|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  20 21 [22] 23 24   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Кломифен
20.8.2013 12:47:41   
sky diver
Zdravo
ovoj ciklus bev na klomifen 100 mg dnevno ( sabajle i navecer po 50 mg), na 12 den od ciklusot imav eden folikul od 11 mm i eden folikul od 15 mm. Lekarot rece deka ovoj pat ne sum reagirala dobro na klomifenot odnosno nemam vodecki folikul. Na 16 den od ciklusot toj od 11 mm stanal 15 megjutoa pocnal da se sushi, dodeka onoj od 15 mm stanal 18 sto e malku ( trebalo da bide minimum 21 mm) i lekarot rece deka ne vredi da se stimuliram so klomifen bidejki jajce kletkite ne mi sozrevale dovolono. Predlozi drug tip na stimulacija so gonadotropin, i da odam na inseminacija.
e sega ne znam koj ja dava stimulacijata, dali maticniot ili specijalistot sto ja pravi inseminacijata? bidejki se spremam za in vitro, da ne bide posle od ovoj ne ti priznavame a od onoj ti priznavame . Organizmot mi e haos, stomakot mi e naduen, non stop me boli glava, neraspolozena sum, mi se place,

(Одговор на членот iki82)
Непосредна врска до пораките: 526
   RE: Кломифен
20.8.2013 13:03:32   
wanna be mum
sky diver
јас мислам дека за ивф се признаваат инсеминациите без разлика каде се направени само да се 4 прашај си кај матичниот или во темата тука за ИВФ
Ајде дај Боже да изреагираш како што треба со гонадотропинот user posted image и да биде инсем успешна

Јас незнам што да правам искрено едни (меѓу кои и мојот д-р) велат доволно е 1 фоликул други и со 2 фол се стимулираат за поголеми шанси сакам од есен да испијам 1-2 дози, една имам досега испиено направив 5 фол 3-4 беа по 19мм и неуспешно. Бидејќи се друго со нас е ок и сега сум се запнала во фоликулите user posted image Хормони се знам не се бонбони ама сепак шасните се малце поголеми ај ке подразмислам и онака овој месец ми помина 3ден од менс user posted image

< Поракaта ја уредил wanna be mum -- 20.8.2013 13:11:42 >

(Одговор на членот sky diver)
Непосредна врска до пораките: 527
   RE: Кломифен
20.8.2013 13:41:54   
LoveableMe RR
Кломифенот е добра работа за стимулирање на фоликули, но нема правило, може да фати со еден фоликул, јас еве на едната инсеминација со кломифен имав 4, а на втората 1 без кломифен, па двете беа неуспешни. Она што знам што го зборуваат докторите е битен квалитетот на јајце клетките, а не бројот на фоликули. Е за добри јајциња јадете матична млеч ... user posted image

(Одговор на членот wanna be mum)
Непосредна врска до пораките: 528
   RE: Кломифен
20.8.2013 17:21:14   
wanna be mum
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Кломифенот е добра работа за стимулирање на фоликули, но нема правило, може да фати со еден фоликул, јас еве на едната инсеминација со кломифен имав 4, а на втората 1 без кломифен, па двете беа неуспешни. Она што знам што го зборуваат докторите е битен квалитетот на јајце клетките, а не бројот на фоликули. Е за добри јајциња јадете матична млеч ... user posted image

Ептен точно битен е квалитет не квантитет user posted image
Туку сериозно матичен млеч е добар за јајцеклетките? user posted image Јас го земам во зима за имунитет-онака.Знам дека е супер ама има нешто конкретно што си слушнала или? user posted image Сум пробала низ нет да најдам што е пожелно за квалитетот на јк ама неможам да најдам нешто конкретно освен ( здрава исхрана итн....... )

< Поракaта ја уредил wanna be mum -- 20.8.2013 17:24:21 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 529
   RE: Кломифен
20.8.2013 18:00:31   
LoveableMe RR
Само впиши на Google "royal jelly fertility egg quality" ili "royal jelly IVF fertility egg quality"и ќе прочиташ се што те интересира. Поззuser posted image

