|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Говор на детето
28.11.2012 14:29:40   
arh_diz
Bethany necitaj mnogu po internet bekoe dete pobrzo prozboruba a nekoe prooduva.Treba sto poveke da mu zboruvas samo.Na sin mi mu se obrake na tri jazici site se od slovenska grupa , dobro gi prifati i gi razbira i zboruva a imame 2.3 god

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 151
   RE: Говор на детето
28.11.2012 17:48:01   
mosa
Морам на темава да го пофалам Филип, бидејќи немам многу што друго да го фалам (не е мирен, не е послушен user posted image ).
Во однос на говорот, мојов дрдорко според листава е како дете од 4-5 години, а има 2 години и 3 месеци. Сите точки од последниот дел што се однесува за дете од 4 до 5 години ги исполнува, освен „ги римува зборовите“, „правилно ги изговара сите гласови“ (не ги изговара правилно „р, ч, џ и ш“) и „ги разбира зборовите кои што се однесуваат на времето (вчера, денес, утре)“. Тоа не ни е совладано, ама знае „прв, втор, следен, последен“.



Lele AnnaMolly jas isto bi napisala za moeto dete.Navistina e nimiren mnohu sto i ne e bas za nekoja pofalba,no navistina e drdrorko .Ima 3god i 7 meseci,a toj citko i jasno zboriva kako da ima 5 godini.Vsusnost i na 1 godina zboruvase cisto,a i site bbukvi gi kazuva cisto kako sto teba.Ubavo objasnuva sam sto saka,sto ne,raskazuva sto se slucilo,sto videl i e mnogu interesen.Za decata najvazno e da im zborime i nie vozrasnite cisto,a i mnogu da im zboruvame.A koga ke im zboruvame da bidat taka namsteni da ne gledaat pravo vo usta.Toa e moj sovet za site mamicki.

_____________________________

BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 152
   RE: Говор на детето
29.11.2012 8:57:50   
AnnaMolly RR
user posted image mosa! И јас би го потрвдила твојот совет. На бебињата треба многу да им се зборува, ама нормално, не бебешки и со лигавење. Оти тие како што гледаат/слушаат така и прават.
А за мамичките што не им зборат се уште децата, ич да не се секирате. Не се сите деца исти и никако не треба да се споредуваат со други деца кога прозбореле, кога проодела и слично. Доколку детето слуша и разбира кога ќе му речете на пример „Каде е мечето“ и слично, нема простор за паника. Па има и случаи кога дете на 3 години зборува само десетина зборчиња, па после преку ноќ буквално ќе се разбуди и ќе почне да меле user posted image

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот mosa)
Непосредна врска до пораките: 153
   RE: Говор на детето
29.11.2012 9:44:08   
vezilka RR
Никола зборува од многу рано, веке скоро пола година поврзува зборови во реченица. Сега на 2 кажува буквално се, со се сврзници, ама некогаш ги утнува. На пример:..„одиме земеме чокоадо, кај кујна, ајде одиме со раче“.. А јас пак не сум му зборувала нешто многу додека бил мал, сакам да кажам секое дете е различно и ќе си прозбори кога ќе му дојде време. Е сега мене друго ме секира. Никола не зборува чисто и разбирливо. Знам дека е рано да судам за тоа, ама сакам да знам како да влијаам и да превенирам. Во што е проблемот, тој најмногу влијанија прима од внука ми, а таа не ја изговата „Л“ како што треба, ја замемува со „Ј“. А Никола ја изоставува од зборчињата. Е сега се почето го приметувам како и тој место л кажува ј. И се ми е старв да не научи погрешно.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 154
   RE: Говор на детето
29.11.2012 9:58:55   
Mihaela 2010
И М почна многу рано да зборува,па сега на две ипол год можам да кажам дека збори како 5 годишно дете...зборува чисто,течно,вели ќе идеме кај баба ми ,дедо ми,ене го вујко ми и сл...
Има голем фонд на зборови, но буквата Х неможе да ја изговор ја меша со К или Ф,пример храна=фана,или за себе Микаела...Исто и Р не ја може а и Л...а Ж,Ч и Џ одлично ги изговара...
ЈАс многу и читав како мала,не и зборував бебешки па ете и она денес е голем љубител на книги имаме дома преку 30
Нема потреба од секирации,секое дете си е индивидуално,некои напредуваат психички некои физички,ете ние сме напреднале психички ама па физички сме малку по ситнички од нејзините врсници

