Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Во која болница се породивте? 26.4.2012 11:44:12
Andriance
ИЗВОРНА ПОРАКА: Dimana
Pozdrav mamicki ,moze malku glupo moevo prasanje ama ke pisam koj moze neka me informira. Kolku vreme odnapred zakazuvate koj dr da ve porodi i dali prethodno treba da ja sledi vasata bremenost ili nema potreba ,za epiduralna moze da se zakaze ili samo so vrski .? Jas sum 27 nedela moze e rano da razmisluvam za poragaj ama da se informiram so vreme. Pozdrav
Se zavisi dali kje se poragjas privatno ili drzavno...ako ides privatno mozes cel deveti mesec da ides tamu na pregledi, em ti se beslatni em kje si stvoris uste poubava komunikacija i dovetba so doktor..a za drzavno ne znam bas kako ide procedura
_____________________________
Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!
RE: Во која болница се породивте? 26.4.2012 21:36:47
mmbucko
ИЗВОРНА ПОРАКА: topce
ИЗВОРНА ПОРАКА: mmbucko
Во меѓувреме многу работи се изменија и во Систина и навистина незнам каде да се породам. Оно најважно е со Божји благослов да се породи човек па и дома но сепак......
јас со првото се породив во Систина и во план ни беше и со второто исто таму да се породам па ако може да пишете што тоа се сменило освен цените. дали нешто друго е во прашање? благодарам
А бе лошо е кога ги знае многу човек работите. Професионално соработувам со Систина а и со останатите приватни и државни болници. Систина порано беше доста помааа и и организациски по средена. Сега се по гломазни и многу свртени кон извлекување на профит и кај што нема потреба. Јас како засега стојат работите таму ќе се пораѓам и тоа со Др. Бети Матевска која ми е доста блиска. Се надевам дека со Божја помош се ќе биде ок. Ова го велам по 2 пат оти сум се изнагледала се и сешто секаде и дојдов до заклучок дека тоа е најбитно. Како год за секој случај моја препорака е било каде да се пораѓате да имате свој човек небитно дали е сестра (тие и повеќе работа ќе завршат) или доктор. се надевам малку помогнав
RE: Во која болница се породивте? 27.4.2012 20:00:27
Natasa981
ИЗВОРНА ПОРАКА: babyblue
jas se porodiv vo cair. najprvo planirav da se porodam vo sistina zosto tamu mi ja vodea bremenosta, no poragaj so carski rez cinese 116000 den. gi imavme parite no gi potrosivme na maticni kletki koi gi socuvavme vo cryo save. e sega Cair bese relativno cisto, vidov samo edna buba svaba i toa denta koga me pustija. sovet do site sto sakaat da se poragaat vo Cair, zemete si apartman, veruvajte, ne vi treba nikoj tie 3 dena. cini samo 1500 den od den i ne rizikuvate da vi se padne nekoja horor cimerka koja se dere na mobilen do 2 nautro i vi go budi bebeto a ne razbira makedonski koga i kazuvate da zakuti.
jas se porodiv vo Sistina pred 6 meseci i poroduvanje so carski rez cinese okolu 100 000 den ,tolku i plativme. Sega prirodnoto poroduvanje i ona so carski rez cinat za okolu 30 000 den pomalku
_____________________________
Моќните нешта доаѓаат од малите почетоци - Џон Драјден
RE: Во која болница се породивте? 27.4.2012 20:40:53
kikicka
Јас кога се породив во Систина значи пред 19месеци,платив околу 123.000ден. Јован Костадинов ме породи,супер доктор. Прв пат кога отидов кај оваа Бети Матевска воопшто не бев задоволна,тотално незаитересирана ми беше,јас цело време прашував а таа само кратки одговори со да ,не и ја сменив.
