|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  15 16 17 [18] 19   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прекин на доењето
17.2.2014 22:55:33   
Defne90 RR
Па штознам си се вари и си се пие.Обично како чај.Само сепак не претерувај со количината затоа што сега внесот на течности треба да го сведеч на минимум.Значи наместо вода до две чаши максимум и пробај да не консумираш други течности.Инаку имаш и пакуван чај од магдонос на Good nature па подготви си го според упатството.Ете сега повторно прочепкав по интернет покрај чај можело да се ставаат и облоги од магдонос,значи се толчи магдоносот и се става во прслуче.Но мислам дека намената е иста како и зелката.Сепак пробај со се мислам дека би требало да помогне нешто за да потсопре млекото.Ај па пиши што направи дали има ефекти или не.И ние сме на мака не за сопирање нњ млекото,туку сега си се чудам како воопшто и да го одбијам.Значи во последно време стана толку залепен за мене,ми бара да цица постојано,на час два најмногу издржува без да цица.А ноќе не ја ни вади градата од уста.Заљубен е во нив,не знам што да правам како да го одбијам,а и мене ми е многу жал.Мислам дека ќе ми биде ептен тешко.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 426
   RE: Прекин на доењето
18.2.2014 0:48:15   
Defne90 RR
Најдов уште совети за тоа како побрзо да снема млеко.Значи да се ставаат облоги од ациди борици.Било добро и за секнување на млекото и за спречување на појава на грутки.После прочитав,е сега не знам колку е поуздано дека помагало и тоа натопена крпа во вински оцет да се става на гради неколку пати дневно,можело и вечер да стои ама само ако има премногу млеко.Сноувајт од тоа што го напиша заклучив дека кај тебе млекото почнало да секнува па немаш многу.Инаку нели сепак киселина е тоа оцетот,било можно да се појави и минимално лупење на кожата,не лупење како лупење туку повеќе како перутнење.После за да се санира тоа само мачкање јангдерм и поминувало веднаш.Тоа го најдов откако повторно прочепкав сега што мислиш дека е најдобро тоа направи го.А за зелката пак прочитав требало да се менува штом осетиш дека е топла.Значи почесто менење ама сепак постојано да има зелка на градите.За цврстото врзување исто така сум во дилема некои викаат било добро да се стегаат градите некои пак велат не затоа што така се стварале грутки.Не знам мислам дека сепак најбитно е да се ограничи внесот на течности и да се одмолзуваат градите само ако е потребно т.е.ако се отечени и болни и има појава на грутки.Е после кој што ке си одбере како алтернатива за секнување на млекото тоа си е сепак личен избор.Сноувајт се надевам дека нешто од ова и од претходното што го напишав ќе ти помогне да ти секне млекото и да не ти се направат грутки.Поздрав и имај убав ден утре.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 427
   RE: Прекин на доењето
18.2.2014 23:23:26   
Snowhite RR
Дефне фала ти мн за советите,јас еве сум постојано со зелκа во пρслуκ и навистина има ефеκт, воопшто не ми се ствρднуваат, цело вρеме ми се меκи, пијам само по една чаша вода во денот и не ги стегам, од вρеме навρеме по малκу се одмолзувам, се надевам деκа со лесно ќе поминам

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 428
   RE: Прекин на доењето
28.2.2014 17:07:47   
mama na dva sina
Ve molam za pomos maliot prestanav da go dojam pred cetiri meseci i pred nekolku dena stanuvam ednata grada me bolese uzasno otidov na lekar mi rekoa mastitis ostanalo mleko i duri sega posle 4 meseci napravilo mastit mi daoa antibiotik pijam veke tri dena i stavam oblogi od zelka no bolkata ne prestanuva samo se zgolemuva ne znam sto da pravam veke ve molam dokolku nekoj iml slicna situacija a sovet .vi blagodaramzosto ova ne se podnesuva duri i koga se dvizam imam uzasna bolka ne mozam prsluk da zamislam da oblecam
user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 429
   RE: Прекин на доењето
1.3.2014 0:24:49   
Defne90 RR
сноувајт мило ми е што нема да ти бидат потребни бромергони,така е најубаво и најбезбедно сепак со природни препарати да ти сопре млекото.Убаво што ти се реши на тој чекор да ја одбиеш малата,сега пак јас си се чудам што да правам со ова моево,леле како само жално ме моли кога ќе му се цица не знам како ќе се одбиваме.А сите ми велат дека е големо и дека му е доста.А и тоа стана веќе нападно ептен,преку пола саат највеќе еден саат ми бара да цица.Постојано ми е на гради и така само си ја фаќа и си игра со неа а почна и силно да ме гриза.Леле ептен сум на мака,знам дека и нему ќе му биде многу тешко,јас не одам на работа постојано сум со него,и постојано ме гледа,а некако ми е жал да си ги мачкам градите со нешто за да му се згади,сепак жално е местото кое што до вчера му било утеха и спас сега во еден миг да се претвори во најголемиот кошмар за него.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 430
   RE: Прекин на доењето
1.3.2014 0:38:23   
Палешка РР