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 155
   RE: Говор на детето
2.2.2013 23:43:49   
tnade
Teodora kazuvase po nekoj zbor ama od koga trgna vo gradinka lugeee ne se zapira detevo, sekoja minuta nesto novo slusame, tetka i ja nemase videno edna nedela koga ja slusna kako baboti se stapisa zenata
jas ne cuvstvuvam deka razgovaram so dete, abre kazuva sto saka da nosi, sto da jade....do dusa i jas malku pridonesuvam vo toa, so toa sto razgovaram so nea "sakas li ...., sto ke jademe... moze li da napravime vaka..... neznam mozebi gresam mozebi ne ama mene mi se cini deka deteto go nasocuvam pravilno

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 156
   RE: Говор на детето
20.2.2013 15:54:49   
Anami
Каде ги носите дечињата на логопед? Дали во државна има некој телефон за закажување? Син ми има 5 години, сите букви ги знае уште од многу мал. Проблемот е што кога зборува знае да направи поголема пауза измеѓу зборовите,го продолжува зборот а некогаш зборува бавно. Кога имаше три години го виде логопед и ни кажа дека тоа кај него се случува зошто има преголем фонд на зборови и затоа прави пауза додека го избере вистинскиот збор. Ама еве до 5 години сеуште тоа трае. Сакам да слушнам уште едно мислење, можеби сега ке треба да се работи со детето. user posted image

(Одговор на членот tnade)
Непосредна врска до пораките: 157
   RE: Говор на детето
24.2.2013 0:16:25   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

4-5 години:

- Заинтересирано е за кратки приказни и дава одговори на едноставните прашања во врска со прочитаната приказна
- Ги разбира зборовите кои што се однесуваат на времето (вчера, денес, утре) и ги разбира односите (прв, последен, следен)
- Разбира поголем дел од содржината која што ја слуша во домот или во градинката
- Речениците стануваат се посодржински (на пример, “најголемото црвено јаболко е мое“)
- Ги раскажува приказните и се држи до темата
- Без никакви проблеми комуницира со другите деца и со возрасните
- Ги римува зборовите
- Со навршени 5 години правилно ги изговара сите гласови
- Говорот е граматички точен (не прави грешки во однос на родот, бројот, членот и времето)


Да не испадне дека ептен го фалам, ама сега ја читам табелава и Михаил одговара во оваа возраст скроз и тоа можам слободно да кажам дека сега има полни 3 години а овие работи ги исполнува уште од пред 6месеци


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 158
   RE: Говор на детето
24.2.2013 10:56:08   
Felly RR
Анами, ѕирни ја темава, може ќе најдеш некоја информација.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Anami)
Непосредна врска до пораките: 159
   RE: Говор на детето
24.2.2013 19:45:13   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Никола зборува од многу рано, веке скоро пола година поврзува зборови во реченица. Сега на 2 кажува буквално се, со се сврзници, ама некогаш ги утнува. На пример:..„одиме земеме чокоадо, кај кујна, ајде одиме со раче“.. А јас пак не сум му зборувала нешто многу додека бил мал, сакам да кажам секое дете е различно и ќе си прозбори кога ќе му дојде време. Е сега мене друго ме секира. Никола не зборува чисто и разбирливо. Знам дека е рано да судам за тоа, ама сакам да знам како да влијаам и да превенирам. Во што е проблемот, тој најмногу влијанија прима од внука ми, а таа не ја изговата „Л“ како што треба, ја замемува со „Ј“. А Никола ја изоставува од зборчињата. Е сега се почето го приметувам како и тој место л кажува ј. И се ми е старв да не научи погрешно.


Не се секирај Везилка и М од братучед му, кој е поголем, ама понејасно зборува,во почетокот кога М почна да „мели“, значи да изговара многу зборови точно, од него попримаше и некои кој тој си ги изговараше чисто и течно, почна да ги кажува погрешно и јас се исплашив дека детево наместо да напредува ми се уназадува, ама само некој период, после си зборуваше правилно. Вие зборувајте му правилно, кога некој збор ќе го изговори погрешно, повтори му го како треба и со тек на време ќе си ги изговара правилно зборчината

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 160
   RE: Говор на детето
6.4.2013 23:24:35   
mamicka_26
може ли мал совет од вас
М има 3 години и 2 месеци и зборува се,само ме мачи што од неодамна(скоро еден месец) почна да ми пелтечи при зборување.Ме интересира дали треба да го однесам на логопед или е уште мал да почекам уште малку?Каде да го однесам,на кој логопед?Ве молам за совет и мислење