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
RE: Во која болница се породивте? 11.5.2012 15:47:56
Cher
Се породив во Систина, пред 5 месеци, ептен природно, докторот ми задоцни и природно испукав, ни ме сецнаа,ни анестезија...дежурната докторка не се потруди да дојде кога почнаа болките, демек првородка 14-18 саати имала болки ми кажа на телефон, и кога дојде во 15 за 8, веднаш ме стави на бокс, немаше време за епидурална како што се договоривме, мојот доктор влета во 8, а во 8 и 15 се роди Сонцето на мама. Без оглед на се, по породувањето по природен пат штом се разбудив, се истуширав и исфенирав, немав никакви болки, само што раната што испукав ја негував уште 2 месеци по породувањето. Во Систина персоналот од сестри е ок, немав некоја голема потреба од нив бидејќи сама си станував, педијатриските сестри треба малку да ги натераш за да ти помогнат околу првото доење, докторите што се во визита не беа баш заинтересирани, хигиената си е на високо ниво, сопствено куатило и туш со топла вода,чистат после тебе во секунда... останавме 4 дена заради жолтица. Дома си донесовме и мала инфекција на окцето, ама со тобрекс ја излечивме, потоа окцето солзеше, ама со масажа го пробивме каналчето.
RE: Во која болница се породивте? 12.5.2012 14:32:13
eli07
Ketrin cestito da ti e zivo i zdravo sinceto... Se nadevam ke imas vreme da go spodelis so nas tvoeto iskustvo vo novata GAK.Dali si zadovolna itn.....
RE: Во која болница се породивте? 13.5.2012 11:32:58
ketrin 77
ИЗВОРНА ПОРАКА: eli07
Ketrin cestito da ti e zivo i zdravo sinceto... Se nadevam ke imas vreme da go spodelis so nas tvoeto iskustvo vo novata GAK.Dali si zadovolna itn.....
Новата ГАК во смисла на сместувањето е одлична во соба сте по две особи со сопствено купатило,чисто е освен што во купатилото може да се види некоја бубачка но во собите не,е сега персоналот е истиот ако некој се пораѓал во старата ГАК си знае,има сестри кои треба еден саат да ги викаш за да дојдат а некои веднаш доаѓаат но тоа е секаде така,не ми се допаѓаше што гинеколошките сестри беа одма на видик и секако ќе те слушнат кога викаш додека педијатриските сестри се подалеку и да ги викаш не можеш или пак доаѓаат после 30 минути ако ти е гладно детето и викаат бебе е треба да поплаче,но во глобала задоволна сум од престојот таму 6 дена за разлика од старата ГАК
RE: Во која болница се породивте? 14.5.2012 2:04:02
Леон
Мамички јас се породив во новата ГАК односно државна. За чисто се води рачун за хигиена на ниво, што читав дека не било случај порано, иако во предпородилна соба видов две лебарки(таму нема храна воопшто и се чистеше постојано, значи не е до негрижа на вработените) Во собите кај родилките и бебињата е чисто по два три пати во ден се чистат купатилата и собите се пребришуваат. Скоро сите соби се за по две родилки и еден тоалет, освен ако не сте 'среќливка' како мене па да се бидете во единствената соба каде што има 6 кревети и еден тоалет. Од персоналот во глобала сум задовлонa педиатрите , акушерките, сестрите за бебината се кроектни и љубезни. Не ми се допадна тоа што не му даваат на таткото да си го види бебчето до излегување, не дозволуваат ни преку стакло, али и тоа си е со оправдана причина. И друага работа од која не сум задовлона е што не даваат епудирална, иако имаш право да си ја побараш и добиеш.Јас маки изнамачив и многу неиздржлви болки имав, не ја добив, али тие што си имаат врскичка ке си ја добијат. И совет од мене е дури не ве фатат силните болки на 5 минути не одете на болница, само уште повеке псхички и физички ке се измачите во предпородилна сала, ке си ја изгубите силата за рагање. Со лесно на сите да ви е.
