|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  66 67 [68] 69 70   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
24.9.2013 21:01:56   
Felly RR
скакул, штом си влезена во 40 недела, не се секирај. Штом докторот ти предложил, јас не би се двоумела. Ајде, само со лесно, и за брзо да се читкаме на БЕБЕ.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 1676
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
26.9.2013 0:18:24   
JUKI
Еве и јас веќе 5 дена како ми помина терминот за породување, но без паника зошто мене ми е трето дете и од искуство ви кажувам дека и со првите две деца се породив после терминот и тоа си ги чекав контракциите да си дојдат на природен начин. и докторот не го погодува секогаш терминот за раѓање. Бидејќи го знам точниот ден кога е зачнато бебето терминот ми е на 27 септември а не на 20 како што ми кажа докторот, затоа опуштете се и не размислувајте за тоа бебето знае кога му е време да дојде на овој свет. Поздрав!!

_____________________________

Лука и Милан се моите сонциња.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1677
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
26.9.2013 9:02:43   
Felly RR
Баш добро кажано ЈУКИ, убаво е да се слушне мислење и од искусна мамичка!!!

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот JUKI)
Непосредна врска до пораките: 1678
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
26.9.2013 11:17:20   
slonce1103
Мамички денес бев на цтг и покажа контракции, иако јас не чувствувам некои јаки болки туку само слаби болки во половината а сум 32+4 дена. Докторката ми рече да мирувам и ми даде чепчиња да видиме дали ќе се смират контракциите. Понеделник сум пак на цтг но ме фаќа малку паника user posted image да не решила да дојде малку порано.Некоја од вас да имала слично искуство?

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1679
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
26.9.2013 12:13:24   
masa
Juki штом ти така велиш тогаш утре чекаме да не израдуваш user posted image само со лесно мила user posted image
slonce1103 слушај го докторот знам дека со лекрства може да се спречи предвремено породување и одмарај,па се надеваме дека ќе си поседи user posted image .Имам блиска што имаше ризична бременост и некаде во 8ми доби болки,но и дадоа терапија,па си го износи до крај.
Еве и јас да поднесам извештај.Бев на контрола и user posted image е добро,наместено е со главчето надоле,само е малку поголемо,сега е од 2800 до 3кг а сум 35,а по мерките одговара на 36та недела.Постелката не е сеуште зрела,има доволно плодова вода,па докторот рече ќе си го носам до крај и дека ќе се роди од 3700 до 4кг.Јас искрено сум малку исплашена од приказни за раѓање на големи бебиња и го прашав докторот дали ќе можам да го родам,а тој без размислување ми рече дека ќе го родам,да не мислам на тоа сега.Кога го прашав дали често се случува големо бебе да се заглави па да мора со вакум да го вадат ми реце да не се секирам дека тоа е нивна работа.Малку ме опушти зошто беше многу сигурен во одговорите,а јас баш за тоа му верувам зошто секогаш кога нешто со сигурност кажува така и се случува,но морам да признаам дека малку се плашам.Иако пред некое време кога беше цело време карлично се плашев од помислата дека можеби ќе треба царски,сега пак си велам подобро царски отколку голема епизотомијаuser posted image што мислите вие?има мамички на големи бебуши што родиле лесно спонтано?

