|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Амниоцинтеза
4.2.2013 10:44:33   
Ikana
Миана, амниоцентеза одредува комисија дали ќе прави трудницата или не, но на крајот одлуката сепак паѓа на неа, има избор дали да направи или не.
Во светот во кој јас живеам, амниоцентеза се прави за утврдување на аномалии кај плодот и е проверена медицинска метода. Не знам кој ти кажал дека е грев да се прави. Меѓу другото, го одредуваат и полот на бебето поради тоа што и така на хромозомско ниво ги прават потребните проверки. Главната примена на оваа метода е утврдување на Даун синдром, Едвардов синдром и други генетски аномалии.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Амниоцинтеза
4.2.2013 10:45:13   
Beatris
Миана, како прво амниоцинтеза не се прави за утврдување на полот на детето. Како второ како ти падна на памет дека ќе те казни господ ако правиш, многу ме интересираuser posted image

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Амниоцинтеза
4.2.2013 10:55:27   
Luci




ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Девојки
Како се викаше онаа метода ( со вадење плодова вода мислам ) за рано утврдување на полот на бебето ??? Ај ве молам кажете ми ????
И ако сакате отврете тема - ЗА или ПРОТИВ??? Ме интересираат мислењара ваши за ова...Кога бев последен пат на гинеколог ( минатата недела ) докторот ме праша дали ке родам уште едно дете..Му реков - ДА..После следеше прашањето ,дали ке правиме..... ( незнам како се викаше методата) и јас отсечно одговорив дека НЕ сум за нешто такво,дека господ ке ме казни..Во тој момент доктором ме погледна како да ми се потсмева и ми рече - ке си правам јас муабет со другарми ( мислеше на мм ) не те прашувам тебе..Што мислите ВИе? Би направиле ли нешто вакво ?? мене ми е тоа голем грев...user posted image


Сакам кажам не знам речам муабетов
Што е гревот тука?
Или мислиш во случај ако со амнио се открие дека носиш женско па да абортираш се додека нема машко или......?


_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Амниоцинтеза
4.2.2013 12:34:20   
miana
Аууу погрешно ме разбравте жени...
Не го рече така докторот ,не рече амниоцинтеза,туку некако другачије го кажа - на Х почнуваше... Сакаше да каже,да направам тест на почетокот и ако е женско да го абортирам- тоа му беше муабетот на докторот мој и затоа му реков отсечно - НЕ..Не планирам да абортирам само заради полот- во тој случај е грев... Не мислев дека е грев правењето на тестот туку целта на правењето на тестот..И реков дека ке ма казни господ во случај да абортирам од таа причина..Сега ме свакате?????

(Одговор на членот Luci)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Амниоцинтеза
4.2.2013 12:46:59   
Mihaela 2010
Kako i da se vika miana jas isto ko tebe bi rekla ne....pa sto i ako e zensko i tretoto?taka sakal Gospod...a nekoj da me tera da gi pravam tie raboti pa pogotovo ginekolog?vednas bi go smenila,pa uste ako e i tretoto zensko da abortiras...toj stvarno nenormalen

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Амниоцинтеза
4.2.2013 12:52:17   
miana
a dobro ima li drugo ime nekoja vakva metoda za rano utvrduvanje na polot na bebeto????

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Амниоцинтеза
4.2.2013 13:01:31   
mila28
Miana bidejki imame ist maticen ubedena sum deka se zezal koga te prasuval dali ke pravis horionbiopsija. Dali za toa mislese? Na toj ancin mzoe da se doznae i polot na bebeto megutoa da pravis takvozsamo poradi pol an bebe e smesno navistina i rizicno. Toa se izveduva ako ne se lazam uste prvite nedeli od bremenosta i se pravi samo dokolku postojat indikacii da bebeto iam neko hromozomsko zaboluvanje nedaj boze, a aminosineza se pravi pokasno msilam 20-22 nedela. Kako i da e bez potreba cisto da s eutvrdi pol nikoj ne podlegnuva na vakvo ispituvanje, maticniots e zezal ubedena sum milion posto. Ona abs e protiv takvi dopolnitelni ispituvanja bez potreba.

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

a dobro ima li drugo ime nekoja vakva metoda za rano utvrduvanje na polot na bebeto????




