Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Clexane-инекции за време на бременост 5.9.2012 0:31:59
kikitina
ИЗВОРНА ПОРАКА: JanaMarija
Fala ti mnoooogu na sovetot. Bas denes bev na transf. i didimerite mi se1500 a d-rkata mi rece ke mi dade terapija ako se od 1750 pa nagore-sto e vo red i mi olesna. No kako brojkata e vo red i se drugo fazi na hemostaza a postelkata kontinuirano staree? Mene toa ne mi e jasno. I bas denes na transfuziologija me prasa d-rkata dali mi spomnala maticnata za lakuni( i ja pokazav snimkata od posledniot pregled-belite tocki) i i vikam ne. I vistina neznam sto da mislam, zosto terapija nema da primam, d-merite se vo red, trombociti se si e vo red i so krvta, a 2 pregledi po red me praka da proveruvam. A lakunite sto se? Tie ja pravat cela belja?
Of mori majko mila, tesko nas
Ako znaes Kikitina kazi mi. A kako e toa so dopler? sto pokazuva toj pregled
Fala ti uste ednas i pozdravcinja
Ехо со доплер покажува како и колку функционира крвта низ постелката, а лакуните прават застој или не дозволуваат крвта да циркулира нормално и тоа доведе до колапс на постелката кај мене. Побарај сама да ти направат, па ако треба и закажи си царски рез, не чекај 40 та недела ако е се ок со тежина на бебето, бели дробови исл.
RE: Clexane-инекции за време на бременост 5.9.2012 19:41:48
JanaMarija
Pa zasega ne sum razmisluvala za carski, a sakam bas radi tie pricini,porano da se porodam i so carski( iako sekogas sakav prirodno) a za sega za poragaj nekako ne mi se saka zosto e samo 2500gr. curicata nasa, a site mi rekoa deka e spremno i sega da se rodi ke si bide vo red.
Kako i da e fala Vi na site za sovetite, jas ke se konsultiram i so 2 doktori pa da vidime razlicni mislenja.
RE: Clexane-инекции за време на бременост 19.11.2012 15:56:56
tantela
Здраво во петокот бев на 4d подобро да не отидев од ова штрајков уста не им се отвара на докторте едвај да ме види и тоа се меѓу нас ништо нејкеше да ми пише за бебето само усно...на постелката ми виде некоја црна дамка барем така она го кажа ме праша дали имаме шеќераши во фамилија и ме прати на трансфузиологија...сакав да ве прашам дали некој знае што би можела да биде таа црна дамка се што ми каза докторката е дека не било страшно и дека бебето си е многу добро развиено за таа недела.Ве молам за некакво мислење
RE: Clexane-инекции за време на бременост 19.11.2012 18:23:06
acemace
Мене ми се појавија дамки на постелката во 7 месец, докторот ми кажа дека тие дамки се нарекуваат лакуни и ме прати на трансфузиологија да испитам д димери и хемостаза. Д димерите ми беа високи и примав клексани 14 дена, после тоа пак на контрола на трансфузиологија и пак клексани. Се породив природно во 40 недела, се беше ок.Според мене клексаните се досадни за примање ама пак прават добро за постелката и за
RE: Clexane-инекции за време на бременост 25.5.2013 10:36:52
lady_05
Mamicki doktorot mi rece da napravam ispituvanje na d-dimeri i hemostaza.D-dimerite mi se pokaceni na 1543 a rezultatite od hemostazata se ok malce poniski od referentnite vrednosti, e sega transfuziologot ne mi rece nisto onaka idi kaj maticniot i ke vidite sto kako, a ginikologot mi vika ne se mn. pokaceni ama deka moram clexane inekcii 10 dena po edna i posle pak na kontrola na transfuziologija.E sega citam deka za terapija od clexane treba preporaka od transfuziolog i malce sum .Dali nekoj od vas gi ima primano clexan bez preporaka od transfuziolog samo od ginikolog ili?Inaku ispituvanjeto go pravev vo 28n.I dali ke mi treba potvrda od transfuziolog za refundiranje ili?