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama na dva sina

Ve molam za pomos maliot prestanav da go dojam pred cetiri meseci i pred nekolku dena stanuvam ednata grada me bolese uzasno otidov na lekar mi rekoa mastitis ostanalo mleko i duri sega posle 4 meseci napravilo mastit mi daoa antibiotik pijam veke tri dena i stavam oblogi od zelka no bolkata ne prestanuva samo se zgolemuva ne znam sto da pravam veke ve molam dokolku nekoj iml slicna situacija a sovet .vi blagodaramzosto ova ne se podnesuva duri i koga se dvizam imam uzasna bolka ne mozam prsluk da zamislam da oblecam
user posted image


Здраво мама на два сина.
Да не си во овулација, можеби затоа чувствуваш толкава болка во градите. А инаку мислам дека со антибиотик ќе ти се повлече маститисот, а може да ти помогне и масажа со топла вода и сапун. Па пиши ни како помина.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mama na dva sina)
Непосредна врска до пораките: 431
   RE: Прекин на доењето
1.3.2014 0:39:52   
Defne90 RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama na dva sina

Ve molam za pomos maliot prestanav da go dojam pred cetiri meseci i pred nekolku dena stanuvam ednata grada me bolese uzasno otidov na lekar mi rekoa mastitis ostanalo mleko i duri sega posle 4 meseci napravilo mastit mi daoa antibiotik pijam veke tri dena i stavam oblogi od zelka no bolkata ne prestanuva samo se zgolemuva ne znam sto da pravam veke ve molam dokolku nekoj iml slicna situacija a sovet .vi blagodaramzosto ova ne se podnesuva duri i koga se dvizam imam uzasna bolka ne mozam prsluk da zamislam da oblecam
user posted image

мама на два сина редовно ставај ладни облоги од ациди борици,внесувај по 1000 мг витамин ц дневно,немој да се стегаш со градник,подобро носи си од оние без потполнки додека да ти помине грутката, и редово и често масирај се на местото кај што е грутката,знам дека е болно ама мораш затоа што можеш да си направиш уште поголема белја.Со сето тоа јас верувам дека ќе успееш да ја отстраниш грутката од твојата града.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот mama na dva sina)
Непосредна врска до пораките: 432
   RE: Прекин на доењето
16.4.2014 12:20:57   
ostoun
И јас почнав да размислувам за одбивање, ама многу ми е жал затоа што многу се радува кога цица. Имаме веќе 23 месеци, опседнат е со цицање и дење и ноќе, но ништо друго не сака да пие ни вода ни млеко ни јогурт, ни сок. Не знам штои да направам. Ќерка ми ја одбив на 2,5 години, и многу тешко го надмина тоаuser posted image

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 433
   RE: Прекин на доењето
16.4.2014 13:22:57   
sandriana RR
Доењето е убаво, но сепак, возраста на која е Вашето дете е повеќе од реална дека нема потреба од доење, а уште помалку Вам да ви биде мака дека треба да се одбие. Верувам дека солидно зборува на оваа возраст, или во најмала рака совршено разбира што Вие му зборувате.
Обидете се да го надминете одбивањето со разговор - мислам дека така ќе биде наједноставно, најбрзо и најбезболно за двајцата. И пред се, мора Вие како мајка да бидете решени цврсто и сигурни во својата одлука за одбивање.
Ќерка ми ја одбив на 18-19 месеци, со муабет дека имам болки во градите, и не е можно понатаму да цица, Секогаш кога ќе побараше и поплачеше, го повторував истиот муабет, и нудев вода, и за неполни 3 дена се одби.
Ви посакувам среќа во процесот на одбивање, па споделете искуство како ќе минете user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 434
   RE: Прекин на доењето
10.5.2014 11:00:53   
ostoun
Веќе една недела како не цица, меѓутоа постојано бара и по цели ноќи не спие и плаче. Дополнително и се разболе, па пие антибиотик. Најтешко ми паѓа кога по туширање гледам како ми тече млеко, а тоа тагува за тоа млекце.. Кога му кажувам дека цицето е болно едноставно не сака да прифати и продолжува да бара и да ми ја дига блузата.user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 435
   RE: Прекин на доењето
10.5.2014 15:26:58   
Defne90 RR
Оф остоун те читам и си мислам и ние во скоро време ќе минуваме низ тоа,а неминовно е.Не може да цицаат додека да тргнат на училиште.Сепак две години е сосема доволно време за цицање.Тешко е на почетокот,но сепак знај дека врската што ја имате изградено преку цицање и таа блискост ќе се продлабочува уште повеќе и тоа со многу љубов и други работи кои се соодветни на таа возраст.Затоа што секоја возраст си носи нови работи.Ти сепак на своето дете си му го дала најдоброто од тебе,си го хранела со своето млеко но ете доаѓа и ден кога веќе треба вашиот однос и блискос да се темели на други работи.Не нервирај се и немој да си тажна секое едно дете и секоја мајка поминува низ тоа.Најбитното сега е да биде опсипано со многу љубов и внимание.А тоа со тек на време ќе заборави и ќе почне да се радува на други нешта.Само трпение user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 436
   RE: Прекин на доењето
29.5.2014 22:34:19   
ostoun
Dobro pominavme so odbivanjeto, samo nokje uste mnogu nemirno spie, i bara da cica. pred nekoj den go vide maz mi bez maica i mu vika cice i se pusti da cica. A mleko nikakvo ne saka da pie, ni kiselo, ni jogurt, od tecnosti samo voda pie.user posted image

