|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
19.10.2013 12:00:25   
mama_06
Јас дома ги навлеков на Трилече, еве веќе 2 пати го правам во рок од една недела. Лесно за јадење и за правење,посебно ако се најават гости.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 351
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
19.10.2013 13:48:56   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_06

Јас дома ги навлеков на Трилече, еве веќе 2 пати го правам во рок од една недела. Лесно за јадење и за правење,посебно ако се најават гости.

Пиши рецепт Мама_06, да знам за што да се работи, а и штом викаш лесно за јадење и правење, веднаш ме заинтригира user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 352
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
19.10.2013 15:12:19   
mama_06
Во суштина тоа е потурена торта(пандишпан) со три видови млеко.
За пандишпан:
10 јајца
10 лажици шеќер
12 лажици брашно
пециво,ванила
Се бијат посебно белки и жолчки. Се додава шеќер кога белките ќе се зацврстат и се мешаат со избиените жолчки. Потоа се додава брашно,пециво и ванила. Се меша со лажица,не со миксер. Се пече на 180 степени 30 минути (зависи од шпоретот), Потоа се остава да се излади и се боцка цело тесто со вилушка одозгора. Настрана се меша 1литар хопла и 1 литар млеко (јас така правам,со 2 млека,а инаку се става и млеко во прав ама јас не ставам). Со течноста се потура полека тестото,со кутлача.Битно е тестото да е ладно и млекото ладно. На крај се премачкува со готов карамел,го има во маркетите. И тортата е готова. Кај нас ова е хит,сите тоа спремаме user posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 353
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
20.10.2013 15:21:05   
Felly RR
Мама_06, а за колкаво плехче е тортава?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 354
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
7.11.2013 22:54:12   
mama_06
Извини Фели, дури сега отварам РР. Мерата е за плех што го имам од фурната.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 355
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
8.11.2013 9:37:57   
Felly RR
Е па кога те нема да кажеш, си го направив јас по друг рецепт. user posted image Со помалку јајца, и во помало плехче. И стварно е убааааавооо, ммммм. Само и не ставив толку многу млеко - не сакам многу такви разводенети торти.
А сега уствари кога гледам, ти си пишала 1 л млеко, и 1л хопла за со 10 јајца. А во овој рецепт што јас го најдов, тоа беше дозата за со 6 јајца. А јас ставив помалку.
Ќе го пишам ајде и јас мојот рецепт, во секој случај, вкусно.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 356
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
7.12.2013 15:17:38   
fila
bi sakala da napravam mafini no nemam recept aj ve molam koj ima recept za mafini neka pise

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 357
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
7.12.2013 15:39:49   
Felly RR
Фила, на линковите подолу имаш неколку рецепти за мафини.
Мафини со овошен јогурт
тути фрути мафини
мафини со чоколадо
чоколечник мафини


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот fila)
Непосредна врска до пораките: 358
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
13.12.2013 20:12:02   
Melanija RR
Рецепт проверен за чајни колачи и ванилициuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 359
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
31.12.2013 9:50:33   
LoveableMe RR
Урма торта

пандишпан:
10 белки
12 лаж. шекер
250 гр. урми
250 гр. ореви
2 лаж. какао
2 лаж. брашно

Се матат белките и шекерот, потоа се додаваат брашното и какаото и на крај исецканите урми и ореви. Се пече во плех обложен со хартија за печење на 200 степени.

фил:
10 жолчки
250 гр. шекер во прав
4 лаж. млеко
1 лаж. брашно
100 гр. чоколадо за готвење
250 гр. путер

Жолчките и шекерот се матат на пареа, па се додава млекото, па брашното и чоколадото да се растопи. Во оладената смеса се додава изматениот путер.

Пандишпанот се сече на половина (ако е во долгнавесто тавче, тогаш може и на 3 дела) по должина и се филува со филот на средината помегу две кори и целата од надвор.

user posted image

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 31.12.2013 9:52:59 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 360
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
5.6.2014 23:23:34   
elenak

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Еве ти и од мене краток и лесен фил

1 кг овошје
2 пудинга од ванила
100 мл вода
16 лажици шекер

Ставаш шекерот и водтата да повријат ( да стане речиси како шербет )
Го ставаш овошјето ( може и замрзнато - мене со јагоди ми е најубаво и со вишни а можеш и да комбинираш ) и тоа да поврие,да омекне..На страна ги раствараш двата пудинга од ванила со малку водичка и потоа ставаш во тенџерето со овошје..Мешаш цело време да не загори,ке стане густо како пудинг и го тргаш од огин...На пандишпанот му ставаш три шољи млеко,да го намокриш... Потоа филот така топол од тенџере го ставаш врз тортата...Кога ке се подолади малце ја премачкуваш тортата со шлаг пена...Многу е вкусна торатава,лесна за правење..Ако сакаш ке ти го напишам и рецептот за оргиналниот пандишпан. Превкусна е ,може со секое овошје,ама во твојов случај - цреши,незнам како би било зошто црешите немаат некој посебен мирис па такада ,не сум пробала,незнам..Ако имаш пиљара во близина купи си јаготки и ке имаш преубава тпрта..На здравје!!!