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 161
   RE: Говор на детето
7.4.2013 10:09:47   
Maria
Мамицка_26 и ние поминавме низ тоа кога А.имаше 2 ипол години,за што пишував и на темава,побарај,го споделив моето искуство.
Ние не баравме совет од логопед,сами го решивме проблемот,затоа што се работеше за помало дете и прочитав на нет дека доколку проблемот не се реши до неговата трета година,да се посети логопед.
Не те плашам,само мислам дека треба да си побарате стручно мислење.Мислам дека е мал за да се работи со него и веројатно се работи за физиолошко повторување,но подетално ќе ви објасни како да се однесувате со него.
Знам само дека никако не треба да се прекинува,ниту да се поправа детето додека зборува тоа ти го кажувам и од лично искуство дека е точно.
Те сваќам,зошто сум го поминала тоа,многу е тешко,но треба само трпение и се ќе се среди.user posted image

(Одговор на членот mamicka_26)
Непосредна врска до пораките: 162
   RE: Говор на детето
7.4.2013 14:10:51   
AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicka_26

може ли мал совет од вас
М има 3 години и 2 месеци и зборува се,само ме мачи што од неодамна(скоро еден месец) почна да ми пелтечи при зборување.Ме интересира дали треба да го однесам на логопед или е уште мал да почекам уште малку?Каде да го однесам,на кој логопед?Ве молам за совет и мислење


Мамичка_26, син ми за 2 месеци ќе полни 3 години, а течно зборува одамна. Јас пред неколку недели забележав дека почнува да пелтечи ако е многу возбуден и ако не знае што попрво да каже, а и во друга ситуација кога си раскажува нешто измислено.
На пример за 1 април на татко му почна да му раскажува кој како бил маскиран и од што не знаеше што попрво да каже, пелтечи.

Види дали има некоја ситуација што го тера повеќе да пелтечи. Ако е во ваква ситуација како кај нас, мислам дека нема потреба од логопед.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот mamicka_26)
Непосредна врска до пораките: 163
   RE: Говор на детето
7.4.2013 19:26:59   
Maria
Во која и ситуација и да се јавува Аnna Molly,штом трае месец време секако загрижува.user posted image
Еве еден текст кој мислам дека ќе ти помогне mamicka_26.Извини, јас тоа што го читав беше до тригодишна возраст,но овде вели до 5.user posted image

СПРЕЧЕТЕ ФИЗИОЛОШКОТО ЗАПНУВАЊЕ ДА ПРЕМИНЕ ВО ПЕЛТЕЧЕЊЕ

Периодот од втората до петтата година од животот на детето е многу чувствителен период во кој се стекнува флуентност на говорењето и е карактеристичен по т.н.физиолошки запнувања.Таа појава е присутна кај дури 80 % од децата.
Физиолошките запнувања и повторувања се предизвикани со интензивниот развој на мислењето кој ги надминува способностите за говор кај детето.Во тој период активниот речник на детето сеуште не е голем,изразувањето на мислите не е усовршено,а движењата на говорните органи не се прецизни.Сепак ,детето разбира многу и сака да ви каже многу работи,а уште повеќе сака да дознае,па поставува безброј прашања.
Секоја активност на детето е проследена со емотивно возбудување,а говорот изобилува со разни повторувања,запнувања и преместување на зборовите во речениците.Таквата состојба е природна на одреден развоен степен.При понатамошниот развој на мислењето и говорот,како и во искуството при комуникација,детето засекогаш се ослободува од физиолошките запнувања.Меѓутоа периодот од втората до петтата година е многу чувствителен,па токму тогаш овие појави може да најдат "поволна почва", да се вкоренат и да прераснат во пелтечење.
Како да се спречи физиолошкото запнување да прејде во пелтечење?
Најдобар начин е да на детето му пружите соодветен говорно-јазичен модел,односно,лесен,забавен и помалку комплициран говор.Тоа незначи дека на детето треба да му се зборува бавно и едноставно,туку дека своите долги и комплексни реченици,треба да ги одвојувате со паузи.Со управување на темпото на својот говор и со покажување трпение,на детето ќе му помогнете да зборува потечно.
Кај децата кај кои постои предиспозиции за пелтечење,пожелно е да се одвои посебно време во текот на денот,за кое време максимално ќе му се посветите,играјќи мирни игри,како цртање или сложување коцки.Ако решите да читате или раскажувате или да се прошетате,не поправајте го говорот на детето.Потребно е да му дадете доволно време за одговор и не треба да го брзате или прекинувате.
За среќа,сосема мал број физиолошки запнувања прераснуваат во пелтечење.Ако,сепак,дојде до таква појава,секако треба да побнарате помош од логопед.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 164
   RE: Говор на детето
7.4.2013 20:46:24   
omorfo89
Мојата ќерка има 24 месеца и знае доста зборови инаку учи два јазика , македонски и грчки. Јас и зборувам македонски и моите исто (по двапати дневно зборувам ос моите на скајп) а мм и неговите и зборуваат грчки. Имам забележано дека мене ми се обрака со македонски зборчиња а на другите со грчки. Се надевам дека ги разликува зборовите и јазиците. user posted image
Инаку сега за сега поврзува 2-3 збора заедно и знае да брои до 11. Инаку мајки како ги научивте вашите деца да викаат сакам , кажам. Таа сака да каже сакам јагоди и вика место сакам-сакаш како што и јас ја прашувам user posted image треба ли да и викам сакам наместо сакаш? или со тек на време ке научи?