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 437
   RE: Прекин на доењето
29.5.2014 23:54:56   
Defne90 RR
Полека полека остоун и ќе се помири малиот немирко дека веќе нема цице.Па доволно си е голем и ќе свати тој и за кратко време ќе заборави.И ние сме истите верувај ниту моето не пие ништо друго освен вода.И јас затоа бев загрижена дека кога ќе го прекинеме доењето ќе биде само на вода.Ние сме скоро 19 месеци и јас викам уште малку и ние да почнуваме полека.А инаку мене матичната ми рече дека до годинка доста им било.Било многу побитно здраво да си јаде детето отколку да цица.Ама не е за друго,тоа ќе си се помири со тоа,мене ми е жал некако јас си се навикнав на цицањето и тоа ми причинува навистина големо задоволство.Ама морам и јас да бидам силна и да речам стоп.Веќе почна постојано да ме тегне и да ми буричка под блуза и тоа каде и да се наоѓаме,веќе немам мира.Ќе си седи мирен со некоја од бабите и а ме види и толку.Почнува да се тегне по мене.Ама се си викам ае уште малку и ќе не најде и нас изгледа вториот роденден.user posted image Само мене ме интересира се мачкавте ли нешто на гради за да види детето дека веќе цицето станало какено или не само престанавте да му давата.Затоа што ова моево зависно стана од цице,нема туку така да се помири дека едноставно вее нема.А жал ми е многу да се мачкам за да види дека не е убаво повеќе на цице.Дека до сега тоа место било неговата утеха а одеднаш да се претвори во нешто страшно ни тоа не ми иде.Не знам што да правам кажувајте како ги одбивте вие вашите најмили,затоа што да го чекам самиот да си се откаже од доење ќе си се изначекам.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 438
   RE: Прекин на доењето
30.5.2014 12:48:11   
sandriana RR
Спиењето после одбивање се регулира после извесен период, кај нас траеше речиси 1 месец. Прво се будеше и бараше вода по неколку пати (јас млеко воопшто не понудив како опција наместо мајчиното, туку вода), и секоја недела се намалуваше бројот на будења, па за кусо време почна да преспива по цела ноќ - со ретки исклучоци, нели.
Инаку, не мачкав ништо на градите, туку само и кажував дека "мама ја боли цицето многу" и дека е доволно голема да престанеме со цицање, тоа е за бебиња ( а она имаше 19 месеци), и така за 3 дена го надминавме најтешкото.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 439
   RE: Прекин на доењето
30.5.2014 17:35:52   
ostoun
Ne se mackav so nisto, samo mu vikav deka e bolno ciceto, i deka koga kje ozdravi kje cica pak.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 440
   RE: Прекин на доењето
30.5.2014 18:41:37   
Defne90 RR
Јас денеска му дадов на моето да цица во 8 часот сабалје.И после кога дојде време за спиење околу 14 часот значи му реков дека цицето станало какено и дека не може да цица.И детето многу не се противеше на тоа туку си заспа без цицање.И после кога стана од спиење не ми бараше.И уште не ми побарал денес.И јас си мислев денеска да пробам чисто како ќе ни биде одбивањето,ама како што тргнало изгледа нему веќе не му недостига цицето толку колку што мене ми недостига доењето.Значи буквално цел ден плачам а тоа ништо.Весело си е и воопшто не ми бара да цица.И сега гледам дека јас всушност не сум сакала да прекинеме со доење.Ама ќе видиме ако до вечерва успеам да не потклекнам и ако не се сожалам ако ми побара ќе биде супер.Леле навистина не сум мислела дека толку ќе ми биде тешко одбивањето.Ама добро е што барем тој си е весел.user posted image и сега не знам што да правам дали да продолжам со доење или не кога детето си е весело и не се противи на тоа.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 441
   RE: Прекин на доењето
30.5.2014 18:56:47   
princessa
Сите мајки сакаме да му го дадеме на детето максимумот што можеме па и кога станува збор за доењето. Педијатрите и гинеколозите велат дека е најдобро да се дои детето 6 месеци а потоа да се премине на густа храна. Веќе мајчиното млеко не ја задоволува гладта , детскиот организам бара покалорична храна зашто почнува интензивно да расте. И цицањето останува навика, немирно спие детето зашто се научило нели да добива цице на секое заспивање и будење. Но мора да се каже стоп. Но одбивањето треба да е постепено. Јас ќерка ми ја одбив на година дена, последниот месец цицаше само 2пати и така еден ден решив да и дадам кравјо полномасно млеко оние од тетрапак пакувања и толку, се одвикна.Не бараше веќе цице. Имав купено убава флашичка и тоа. Такво ми се погоди детето ама сега со син ми незнам како ќе е. И до детето си е некогаш, ако не кажеш СТОП самата ќе си цица. Поголемо задоволство од тоа нема тоа. Имав другар кој се сеќаваше како цицал, и тоа до 5тата година.
Затоа Дефне со среќа и мислам дека му се гледа крајот.

