Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 6.8.2013 21:39:42
Melanija RR
Lacrymosa јас до влез во 9ти избегнував да читамза породување а список за во болница од 8 месец се посветив на тоа па која крема ,па зошто,па какви пелени,па улошки
Многу се нервирам со месеци и сега ми викаат спиј додека можеш после нема спиењем,абе така е ама нема да е крај на светот кога ќе спие ќе спијам и јас.И им викамкакво спиење ,наспивање јас 4 месеци сум жива ненаспана кога ќе се породам ќе спијам повеќе гарант
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 6.8.2013 23:50:35
elenak
Меланија од срце ти посакувам такво бебуле што ќе те остава да се наспиеш, само те молам немој премногу да се надеваш И знаеш што, на 23-ти август се враќам од одмор, кога ќе дојдам да не те најдам тука
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 7.8.2013 11:05:51
Melanija RR
elenak знам дека ќе поспијам барем еднаш во тие 2 саати додека спие ама мене многу ми се фати имам синдром на карпален тунел и уште мали последици од алергија во бременост ПУППП а тие се повлекуваат по породување па од таму е мојата надеж Добро што цела бременост бебче немаше проблем туку само јас
< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 7.8.2013 11:11:47 >
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 9.8.2013 21:50:11
Melanija RR
Јас сум денес 38 недела си бевме кај матичната на ехо ,си имаме доволно плодова вода,постелка се е ок, имаме 3.200гр. и си чекаме
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 10.8.2013 9:36:43
energy_m
Mami82, i jas sum 35nedela, od utre vleguvam vo 36ta.. uste malku pa ke se guskame so bebencata nasi.. Inaku jas se odluciv za Cair, pa so Gospod napred. Ve guskam site i samo hrabro na ova zestinive.. Lele ne se izdrzuva veke
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 10.8.2013 11:21:27
masa
Ајде Melanija издржи уште малку ,а и сите други шти чекаат,не се знае која ќе превари.На сите со лесно само да ви мине пораѓајот Како второротка немам мака за на пораѓај,дали дека лесно поминав со ќерката (пу,пу да не се подречам) или уште е рано,незнам.Јас влегувам во 28 недела и неможам да спијам.Ноќеска до 3 се отепав од преврување(а тешко ми е превртувањето) мм го буцкав цело време да бега на другата страна на спалната,мислам од него како од печка излегуваше топлина и уште потопло ми беше,неможев да спијам.Ги разболев и малата и него со климата,а јас стојам и се потам.Нека залади зошто фаќам некоја планина и не се враќам Ме интересира дали има тема од кога и како да им се објасни раѓањето на децата.Ќерката ме прашуваше пред некој ден како ќе испаднело бебето,па мене ми текна одма да и речам дека ќе и го пресечат мешето на мама.Не бев далеку од вистината,зошто и тоа е начин на доаѓање на свет на бебињата,но ми беше премала (3 ипол години) за да и го објаснувам природото раѓање.И утрово пак нешто почна за бебето и вика на мама мешето ќе и го пресечат и оп бебето ќе се роди
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 10.8.2013 11:30:22
sandriana RR
Ме интересира дали има тема од кога и како да им се објасни раѓањето на децата.Ќерката ме прашуваше пред некој ден како ќе испаднело бебето,па мене ми текна одма да и речам дека ќе и го пресечат мешето на мама.Не бев далеку од вистината,зошто и тоа е начин на доаѓање на свет на бебињата,но ми беше премала (3 ипол години) за да и го објаснувам природото раѓање.И утрово пак нешто почна за бебето и вика на мама мешето ќе и го пресечат и оп бебето ќе се роди user posted image
еве ТУКА masa можеби ќе најдеш соодветен одговор за малото прашувалче
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 15.8.2013 7:40:47
Yummy Mammy
