Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 9.3.2013 21:18:51
idnata_mama
Јас си се урочив што викав дека не ми се гади и не ми се повраќа. Незнам дали сум еднинствена ама мамички мои, јас како влегов во трети месец сум сосема друга трудница од предходно, ми се лоши од се и сешто, неможам да поднесам мирис на чоколадо и благо, повраќам од мирис на готвено, секој ден повраќам по неколку пати. Стварно мислев дека тртиот месец ќе ми летне брзо и без мака како првите два ама оваа ситуација е чудо. Неможам да поднесам да седам во просторија каде нема отворен прозор, се осеќам дека ќе се угушам... Вчера бев до банка во тоа гужвата ми се слоши па си излегов надвор кога рикнав да си повраќам ми олесни барем!!! Чудно што првин бев добра со мачнините, тек сега знам како ви било мамички
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 9.3.2013 21:39:02
masa
Мила секоја бременост и секоја трудница е различна кај некоја порано, кај некоја подоцна,кај некоја воопшто нема да се појават..ама ние сме храбри и се ќе издржиме за нашите и верувај ми многу брзо се заборава...и јас вчера на два пати ќе повратев ми се крена желудникот,но не повратив, неможев.Еве и сега имам тежина во желудникот..мене мачниниве ми почнуваат како вечерни Да те утешам најчесто завршуваат на крај на 3ти месец,некаде имав прочитано дека тогаш биле оформени внатрешните органи и за тоа..повеќето информации ми се од првата бременост и ми се малку избледени,а сега немам доволно време да барам нови мене ми помагаше грицкањето солени стапчиња,переци и слични соленки имав некаде и рецепт за домашен кекс со ѓумбир кој што бил добар за мачнини.Во прата бременост никогаш не го направив,но ќе пробам да го најдам за да не ми затреба а и можеби ќе и помогне на некоја од вас
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 9.3.2013 22:55:29
surce
ама ми се погоди муабетов
после 2 месеци мирување, денес конечно одлучив да појам на кафе (нормално со кола одма на столче и назад), дури саат ипол издржав но, кога се вратив дома, страшно ми се слоши, цело тело почна да ми се тресе, ладна пот...безвезе...и така едно 5 саати ме држеше....и многу се исплашив, неможев на нозе да стојам, ни рана ни ништо не ми помагаше....... незнам дали тоа ми се случи од што долго време лежев или од капучиното што го пиев (а кафе не пијам од кога останав бремена, а сега сум 11 недела и 6 дена)
нели, девојки, нормално е вака организмот да реагира? (или сама си се тешам)....
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 10.3.2013 9:53:38
energy_m
I jas se spremam deneska da go ispijam prvoto kafe posle 3 meseci nepienje pa ke vidime.. inaku vo prvoto tromesecje nemav pregolemi macnini, onaka na periodi i toa pretezno bo popladnevnite casovi i navecer, ne mozam da si gi jadam omilenite jadenja,ednostavno ne mi gi saka organizmot i da, uste edna karakteristika na prvoto tromesecje...naduenost i gasovi, kako i problemi so praznenje... odnosno opstipacija (zapek)... pozdrav i ubavo nedelno popladne
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 10.3.2013 10:19:11
kikicka
Ништо чудно,ако не си пиела кафе толку време и сега наеднаш,притисокот одма ти реагира. Не се секирај не е страшно по една шољја на ден кафе,јас некогаш и две ги пијам иако со првата бременост пиев по две месечно, со оваа немам енергија и едноставно ми треба кафе. Инаку јас забележав дека мене од мултивитамините ми се лоши. И ке морам да ги сменам ни Прегнакер ни прегназон ни ми одговараат а тиа ги пиев со првата ,не за џабе викаат дека секоја бременост е различна. Имајте убав неделен ден,отидов јас да се сончам на кафе :))
ИЗВОРНА ПОРАКА: surce
ама ми се погоди муабетов
после 2 месеци мирување, денес конечно одлучив да појам на кафе (нормално со кола одма на столче и назад), дури саат ипол издржав но, кога се вратив дома, страшно ми се слоши, цело тело почна да ми се тресе, ладна пот...безвезе...и така едно 5 саати ме држеше....и многу се исплашив, неможев на нозе да стојам, ни рана ни ништо не ми помагаше....... незнам дали тоа ми се случи од што долго време лежев или од капучиното што го пиев (а кафе не пијам од кога останав бремена, а сега сум 11 недела и 6 дена)
нели, девојки, нормално е вака организмот да реагира? (или сама си се тешам)....
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 10.3.2013 16:36:54
idnata_mama
Мене докторот ми забрани кафе, а со оглед на тоа што не ни пиев мирна ми е душичкава дека не ме лишил од некое посебно задоволство. Нешто што строго ми забрани е чајот од нане ама не ми даде објаснување зашто! Ми рече да избегнувам и чаеви а ако толку многу ми се пие, може да пијам чај од брусница и чај од свеж ѓумбир.