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 20.8.2013 18:01:04 >

(Одговор на членот wanna be mum)
Непосредна врска до пораките: 530
   RE: Кломифен
20.8.2013 18:39:23   
wanna be mum
user posted image
Фала user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 531
   RE: Кломифен
30.8.2013 15:01:41   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: gulabica

Zdravo Ringerajki
Me nema oddamna moze da se kaze,najprvo da ve pozdravam...
Bi sakala da ja spodelam na kratko mojata prikazna t.e mojot pat do bebe sto seuste go nema user posted image .
Gi napraviv site ispituvanja sto trebase da se napravat i jas i soprugot ka nego e se ok,jas pravev hsg i ispadna deka mojot lev kanal go nema,no spored dr..i toa ne e strasno moze i so eden ako saka...drugoto e se ok...i sega vaka...potocno ova me interesira...
Imam neredoven ciklus ,dobiv na 2.08 a na 5.8 me stavija na klomifen gi piev 5 dena po 2 tableti bev na folikometrija i mi kazaa deka za zal moite jajnici ne reagiraat na klomifen imase dva folikula eden na lev eden na desen jajnik edniot bese 10m a drugiot 12mm.mi dadoa da gi pijam uste dva dena posle bev pak toagas bese 12mm so 14mm bile mnogu mali i zaklucivme deka nema sansi da ostanam bremena i da cekam da dobijam a i veke resiv da odam na in vitro...No na 18.08 jas prokrvarev cista rozeva krv samo eden den imav nekoi cudni bolki vo dolniot del od stomakot i kako napnatost na cel stomak toa mi traese tri dena...sega se custvuvam dobro me boli glavata i sum mnogu napnata bez potreba...dr. mi e na odmor a nesakav da odam kaj bilo koj moze i zgresiv sto ne otidov da vidam sto e problemot..baram pomos od vas sto li moze da bide dali nekoj imal ista situacija kako moajava...i normalno baram sovet sto ponataka....
Izvinete za doilgiot post se nadevam deka bevte trpelivi i me procitavte....
Ve pozdravuvam sitee vi posakuvam ubava nok i da se procitame za ubavi raboti....


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Гулабица, мислам Везилка РР и Меланија РР можат да ти помогнат за оваа тема кломифен и овулација со слични искуства, пиши им приватна порака, ќе споделат искуства со тебе. Инаку, двете се денес мајки на прекрасни синчиња.user posted image user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Гулабица, тие симтоми што ги кажуваш и јас сум ги имала за време на терапијата со кломифен. Тоа се хормони и организмот реагира на нив. Можеби треба и да ти ја сменат терапијата, штом вели докторот дека не реагираш на кломифен, нели постојат и други лекови за стимулација. А тоа со крварењето за време на овулација, односно во периодот кога треба дасе случи овулацијата, мое мислерње е дека треба да го провериш со гинеколог, без разлика што твојот е на одмор, појдикај замената. Јас не би оставила така, бидејќи сепак си била под терапија. Кломифенот може да предизвика хематоми во јајцеводите, па може и од тоа, да е, но секако побарај си мислење од гинеколог. Гушки и се надеваме заедно со тебе на user posted image што поскоро.


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот wanna be mum)
Непосредна врска до пораките: 532
   RE: Кломифен
30.8.2013 15:10:10   
Melanija RR
gulabica неразбрав од твојот пост,едниот канал не ти е прооден целосно,или?

Секако дека и со еден може да забремениш но многу е важно каков е овој што не е во ред.затоа е најдобро да се направи лапараскопија и хистероскопија.
Во однос на кломифенот тој може да се комбинира и со инекции и да добиеш голем фоликул за да се оплоди.Разговарај со докторо за сите варијанти не избрзувај за ИФВ имаш уште многу можности.