(Одговор на членот slonce1103)
Непосредна врска до пораките: 1680
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
26.9.2013 14:26:06   
Lacrymosa
Знам прилично ситни женички кои природно родиле прилично големки бебчиња така да штом докторот ти вика дека нема потреба да се грижиш само уживај си. Ма да е многу лесно да се кажува од страна...
Вчера имавме лажна паника. Јас малкуцка сум се измочкала, а немам осетено и мислев дека водењакот ми пукнал бидејќи стварно немам појма колку течност треба да има кога пука водењакот. Немав кого да прашам пош со мм бевме сами. Почнавме да се гледаме бледо и сеа демек ќе гугламе колку вода треба да има. Читаме, не разбираме што читаме.user posted image Ко за беља бољерот празен, торбицата пред нозе ни беше неможевме да ја најдеме. Имав некој вид да речам болки слични на менструалните ама не којзнае колку силни и почна да ми се темни пред очи. Се потсредив малку и викам ако пак ми бидат водени гаѓичките одиме ако се суви ќе си седиме... направивме кафе и си седнавме и двајцата зјапавме ко дебили во кафето. Жива среќа што гаќичките останаа суви... user posted image
Денеска ко си приспомнувам ми е смешно ама вчера ми се плачеше. Ми се маткаше низ глава дека фустанчето за бебчето не ми е испрано, дека нема топла вода и дека сум жива несредена. Така да мн лесно е од страна да кажуваш да не се паничи и сето тоа ама кога ќе дојде на своја кожа е не е баш лесно... Стварно не ми е јасно, природата била толку паметна за некои работи ама негде со све утнала. Зошто например кога почнуваш да се пораѓаш не направила да има некој ептен јасен знак као пример да ти се смени бојата на очите или нешто така прилично јасно. кога ќе се земе предвид дека на дел од трудниците им го пукаат водењакот во болница и баш и не е некој знак. или контракциите, од каде знам кои се лажни кои се вистински. требало природата да направи некој појасен знак дека породувањето почнало. Можела и да направи некој блокатор или нешто слично на чувството за паника или некој хормон кој го убива стравот или така нешто... леле со све забегав....user posted image

него во врска со муабетов: колку течност има кога пука водењакот?

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 1681
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
26.9.2013 14:43:04   
Bethany
ах Лакримоса, ме изнасмеја мила. Те разбирам што сакаш да кажеш, ама се ќе ти стане јасно по породувањето, и дека всушност никогаш нема да се случи на жената да и почне породувањето, а самата да не е свесна за тоа. Затоа ти сите викаме уживај, бидејќи навистина нема да можеш да го промашиш. user posted image

Мојот водењак кога пукна, дефинитивно не помислив дека е нешто друго, бидејќи тоа е млаз, ко некој да истури литро вода од тебе (не знам колку вода е тоа, може и повеќе) и не е ни приближно слично со тоа што се ти имаш испаничено. Пукнат водењак не значи мокри гаќички, дури и кога малку протекнува, тоа да се случило навистина ќе знаеш дека тоа е тоа и нема воопшто да се сомневаш и да гуглаш.

Со лесно на сите трудници, а ти Лакримоса, обавезно те чекам да пишеш твоето искуство по породувањето и дали и понатаму истите нејаснотии ќе ги имаш user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 1682
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
26.9.2013 14:50:09   
Felly RR
Се согласувам со Bethany, вистинските знаци нема да ги промашиш. Ти изгледа цело време мислиш на тоа, па затоа во се бараш некој знак дека породувањето почнало. Опушти се, кога бебчо ќе реши да излегува дефинитивно ќе знаеш.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1683
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
26.9.2013 16:00:20   
Lacrymosa
Е денеска и мене ми е смешно.. ама вчера ич не ми беше.. user posted image кога се се смири си помислив: - Добро, барем нашминкана ќе одев во породилна салаuser posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1684
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
26.9.2013 22:32:53   
masa
Lacrymosa јас мислам ти да си се спакуваш деновиве и да си седиш така спремна во секо време,не за друго да немаш барем за тоа главоболки user posted image морав да се пошегувам!И јас имав една таква случка во првата бременост.Имав ставено ептен влажни алишта на печката да се сушат и несвесво сум седнала врз нив.Се тргам и сеќавам дека сум водена,му кажувам на мм и двајцата бледо се гледаме.Јас веднаш се соблеков и ми стана јасно дека не е водењакот зошто бев само назад водена,а напред сува и кога ги видов алиштата и сфатив што се случи се изнасмевме,но и ние за момент се сецнавме user posted image И мене малку ми е нејасно колку течност треба да истече ако ти пукне водењакот,но немам слушнато до сега на некоја мамичка да и пукнал водењакот,а да не сетила,обично сите знаат,па сигурно и ние ќе знаеме,само да дојде тој ден,само да дојде...веќе и јас почнувам да станувам нестрплива мора да признаам.

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 1685
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
26.9.2013 22:47:20   
Felly RR
Ох, леле, ме насмеавте и маса и Лакримоса user posted image user posted image user posted image Мислам дека заслужуваат вашите постови да се најдат и во темата Труднички бисери.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 1686
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
26.9.2013 23:29:29   
JUKI
masa немој да се плашиш за тоа дека големите бебиња се раѓаат потешко еве јас моите две деца ги родив со голема тежина од 4850 грама па се породив нај природно исто како и другите жени со помали деца. Само без страв и слушај ги советите на акушерките и докторот и се ке биде во ред.