Пак му се вратив на колачов, за именденот пред некој ден го правев со јагоди. ГО ОБОЖАВАМЕ! Миана те благословувам за рецептов.user posted image


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 361
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
7.6.2014 16:55:10   
Defne90 RR
Оваа торта ја правам многу често и е ептен лесна и евтина.А и многу е вкусна,се топи во уста.user posted image

Торта "Бела фантазија"

Состојки:
За пандишпан:7 белки,7 лажици шеќер,7 лажици брашно,250 мл млеко.

За фил:750 мл млеко,7 лажици шеќер,2 пудинга од ванила,7 жолчки,1 маргарин,150 грама шеќер во прав,1 шлаг.

Подготовка:

За пандишпанот:Белките се матат со шеќерот,а откако ќе се изматат се додава брашното и се меша со лажица.Смесата се става во подмачкан и набрашнет плех да се пече околу 15 минути на 200 степени.Откако ќе се испече пандишпанот се прелива со 250 мл зовриено млеко.

За филот:Се вари млекото со шеќерот,пудинзите,жолчките и откако ќе се свари,се остава да се излади.Олаадениот фил се мати со миксер и се додаваат маргаринот и шеќерот во прав.Откако сето ова ќе се соедини,се филува тортата.
Матиме и шлаг со кој најозгора се премачкува тортата.Се украсува со рендано бело чоколадо.Тората се послужува откако ќе се излади 3-4 часа во фрижидер.

< Поракaта ја уредил Defne90 -- 7.6.2014 16:56:01 >


_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 362
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
7.6.2014 22:30:12   
princessa
дефне мене ич не ме бива за торти ама како што гледам ќе може да ја направам па ќе известам. Сакам лесни торти, да се прават лесно и брзо и така и да се јадат.

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 363
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
7.6.2014 23:24:11   
Dilina
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Еве ти и од мене краток и лесен фил

1 кг овошје
2 пудинга од ванила
100 мл вода
16 лажици шекер

Ставаш шекерот и водтата да повријат ( да стане речиси како шербет )
Го ставаш овошјето ( може и замрзнато - мене со јагоди ми е најубаво и со вишни а можеш и да комбинираш ) и тоа да поврие,да омекне..На страна ги раствараш двата пудинга од ванила со малку водичка и потоа ставаш во тенџерето со овошје..Мешаш цело време да не загори,ке стане густо како пудинг и го тргаш од огин...На пандишпанот му ставаш три шољи млеко,да го намокриш... Потоа филот така топол од тенџере го ставаш врз тортата...Кога ке се подолади малце ја премачкуваш тортата со шлаг пена...Многу е вкусна торатава,лесна за правење..Ако сакаш ке ти го напишам и рецептот за оргиналниот пандишпан. Превкусна е ,може со секое овошје,ама во твојов случај - цреши,незнам како би било зошто црешите немаат некој посебен мирис па такада ,не сум пробала,незнам..Ако имаш пиљара во близина купи си јаготки и ке имаш преубава тпрта..На здравје!!!

Пак му се вратив на колачов, за именденот пред некој ден го правев со јагоди. ГО ОБОЖАВАМЕ! Миана те благословувам за рецептов.user posted image




Miana i Elena RR Јас утре го праам овој и ве обавестувам каков е, лиги ми потекоа чим видов дека пандишпанот со млеко се потопува. Обожавам парени торти (така ги викаме ние од Кочани) user posted image а незнам ни една да правам... Леле посебно млеко и јагода уф........ уште лиги ми течат user posted image user posted image
И ако има посебен рецепт за пандиѓпанот пукај да видиме како се прави :)



Дефне, свекрва ми го прави така пандишпанот и навистина искача убаво. Со рамномерни лажички, само она кога го прави прави од се по 18, и 18 л. млеко, зејтин.....