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 442
   RE: Прекин на доењето
30.5.2014 19:06:01   
Defne90 RR
Па изгледа мене ми е многу потешко отколку на него.Ама тоа е имаш право некогаш мора да се каже стоп.Само се надевам дека вечерва нема да биде многу тажен и нема да ми бара упорно кога ќе заспие.Ае па ќе пишам утре што направивме дали се одбивме или не.И фала за убавите зборови малку се утешив,да не липам по дома.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 443
   RE: Прекин на доењето
31.5.2014 12:38:49   
Defne90 RR
Вчера и ние му кажавме збогум на доењето.И верувајте тешко ми е многу,не можам да се смирам.Синко воопшто и не ми бара,весел си е расположен.Синоќа си заспа без цице,стана два трипати и само се напи малку водучка го залулав во раце и заспа.Не можам да сватам зошто толку ми е тешко кога нему не му е.user posted image user posted image Ајде барем тој си е весел ако не друго.Изгледа тој бил спремен а јас не сум била.Ама тоа е некогаш мора да се каже стоп.Јас сум среѓна што му го дадов најдоброто од мене во овие 19 месеци и што успеав толку долго да дојам.Но тоа е таа врска што сесоздава со доењето меѓу мајката и детето го прави едноставно тоа чувство и сознанието дека никогаш повеќе нема да го ставам на гради.Но сепак знам дека нашата врска што ја имаме како мајка и син се уште ќе се продлабочува преку други работи што не прават среќни и двајцата.Преминуваме преку оваа етапа и влегуваме во друга.Тоа е тоа животот тече а децата си растат и ние треба да бидеме свесни за тоа и да не тагуваме туку да се радуваме и да ги пуштиме да бидат самостојни и смели личности кои понатаму гордо ќе чекорат во животот.Извинете за долгиот пост ама ете некако од срце ми дојде и само овде ми олеснува малку додека пишувам.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 444
   RE: Прекин на доењето
31.5.2014 13:17:09   
sandriana RR
Ајде Дафне без грижи - браво за успешниот обид user posted image Па треба да си горда што сте издржале до тука user posted image .
И јас сум фанатик по однос доење, но се што ја минува оваа возрасна граница од 1-1,5, па еве и 2 години, веќе ми ја минува и границата за нормално, потребно и доволно.
Биди среќна што еве вака набрзина сте го минале овој процес, внимавај на градите да не дојде до мастит и уживај во следните етапи на растење на детулето user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 445
   RE: Прекин на доењето
31.5.2014 14:43:16   
Defne90 RR
Ви благодарам на советите навистина ми беа од корист.Го применив сето она и можам да кажам мисија успешна.Сандриана и јас така само вода му дадов сношти тоа се напи малку и не протестираше ни вчера а ни денеска за цицање.И мене ми олесна малку ме пушти лошото расположение.Се надевам дека за некое време ќе си почне да си ја преспива цела ноќ и нема да се навикне сега на лулање.Инаку ете уште од сабалје се наредив со зелка и така ќе биде оваа недела.Малку одмолзав бидејќи градите ми беа ептен преполнети и ме болеа.Се јавив на матичната и таа ми рече да си купам бромергон и да пијам,ама ќе видам каква ќе биде ситуацијата,ако ептен ми тече и не се намалува тогаш можам да земам.Сега ќе почекам некој ден да видам.Уште еднаш фала ви женски за убавите зборови и добрите совети и верувајте и вие ми помогнавте да се расположам малку.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 446
   RE: Прекин на доењето
31.5.2014 16:02:12   
princessa
Браво Дефне, голема работа си завршила. Еве и јас се подготвувам полека пополека. Среќна сум што бебчо пред два три дена се научи да користи флашичка и пие вода по малку па сега си ја задоволува жедта. Цицањето си е навика, убаво чувство им дава, се осеќаат позадоволни, посигурни... Се надевам дека ќе се одвикнеме во Македонија на лето, ќе бидам упорна и јас. Така и јас помирна ќе бидам а и тој. А сега каде и да одам морам да се брзам за дома зашто се навикнал на цицање.