_____________________________

Лука и Милан се моите сонциња.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1687
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
27.9.2013 6:08:27   
Yummy Mammy
ИЗВОРНА ПОРАКА: ...Стварно не ми е јасно, природата била толку паметна за некои работи ама негде со све утнала. Зошто например кога почнуваш да се пораѓаш не направила да има некој ептен јасен знак као пример да ти се смени бојата на очите или нешто така прилично јасно. кога ќе се земе предвид дека на дел од трудниците им го пукаат водењакот во болница и баш и не е некој знак. или контракциите, од каде знам кои се лажни кои се вистински. требало природата да направи некој појасен знак дека породувањето почнало. Можела и да направи некој блокатор или нешто слично на чувството за паника или некој хормон кој го убива стравот или така нешто... леле со све забегав....user posted image



Ahahhahahhaaaaa... user posted image user posted image user posted image
Kolku bilo ubavo ko ke si stanes vo 5:30 i nekoj vaka slatko ke te iznasmee... Ustvari jas sum od 4:00 budna ama se prevrtuvav saat vreme u krevet i na kraj se predadov. Si svariv kafe i resiv da ve pozdravam posto ova mi e edinstveno vreme kaj sto mozam da bidam sama so sebe.

Jas stignav 37-38 nedela, pred nekoj den dr me gleda vaginalno i vika: aauu kolku e nisko, 2 cm... Vikam: toa 2cm mene nisto ne mi znaci, horizontalno 2cm ili vertikalno 2cm?! user posted image a mene stvarno mi e mnogu dole spusteno ama pustoto nejke i nejke da iskoci. Do 9ti se cuvav ama posle toa koa resiv da krecam, da cistam, nosam tesko po skali, po nekolku pati u den... I ne puka i ne puka vodenjakov... Ne znam sto mu e... user posted image a i so prvoto i so vtoroto taka se porodiv, bez nikakvi bolki i kontrakcii, samo pukanje vodenjak vo son (i da Lacrymosa, okolu 1litar otprilika ti istekuva na prvoto pukanje, i posle do 12 casa si tece kao cesmicka, stavi edna ili 2 uloski ako imas dur da stignes do bolnica, taka merat kolku tecnost iskocila uste kolku ima otprilika).




< Поракaта ја уредил Yummy Mammy -- 27.9.2013 6:12:35 >


_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 1688
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
27.9.2013 10:01:32   
Melanija RR
Со лесно да ви е ,и тие што сте во 9ти што поскоро да си се гушкате со user posted image

Јас немам искуство ни со болки ни со водењак,мене едноставно од контрола ме задржаа и другиот ден на царскиuser posted image Се надевам М помирно ќе спие па конечно ќе ја пишам мојата породилна приказна.
Ајде малку оффтопик ако некоја ја интерсира во Чаир породувањето и по породување сместувањето е ново новиот дел.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 1689
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
27.9.2013 10:32:56   
skakul
zeni se prijavuvam oficijalno deka najverojatno utre ke se porodam so provokacija.drzete mi sreka i malce mislete na mene.ke vi pisam vo prva prilika stom mozam.ve user posted image site.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1690
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
27.9.2013 10:49:43   
slonce1103
Skakul so sreka i so lesno da pominite ,, da bidete dobri ti i bebusot . user posted image user posted image od nas

(Одговор на членот skakul)
Непосредна врска до пораките: 1691
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
27.9.2013 12:58:12   
masa
skakul ти ја пуштам целата среќа и брзо и лесно да си се породиш.Имам слушнато дека жена што раѓа не требало да се мисли,особено не блиските,сега колку има врска...ова по бабини деветини ама сепак јас ти посакувам се најдобро и нема да те мислам user posted image од мене и чекаме најбрзо што можеш да ни пишеш!
JUKI колкави епизотомии имаш?Мајка ми кога се пораѓала со брат ми 4500 ја исекле 12 конци зошто се заглавил исто и една пријателка со бебе над 4000 е 11 конци шиена и со вакум го извадиле бебето.Мене тоа ме плаши најмногу од се.Инаку крупна си висока?Јас не сум баш ситна 170 сум висока и сега бремена 80кг сум,значи не сум ни некоја крупна жена (ако не се зема во предвид килажата од бременоста user posted image )