< Поракaта ја уредил mila28 -- 4.2.2013 13:03:17 >


_____________________________

Your children will become what you are; so be what you want them to be

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Амниоцинтеза
4.2.2013 13:02:53   
miana
Не сакаше да ме натера да абортирам ..Незнам може мешам поимови...Незнам како го кажа зборот и кога му реков дека е грев ми рече - аууу што,да не ја пореметш демографската ситуација во земјава??? ај вика - јас со другарми ке си зборам... Незнам може јас сум помешала поимови..АМа убаво ме праша- да те прашам за трето ке правиме ли .....на х беше нешто..Леле сакам кажам незнам речам..user posted image

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Амниоцинтеза
4.2.2013 13:05:55   
mila28
Ете ти пишав погоре..да не рекол Хорионбиопсијата (chorionic villus sampling – CVS) Тоа е метода со која се земаат хорионски ресички, т.е материјал од ткаењето кое во понатамошниот тек на бременоста ја формира постелката, со цел да се направат истите анализи како и кај амниоцентезата, но многу порано во бременоста
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Не сакаше да ме натера да абортирам ..Незнам може мешам поимови...Незнам како го кажа зборот и кога му реков дека е грев ми рече - аууу што,да не ја пореметш демографската ситуација во земјава??? ај вика - јас со другарми ке си зборам... Незнам може јас сум помешала поимови..АМа убаво ме праша- да те прашам за трето ке правиме ли .....на х беше нешто..Леле сакам кажам незнам речам..user posted image



_____________________________

Your children will become what you are; so be what you want them to be

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Амниоцинтеза
4.2.2013 13:06:05   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: mila28

Miana bidejki imame ist maticen ubedena sum deka se zezal koga te prasuval dali ke pravis horionbiopsija. Dali za toa mislese? Na toj ancin mzoe da se doznae i polot na bebeto megutoa da pravis takvozsamo poradi pol an bebe e smesno navistina i rizicno. Toa se izveduva ako ne se lazam uste prvite nedeli od bremenosta i se pravi samo dokolku postojat indikacii da bebeto iam neko hromozomsko zaboluvanje nedaj boze, a aminosineza se pravi pokasno msilam 20-22 nedela. Kako i da e bez potreba cisto da s eutvrdi pol nikoj ne podlegnuva na vakvo ispituvanje, maticniots e zezal ubedena sum milion posto. Ona abs e protiv takvi dopolnitelni ispituvanja bez potreba.

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

a dobro ima li drugo ime nekoja vakva metoda za rano utvrduvanje na polot na bebeto????




user posted image user posted image user posted image user posted image Даааа,браво го погоди...Не се зезаше бе...Знае дека мм сака синче и затоа така ми збори..Незнам што му е филмот,на секој преглед ме прашува дали ке рагам трето ..Кога виде дека е женско второво - му вика на мм - добро бе ти знаеш да правиш машко ...И сега беше сериозен и ми рече .Он се си прави така на мајтап ама мен есекое одење ме прашува...Минатиот пат и ме убедуваше да не одам на трето...Млади сте,не бразјте и сл.

(Одговор на членот mila28)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Амниоцинтеза
4.2.2013 13:11:07   
miana
Добро,муабетот ми беше дека јас не би правела такви работи..Па нека ми е живо и здраво па ако сака пак нека е женско... Па тоа нели е грев бре?? мила,ние со докторот сме малце по блиски,се знае и со мајками и така некогаш си дозволува да ми каже отворено што мисли па и да ме искара за нешто и слично..Не реков јас ништо лошо за човекот,туку сакав да прашам што е тоа,како се прави и што мислите вие за ова??? Мене докторто за ова ме праша и да не се повторувам ви ја кажав неговата реакција..Се насмеа и рече дека со мене нема да разговара повеке на таа тема.Но сепак јас одлучувам нели...Не сум во план за трето наскоро - немојте да сватите погрешно..Има време,нека ми пораснат овие две,да ми го чуваат третото инаку готова сум...

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Аминоцинтеза
4.8.2013 1:21:21   
ana1981
Jas sum vo cetrnajsts nedela ..bremena pred tri dena bev na skrinig i so merene na del od rbetot ko pokaza 3.1 deka mora da napravam aminocinteza za da se potvrdi dali ima daunov sindrom treba da cekam uste edinaeset dena za da go napravam testot . Glavata mi puka od premnogu razmisluvane so ke bide a imav dve vanmatericni i sega sum invitro pa sega uste ova . Me interesira kolku vreme se cekaat rezultatite . Kolku se sigurni ovie ispituvana i se povrzano so toa ..

