор на членот humana)
Непосредна врска до пораките: 204
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 10:36:13   
vezilka RR
Од се погоре напишано некако добивам впечаток дека не сме свесни за средината во која живееме. Точно е дека најголемиот број на регистрирани случаи на абортус во Македонија не се од медицински причини, ниту пак од малолетни лица. Тоа што беше погоре кажано дека женава не смеела дома да му каже на мажот да стави кондом е реалност во МК сакале ние да признаеме или не. Точно фактот што најголем број на регистриран абортуси се изведени на жени меѓу 25(или 35 не се сеќавам во моментот на точната бројка, треба да проверам) и 45 години, токму за тоа ми зборува, дека не смее да зуцне а не дека сакала некаков си комодитет. Е баш затоа ние новокомпонираните борци за права на жени мораме постојано да гракаме, не само за абортусот туку и за многу други работи. Иначе позната ми е реториката од типот на убиства, егоизам и кој во кого и зошто се тресе, толку ми е позната што ми е скоро секојдневие. Не сум навредена, не се лутам, туку баш напротив ме инспирира да гракам user posted image и понатаму.

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 205
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 11:33:48   
Viktori
Везилка, мислам дека општо кампања за право на абортус не ни треба да има.
Абортусот е легален и дозволен, безразлика дали јас или некој друг мисли дека е убиство или не. Сигурно не збориме за одредена личност туку за темата абортус.

Мислам дека наместо борбата за ДА на абортусот, кој патем никој не го забранил, треба да има сексуално образование, поефтина контацепција, анти беби апчиња на позитивна листа итн итн.
Е наместо за тоа некој да се заангажира, се повторува само фразата мое тело, мој избор.

НИ девојчињата се заштитени, башка некако меѓу редови се охрабрени да се докажат дека имаат нивен избор, затоа што телото е нивно.

Според мене некако грешно се поставени приоритетите.

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 206
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 11:39:09   
mamicki
Долги години сум општествено активна на полето на правата на жените, и имам постигнато завидни резултати на тоа поле. И токму поради тоа умеам вистински да лоцирам кога им се дава рог место свеќа! Наместо да им продаваме демагогии дека сакатењето на телото и душата е нивно право, откако ТОЈ си направил ќеф, треба да им кажеме дека се во право кога им е тешко поради тоа, и да им помогнеме да не им биде тоа решение број еден!
Од мојата пракса: Одам кај жена која што има 27 години, 5 деца и веќе 7 абортус... И кажувам, во разговор, дека не е во ред тоа, а таа ми вели дека ми не ја чува, а не смее веќе да раѓа, оти има проширено срце! И велам дека ако не ја чува тој, мора сама да се чува, нека пие апчиња за контрацепција, оти и абортусот исто така и го загрозува здравјето, а таа: Ааааааа, не! Апчиња- не! И докторот ми вели да ми ги даде на рецепт, ама јас не сакам, ми кажаа жените дека од нив ќе ми пораснеле брада и мустаќи! И ајде сега?
Не сум за да се забрани абортусот, но мора да се сведе на последна од последните опции, оти вистина јас лично го доживувам како убиство. Еве, сега во раце го држам моето осуммесечно синче и срцето ми се радува. А што ако изберев да го убијам кога беше ембрион?

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 207
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 12:02:03   
kikicka
Аман те ако не сака да остане трудна нека ја подврзат таму ,спирали едно друго ее божеее ајде ке си готераме меракот нека си сврши тој ,задоволството јас него да му го дадам а после јас ке одам да ме кастрат ради него.Тогаш не размислуваат мое тело мое право туку битно мм да е задоволен или без разлика дечко и слично.ако не сакаш да раѓаш не се само кондомот и таблетите заштита има и други средства а не абортусот да го користат како средство зазаштита.(ова зборувам за жени што по 7.8.9 пати биле на абортус,ине од медицински причини туку од задоволството на мажот)

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 208
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 12:04:04   
kikicka
на крај краева нека го вади пред да си заврши 100% сигурно еuser posted image

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 209
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 12:07:41   
vezilka RR
Значи општо кмпања за право на абортус никогаш не ни имало. Овие капмањи секогаш се појавуватт само кога има обид за упад во систем, што ќе рече обиди за забрана или регулирање на прцедурите за изведување на абортус или како одговор на кампањи со реторикава од погоре со убиства и сл.(каков што имаше во 2009 на пр.) Впрочем и фразата мое тело, моја одлука е баш тоа, одговор на погорнава реторика која неколку пати ја споменав. Иначе и јас тврдам дека е и те како потребна широка кампања за контрацепција и сексуално образование, која патем и секојдневно тече, ама проблемот е во тоа што никако не успева тоа да влезе во образовниот систем. И познат ми муабетот за мустаќите од употреба на орална контрацепција кој муабет е резултат на една друга кампања, ама ако зборам за тоа тука, ќе избегам од темата (тој муабет можеме да го продолжиме во темата контрацепција).