Јас имам два нецелосно проодни канали, бев овулација ,веројатно од продолжено дејство на кломифенот и божја работа забременив природно и еве сега си имаме синче од 15 дена.Со среќа и никогаш не губи надеж но буквално никогашuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 533
   RE: Кломифен
11.10.2013 16:19:50   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: wanna be mum

Имам едно прашање за сите вас :дали е подобро или поефективно доколку кломифенот се пие 3 месеци по ред или ако решам преку еден месец да правам инсеминација да го прескокнам и пиењето кломифен? user posted image Ниту еден доктор т.е сите различно кажуваат ама се намаат дефинитивно изјаснето за континуираното пиење дали помага или стимулацијата си е тогаш за тогаш!!! И уште едно прашање имам ако не се прави инсеминација а се пие кломифен подобро е прегнил или сами фол да си пукнат? Јас еве однапред многу ви благодарам ако ми одговорите од свое искукство или што ве советувале д-рите user posted image user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR


Се чуствувам компетентна со 8 пати пиен кломифенuser posted image
Ако имаш овулација не ти е потребно продолжено дејство кое може но немора да значи дека го има.Друго после 2 дози (месеци) кломифен џабе да пиеш без инсеминација е трошење на месеци со кломифен.Според мене по 2 пиења следните пиења кломифен да бидат со инсеминација.Најдобро преку 1-2 месеци за во меѓувреме ако има продолжено дејство може природно да забремениш.
Дали прегнил?Големо да,кломифенот може да направи цисти и фоликулот да не пукне и џабе пропуштена шанса и пиење кломифен.Шемата е кломифен+естрофен+прегнил+утрогестан



_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 534
   RE: Кломифен
11.10.2013 23:35:19   
Трепетлика
Здраво на сите кои со нетрпение очекуваме нашите user posted image . Јас моите ги чекам веќе 2 ипол години и како што минува времето се помалку ми се чека...Цега сум на терапија со кломифен,се спремам за мојата прва инсеминација (daj boze da bide uspesna pa i posledna). Вчера ми беше 14 ден од циклусот и цело време осеќав јака болка на двата јајника, дали тоа е знак дека сум имала овујација, си реков дај Боже па ја искоростивме приликата со мм. продолжуваме понатаму и со работа и со надеж дека наскоро ќе си го земеме во раце нашето user posted image

(Одговор на членот sky diver)
Непосредна врска до пораките: 535
   RE: Кломифен
11.10.2013 23:54:43   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Трепетлика

Здраво на сите кои со нетрпение очекуваме нашите user posted image . Јас моите ги чекам веќе 2 ипол години и како што минува времето се помалку ми се чека...Цега сум на терапија со кломифен,се спремам за мојата прва инсеминација (daj boze da bide uspesna pa i posledna). Вчера ми беше 14 ден од циклусот и цело време осеќав јака болка на двата јајника, дали тоа е знак дека сум имала овујација, си реков дај Боже па ја искоростивме приликата со мм. продолжуваме понатаму и со работа и со надеж дека наскоро ќе си го земеме во раце нашето user posted image

Трепетлика Добредојде ња РР ,се надевам дека тоа бил вашиот момент и наскоро ќе те читаме во темите за user posted image

(Одговор на членот Трепетлика)
Непосредна врска до пораките: 536
   RE: Кломифен
12.10.2013 12:05:52   
wanna be mum
Меланија фала на одговорот,ептен си компетентна user posted image Вака јас Септември пиев кломифен и направив почетокот на Октомври инсеминација е сега сакам преку еден месец да ја направм следната т.е. во Декември . Прашањето ми беше дали во Ноември да пијам кломифен??? user posted image
Значи тоа би биле 3 месеци кломифен со 2 инсеминации. Или Ноември кога неправам инсеминација да паузирам и со кломифен? Измеѓу инсеминациите да одмарам и со кломифен?
А шемата што ми ја напиша од прво до последно е истата што ја примам user posted image
user posted image user posted image се срамам сто сум досадна user posted image
user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил wanna be mum -- 12.10.2013 12:12:53 >

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 537
   RE: Кломифен
12.10.2013 13:19:14   
kapina
Prasaj go najdobro lekarot sto ke treba dati ja prave inseminacijata klomifen jas kolku sto znam se dava toj mesec koga ke ja praves inseminacijata

(Одговор на членот wanna be mum)
Непосредна врска до пораките: 538
   RE: Кломифен
12.10.2013 21:57:52   
MademoiselleNina
Јас пиев 2 пати кломифен.
Во месецот кога пиев имав и инсеминација и после тоа еден циклус пауза, па пак по иста шема пиев кломифен па инсеминација. И двата пати примав инекција хоримон (или така некако). Мислам дека подобро е да има пауза, дури подолга од еден циклус..Јас многу лошо го поднесов второто пиење на кломифен...
Исто зависи дали природно овулираш ...