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Аминоцинтеза
4.8.2013 12:59:57   
Melanija RR
ana1981 добре дојде на Рингераја user posted image

Мисли позитивно,наводно аминоцинтезата дава точни резултати и ќе биде се во ред.
Јас немам искуство со сигурно некоја рингерајка има и ќе ти пише, во која клинка колку се чекаат резултати.Мислам дека беа околу 2-3 недели.
Ти посакувам добри резултати и живо и здраво бебенцеuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот ana1981)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Аминоцинтеза
4.8.2013 15:19:50   
ana1981
Fala Melanija..
Nadezta poslena umira ....
Jas invitro napraviv vo plognost bitola pa i aminoc.ke pravam tamu ali mi e mnogu strav user posted image .. dali nekoj ima od tamu iskustvo.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Аминоцинтеза
7.10.2013 11:47:39   
Karaki
Бев на клиника пред 2 недели и ја направив амницентезата. Се јавив во лабораторија, бидејќи ми го дадоа бројчето да се јавам и да прашам пред да отидам по резултати. Се јавив денес и ми рекоа дека примерокот не бил веројатн добро земен и дека не се развуваат клетките, дали на некоја од вас ви се има случено тоа. Сега сум 20 недела а ме боцкаа во 18. Плодот ми бил како за 19 недеа,значи кога земале примерок бил 17 недела.Целата сум збунета и се плашам од самото помислување повторно да поминувам низ истите трауми за повторно да ме боцкаат. Инаку откија дека има омфалоцела плодот. Дали некоја има искуство со кила на плодот? Благодарам на одговорот.

(Одговор на членот ana1981)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Аминоцинтеза
7.10.2013 12:02:11   
sandriana RR
Инаку откија дека има омфалоцела плодот. Дали некоја има искуство со кила на плодот? Благодарам на одговорот.

ТУКА одговорија докторите за ова прашање Караки, можеш да си прочиташ.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Karaki)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Аминоцинтеза
12.10.2013 23:15:55   
lukas
амницентезата или приска?
мене не ми е јасно што е едното а што другото?
некаде ноември ке идам за скопје за да правам приска,пошто сум трудна 7ма недела и сакав да направам оти зад себе имам еден миссед и поради што бременоста ми почна можам да речам чудно,но тоа е друга и долга приказна..,во државна болница ,ме интересира,која е постапката,колку пари е(со упут од гинеколог),и за колку време идат резултатите,и ме интересира што е амницентезата а што приска?

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Аминоцинтеза
13.10.2013 8:51:51   
sandriana RR
lukas, za PRISCA има објаснето ТУКА.
Само за Приска мислам оти ти е уште рано - се прави околу 12та недела (11-13та се толерира).
А за амниосинтеза(амниоцентеза) - се прави со излекување на плодова течност со специјална игла и се прави приказ на хромозомите, за да се утврди, не дај Боже, присуство на аномалии на хромозомите, што се причина за појава на синдроми. И на првата страна од темава е објаснета убаво постапката, и пак е рано кај тебе за оваа анализа. Оваа анализа следи подоцна, 15 -16та недела, ако не се лажам.
Секако ти треба упат од матичен гинеколог за на ГАК, и распрашај се и за закажување (нели сега се оди електронски, па да не треба и за ова).
Ти посакувам лесна и успешна бременост.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Аминоцинтеза
5.12.2013 9:42:36   
vezilka RR
Вака сега стојат работите. Јас имам 35 години. Кога ќе го родам детето ќе има 36. Ова е веќе граничната возраст кога се препорачува амниото. И плис во историјата ја имам и мојата дијагноза со преклопување на локусите при ХЛА типизацијата. Докторот ми спомена да размислам и да одлучам дали сакам ПРИСКА или да одиме директно на амнио. Размислував, размислував и одлучив дека ќе правам амнио. Сечев, пресечував и одлучив. Сега ми треба мислење за доктор со добро „педигре“ за амнио. Во предвид доаѓаат и приватниве, разбрав дека таму кошта 16.000 денари. Денес сум на преглед и денес ќе ми кажам на докторот дека сум се одлучила за амнио.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Аминоцинтеза
5.12.2013 16:07:16   
blue_blue
Везилка, не сум сигурна дека кошта 16.000 МКД или не сум запамтила user posted image одмана беше....Мислам дека е поевтино, ама можам дома и да проверам....Катерина Станкова е добар доктор за тоа, субспецијалност и е малформации кај плодови и стручна е и во правење амнио. Има своја ординација ИНА и се вика, во златна книга ќе ти излезе. Исто Димчев (мислам дека сега пак се варти во Систина) е стручен за тоа. На клиника колку што знам тоа го прави Адела ПопСтефанија. Мене ми правеше Катерина и за нејзината стручност можам се позитивно да кажам, што не можам да кажам за нејзиниот однос со мене како пациент. ама може мене така ми се погодило - може не сум и била симпатична user posted image а се запознавме кога прокравев во 7-ма недела и она беше дежурна во Ремедика и после ми ги правеше сите ксринизи за малформации, во 12, во 21 во 28 недела и амниото и секогаш беше беспрекорно стручна и темелна, ама однос никаков....Кога ми правеше амнио бидјеќи мораше од двата плода да земе примерок и д два пати да ме боцка се супер стручно изведе беспрекорно ама се однесуваше ужасно да јас почав да плачам и таа наместо да ме смири - ми рече - ај сега не ми кревај тука паника јас не можам да работам вака, ил смири се ил оди си....Среќа се поваи мојов доктор па така некако изгуравме, инаку ќе добиеше шамар у фаца....Може не и бил денот што знам....

