AnnaMolly RR
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR Еве една табела што ја најдов на заздравје, која го отсликува развојот на говорот. Очекувано однесување на детето: До 3 месеци: - Се оддалечува кога ќе чуе силен звук - Престанува да плаче кога ќе му се обратите - Го менува начинот на цицање во зависност од звукот кој го слуша - Се огласува кога е задоволно - Различно плаче во зависност од своите потреби - Се насмевнува кога ќе Ве види До 6 месеци: - Ги движи очите во насоката на звукот - Ги приметува промените во Вашиот глас и реагира на истите - Ги приметува звучните играчки - И обраќа внимание на музиката - Се огласува со повторување на определени слогови (ма, ма, ма) - Се смее - Го вокализира одушевувањето и негодувањето До 12 месеци: - Ужива во игрите со криенка - Се врти и гледа во насоката од која што доаѓа звукот - Слуша кога му се обраќате - Ги препознава зборовите за предметите во секојдневната употреба (сок, книга, шолја...) - Одговара на едноставните барања (“додади ја топката“, “дојди овде“) - Гугањето станува поинтензивно и подолго трае - Се огласува за да привлече внимание - Употребува гестови за да соопшти што сака (на пример, ги подигнува рацете за да го кренете) - Имитира различни звуци (ономатопеја) - Околу првиот роденден се појавува и првиот збор, т.е. збор со значење 1-2 години: - Ги покажува одредените делови од телото кога ќе го прашате за нив - Ги покажува и именува сликите во книгата - Одговара на едноставните барања (на пример “каде е мечето?“) - Слуша кратки приказни и песни - Секојдневно го збогатува својот речник - Поставува едноставни прашања (“каде е...?“, “што е...?“) - Спојува два збора и формира проста реченица (“дај сок“, “бебето спие“) 2-3 години: - Ги разбира разликите во значењето (големо – мало, оди – стој) - Одговара на две барања дадени истовремено (“земи ја топката и стави ја во кутијата“) - Слуша и ужива додека му раскажувате подолги приказни - Знае да ги именува скоро сите работи од опкружувањето - Речениците се состојат од 2-3 зборови - Секојдневно го збогатува речникот и ги проширува речениците - Говорот на детето е разбирлив за фамилијата 3-4 години: - Одговара на прашањата кој?, што?, каде?, зошто? - Опишува што се случило во градинката, паркот, продавницата... - Користи реченици составени од 4 зборови - Во говорот не ги повторува слоговите ниту зборовите - Со навршени 3 години треба коректно да ги изговара с, з и ц, додека со навршени 4 години, ш, ж, ч и л. - Говорот на детето е разбирлив и за пошироката социјална средина 4-5 години: - Заинтересирано е за кратки приказни и дава одговори на едноставните прашања во врска со прочитаната приказна - Ги разбира зборовите кои што се однесуваат на времето (вчера, денес, утре) и ги разбира односите (прв, последен, следен) - Разбира поголем дел од содржината која што ја слуша во домот или во градинката - Речениците стануваат се посодржински (на пример, “најголемото црвено јаболко е мое“) - Ги раскажува приказните и се држи до темата - Без никакви проблеми комуницира со другите деца и со возрасните - Ги римува зборовите - Со навршени 5 години правилно ги изговара сите гласови - Говорот е граматички точен (не прави грешки во однос на родот, бројот, членот и времето) Морам на темава да го пофалам Филип, бидејќи немам многу што друго да го фалам (не е мирен, не е послушен ). Во однос на говорот, мојов дрдорко според листава е како дете од 4-5 години, а има 2 години и 3 месеци. Сите точки од последниот дел што се однесува за дете од 4 до 5 години ги исполнува, освен „ги римува зборовите“, „правилно ги изговара сите гласови“ (не ги изговара правилно „р, ч, џ и ш“) и „ги разбира зборовите кои што се однесуваат на времето (вчера, денес, утре)“. Тоа не ни е совладано, ама знае „прв, втор, следен, последен“. Друго се исполнува
< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 26.9.2012 13:48:01 >
_____________________________
Live and let live
|