Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Децата како јазични иноватори 19.2.2013 9:43:04
masa
Ние сега научивме да ја кажуваме буквата Р,во некои збориви сосема правилно,некаде ептен нагласено,а некаде,особено на почеток на збор неможе да ја изговори..многу е симпатична и интересна,а посебно што некаде почна да и го менува местото на буквата Р во зборот: Тобра-торба Друго ново во последно време е што понекогаш ми ги замачкува зборовите и на крај на именките става У Стави ми водУ во чашУ Ќе облечам јакнУ,капУ Незнам дали од градинка има слушнато или од некое друго место,зошто малку личи како да повторува некој што зборува на дијалект. На почеток ја поправав постојано,но сега несвесно ќе ја повторам зошто ми делува интересно...знам дека некои деца и си измислуваат сопствен јазик,понекогаш и зборува неразбирливо,ама мислам дека е од што гледа цртани на сите можни јазици па и е испомешано се
RE: Децата како јазични иноватори 19.2.2013 12:49:55
vezilka RR
Никола Црвенкапа ја вика Цпеванка. И вчера мажле се обидува да го научи да ја каже правилно, и му викља, ај кажи црврн, и тој вика цвен, ај кажи капа, и тој капа е ај сега кажи црвенкапа брзо, и тој пак цпеванка..и така едно пола саат
RE: Децата како јазични иноватори 19.2.2013 19:00:02
Џесика
ИЗВОРНА ПОРАКА: masa
Ние сега научивме да ја кажуваме буквата Р,во некои збориви сосема правилно,некаде ептен нагласено,а некаде,особено на почеток на збор неможе да ја изговори..многу е симпатична и интересна,а посебно што некаде почна да и го менува местото на буквата Р во зборот: Тобра-торба Друго ново во последно време е што понекогаш ми ги замачкува зборовите и на крај на именките става У Стави ми водУ во чашУ Ќе облечам јакнУ,капУ Незнам дали од градинка има слушнато или од некое друго место,зошто малку личи како да повторува некој што зборува на дијалект. На почеток ја поправав постојано,но сега несвесно ќе ја повторам зошто ми делува интересно...знам дека некои деца и си измислуваат сопствен јазик,понекогаш и зборува неразбирливо,ама мислам дека е од што гледа цртани на сите можни јазици па и е испомешано се
masa, I mojov isto so u se naucil, I site pesnicki si gi prepejuva so u na kraj... I sega ja vezbame R I mu tempiram zborovi za da vezba. Mu vikam kazi trojka, trajko, treva, on mi vika trojku, trajku, trevu.... a vnuka mi se umisluvase deka zboruvala srpski pa na se stavase u. " ke odum vo gradinku, ke pejum, kje igrum, pa domu kje spijum " abe cirkus.... definitivno izvodat nesto, interesno im e.
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
RE: Децата како јазични иноватори 20.2.2013 12:11:28
masa
Ова не ми текна вчера ама е врв на се досега кажано ДОТКОРКА-за докторка на ова и едно тврдо ептен нагласено Р кога и да го изговори се Ова со У фаза им е и ќе помине кога ќе измислат нешто ново А дали вачите дечиња кога мислат на родителите велат мајкаТИ,таткоТИ,па и бабаТИ,дедоТИ?Се сеќавам на еден братучед кога беше мал исто така зборуваше,сега еве и моево..се трудам да објаснам како треба дека јас и велам татко ти зошто неа и е татко,а она треба да каже татко ми ама не и е јасно па си продолжува како слуша така изговара.