_____________________________

[img]http://lb3f.lilypie.com/aJqIp2.png[/img]

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 165
   RE: Говор на детето
7.4.2013 21:40:07   
AnnaMolly RR
Јас му повторував правилно, оморфо. На пример ако ми речеше сакаш вода, му викав „Јас сакам вода. Што сака Филип?“ и тој ми викаше Сакам вода. После следниот пат кога ќе ми побараше нешто, пак грешеше и пак го поправав и со тек на време се научи.
Сега најнов проблем ни се поимите „денес, вчера и утре“. Преска ми вика „Мамо, ти вчера кога ќе одиш на работа “... Се обидувам некако да му објаснам, ама тешко му оди. Ќе си научи како треба со време.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот omorfo89)
Непосредна врска до пораките: 166
   RE: Говор на детето
7.4.2013 22:58:55   
mamicka_26
Maria i AnnaMolly многу ви благодарам за мислењата и советите

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 167
   RE: Говор на детето
14.4.2013 20:03:35   
omorfo89
Имам едно прашање во врска со повекејазичноста кај детето. Еве како што пишав погоре ,ќерка ми ја учам македонски (мажена сум и живеам во Грција) , со моите мак. зборува , а со другите овде грчки.И доста зборови знае на мак. , да брои пее песни итн.. Е сега едно не ми е јасно , бидејки јас само мак. и зборувам , понекогаш место на пр. сапун да ми рече на македонски ми го кажува на грчки , а пред тоа го кажуваше на македонски. Кога и го кажав пак на македонски истиот збор пак почна така да го вика user posted image мислам дека за нејзина возраст нормално е да меша малку но дали кога ке потпорасне малку ке знае на кого каков јазик да зборува (мислам да не меша зборови во врска со двата јаизка..) ?


_____________________________

[img]http://lb3f.lilypie.com/aJqIp2.png[/img]

(Одговор на членот mamicka_26)
Непосредна врска до пораките: 168
   RE: Говор на детето
15.4.2013 10:07:27   
niki
omorfo nemas pricina za griza, toa sto mesa zborovi, sto ke gresi se normalni raboti kako za mali taka i za pogolemi deca, sekogas fondot na zborovi ke se zbogatuva za dvata jazici razlicno i vo situacii koga nema da i tekne soodveten zbor ke koristi zbor od drugiot jazik vo govorot
ona sto ti treba da pravis e da ispravas sekogas koga ke se javi greska i da i pomagas da nauci zborovi koi soodvetsvuvaat na ona sto saka da kaze na makedonski so naznaka deka dvata zbora se pravilni no deka sekoj od niv se upotrebuva vo razlicen jazik
kerka mi od mnogu mala znae deka so mama zboruva eden jazik a so tato drug i uste od pocetok sekomu se obrakase na negoviot jazik, pravese greski bidejki sepak srpski i makedonski imaat mnogu slicnosti no so tek na vreme seto toa se iskristalizira, sega veke zboruva i grcki na isto nivo kako i dvata drugi i nema nikakvi zbuniki seuste so mene zboruva mak. iako me slusa kako so tatko i zboruvam srpski, so nego zboruva srpski, a koga sme vo drustvo na grci i so niv i so nas zboruva grcki
i nie imame pominato niz fazite sakam sakas, pa potoa dojdoa fazi baba ti namesto baba mi, no so tek na vreme se toa se nadminuva, sega veke na 6 godini mozam da kazam deka solidno vladee so gramatikata na trite jazici i edinstveno na sto obrnuvame vnimanie se novite zborovi koi gi uci na skolo gi slusa doma od nas, na TV isl.
sovrseno e svesna deka zboruva poveke jazici i koga i fali zborce na nekoj od jazicite si prasuva, najcesto doaga od skolo so novi zborovi na grcki i za istite bara da i dademe prevod na makedonski i srpski, no se slucuva i vo obraten pravec
koga citame prikazni na grcki recenicite ili zborovite koi ne gi razbrala i gi preveduvame na makednoski i srpski
edno vreme imavme i vo izgovorot na glasovite mesanje pa na primer "sega" go izgovarase so meko grcko "g", no seto toa e nadminlivo
prodolzi da i zboruvas, toa vo idnina ke i bide od golema pomos vo sovladuvanje na novi jazici
jas ne mozam so zborovi da ti objasnam no vo kerka mi gledam deka bas zaradi toa sto paralelno uci i zboruva tolku jazici taa mnogu raboti gi uci, svaka i razbira na eden poinakov nacin od nas koi imame samo 1 majcin jazik, nekako polesno i odi sovladuvanjeto na bilo kakvi prepreki vo ucenjeto, ne samo jazici