RE: Во која болница се породивте? 19.5.2012 12:13:57
the_crow
Јас на 22.04.2012 се породив во Чаир и не се лажете дека е ок таму .Низ тој ужас што поминав да не даде Бог ни непријателот да помине. А бев со тешки врски. Затоа послушајте совет од мене ,БЕГАЈТЕ ШТО ПОДАЛЕКУ ОД ЧАИР .
RE: Во која болница се породивте? 19.5.2012 12:23:03
Luci
ИЗВОРНА ПОРАКА: the_crow
Јас на 22.04.2012 се породив во Чаир и не се лажете дека е ок таму .Низ тој ужас што поминав да не даде Бог ни непријателот да помине. А бев со тешки врски. Затоа послушајте совет од мене ,БЕГАЈТЕ ШТО ПОДАЛЕКУ ОД ЧАИР .
Баш ми е жал што си поминала низ тој ужас како што и самата кажуваш. Секое раѓање е различно и навистина ме изненади твојот пост бидејќи и јас се породив во Чаир и поминав навистина супер и сум презадоволна од целиот докторски тим. Досега на овој форум скоро и да немав прочитано негативна критика за Чаир
RE: Во која болница се породивте? 19.5.2012 12:37:50
sandriana RR
the-crow, bas me iznenaduva tvojov stav za Cair I jas se porodiv tamu,i osven zabeleska za higienata (shto sepak bese negriza na cimerkite,a ne na personalot), od se drugo sum zadovolna. Kako shto veli Luci-sekoj porogjaj e individualen, pa ne e vo red da se pravi "anti-reklama" na bilo koja bolnica...Sekoj so svoe pravo na izbor i so svoe iskustvo...
RE: Во која болница се породивте? 19.5.2012 13:26:26
Ikana
Секој има право да си каже како поминал и каде, немојте да им го скратувате тоа право на членовите...има тема приватна вс. државна болница и таму исто може да продолжите со дискусијата....поздрав!
RE: Во која болница се породивте? 19.5.2012 13:35:50
ivanaborjan
Jas se porodiv na 20.09.2011 vo starata GAK i iskreno da vi kazam jas sum si zadovolna od personalot i od odnesuvanjeto sprema mene i bebeto !!! 2 dena lezev na patoloska bidejki se otvarav a ne mi bese puknat vodenjakot !!! Na poragaj mnogu lesno pominav imase 2 doktorki i 3 sestri koi bea do mene,ednata sestra duri i me drzese za raka...Malku bea katastrofa sobite bidejki imase bubacki megutoa od personalot jas si bev zadovolna !! NA sekoj saat doagase sestra da me proveri i mene i bebeto,dali ni treba nesto da vidat kako ni ide i so stanuvanje i so doenje i so presoblekuvanje na deteto !!1 JAs sum prezadovolna ....
RE: Во која болница се породивте? 19.5.2012 13:53:01
2mama
jas so 2-te deca se porodiv vo Remedika .najiskreno kako vo hotel da si ,prezadovolna od se od higiena odnosot na sestrite .doktorite na site vo celost.prvoto dete go rodiv vo 2008 sega so vtoroto se porodiv na 23.01.2012 skoro 4 godini smeneti se malku no na podobro.prvoto raganje bese bez epiduralna jas taka sakav a sega se porodiv so epiduralna abe meraci smeejki vlegov vo rodilna sala na boks.prekrasno! Ne bi gi smenila za nisto na cel svet!javascript:void(AddText(' '))
RE: Во која болница се породивте? 19.5.2012 15:50:15
Ljubovce
Jas se porodiv vo cair (da ne recema po greska ) se kaam milion pati sto voopsto pomisliv tamu da odam,voopsto ne sum zadovolna iako bev isto i jas so vrska,togas bev mnoguuu luta sega veke mi e podzaboravena lutinata i samo znma deka veke nikogas nema da odam tamu.