RE: Clexane-инекции за време на бременост 7.6.2013 22:17:46
pepermint
Многу е важно испитувањето на д димери во бременост, доколку се многу покачени и не се прима соодветна терапија може да дојде до предвремено породување, а и животот на мајката е загрозен пред се. Мене тоа ми се случи во 24 недела, . Кај тројца гинеколози ја следев бременоста и покрај тоа што во крај на трети и почеток на 4 месец имав крварења обилни од неколку дена(со плодот се беше во ред) никој од нив не ме прати на испитувања на трансфузиологија, а јас незнаев, секогаш ми велеа почнат абортус, а откако ќе се смиреше крварењето : па тоа е нормално кај некои жени...Затоа доколку гинекологот не ве упатува на вакви испитувања сами барајте, пред се ќе си го заштитите вашиот живот а секако и животот на вашето најмило што расте во вас.
RE: Clexane-инекции за време на бременост 11.10.2013 15:57:22
snowbool
Clexane-inekcii veke sekoja sto ja prasav mamicka gi primala posebno posle 35 god. sto rodile.Pa taka i jas na transfuzija koga mi napravija ne bea visoki normalno za bremenosta ama imav lakuni i nesto namalen protok na postelka so namalena plodova voda(ne mnogu)i zatoa preventino mi dadoa 13 inekcii i posle toa na kontrola bea vo red ddimerite a i na eho se sredil protokot niz arteriite i zasega se sredilo se.
RE: Clexane-инекции за време на бременост 30.10.2013 20:30:58
sesilia
сакам да ве прашам за приватен трансфузиолог во скопје?од ремедика ми ја препорацаа павлина герасимова но докторката ќе ја затварала ординацијата.ми треба за консултација зошто не можам да излезам од работа со овие терминиве на клиника. ме интересира дали некоја примала клексан и имала мтхфр и а1297 ц мутаци на гени хетерозиготи? мене ми рекоа дека ќе треба да пијам аспирин пред да остаанм бремена ама за сигурно да се видам со трансфузиолог ?
RE: Clexane-инекции за време на бременост 30.10.2013 20:48:53
Gardenia
Уф сесилиа и мене ме интересира истото и јас барам трансфузиолог да се видам на приватно за да разговарам за некои работи што треба да ги испитам,па ајде може некој ќе ни помогне
RE: Clexane-инекции за време на бременост 30.12.2013 14:49:50
Bebush123
Zdravo mamicki. Bremena sum so vtoro bebe 24 nedela i AFA vrednostite mi se 23 a normalnata granica e 20 ,a d-dimerite 850, a normalno e do 500 . Plodot sega za sega e dobar.t.e odgovara na GN, megutoa so prvata bremenost mi zaostanuvase so tezina za 4 nedeli iako d-dimerite bea 1300 vo 35 nedela,i ne primav Kleksan zatoa sto doktorite smetaa deka ne se visoki vrednostite zanemaruvajki deka plodot docni so razvoj. Zatoa sega maticnata preventivno me prati na transfuziologija da napravam ispituvanja i AFA se nad granicata.Dali imate vakvo iskustvo, kolkava e serioznosta na pokaceni AFA i d-dimeri i vo koi slucai gi davaat Kleksanite? Vi Blagodaram [/b]
RE: Clexane-инекции за време на бременост 30.12.2013 21:37:27
pepermint
Огромна е сериозноста на покачени д димери и афа во бременост, задолжително треба терапија,, но колку што знам јас 850 во бременост не е многу, се толерира до 1500, не сум сигурна -задолжително консултирај се со трансфузиолог и гинеколог ако скаш да биде се во ред со тебе и бебчето
RE: Clexane-инекции за време на бременост 31.12.2013 8:40:17
Bebush123
Ti Blagodaram mnogu na odgovorot Pepermint, za d-dimerite znam deka ne se mnogu megutoa panika me faka bidejki so prethodnata bremenost ne bea mnogu kaceni a sepak mi pravea problem, a sega i AFA se pokaceni. Bev povtorno na transfuzliologija davav krv pa sega cekam rezultati i ke vidime sto ke mi kazat Pozz