RE: Децата како јазични иноватори 20.2.2013 16:09:28
Snowhite RR
Да и Михаил долго време зборуваше мајка ти,татко ти,баба ти и покрај тоа што друго се знаеше точно да изговара,знаеше да разликува еднина и множина и пол, ама за ова едвај се научи да ги кажува правилно
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Децата како јазични иноватори 20.2.2013 17:26:32
Calypso
И син ми исто збори, татко ти, мајка ти итн. Порано кога ќе ме видеше велеше „Еве го мајка ти“ , ама тоа пред неколку месеци. Сега вели „еве ја мама“, учи со тек на време како треба. Ама затоа татко ти ***** (името на татко му) му е закон. Никогаш не го заборава името да го каже, испаѓа ко да има десет татковци па потенцира еден од нив
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
RE: Децата како јазични иноватори 20.2.2013 21:41:22
Felly RR
Матеа пак тоаа од секогаш точно го кажжува, дури еднаш ме изнасмеа, помала беше, и се спремаме за излегување и и кажува на свекрва ми - ќе одиме кај мајка и, а не кај баба. Инаку последно време најимтересно ми е когаа се тркаме кој попрв нешто ќе направи, таа вика - Ајде да видиме кој е пропв!
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Децата како јазични иноватори 20.2.2013 22:36:54
Џесика
Хахахах, мене мојов ми е најсмешен која за „двајцата“ вика „јавцата“ мамо, ги изедов јавцата чоколатца... или „Го пеав Поточиња“ граматика, родови, броеви, падежи.... ма јок бре а кога нешто сака да му кажам вика „мамо што е ова, ајде познавај го“ демек сум му викала неколку пати „Не знам ,не го познавам“ и сега за тој термин се изразува со „познавај го“
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
RE: Децата како јазични иноватори 21.2.2013 13:42:50
AnnaMolly RR
Исто и Филип вика доткор.
Не знам дали сум ги пишала неговиве бисери. Тој супер си збори, ама некои зборови ептен ги извртува. Фиока - фојка земја - земија (со акцент на и) канализација - кизнација
RE: Децата како јазични иноватори 24.2.2013 13:59:48
Felly RR
Морам да ја напишам целата приказна за најновава иновација: Јас: Како си помина во градинка? М: Убаво. Со Ц си игравме фризерки. Јас: Им правевте фризури на бебињата? М: Не, само Ц беше фризерка. Јас: А ти што беше? М: Јас бев тетка, и Ц ме ФРИЗЕРКАШЕ.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Децата како јазични иноватори 25.2.2013 12:39:45
niki
mamo mamo kako da go NAVIKAM ova mace... po nejzina logika od kako se vikas-navikuvanje(davanje ime nekomu) nikako da zapamti narecam, toa sto zboruva srpski ni sozdava vakvi problemcinja
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Децата како јазични иноватори 25.2.2013 14:03:08
elenak
Достич детево твое го прогласувам за РР јазичен иноватор за 2013 Колку ли ви е забавно по дома Абе едвај чекам веќе да зуцне ова моево, само еден збор знае ЗАК (кога се крие) и се остало е само неврзани букви
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
RE: Децата како јазични иноватори 25.2.2013 15:38:51
dostickage
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak
Достич детево твое го прогласувам за РР јазичен иноватор за 2013 Колку ли ви е забавно по дома Абе едвај чекам веќе да зуцне ова моево, само еден збор знае ЗАК (кога се крие) и се остало е само неврзани букви
Леле остај се, се газиме од смеење. ПОМ НЕМА како му тенуваат сите будалаштини. Дури сега и песничка си искомпонира кога ќе го прашаме како му текнало да каже тоа и тоа - вика вака :
Пом нема мама Пом нема тато Пом нема баба Пом нема пом нема
RE: Децата како јазични иноватори 25.2.2013 15:49:49
dostickage
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak
Достич детево твое го прогласувам за РР јазичен иноватор за 2013 Колку ли ви е забавно по дома Абе едвај чекам веќе да зуцне ова моево, само еден збор знае ЗАК (кога се крие) и се остало е само неврзани букви
Еее остај се се газиме дома од смеење. ПОМ НЕМА како му текнуваат сите будалаштини. Кога ќе го прашаме како му текнало тоа и тоа , си има искомпонирано песничка - вика вака:
Пом нема мама пом нема тато пом нема баба пом нема пом нема
И тука имаш кореографија бесна 200 посто
Мејд бај Виктор Б
Инаку В прозборе на 2 години и три месеци со тоа што за два три дена почна да врзува прости реченички од по 2-3 зборчиња. Зборувањето кај секое дете е индивидуално така што нема простор за грижа.