RE: Во која болница се породивте? 19.5.2012 18:14:43
Natasa981
ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR
Јас кога се породив во Систина значи пред 19месеци,платив околу 123.000ден. Јован Костадинов ме породи,супер доктор. Прв пат кога отидов кај оваа Бети Матевска воопшто не бев задоволна,тотално незаитересирана ми беше,јас цело време прашував а таа само кратки одговори со да ,не и ја сменив.
lele i so mene isto! istiot doktor me porodi i mene! super e,nemam zborovi. Jas pred 7 meseci se porodiv vo Sistina.
_____________________________
Моќните нешта доаѓаат од малите почетоци - Џон Драјден
RE: Во која болница се породивте? 20.5.2012 12:42:38
2mama
mislam deka se raboti za sistina i mene tamu sakaa da me porodat uste vo 30 nedela a na kraj se porodiv duri 10 dena po terminot so zdravo i pravo bebe vo remedika.vo remedika i dvete deca gi rodiv i sum prezadovolana od se bukvalno nemam zborivi so koi bi go opisala zadovolstvoto !
RE: Во која болница се породивте? 20.5.2012 15:56:00
elenoska
Zdravo...bi sakala da go spodelam moeto porodilno iskustvo so vas....se porodiv vo Ciar 20 noemvri 2011...se pomina kako sto treba (mislam poragajot) bev so vrski megutoa dzabe....haoticno e tamu ,necisto, haos ,wc prjavo da ti e strav da ti se odi vo toalet....misezrno so rana sto krvari ti treba da odis vo haoticno wc, tusevite haos...sobite so bubasvabi...ne sum spiela 4 noki dodeka bevme tamu ,za da ne mu vleze bubasvaba vo krevetceto,zosto gi imase nasekade...se cistese samo pred vizita .....edna vecer bebeto mi placese 4 saati bez prestan nikoj ne dojde da vidi sto e rabotata....zamislete so rana,so iskinata spavaka so bebeto vo raka sum odela po hodnik da baram sestra....mislam da go pisuvav ova koga se vrativ od bolnica ke bese uste poloso....znaci iskreno mislam deka vredi da si platis ,zs tamu bese haos...nikogas poveke !!
RE: Во која болница се породивте? 23.5.2012 14:51:21
the_crow
Баш и не сакав да се потсетувам на ужасот од Чаир ама ке го споделам моето продилно искуство. По договор со докторот да се породам со провокација си се спремив и појдов во Чаир. Утрото кога појдове на сопругот му беше кажано да донесе Простагландин гел со кој ке се отворам безболно ,потоа ке ми стави окситоцин и бидејки се познававме добро со анестезиологот ке ми даде и епидурална анестезија . Баравме гел ама никаде немаше бидејки како што ни кажаа бил стопиран увозот на тој гел . Ај си викам ке видиме и заминав на патолошка. Околу 12 часот ја викна докторот (можеби ке згрешам што не го именувам) цимерката и и кажа дека нашле гел за неа и да појде да и стават. Ок се врати таа и ете го ме вика и мене . Ајде рече да ти ставам гел сопругот на таа пред тебе нашол. И пола ми стави и мене. После разбрав дека и на трета жена и ставил од истиот гел. Околу 17:00 почнаа болките и ми пукна водењакот по пола саат. со цимерката не однесоа во родилна сала , неа и една друга ги ставија на CTG а мене ми направија клизма . И од тука почна ужасот. Вода топла немаше да се измијам со ладна се истуширав цела спавача ми беше мокра и почна ужасно да ми студи. Не ме ставија на CTG туку ми кажаа да шетам низ ходник и да го чекам докторот и да гледам како се пораѓаат другите.