(Одговор на членот slonce1103)
Непосредна врска до пораките: 1692
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
27.9.2013 14:12:14   
Bethany
Скакул, со лесно да поминете, и здрави брзо да излезете, па да ни пишеш искуства. Само смирено и радувај се, дојде денот кога ќе се гушкате со бебушот user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 1693
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
27.9.2013 15:24:10   
Felly RR
Скакул, ајде со лесно да поминете, па те чекаме да ни пишеш.user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1694
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
27.9.2013 18:20:19   
Melanija RR
skakul user posted image user posted image user posted image со лесно

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1695
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
28.9.2013 11:22:52   
Lacrymosa
Со лесно скакул user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1696
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
29.9.2013 20:02:41   
Mamickaa
Поздрав труднички,како сте?user posted image

Не ми се верува колку брзо лета времето,веќе сум 30та недела и некој ден,лелеее страв ме фаќаuser posted image
Ве читам дека повеќето сте правеле брисеви околу 32ра недела и мојата матична ми спомна за следната недела и мене да ми земе и ми вика,малку е ризично ама мора да ти земамuser posted image и јас и викам е како така ако е ризично,мора ли,а она ми вика е дее и да ти пукне водењакот ништо страшно божеее ме испоплаши мноогу,сега само на тоа мислам....затоа ве молам кажете ми за што се земаат брисеви при крај на бременост и колку брисеви и дали само со стапчето од епруветата или со тоа железното се става доле(се го заборавам како се вика)па што може да биде толку ризичноuser posted image

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 1697
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
30.9.2013 10:11:21   
Yummy Mammy
Mamicka, mislam deka doktorkata sakala da se zeza so tebe, ne deka stvarno ke ti go uka vodenjakot user posted image ako se e vo red so tvojata bremenost, brisevite ne bi trebale da bidat nikakov rizik, izgleda isto kako na pap, samo povrsinski se zima primerok, nema da te busi ona vnatre user posted image Inace se zimaat najcesto tri brisa, ne mi teknuva sega koi bakterii bea tocno, vo slucaj da trgne nesto naopaku za vreme na poragaj, bebeto da bide cisto, da ne se napie ili slicno.

A zenski da ve prasam, znaete li za nesto sto moze da ubrza kontrakcii i poragaj?! Jas veke 2-3 dena imam kao kontrakcii ama se smiruvaat. A iskreno, mi se brza. Veke odamna e bebevo spremno, ama nekako kilavo, gurni me da kinisam rabotava.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Mamickaa)
Непосредна врска до пораките: 1698
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
30.9.2013 11:08:33   
vezilka RR
Не бе да убрзуваш, тоа кога е спремно ќе си излезе. Па ти барем си знаеш user posted image . Јас не сум чула за нешто за убрзување освен провокациите.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 30.9.2013 11:10:25 >

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 1699
   RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27....
30.9.2013 13:29:12   
Melanija RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mamickaa

Поздрав труднички,како сте?user posted image

Не ми се верува колку брзо лета времето,веќе сум 30та недела и некој ден,лелеее страв ме фаќаuser posted image
Ве читам дека повеќето сте правеле брисеви околу 32ра недела и мојата матична ми спомна за следната недела и мене да ми земе и ми вика,малку е ризично ама мора да ти земамuser posted image и јас и викам е како така ако е ризично,мора ли,а она ми вика е дее и да ти пукне водењакот ништо страшно божеее ме испоплаши мноогу,сега само на тоа мислам....затоа ве молам кажете ми за што се земаат брисеви при крај на бременост и колку брисеви и дали само со стапчето од епруветата или со тоа железното се става доле(се го заборавам како се вика)па што може да биде толку ризичноuser posted image


Ако брисевите во 12 недела се негативни тогаш се зема само брис од вагина за стрептокока со стапче .Така беше кај мене, а дали поради нешто друго се зимаат и другите незнам.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Mamickaa)
Непосредна врска до пораките: 1700
Страница:   <<   < Претходна страница  66 67 [68] 69 70   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  66 67 [68] 69 70   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Дали ви се менструации болни?
пеперутка16

Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.