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 447
   RE: Прекин на доењето
1.6.2014 7:58:40   
ostoun
Kako pominavte nokjeska defne? Kako ti se gradite/ Ako ti se mnogu tvrdi mozes da ispies eden lasiks ili nekoj drug diuretic kje ti pomogne. Na psiholoski plan i jas pominav mnogu tesko, maticnata mi rece deka za majkata najtesko e ova pa koga kje odi deteto na fakultet (demek vo drug grad).

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 448
   RE: Прекин на доењето
1.6.2014 13:32:36   
Defne90 RR
Остоун малото стана уште во 4 часот и никако не можев да го заспијам.Не плачеше ама цело време ме тегнеше за пиџама.И после кога виде дека нема да добие цице,се помири некако и го лулав сигурно еден саат и никако не можев да го успијам.Таман го ставам на кревет и веднаш се разбудува.Преку ден не е толку тешко затоа што ќе му го одвлечам вниманието и заборава на цицање.Ама вечер е страшно.Инаку мене ме болат и двете гради и по малку и се одмолзувам затоа што не се издржува.Се стегнав и со марама и по цел ден и по цела ноќ сум така и зелка постојано имам наредено на градите.Зедов и чај од магдонос да пијам по една шојла на ден.Вода пијам само кога ги пијам апчињата за сопирање на млекото.Морав да земам бромергон ми беше страв да не си направам мастит затоа што многу млеко почна да ми надоаѓа.Инаку така весел си е не плаче,си игра,како што реков преку ден не ми е проблем.Се се плашам со тоа лулање да не се научи и тој ко брат му и да го заспивам на раце и него до три години.А и ние сме исти,ниту сок ниту млеко пие само вода по цели денови и којзнае дали во скоро време ќе се научи.А вие како поминувате имаш ли ти уште млеко,пиеше ли апчиња или природно си остави да ти секне.Малиот се помири ли со тоа дека веќе нема цице.Поздрав остоун,тоа е што е некогаш мора и да се одбијат не може додека да тргнат на школо да цицаат.А имаш право ако сега ни е тешко кога ги одбиваме како ли ќе ни биде кога ќе заминат на факс.Ама тоа е нека бидат само живи и здрави и тие да се среќни.Друго не е битно.А тоа што викаш ласикс каде можам да го најдам во аптека или на друго место.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 449
   RE: Прекин на доењето
1.6.2014 16:36:30   
ostoun
Moeto se uste ponekogas znae da pobara osobeno pred spienje, jas togas kje ja podignam bluzata i toj kje mi legne na stomak i taka kje se smiri. Mleko ne pie, ni jogurt ni kiselo.Jas ostaviv prirodno da sekne, no po 4 dena se napiv eden lasiks, koj mozes da go najdes od apteka , zatoa sto mi tecese mleko od ednata grada. Posle toa se namali gradata no imav mleko uste 15 dena. Eve i sega dodeka pisuvam bara da cica. Mu vikam deka e kakano ciceto, prasuva a drugoto? Prestana i da se gali so mene od koga go odbiv. Ponekogas pijam i caj od nane, i toj pomaga za prestanuvanje na mlekoto. A i mojot ni denje ni nokje ne spie mirno pa zatoa spie vo kolicka i go niskame postojano. Pozdrav i se najuavo.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 450
Страница:   <<   < Претходна страница  15 16 17 [18] 19   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  15 16 17 [18] 19   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?