П.С. И јас сум најсреќна кога го гушкам Никола, мојот син, кој со триста маки го добив, ама тоа нема врска со муабетов.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 210
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 12:17:18   
Ikana
И тоа не е 100% сигурно за жал, секогаш има неколку капки кои излегуваат пред главното да излезе. Има и така што останале трудни. Ништо не е 100 % сигурно освен ти што кажа тоа, подврзување.

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

на крај краева нека го вади пред да си заврши 100% сигурно еuser posted image

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 211
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 12:19:32   
mamicki

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

П.С. И јас сум најсреќна кога го гушкам Никола, мојот син, кој со триста маки го добив, ама тоа нема врска со муабетов.

Има, и тоа како. К, Н и сите други, јас, ти, ние. вие, оние user posted image најпрво се ембриони, а потоа се раѓаат и луѓе се. Стружењето со кирета на нечија материца испратило по вода нн идни луѓе... И поради тоа абортусот е убиство во моето поимање, и тоа нема врска со никакви кампањи, туку само со совеста. Јас никојпат нема да сфатам кога и благодарение на што некој се стекнува со право да одземе нечие право на живот... Но тоа е моја дилема и мој став.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 212
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 12:26:08   
mamicki
Абортусот се изведува легално и во медицински услови релативно кратко време. Ова наводно право на жените ја уназадило положбата токму на најранливите категории жени. Имено, ќе се вратам на Стојче и Стојна. Ако Стојче знае дека се што ќе направи- ќе мора и да одгледува и да храни, повеќе ќе внимава што прави. Ама вака, кога знае дека Стојна може да појде и да ја „исчистат?!?“- удри бригу на весеље! Големо чудо- трудна ќе останела, их, па има чаре за тоа!
Значи, нешто не пасува во приказнава... Недостасуваат некои делови за да биде приказна со happy end, ете, тоа е клучниот проблем.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 213
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 14:16:55   
Pepelaska *
Искрено, јас се согласувам со мамички и со Виктори.Мене како прво не ми е јасно како можеш да си легнеш со некого без заштита ( ако си сигурна и ако мислиш дека ќе те земе во ред) ама знам и такви Стојни кои не се замараат многу.Дека им е срам да купат кондоми на своја кожа осетив кога ги продавав, се продаваа исклучиво во 3 смена, немаше шанси некој пред мене да купи оти нели жеснко сум јас што ќе помислам дека не е маж батката.А и Стојчевците се криви да,тие не се ни свесни низ каква траума може да помине жената и какви последици да и останат. Ама толку ни е образованието кај нас сеуште е срамота со својата ќерка да зборуваш за тоа дали е веќе сексуално активна и слично.За жал.
Јас не би оправдала абортус во никој случај ( освен медицински причини и ако е загрозен животот).А дека немала пари , дека била малолетна, дека не знаела што да му прави, ја оставил таткото, за тоа требало порано да мисли.Ми се гади од такви луѓе.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 214
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 14:27:28   
Ikana
Е па изгледа цело време го утињате кривецот, пардон за скопскиов. Да не треба да ви нацрта некој како се забременува user posted image
Уствари знаете више, само не знам зашто наудрени се праите.

А дека немала пари , дека била малолетна, дека не знаела што да му прави, ја оставил таткото, за тоа требало порано да мисли.Ми се гади од такви луѓе.

< Поракaта ја уредил Ikana -- 11.4.2012 14:28:25 >

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 215
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 14:34:50   
Beatris
Абе како што гледам во принцип генерално сите се согласуваме дека треба да се мисли однапред, и тоа од двете страни, и Стојче и Стојна user posted image  Се согласувам и за тоа дека треба сексуалната свест кај народов да се подигне затоа што е на толку ниско ниво што е страшно,  ама, постои тоа АМА, сепак како процедура мора да постои, можеби само не треба да се изведува толку лесно како добро утро, туку да има некои критериуми според околностите, да одлучи некаква комисија, како што се прави кога се изведува во поодмината бременост.

А кој кого ќе го осудува, не осудува, дали ќе го гледа со презир, ама ич не е битно...