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Аминоцинтеза
10.12.2013 10:31:36   
vezilka RR
Закажав за во петок сабајле. Ќе одам во Ре-Медика, таму амнио во моментов правеле само Петрова и Адамова. Јас се одлучив за Петрова, оти имав некој коментар слушнато за неа. Ете, ќе видиме..

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Аминоцинтеза
13.12.2013 13:07:50   
vezilka RR
Ете вака, јас бев денеска и прво кога и кажав на докторката дека индикација за амниото ми се годините (а имам 35) веднаш негодуваше. Ми кажа дека според најновите сознанија, а и според нашите стандарди, граничната возраст е поместена на 37, заради се поновите апаратири за скрининзи, и сознанијата дека годините не се толкав фактор на ризик колку што се мислело порано. Ми направи скриниг и ми рече дека имало петнаесетина точки при скринингот кои се следат и доколку некои од нив се поикажат дека не се совпаѓаат со стандардните показатели, тоа е индикатор за амнио. Кај мене сите точки беа во ред. Не виде ништо сомнително на скринингот. Уште ми рече дека само во 10% се случувало, на скринингот да има совршено добра слика, а сепак да се роди дете со аномалија, но таа аномилија била ептен мала, скоро и неприметна (односно со тоа лесно се живеело). И нејзината препорака беше, бидејќи годините не ги гледа како фактор, немам во фамилијата такви случаи, имам совршена слика на скринингот, дека не препорачува амнио. Дополнително не препорачува амнио бидејќи имам покачени вредности на АФА и хемостаза, кои при зафатот го зголемуваат ризикот од искрварување и спонтан. Сепак, ми рече дека 100% не може да тврди ништо и дека конечната одлука треба сама да ја донесам. Доколку сепак сакам, да ја прекинам терапијата со аспирин најмалку пет дена пред зафатот и да презакажам.. Иначе следен чекор ми предложи уште еден скрининиг во 20 недела каде би се видела уште една точчка на ризик во мозокот која сега не е развиена, и доколку таа покаже аномалии, веднаш би направиле и амнио.

Сега пак сум на почеток..

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Аминоцинтеза
13.12.2013 13:25:36   
mommy_angels RR
Сега пак сум на почеток..

Зошто на почеток,мислам дека напротив треба да си смирена а и за амнио не гледам причина.Кога докторката ти рекла дека не ти треба,зошто такво малтретирање и психичко и физичко?
А за скринингот во 21 недела мислам дека скоро сите трудници го прават веќе или барем сите со подобри матични гинеколози.Мене после тој ми рекоа дека може уште еден во 28 недела ама тој не го правев,не гледав поента во тоа
user posted image user posted image user posted image за убавите вести и ајде уживкај си во остатокот на бременоста

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Аминоцинтеза
14.12.2013 23:11:32   
Bethany
Сега го гледам ова, и јас се сложувам со Мами. Па ете докторката ти дадела одговор, ни јас се не би понатаму оптеретувала, сепак да,конечна одлука е твоја, ама моето мислење е дека е непотребно изложување на стрес и оптеретување. user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Амниоцинтеза
27.2.2014 16:50:43   
majapeovski
Zdravo na site!!! srekna sum sto veke ima i vakva tema.. jas sum 19 nedela i nekolku dena, za nekoja nedela treba da odam vo drzavna, da mi pravat amniocinteza, dali nekoja od vas pravela vo skoro vreme, kako bese, kolku te cinese??kaj koj doktor bese?
i dali e obavezno da se pravi vakva analiza, mislam imam 23 godini i mi e prva bremenost, no doktorot mi kaza deka sum morala da ja napravam, a prethodno nikoj od mojata familija nemalo slucaj so daunov sindrom....

< Поракaта ја уредил majapeovski -- 27.2.2014 16:54:16 >

(Одговор на членот marina82)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?