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот omorfo89)
Непосредна врска до пораките: 169
   RE: Говор на детето
15.4.2013 20:29:11   
omorfo89
Браво Ники за ќерка ти , уф се надевам дека и мојата ке научи солидно македонски , иако јас цел ден сум дома со нејзе и само така и зборувам и кога сме со друштво надвор и моите и зборуваат на скајп по 2 пати на ден секојден , со нив исто така си разменува зборови на македонски...додека мм и зборува грчки. И нешто друго многу ми е страв бидејки од септември планирам да ја пратам во градинка па да не го заборави македонскиот , иако нема да ја оставам по цел ден таму (би ја оставала 4-5 часа) си мислам да не почне па да зборува само грчки потоа.. user posted image


_____________________________

[img]http://lb3f.lilypie.com/aJqIp2.png[/img]

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 170
   RE: Говор на детето
15.4.2013 20:55:23   
niki
nema da zaboravi ako prodolzis ti i natamu da i zboruvas
sekako imaj predvid deka ednostavno poradi sredinata i ucilisteto so pogolemiot kontakt so grckiot toj vo eden moment ke i bide dominanten, no tebe i taka i taka ne ti e celta podobro da zboruva makedonski tuku verojatno da se razbira so tebe i so tvoeto semejstvo a za toa kontaktot so tebe i so tvoite e dovolen
kerka mi ni so moite ne komunicira tolku cesto, dali ednas nedelno pa sepak dobro se nosi so jazikot, koga bi ja donela vo Mk da ziveeme dali i dva dena bi i trebale da se presalta i da gi sovlada tie nekoi nedostatoci koi gi ima vo zboruvanjeto sega koga samo so mene komunicira na makedonski
sungercinja se decata samo daj im moznost da ucat nesto i ke te iznenadat

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот omorfo89)
Непосредна врска до пораките: 171
   RE: Говор на детето
15.4.2013 23:43:40   
omorfo89
така е Ники , многу ти благодарам за одговорите user posted image

_____________________________

[img]http://lb3f.lilypie.com/aJqIp2.png[/img]

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 172
   RE: Говор на детето
30.4.2013 12:20:40   
Bethany
Јас пак на ова тема.. Син ми сега има 19,5 месеци и едвај да зборува нешто. Ама едвај. Неколку зборчиња. Се што читам, секаде пишува дека е најбитно дека тој разбира што му се зборува и дека се обидува да комуницира, па макар на некој друг начин.
Тој комуницира, со гестикулации, мимики, звуци, се изразува, објаснува, ама никако со зборови. Разбира нас се што му зборуваме, извршува некои инструкции што ќе му дадеме, ама многу ми изгледа далеку неговото зборување... Како го посматрам ми изгледа дека се многу нормално развива, ама СЕПАК се грижам user posted image

(Одговор на членот omorfo89)
Непосредна врска до пораките: 173
   RE: Говор на детето
30.4.2013 14:46:01   
sandriana RR
Bethany, мислам дека повеќе си нестрплива и нема место за грижа. Секое дете си има индивидуален развој на одење, на говор,...се во свое време. До кај 2 години ќе почне преку ноќ да зборува, верувај.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 174
   RE: Говор на детето
30.4.2013 16:21:12   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana

Bethany, мислам дека повеќе си нестрплива и нема место за грижа. Секое дете си има индивидуален развој на одење, на говор,...се во свое време. До кај 2 години ќе почне преку ноќ да зборува, верувај.


Daj Boze da e taka user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 175
Страница:   <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?