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 216
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 14:36:37   
Pepelaska *
За да се направи бебе не може еден да е кривецот, двајца треба да мислат. Ама едниот може да си замине и никогаш веќе да не му текне дека направил бебе, а другиот е тој што треба да ја донесе одлуката , која ако е негативна треба цел живот да си го носи гревот на душата, (а не верувам дека некој може туку така да заборави) или обратно цел живот да живее за тоа суштество и да му обезбеди се, кое ни најмалку не е виновно што некому некогаш му текнало да си тера ќеф, уствари ајде на некои.

Ме потсети Беатрис со комисијава, за патолошка бременост сега нели по ново, треба да поминеш низ куп комисии, со куп документи , оти многу се злоупотребувала, а додека ќекаш негде со стомакот до заби оти многу се ефикасни нашиве институции можеш комотно да си паднеш во несвест и пак крв да си ,а за абортус само така си одиш и си абортираш или пак треба комисија ( незнам искрено како оди , ако знае некој нека каже. Значи и тоа право се злоупотребува ако е така.

< Поракaта ја уредил Pepelaska### -- 11.4.2012 14:39:59 >

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 217
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 14:55:44   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Абортусот се изведува легално и во медицински услови релативно кратко време. Ова наводно право на жените ја уназадило положбата токму на најранливите категории жени. Имено, ќе се вратам на Стојче и Стојна. Ако Стојче знае дека се што ќе направи- ќе мора и да одгледува и да храни, повеќе ќе внимава што прави. Ама вака, кога знае дека Стојна може да појде и да ја „исчистат?!?“- удри бригу на весеље! Големо чудо- трудна ќе останела, их, па има чаре за тоа!
Значи, нешто не пасува во приказнава... Недостасуваат некои делови за да биде приказна со happy end, ете, тоа е клучниот проблем.

A kako toa ja unazadilo polozbata na najranlivite kategorii zeni?
Tie kao imaat nekoj drug izbor? da, da kontracepcija sekako.... no dali nekoj gi naucil deka imaat drug izbor, dali nekoj im vsadil svest, dali nekoj gi informiral....
Stojce ako rastel pokraj tatko koj prael deca kaj stignel ocekuvas sam od sebe da se prosvetli i naednas odgovorno da se odnesuva...
ili Stojna cija majka na ginekolog bila samo togas koga se poragala treba da bide svesna sama od sebe za posledicite na svoite dela....
i ok ke zabranime abortus, ke gi proglasime za ubijci ovie koi go napraile dosega, abe mozeme i da gi zatvorime da gi naterame da platat paricna kazna, no sto so toa ke postigneme
kakov e benefitot sto ke se rodi sekoe dete koe e zacnato? ako mora da zivee pokraj neodgovorni roditeli, zosto tie koi neodgovorno se odnesuvaat kon svoeto telo isto taka pa i poloso ke se odnesuvaat kon nesakanoto dete...

mislam deka odgovornost ne se steknuva so zakoni i propisi, nit so etiketiranje, semejstovoto treba golem del da odraboti uste od najrana vozrast, e tuka sme slabi i za zal sekogas ke ima takvi koi ke docnat zad drugite i za tie koi docnat mora da ima i takvo resenie kako sto e abortusot

onaa zena pogore so mustakite so 5-6 deca i neznam kolku abortusi ne e sama vinovna za svojata sostojba. Da imala taa roditeli koi bi ja informirale naucile, i vsadile moralni vrednosti, ja izgradile vo samouverena licnost, ja obrazuvale i nasocile da bide nezavisna vo sekoj pogled, sigurno taa ne bi bila tamu kade sto e sega. A tamu kade sto e sega ako nemala pravo na abortus ke imala uste duzina deca, kojznae kolku cedomorstva, dadeni deca na usvojuvanje i kojznae sto... i sekako deka taa ima izbor da stavi spirala, kondom, da ispie pilula, no nema izgradena svest

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 218
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 15:07:15   
Goddess*