Eve me mene pak so bolkite Dobro dali na nekoj drug mu se slucuva da go boli stomakot bez nekoja posebna pricina ili toa samo mene?! 31-32 nedela stignav, i vcera cel den me bolese dolniot del na stomakot, matkata, jajnicite... Za vo son po vtor pat da me presece mnogu jaka bolka od desnata strana kaj slabinata. Prviot pat mi se sluci pred nekoe vreme, eve mesec dena da receme, ama spiev na taa strana i pretpostavuvav bebeto zafatilo nekoja pozicija, pritisnalo na nesto, odvaj so sudni maki uspeav nekako da se svrtam i posle nekolku sekundi pomina. No, vcera voopsto ne spiev na taa strana, spiev pravo. Znaev deka moram da se svrtam za da se razmesti bebeto, iako bese mnogu bolno uspeav nekako i pomina. Sabajlevo se si e normalno, bebevo si mrda normalno, samo sto jas se osekam ko da sum bila iskocena do 5 saat sabajle, glavava mi e tupan od nespienje cela vecer.... Vi se slucilo li nesto slicno?! P.s. A da, i denes ideme za Grcka
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 15.8.2013 8:47:05
Bethany
Јами Мами, не знам на каква конкретно болка мислиш, ама бебето е веќе големо и тежи, можеби така се наместило да те притиска повеќе на јајниците, мислам секоја болка што ја имаш во бременоста е нормална ако не трае долго и ако не е со ист силен интензитет. Тоа секако ти знаеш подобро, па не ти е прво Ако сега си во ред, тогаш нема потреба да се грижиш, убаво помини се
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 15.8.2013 9:14:08
Melanija RR
Да видиш на ехо како е поставено па ќе ти кажат дали со нешто те притиска.Благи болки имав ама само неколку пати мене со главчето ме стиска некогаш повеќе на бешика па по 2-3 капки морам да се празнам.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 15.8.2013 10:54:03
masa
И јас ноќеска многу лошо спиев и утрово сум преморена.Исто имам од време на време болки,ама кога ќе сменам положба поминуваат.Претпоставувам дека е нормално од тежината на плодот.Утре сум на контрола и ќе видиме што прави и ќе си прашам за се.Мене најмногу ме загрижуваат болки доле ниско.Незнам дали клоца таму,ама мислам дека ќе испадне,ако не друго некое раче или ноже.Баш вчера вечерта имав неколку пати такви болки и дури и ме плашат. п.с. Mami82 јас планирам да се пораѓам во Ремедика,ама сум 28 недела.
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 15.8.2013 15:57:33
Lacrymosa
Вчера не да сум се испровоцирала... Косата ми се крена до небеси. Бев на редовна контрола и се изнаслушав триста глупости. Од старт бебето ми каснеше две недели ( така барем матичната ми викаше), а кога бев кај специјалист во болница ми рече дека до денот мерките се точни. Е вчера каснело три дена и било полесно за 50 грама.Е сега, требало да се сончам цел ден ( а сите трубат да се седи дома во најтоплото), да јадам по 250 грама месо, 2 јајца и уште незнам колку грама сирење и млеко и урда и притоа да внимавам на тежината, да внесувам витамини преку овошје и зеленчук и да пијам рибино масло. минатиот пат не ми даде упат за крвна слика туку сама си го зедов е сега зашто немам испитано протеини кога ради тоа ми го имала дадено упатот ( што не ми го даде) , а и јас не отидов лабораторија сама да испитувам. тоа што ми пишуваше на упатот тоа ми даде... брисевите чисто ко солза направени пред три дена ми вика пак да сум ги направела... е максимално се испровоцирав.. и за железото... според мерките од лабораторијата нормално е од 6.6 до кај 23, мене ми е 15 и не ми чинело... ми дојде да ја земам да ја треснам од земја секој ден да сум јадела јајца бе, по две и тоа... имав еден братучед јадеше секој ден јајца цел месец и едвај живи го вратија од мртвите зш му се појави алергија... е притисокот ми стана 200 и сега наново да испитувам крв, пак да се боцкам ради нејзината неписменост... ја прашав за нозете што ми се отечени и ми вика ко ќе испиташ протеини дојди па ќе видиме... а и нормално протеините треба да ги испитам во нејзината лабораторија каде што испитување крв е 350 со картон, а не во болница каде е 70 денари. мислам не ми е за парите ама ме нервира што ме прави будала... каде отишле толку пари - налет уште толку.. значи сум отишла на контрола па п.м. кажи ми некој совет за нозете, а не пак да одам и пак да си плаќам прегледи и триста чуда
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 16.8.2013 11:56:03
vezilka RR
Ма какво бре јајца секој ден, и тоа по две, и ќе качиш протеини, ама холестеролот?? Ќе си апнуваш по едно парче месо, телешко, секој ден и готова работа. И мене за време на бременоста протеините не ми чинеа, и таков совет добив, едно парче месо дневно, и пола литро млеко, толку.