RE: Clexane-инекции за време на бременост 11.2.2014 15:08:39
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: love4ever
Bev na lekar i mi kaza deka se e vo red samo mi rece deka imam nekoja damka na postelkata. Neznam sto tocno znaci toa ama koga ja prasav dali e nesto opsano rece ne samo ke trebalo na transfuzija vo 6 mesec da me prati. ve molam nekoj ako znae nesto poveke za toa da mi kaze
Овде нешто се спомнува
ИЗВОРНА ПОРАКА: tantela
Здраво во петокот бев на 4d подобро да не отидев од ова штрајков уста не им се отвара на докторте едвај да ме види и тоа се меѓу нас ништо нејкеше да ми пише за бебето само усно...на постелката ми виде некоја црна дамка барем така она го кажа ме праша дали имаме шеќераши во фамилија и ме прати на трансфузиологија...сакав да ве прашам дали некој знае што би можела да биде таа црна дамка се што ми каза докторката е дека не било страшно и дека бебето си е многу добро развиено за таа недела.Ве молам за некакво мислење
ИЗВОРНА ПОРАКА: acemace
Мене ми се појавија дамки на постелката во 7 месец, докторот ми кажа дека тие дамки се нарекуваат лакуни и ме прати на трансфузиологија да испитам д димери и хемостаза. Д димерите ми беа високи и примав клексани 14 дена, после тоа пак на контрола на трансфузиологија и пак клексани. Се породив природно во 40 недела, се беше ок.Според мене клексаните се досадни за примање ама пак прават добро за постелката и за
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Clexane-инекции за време на бременост 19.2.2014 12:36:36
vezilka RR
Еве ме мене во недоумица. Сега се враќам од по лекари. Денес ги земав резултатите од трансфузија, и димерите ми се малку покачени, 2080. Според трансфузилогот, не чинело тоа, и ми препиша Clexani два пати на ден по 40мг. Бев кај мојот матичен со ова и тој ептен се изнервира. Вика оваа вредност, за оваа гестациска недела, јас сум инаку 27+3, не е страшно, се толерилало до 2500. Ми вика јас не би дал веднаш клексани, бидејќи бебето добро си расте, постелкатае добра и протокот во папочната е добар. И сега му викам, што да правам? Епа оти ти пишала докторкава контрола за 10 дена, еве вика прими ги и оди за десет дена пак на крв. И сега по муабетов испаќа дека јас за џабе ќе се боцкам 10 дена иако нема некоја потреба. Баш ми испадна некако како што пишува на предходниве страници, дека без везе ги препишуваат и ги тресат од ракав.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Clexane-инекции за време на бременост 19.2.2014 13:06:22
Lidina
Везилка зошто те праќаат на трансфузиологија има ли посебна причина? Како напредува бебето? Толку ги мразам тие инекции...Јас сум 27+2 гн, бебето одговара со 2 дена понапред но во споредба со првиот син е помало. А мојот доктор еднаш на почетокот ме прати на трансфузиологија заради крварење. Само ги земав резултатите и директно кај мојот доктор.Немаше шанси да дочекам ред да ги гледа трансфузиолог.
RE: Clexane-инекции за време на бременост 19.2.2014 13:25:35
vezilka RR
Па бидејќи и во првата бременост имав покачени димери и имам семејна историја со тромбоза, затоа ме праќа, чисто заради контрола на вредностите. Е арно ама неговиот стандард за прифатлива состојба кој аможе да се толерира, не се совпаѓа со стандардите на трансфузиологот, и јас ќе си го кркам. Иначе плпдот е во ред, постелката е во ред, затоа и тој вели нема потреба од инекцииве. Ама трансфузиологот по дефиниција би требало да биде стручно лице за ова прашање, а тој вели треба . Да си пукнеш од кај грбот е работава..