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 10.3.2013 19:57:18
Natasa981
KikickaRR, bas mi e milo sto si bremena!Bas ubava vest! Me nema na RR veke podolgo vreme i op citam novosti! I jas sum trudnicka pak:) Ne sum vo ova tromesecje, go pominav, sega sum 23ta nedela:) KOga ti e termin i kolku ke ti bidat razlika so L..? Jas sum preeemnogu ambiciozna, moive samo godinka ipol :)) I dali ja vodis bremenosta kaj Kostadinov od Sistina? Pozdrav do tebe i se nadevam deka ke se citkame!
_____________________________
Моќните нешта доаѓаат од малите почетоци - Џон Драјден
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 10.3.2013 22:21:47
tnade
zdravo devojki, so golema radost moram da vi se pofalam deka sestra mi e bremena nekade 4-5 nedeli (po eden spontan pred edna godina)...ama mnogu mi e interesna i se losi, pritisokot i paga itn, (jas nemav takvi problemi ) stomaceto i e kako lubenice se nadevam brzo ke ja vklucam vo ova nase drustvo
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 10.3.2013 23:02:47
kikicka
Супер што убаво толку многу бебиња оваа година на РР ќе има. Инаку ние ќе сме точно разлика 3 години ако не и на иста дата ќе бидат, 29.09 пошто термин ми е баш тогаш ама немора да значи нели. Инаку не сум во Скопје и сега бременоста ја водам кај друг т.е кај матичниот овде а здравје ако се вратиме ќе одам пак кај Костадинов а ако заминам во странство здравје таму . Јас денес како се одјавив така и цел ден скитам дури пред некој саат се прибрав дома прекрасно време денес .
ИЗВОРНА ПОРАКА: Natasa981
KikickaRR, bas mi e milo sto si bremena!Bas ubava vest! Me nema na RR veke podolgo vreme i op citam novosti! I jas sum trudnicka pak:) Ne sum vo ova tromesecje, go pominav, sega sum 23ta nedela:) KOga ti e termin i kolku ke ti bidat razlika so L..? Jas sum preeemnogu ambiciozna, moive samo godinka ipol :)) I dali ja vodis bremenosta kaj Kostadinov od Sistina? Pozdrav do tebe i se nadevam deka ke se citkame!
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 10.3.2013 23:04:39
kikicka
Честитки за идната тета. Инаку нема се надевам туку обавезно уште утре да се приклучи на нашето семејство.
ИЗВОРНА ПОРАКА: tnade
zdravo devojki, so golema radost moram da vi se pofalam deka sestra mi e bremena nekade 4-5 nedeli (po eden spontan pred edna godina)...ama mnogu mi e interesna i se losi, pritisokot i paga itn, (jas nemav takvi problemi ) stomaceto i e kako lubenice se nadevam brzo ke ja vklucam vo ova nase drustvo
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 11.3.2013 8:37:27
dulcinea
Мамички ве молам за помош или совет...во последно време имам проблеми со притисокот, многу ми паѓа. осекам главоболка и знам дека има нешто...вчера на пример многу се исплашив кога го премерив - 80 со 40, а нормално ми е 110 со 70. Дали и кај вас се случува истото и што превземате во такви ситуации? Инаку сум 11 недела со , и едниствено со што знам да помага во покачувањето на притисокот е солена вода, ама многу е грозна за пиење, ме тера на повраќање...поздравче до сите и имајте убав ден
_____________________________
Никогаш не заборавај го патот по кој чекориш, можеби некогаш ќе посакаш да се вратиш...
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 12.3.2013 12:57:16
masa
Вчера бев на контрола и го видовме имаше срцева акција,а ми ја видоа и цистата 5 на 5,5см била.Првиот доктор ми рече 6см а кога прашав дали се може да е смалена ми рече не така била фатена .Ме смири малку докторот ми рече ако не расте нема да ја чепкаме само ќе ја следиме почесто.Контрола на две недели и да направам тумур маркери.Денес одма бев и лаборантката ми вика многу испитувања ти прават за трудница ова не се прави во бременост имате вие мислење за ова?Кикичка ти правеа тебе тумур маркери?Крв ти земаат нема ништо штетно што има врска бремена ли сум или не Го прочитав твојот пост ама чекав прво мислење од докторот па да ти поставам уште некое прашање како го пиеш маслото од ленено семе има врска на гладно или?Ленено семе веќе консумирам и во првата бременост го јадев со житарици најчесто за појадок не секој ден ама преку еден сигурно и тоа како превенција од хемороиди.Одкако те прочитав секој ден си каснувам и да не јадам житарки по оброк една лажица.А за нискиот притисок мислам дека е многу чест особено во почетокот на бременоста и нема лек освен солено и газирано и кафе.Јас самоиницијативно одкако дознав дека сум бремена и во првата бременост и сега престанав да пијам кафе и газирано,ама вчера ме фати така иштав за кока кола па се напив малку 2-3 голтки Мене во првата бременост ми пагаше притисокот на 40 со 60 и буквално тонев и дека имав многу мачнини и водата ја повраќав,беше лето а јас неможам вода да се напијам ја гледав чашата и плачев зошто бев жедна а ми мирисаше и ако се напиев одма повраќав,па докторката ми препорача кока кола по некоја голтка.Кога ја прашав нели е штетна ми рече гледај ти неможеш да стоиш ништо не е тоа.