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 16.8.2013 12:51:47
Hunny
Меланија блиску си до најубавиот момент Јас се породив во 38 недела. Со спиење немав маки, голем стомак, се поправив само 7 кг. Исто и немав жештини како што опишуваат други Бебето ми беше мирно, дури одев на прегледи да видам зошто не мрда Ама затоа откако се породив, а тоа беше пред 16 месеци, мене ми е жешко и во зима и во лето. Мирното бебе сега е детуле кое како да има батерии во газето. Затоа спијте додека можете
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 16.8.2013 17:06:06
masa
Lacrymosa ako tolku ne si zadovolna smeni doktor.Toa so merkite vo denovi osobeno sega pri kraj voopsto neka ne te zagrizuva.Za otocite,ako ne site sigurno 90% od trudnicite gi imaat.Care...neznam dali ima..malku pomagaat masazi i odmaranje so podignati noze I da vnesuvas pomalku sol i da ne pies voda posle obrok (ova poslednovo neizvodlivo na zeskovo).Jas znam tri pati nedelno meso dva pati jajca + mlecni proizvodi ILI mleko ILI jogirt ILI sirenje,urda ne se zaedno.Jas eve odmaram zosto denes imav epten naporen den,pa ke odam na kontrola,da go vidime
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 17.8.2013 20:13:47
DuffytheDuck
Се пријавувам и јас во ова тромесечие. Денес наполнивме 27 недели, наредната недела сум на контрола. Одамна го немам видено бебчето па некако едвај чекам Досега е се во ред, дај боже до крај се да е вака. Некои посебни потешкотии немам, освен спиењето и отоците на нозете кои во последно време ми се јавија. Денес бевме на шопинг за сме купиле неколку ствари. Ај ќе пишам во темата за купување, да не сум офф тука Поздрав мамички
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 18.8.2013 12:11:30
masa
Јас бев на контрола и е добро,само што е две недели понапред,поголемо е и по мерките одговара на 30 недела.Докротор вели дека е најверојатно генетика,зошто и ќерката се роди 3560,но ми даде да испитам два вида на скриен шеќер.Јас тука како што читам сите испитуваат еден вид,оној со земање крв на гладно,па пиење шербет,па уште еднаш земање крв по час време.И е карлично поставено.Затоа оние болки ниско доле клоцало и од ударите на нозете добивм чувство дека ќе излезе.Ми рече кога ќе имам такви болки да одмарам повеќе.По овој преглед ми се зголемуваат шансите за царски,а јас сакав природно,но ми рече и овој пат ќе одиме спонтно породувње,на наредна контрола да дојдам со свртено бебе .Некој да знае освен пешачење што помага за да се зваврти бебето.Ќерката од 26та недела си беше со главчето доле и си остана така до крај.Сега пашачењето некако многу ме заморува.Вчера излегов со ќерката на прошетка на вообичаена релација и на пола пат седев 15тина минути и пак одвај стасав до дома.Имав болки во стомакот и листовите и петите.Дури и по неколку часа лежење болките не поминаа,неможев да заспијам и се будев често во текот на ноќтта.Дури утрово бев подобра,но сеуште ми тежи стомакот и секое наведнување и свиткувње,па и станувањето од седечка или лежечка положба ми се болни.
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 18.8.2013 21:51:26
nadezda
zdr idni mamicki...jas sum 32 nedela i pred 3 dena bev na eho maticniot mi rece deka bebeto e 158o gr.no deka plodovata voda mi e namalena? inaku nemam golem stomak i samata se prasuvam nesto da ne ne e vo red so mene,posto imam dve projatelki ednata e 30 nedela a drugata 25 i imaaat pogolem stomak od mojot jas kakao da sum 2 nedela tolku sum golema nemam mese .dali nekoj go imal mojot PROBLEM i dali bebeto mi e stvarno malo posto do 36 nedela ne znam dali ke stasam barem do 3 kila.pozzz i ako saka nekoj neka mi odgovori.
RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27.... 18.8.2013 22:08:30
Cvekelencule
zdravo mamaicki eve i jas da se prijavam,bev na pregled bebeto e super napredno e za dve nedeli mi rece deka sum 34 nedeli i 3 dena bebco e tezok 3 i 100 gr taka da se ocekuva pokrupnicko bebe a isto sum mnogu golema samo napred izgledam kako lubenica da nosam a od pozadi kako da ne sum bremena i poradi toa me boli kicmata premnogu no ke se izdrzi uste malku pozdrav do site idni mamicki i na site so lesno
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може...
Анкета
Дали ви се менструации болни? пеперутка16
Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.