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

jas samo ke se nadovrzam so postot na niki,sto ke se sluci ete da receme so zakon se zabrani abortusotuser posted image ,ako predhodno bil legalen automatski ke se svede na nelegalen user posted image .E togash sigurno nikoj nema da ima kontrola nad zeni sto ke vrshat abortusi po zapushteni podrumi ili privatni prostorii..I sto togashuser posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 219
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 15:10:35   
mamicki
Како им е уназадена положбата? Така како што сум објаснила погоре. Точно, и треба едукација на Билјана, така се вика таа жена, и на нејзиниот маж исто, а не група квази- активистки која ќе ги тупка по рамо и ќе им вели дека тоа е нивно право, неприкосновено- и толку! Всушност, тоа и работев кај неа, се обидував суптилно и дозирано да ја едуцирам. Не може да седнеме и да чекаме да им се раздени само од себе, како на Балтазар, на оние членови на општеството кои што од некои причини доцнат, чии семејства, како што велиш ти „не одработиле“. Многу тешко се менуваат усвоените модели на однесување, особено во закоравени средини. Еден од начините е секако јавното мислење, она што се промовира како вредност.
И што сте се фатиле за тоа забранет/дозволен абортус, кога воопшто ниту не зборувам на таа тема? Зборувам за начинот на којшто треба да се гледа на абортусот. Неподнослива е леснотијата со која се посега по истиот!

< Поракaта ја уредил mamicki -- 11.4.2012 15:12:45 >

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 220
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 15:15:36   
srnicka
Redovno go citam forumot, ne sum aktivna a sums tar clen uste od 2009 godina, ama se isprovocirav od mnogu postovi i se drznav da komentiram. Kampanjata protiv abortusot celosno ja podrzuvam, osven koga toa e neophodno, t.e ako otkrijat deka nesto ne e vo red so plodot i bla bla, pa za negovo zdravje da se izrazam, podobro ne bi go rodila, da ne se muci vo zivotot, ama pu pu skraja da e. Kampanjata vo koja se veli deka zenite se ubijci ako abortiraat jas ja razbiram samo kako pottiknuvanje da se razmisluva malku poveke dokolku se odlucite na takov poteg. Ke vi raskazam edna losa slucka od mojot zivot, imav predvremen poragaj vo 6 mesec, go izgubiv bebeto od neznam koi pricini ( nisto nemoze da se dokaze ) i se cuvstvuvam jas kako celosno odgovorna za toj slucaj i mislam deka nikogas nema da si prostam iako site me ubeduvaat dek Bog taka sakal a ne deka jas sum vinovna za toa sto se sluci. Znaci nemozam da razberam nekoj svesno da odi da abortira, da zgasne eden zivot, eden nevin zivot, duri ima na svetot milion zeni koi umiraat od zelba da dojdat do dete, ama od x pricini nemozat. Nekoi koi tolku lesno mozat da poklonot zivot i tolku lesno mozat da go odzemat za mene ne se luge, duri pak ke kazam milion drugi borba vodat za da dojdat do dete. Ima milion nacini da se zastitat, a muabetot deka ne se educirani za mene e non sense.

_____________________________

kolku e ubav zivotot mmmmmmmmmmm

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 221
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 15:19:42   
Ikana
Женски јас мислам дека не треба да етикетирате и да навредувате, бидејќи поради вашите ставови типа што ќе речат другите и вашите мислења, младите и наивни девојки абортираат. Едуцирајте, контролирајте, разговарајте, надгледувајте, ама не вреѓајте. Ви се гадело мадело. Ќерките чувајте си ги и едуцирајте ги пошто може и од нив да ви се згади еден ден, а богами и мамините синови да си ги едуцирате, дека не се пика во секоја дупка петлето. И ДОСТА МАНИПУЛИРАТЕ СО ТОА УБИЕЦ, СРАМ ДА ВИ Е.

< Поракaта ја уредил Ikana -- 11.4.2012 15:23:39 >

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 222
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 15:25:59   
AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Женски јас мислам дека не треба да етикетирате и да навредувате, бидејќи поради вашите ставови типа што ќе речат другите и вашите мислења, младите и наивни девојки абортираат. Едуцирајте, контролирајте, разговарајте, надгледувајте, ама не вреѓајте. Ви се гадело мадело. Ќерките чувајте си ги и едуцирајте ги пошто може и од нив да ви се згади еден ден, а богами и мамините синови да си ги едуцирате, дека не се пика во секоја дупка петлето. И ДОСТА МАНИПУЛИРАТЕ СО ТОА УБИЕЦ, СРАМ ДА ВИ Е.

user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 223
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 15:27:34   
Ikana
i se cuvstvuvam jas kako celosno odgovorna za toj slucaj i mislam deka nikogas nema da si prostam iako site me ubeduvaat dek Bog taka sakal a ne deka jas sum vinovna za toa sto se sluci.

Искрено, те жалам.

(Одговор на членот srnicka)
Непосредна врска до пораките: 224
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 15:30:20   
srnicka
Nemoras da me zalis ti mene, zali si se sebe za toa kako razmisluvas i

_____________________________

kolku e ubav zivotot mmmmmmmmmmm

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 225
Страница:   <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Оди на:

Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?