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 539
   RE: Кломифен
13.10.2013 10:04:38   
Bethany
Јас пиев три месеци континуирано, првиот месец имав мнооогу болки, за кои докторот ми кажа дека е нормално бидејќи јајниците ми се "будат", вториот месец помалку болки, а третиот месец скоро па ич и токму тој месец останав бремена.

Зависи од докторот што ќе ти препише терапијата, и што тој самиот ќе утврди дека е најсоодветно.
Кај мене на прегледот се утврди дека ми изостанувала овулација токму тој месец, што во нормални случаеви и не е страшно , бидејќи нормално е не секој месец жената и да овулира, ама бидејќи веќе 2 години се обидувавме за бебе, докторот се одлучи за кломифен, притоа ми кажаа дека после овие три месеци кломифенот ќе има и продолжувачко дејство уште некој месец.

Е сега ако е за инсеминацијата, докторот ќе најмногу знае да процени што е најдобро, ко што кажаа и Мад. Нина, зависи и дали има природна овулација.

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 13.10.2013 10:05:22 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 540
   RE: Кломифен
13.10.2013 11:15:04   
wanna be mum
Природна овулација имам кога-како user posted image И мене истото ми се случи со првото пиење во Јуни ептен ме болеа јајниците сега во Септември не толку user posted image Леле во главава ми е хаос да одам со серија од 3 месеци или со паузи ќе одлучам со докторот од понед. ќе закажам па ќе видиме. Морам јас пред време да имам одлучено зошто веке неколку месеци ми доаѓа во петок па да знам- недела 3ден што да правам user posted image
фала ви на сите за одговорите user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 541
   RE: Кломифен
24.10.2013 14:11:07   
kate10
Здраво на сите. Јас сум нова на форумов но сум загрижена и ве молам за помош. Последниот циклус ми беше на 22,09,2013, почнав да пијам Кломифен од 5-9 ден по 2 таблети на ден. Кога отидов на фоликулометрија , имав еден фоликул и тој ми беше 16мм. Докторката ми рече дека нема да имам проблеми со забременување. Пред една недела почнав да имам симптоми: прво зачестено мокрење, изостанок на менструација, умор и поспаност, нозете ме болат, некогаш и рацете, главоболки многу, вртоглавици и по малце гадење. Но еден симптом немам, градите не ме болат воопшто, само денес осетив мало пецкање на нив на брадавиците. Ве молам за помош, дали имала некоја вакви симптоми па е останала бремена. Не знам што да мислам, во петок треба да одам на контрола па тогаш ке видиме, ама сепак сум загрижена. Ве молам за одговор. Поздрав до сите
Заборавив да напоменам , исто имам и болки во долниот дел на грбот и грчеви кај јајниците, и многу бело прање (дури е густ ). Дали е можно да сум бремена?
Ве молам за одговор user posted image

(Одговор на членот wanna be mum)
Непосредна врска до пораките: 542
   RE: Кломифен
25.10.2013 12:55:26   
wanna be mum
kate10 направи си тест,трк до аптека за 10мин ќе ја решиш дилемата, чекаме да не израдуваш, user posted image

(Одговор на членот kate10)
Непосредна врска до пораките: 543
   RE: Кломифен
25.10.2013 21:32:08   
kate10
денес бев на гинеколог ама тој гинеколог никој не го сака и не кажува точно. првиот пат кога ме прегледа ми вели немаш ништо се е во ред, а јас си знам дека имам ПЦО и тоа ми го потврди друг гинеколог. Денес бев кај тој стариот и ми вели нема ништо, а јас упорно ги имам истите симптоми и немам циклус сеуште. Во понеделник ке одам кај другиот гинеколог и дај боже да останам бремена. Вие по ваше мислење што мислите, дали сум бремена?user posted image оти ми е страв да земам тест user posted image офф ова исчекување убива user posted image