Дојде докторот и помина покрај мене како крај турски гробишта и замина да ги пораѓа другите. Ужасни болки имав а водењакот ке престануваше да тече. Ми помодреа и рацете и нозете од ладно и почнав да повраќам . Дојде сестра Вики (незнам која клетва е најприкладна за неа ама некоја ке ја стигне сигурно) и ме фати со сета сила за коса и почна да вика дека не смеам да повраќам зошто после требало да чистат. Ме однесе за коса во собата кај CTGto и ми рече цитирам СЕДИ ТУКА ЖЕНИШТЕ И НЕМОЈ ДА ПОВРАЌАШ ЗОШТО КЕ ТЕ УБИЈАМ . почнав да викам бидејки имав ужасни болки и не се трпеше и згора на тоа и ми се повраќаше ужасно многу. си викав и си трпнев од студ до 21:00 а и боса бев бидејки ми ги тргна влечките таа истата сестра Вики. Не се трпеше повеќе и појдов едвај до WC да повраќам и дојде по мене пак ме фати за коса и ме извлече во ходник да сум стоела тука. Гледав како се пораѓаа другите,цимерката ја видов само како ја легнаа и еден од докторите и се качи на гради да стега а другиот влечеше со вакум од се тоа бебенцето се искакало во плодовата вода и голтнало па едвај го спасија а јас како прворотка ептен се исплашив. Друга жена како животно претрча до мене низ ходник и сама легна на бокс и веднаш се породи ама ја оставија така да стои незнам колку време. Доктор не појде кај неа. А јас во меѓувреме плачев и ги молев да видат што е со мене а сите ме игнорираа . Дојде една сестра и ме стави на CTG .На неа и викам абе вака ли епидурална и сите ветувања а ? Еј ми вика не биди будала кој ке ти стави епидурална нема такво нешто . И тогаш ме фати страв и почнав да викам . Тогаш влезе др. Адеми (анестезиолог) и ми вика што е со тебе . Незнам му викам само знам дека имам ужасни болки и сите ме игнорираат . Ајде вика дојди со мене да видиме . Ја викна една докторка и кога таа виде дека сум само 3 прста отворена му вика спремете ја за царски више ризично е за детето.Др Адеми полека ме фати за рака и ме однесе во собата за цтг ми рече дека се ке биде во ред и ме покри со кебе. Се врати и ме прашуваше дали сум алергична на нешто и слични прашања. Сега рече ке те однесеме на опеарција и нема ништо да боли ке видиш.Ме тешеше како мало дете.Дојде тогаш докторот кој ми беше врска конечно и уште ме прашува дали сакам царски или да пробал да ме породи природно.ЕЕЕЕЕЕЕјјјј отворена 3 прста тој природно ке ме пораѓа. Ајде му викам однесете ме на царски и нека помине се. Дојде таа Вики и ми рече да легнам на креветот и со сила проба да ми пикне катетер. И викам те молам полека имам проблеми со мочниот канал бидејки имав песок заглавен во каналот крварев и не ми беше заздравен. Не викај и молчи зошто ке те удрам и на сила ми го стави катетерот . Добро и викам извини што викам и се насмевнав и ја фатив за рака. А на тоа ми вика ЖЕНИШТЕ НЕ МЕ ФАЌАЈ ЗА РАКА МОЖЕ МЕСО КЕ МИ СКИНЕШ ОД КАЈ ТЕ ЗНАМ . И на тоа више ми пукна филм и и викам не се секирај не ти кинам месо оди издепилирај ја волната на рацете животно едно. Се изнервира ама немаше што да прави бидејки имаше и други тука. Ме однесоа на операција и се што памтам беше ликот на др Адеми над мене и ми кажа дека се ке биде во ред.се разбудив околу 02:00 ама убаво како од сон и видов дека сум скроз гола со еден партал меѓу нозе и ништо друго. Ја гледам жената до мене и спавача и покриена и ладен чај до неа а јас како куче легната. Тогаш ја викнав сестрата ме покри и ја замолив да ми даде малку чај.Утрото дојде др Адеми да не види и ми кажа дека се е во ред со бебето и ке ми го дадат да го видам веднаш штом ме однесат горе.Сабајлето ме однесоа горе и конечно си го видов малото. А за ужасот таму па друга приказна.