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 12.3.2013 13:38:02
kikicka
Што е тоа тумур маркери??? прв пат счушам од тебе, мене такво никој не ми спомна , освен ако пораснела и ако штети на плодот ќе ја отстранат лапараскопски. Кај мене беше 2.2 см сега не ја измерија , додуша ни мене не ме боли веќе и ми кажаа дека тоа било жолто тело што се повлекувало, далеку е од плодот и не штети. Зависи од цистата значи. За испитувања уште ништо не сум направила, треба наредна недела да одам за брис и остало незнам што, планирам матичната да ја сменам не ја будува повеќе. Е сега за Кока колата јас во првата има отоци на нозете под неа и не пиев ама затоа Фанта и Спрајт се убивав од пиење, лето е и само тоа ме освежуваше. Лененото семе нема посебен ред на пиење , јас веќе и не го пијам , обично го правев со салата и такаго конзумирав. Најважно не се оптеретувај со цистата што е можно повеќе на игнор.
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 12.3.2013 16:42:35
masa
И јас сакам да ја заборавам и еве ќе се потрудам и докторот ми рече не е страшно не се оптеретувај,па да видиме дали ќе успеам Најбитно ми е со да е се во ред а стес може само да му штети,свесна сум ама имам 1000 филмови во глава.Резултатите од тумур маркерите ќе бидат утре па ќе ги видиме,требало да покажат дали е цистата чоколадна или водена иако им личи на водена и дали имала тенденција да штети толку сватив од тоа што ми објаснија.Секогаш си викам колку помалку знаеш за медицината толку подобро зошто по правило се учи од лично искуство .Се надевам дека се ќе биде во ред и набрзо ќе го заборавам ова и ќе можам на раат да си уживам во бременоста Е ова да се пофалам мајка ми беше на патување за 8ми март и ми купила панталони со ластик тенки,кошула и џемперче се L (а јас носам S - M зависи од моделот) за летово да сум имала што да носам дури и ми купила балетанки еден број поголеми за да не ми отекле нозете значи спремна сум за во лето
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 13.3.2013 10:53:30
sesilia
Здраво девојки.Денес бев на преглед ,се виде ембрионче ,докторката го измери и рече дека одговара за 6нед и 4 дена иако треба да сум 7ма недела по пресметките.Ми рече дека срцева акција има ,ми пиша плус кај срцева акција ,рече се слуша ама многу слабо ова е уште малечко,па за 2 недели пак ми закажа контрола. И така малце се мислам дали е се во ред
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 13.3.2013 12:47:35
Lina*
sesilija a sto te buni??super e se sto ti rekla i jas koga bev trebase da mi e posleden den od 6 nedela i sprema mene da ima srceva akcija ama nemase,doktort rece kaj tebe rano e da se slusni i mi zakaza po dve nedeli.Kajtebe imalo i srceva akcija i mislam deka nema potreba od zagrizenost.....Uzivaj mamicke pa za dve nedeli ke ti mafne bebceto
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 13.3.2013 13:39:37
sesilia
Лина,па читам сите го слушале како чука па и јас и реков на докторката да го слушнеме,она само така ми рече,еве го има срцева акција,ми пиша плус на ливчето кај срцева акција и рече за две недели. Знам може паничам многу ама пошто имав лошо искуство стварно ми е страв ....
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 13.3.2013 13:56:20
Lina*
Znam milicka,potpolno te razbiram i jas bev sigurna deka ke go slusnam srcenceto ama.....nisto,ke moram da cekam do sledniot petok a znaes koga se ceka na nesto takvo denovite se kako godina.
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 13.3.2013 14:11:51
Lacrymosa
Не се нервирај и плаши... мене срцева акција ми видоа дури во 8та недела бидејќи бебчето било покасно зачнато (некаде +2 недели од менструација) и затоа дури во 8 нед се појави срцевата акција...
RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела 13.3.2013 14:13:49
kikicka
Не се секирај јас дури на 10 недела го слушнав а во 8 недела го видов само како трепка една мала точкичка. Не се замарај се е во ред, и јас се водам една недела покасно од таа што би требало да бидам нели зошто нема врска тоа нивното мерење од менструација ама ајде. Уживај мамичке не се отеретувај со глупости
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."