(Одговор на членот wanna be mum)
Непосредна врска до пораките: 544
   RE: Кломифен
26.10.2013 9:23:34   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: kate10

денес бев на гинеколог ама тој гинеколог никој не го сака и не кажува точно. првиот пат кога ме прегледа ми вели немаш ништо се е во ред, а јас си знам дека имам ПЦО и тоа ми го потврди друг гинеколог. Денес бев кај тој стариот и ми вели нема ништо, а јас упорно ги имам истите симптоми и немам циклус сеуште. Во понеделник ке одам кај другиот гинеколог и дај боже да останам бремена. Вие по ваше мислење што мислите, дали сум бремена?user posted image оти ми е страв да земам тест user posted image офф ова исчекување убива user posted image

Кате10, а ти касни ли циклусот?
Во секој случај, не се многу ослонувај на симптомите, тие можат да значат дека си бремена, ама не даваат гаранција user posted image
Плус кај секоја жена се различити. Јас например кога останав бремена, исто со кломифен, имав таков бел исцедок.
Ама сепак би ти препорачала да не се оптеретуваш многу, плус ако не ти касни докторот не може се уште ништо ни да види на ехо, затоа сачекај циклус, ако ти касни, биди храбра , направи тест user posted image
Јас ти посакувам од се срце да си бремена, а ти пиши што си направила.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот kate10)
Непосредна врска до пораките: 545
   RE: Кломифен
26.10.2013 15:02:01   
kate10
циклусот сеуште ми касни, а требаше да добијам на 19, докторот ми рече дека ако нема ништо требало да ми дојде на 28 дена, ама ете сеуште нема ништо, инаку ова ми е втор пат со кломифен, првиот пат направивме промашај со маж ми user posted image и тогаш ми дојде циклусот точно на 28 ден, ама сега ете нема сеуште ништо, а инаку другите симптоми ги имам. Трчам на секое во тоалетот да си сменам гаки user posted image user posted image е сега во понеделник ке одам кај докторката оти таа ми е сигурна, таа ми го препиша кломифенот, па ке видиме зошто немам циклус. дај боже да ме израдува со едно user posted image Веднаш ке пишам како сум поминала. Стискајте палци да сум user posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 546
   RE: Кломифен
28.10.2013 12:44:42   
LoveableMe RR
Kate 10, што има ново? user posted image

(Одговор на членот kate10)
Непосредна врска до пораките: 547
   RE: Кломифен
30.10.2013 21:59:49   
Milicka 30
Девојки сакам да ве прашам нешто , втор циклус пиев кломифен , па ме интересира дали кломифенот ви го има пореметено циклусот. Јас цела недела имам по многу малку розникав исцедок а никако да добијам. Незнам дали да се консултирам со мојот гинеколог.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 548
   RE: Кломифен
30.10.2013 22:57:28   
tinush
Добивме Кломифен user posted image

_____________________________

Највредниот накит околу мојот врат се рацете на мојот Син

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 549
   RE: Кломифен
30.10.2013 22:59:22   
Bethany
ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

Девојки сакам да ве прашам нешто , втор циклус пиев кломифен , па ме интересира дали кломифенот ви го има пореметено циклусот. Јас цела недела имам по многу малку розникав исцедок а никако да добијам. Незнам дали да се консултирам со мојот гинеколог.


Milicka 30, јас имав редован циклус на 26 дена.
Првиот месец со пиење кломифен добив покасно на 28-29 дена, вториот месец ми се помести за уште ден-два покасно. Така да е можно и очекивано да ти се помести циклус, е сега за тој исцедок не знам што да ти кажам, не ми се случуваше такво нешто.
Контактирај го докторот за секој случај, ако си загрижена. Јас навивам за user posted image во секој случај user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 30.10.2013 23:00:14 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 550
Страница:   <<   < Претходна страница  20 21 [22] 23 24   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  20 21 [22] 23 24   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?