Бебето плаче јас немам млеко така со саати . Спавачата искината со градите надвор и тој подметачот на креветот ко од шперплоча не се трпеа ама мора. Одам со бебето надвор од соба да викнам сестра и таа ми се развика не смееш да излегуваш од соба со бебето. па што да правам бре душа ме боли ко слушам како плаче а јас немам млеко. Ама ај тоа си викам уште некој ден и ке помине. Е сега што е најтрагично. Докторот ги собрал доле и сопругот и мајка ми и свекрва ми и се разврзал муабети. Јас сум викала ,такво нешто како мене немало уште во болницата влезено. сум трчала низ ходници и низ сите соби со поглед на животно тој трчал по мене ,сум била изгубена ,не сум знаела ништо. Овие си помислиле готово побудале ке ја носиме на психијатрија ко ке излезе од тука. Јас па им се јавувам на телефон и ми викаат дали знаеш кој се јавува. Абе им викам ме мафтате или што е работава.Тогаш ми кажаа што се им изнакажал докторот . После доаѓа кај мене и вики те изоговарав пред твоите можеби не требаше сега мислат се најлошо за тебе како извинување ке ти донесам кафе. Оди реков отров да си земеш за тебе а мене не ми треба кафе. Потплаќав чистачки со паштети и сирењаци за да ми донесат здрава спавача .А тој анестезиологот што ни вети дека ке биде за време на породувањето тука и дека ке ми даде епидурална му се јавил на сопругот и му рекол да го заборавиш мојот број вие сте кажале дека друг ви е врска а не јас и сега не можам да земам процент ова она глупости.А тој не се ни појави. И ај има уште многу ама јас многу се разврзав и за тоа другото некој нареден пат. Сега ми е битно дека бебето ми е ок ,јас полека се опоравив и никогаш не би се вратила во Чаир. Јас го кажав моето, кој сака нека прими совет да не оди во Чаир кој не сака ок. Се е индивидуално. Поздрав до сите и се читаме некој нареден пат.
RE: Во која болница се породивте? 23.5.2012 15:19:52
the_crow
А и заборавив да кажам дека имав договор со една компанија за матични клетки од папочна врвца ама ништо од тоа . Неможел докторот да земе крв од папочната врвца бидејки бебето излегло со се плацента. Па како сака да излезе бебето , со се моите бубрези? Џабе носев сет за матични клетки, џабе се. А после ми кажаа дека не зел материјал бидејки ке знеле другите дека е корумпиран и дека зема процент од тоа приватно . За да си го заштити газот ме зезна мене ама здравје Боже ке зачуваме од млечно запче. Од цела приказна само др Адеми испадна човек и тоа секогаш ке гледам во него како ангел чувар.
RE: Во која болница се породивте? 23.5.2012 15:25:31
Luci
Леле the_crow читам и не ми се верува човече, како те истретирале на твојот најубав ден Јас да ти кажам и у најголемата болка би ја истепала особата што ми се заканува и што ме омаловажува во таков момент и на тој начин. Јака ти душа што си го издржала тоа
RE: Во која болница се породивте? 23.5.2012 15:46:59
the_crow
Да ти кажам Луци ,јас многу издрзав и на крај си го добив .Уште и ме изоговара докторот кај моите и не ми веруваа ништо,тоа најмногу ме боли. Уште мислат ако некогаш се развикам или изнервирам дека побудалувам и ми го следат погледот дали ми бил животински. Зошто така им кажал докторот. Навистина боли ама пак од друга страна ко ке го видам малечкото се ми поминува и заборавам. И не ми текнува за второ дете . Нема шанси теоретски.
RE: Во која болница се породивте? 23.5.2012 15:53:28
Ikana
Ќе ги стигне клетва уживај, се се враќа, кругот се врти!!!! Битно бебето ти е добро, ти си добра, а за тие таму, ќе дојде време кога ќе ти тропнат на врата, за било што, ќе видиш како се врти тркалото!