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Clexane-инекции за време на бременост 19.2.2014 13:33:22
LoveableMe RR
Има гинеколог и гинеколог, има трансфузиолог и трансфузиолог, затоа викам, побара второ мислење од друг гинеколог/трансфузиолог што работи со оваа проблематика, па ќе видиш нивното мислење какво ќе биде. Позз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Clexane-инекции за време на бременост 19.2.2014 14:09:27
Lina*
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Еве ме мене во недоумица. Сега се враќам од по лекари. Денес ги земав резултатите од трансфузија, и димерите ми се малку покачени, 2080. Според трансфузилогот, не чинело тоа, и ми препиша Clexani два пати на ден по 40мг. Бев кај мојот матичен со ова и тој ептен се изнервира. Вика оваа вредност, за оваа гестациска недела, јас сум инаку 27+3, не е страшно, се толерилало до 2500. Ми вика јас не би дал веднаш клексани, бидејќи бебето добро си расте, постелкатае добра и протокот во папочната е добар. И сега му викам, што да правам? Епа оти ти пишала докторкава контрола за 10 дена, еве вика прими ги и оди за десет дена пак на крв. И сега по муабетов испаќа дека јас за џабе ќе се боцкам 10 дена иако нема некоја потреба. Баш ми испадна некако како што пишува на предходниве страници, дека без везе ги препишуваат и ги тресат од ракав.
i jas imam pokaceni d-dimeri i primam ineksii a sum tek 7 nedela no drugo mi bese muabetot,na listava so rezultati vo referentni vrednosti pisuva vo tret trimestar najvisoko 1750 a tebe ti rekle do 2500 se toleriralo malku ne mi e jasno.jas mislam da si gi primis ineksiite nema da ti stetat,mozat samo da ti koristat Pozz
_____________________________
Obidi-7,5godini,1bremenost-spontan,1 IFV-bremenost i povtorno spontan.Vo procedura vtoro IFV
RE: Clexane-инекции за време на бременост 19.2.2014 15:54:42
Hunny
Ах, не би знаела што да те советувам. Јас првпат испитував димери во 29 недела. Сега се навратив погоре на темата и гледам ми биле 2300. Ми препорачаа и покрај тоа што не биле високи да се боцкам еднаш дневно 10 дена. Матичниот, д-р Стамболиев ми рече да ги послушам иако нема некои поголеми индикации да ги примам. Примав 10 дена. На следната контрола ми беа уште покачени. На третата ми дојдоа до 3500. Дури тогаш многу „стручниот“ трансфузиолог Грубовиќ се сети дека мене од клексаните всушност димерите ми растат. Инаку заборавив да кажам дека ми ја зголеми дозата на две дневно. Дури во 38 недела се сети и ми ги замени со флексипирин (мислам така се викаа). Арно ама од таму отидов на ГАК на контрола и д-р Ливринова ми рече дека нема време да ги примам зашто сум отворена и ќе се породам. Ми рече ако има потреба ќе примам после тоа. Се породив по 3 дена. Ми земаа крв да ја испитаат и ги изгубија резултатите. Инаку да напоменам од клексаните при породувањето искрвавев доста. После една -две недели сопругот отиде и ги најдоа резултатите. Ми биле над 4000. Ни дадоа епруветки и кај матичната ми зедоа крв, сопругот ја однесе за да не се мрцварам таму. Димерите беа преполовени. На смена бил некој трансфузиолог кој ги видел резултатите и рекол да не примам ништо и дека ако првпат сум отишла кај него немало воопшто да ги примам. Тоа е моето искуство. Везилка би те советувала со истиот резултат да одиш и кај друг трансфузиолог.
RE: Clexane-инекции за време на бременост 20.2.2014 9:38:23
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Дајте кажете некој приватен трансфузиологима ли?
Го фалат Кочо Димитровски на Клиника, барај со приоритетен упат итно да те прими, има таква можност кај упативе и се надевам дека ќе ти ги разјасни дилемите.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Clexane-инекции за време на бременост 20.2.2014 9:45:52
vezilka RR
Знам за него, ама сакам некој надвор од институтов. Толку сум разочарана што не им верувам. Не сум сигурна дека кога ќе го види потписот од колегата на резултатот ќе беде сосем реален. Не знам веќе што да правам.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!