Стално прави таква тортичка, а додаваме и цимет, рум, каранфилче и пола смеса ја подпекува малце, па става мармалад/крем било што... и врз тоа другата смеса еве ти готова тортичка за појадок со млекце :D

< Поракaта ја уредил Dilina -- 7.6.2014 23:28:23 >

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 364
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
7.6.2014 23:46:46   
elenak
Дилина има рецепт и за пандишпанот. Да не го бараш назад еве го:
4 јајца
6 лажици шеќер
1 филџан брашно
1 пециво
Многу лесно и многу брзо се пече. Ептен лесен е колачов и ПРЕВКУСЕН.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 365
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
10.6.2014 12:27:57   
iamamom
Да не имате добар рецепт за американски палачинки? Дома сме мераклии за нив, а не можам да најдам некој добар рецепт..

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 366
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
10.6.2014 14:46:16   
Felly RR
ЕВе ТУКА имаш еден рецепт од нашата Анамоли, значи проверен е 100%.
Патем, добредојде на РР.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот iamamom)
Непосредна врска до пораките: 367
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
11.6.2014 10:03:53   
princessa
и јас би ве замолила да ни го напишете рецептот за пандишпанот, баш не намамивтеuser posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Еве ти и од мене краток и лесен фил

1 кг овошје
2 пудинга од ванила
100 мл вода
16 лажици шекер

Ставаш шекерот и водтата да повријат ( да стане речиси како шербет )
Го ставаш овошјето ( може и замрзнато - мене со јагоди ми е најубаво и со вишни а можеш и да комбинираш ) и тоа да поврие,да омекне..На страна ги раствараш двата пудинга од ванила со малку водичка и потоа ставаш во тенџерето со овошје..Мешаш цело време да не загори,ке стане густо како пудинг и го тргаш од огин...На пандишпанот му ставаш три шољи млеко,да го намокриш... Потоа филот така топол од тенџере го ставаш врз тортата...Кога ке се подолади малце ја премачкуваш тортата со шлаг пена...Многу е вкусна торатава,лесна за правење..Ако сакаш ке ти го напишам и рецептот за оргиналниот пандишпан. Превкусна е ,може со секое овошје,ама во твојов случај - цреши,незнам како би било зошто црешите немаат некој посебен мирис па такада ,не сум пробала,незнам..Ако имаш пиљара во близина купи си јаготки и ке имаш преубава тпрта..На здравје!!!

Пак му се вратив на колачов, за именденот пред некој ден го правев со јагоди. ГО ОБОЖАВАМЕ! Миана те благословувам за рецептов.user posted image




Miana i Elena RR Јас утре го праам овој и ве обавестувам каков е, лиги ми потекоа чим видов дека пандишпанот со млеко се потопува. Обожавам парени торти (така ги викаме ние од Кочани) user posted image а незнам ни една да правам... Леле посебно млеко и јагода уф........ уште лиги ми течат user posted image user posted image
И ако има посебен рецепт за пандиѓпанот пукај да видиме како се прави :)



Дефне, свекрва ми го прави така пандишпанот и навистина искача убаво. Со рамномерни лажички, само она кога го прави прави од се по 18, и 18 л. млеко, зејтин.....

Стално прави таква тортичка, а додаваме и цимет, рум, каранфилче и пола смеса ја подпекува малце, па става мармалад/крем било што... и врз тоа другата смеса еве ти готова тортичка за појадок со млекце :D



_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 368
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
11.6.2014 10:42:57   
AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_06

Во суштина тоа е потурена торта(пандишпан) со три видови млеко.
За пандишпан:
10 јајца
10 лажици шеќер
12 лажици брашно
пециво,ванила
Се бијат посебно белки и жолчки. Се додава шеќер кога белките ќе се зацврстат и се мешаат со избиените жолчки. Потоа се додава брашно,пециво и ванила. Се меша со лажица,не со миксер. Се пече на 180 степени 30 минути (зависи од шпоретот), Потоа се остава да се излади и се боцка цело тесто со вилушка одозгора. Настрана се меша 1литар хопла и 1 литар млеко (јас така правам,со 2 млека,а инаку се става и млеко во прав ама јас не ставам). Со течноста се потура полека тестото,со кутлача.Битно е тестото да е ладно и млекото ладно. На крај се премачкува со готов карамел,го има во маркетите. И тортата е готова. Кај нас ова е хит,сите тоа спремаме user posted image



Малку од поодамна е постов, ама сакам да додадам нешто.
Имам комшика слаткарка и експерт за трилече :) И нејзиниот рецепт е вака сличен, само со мала разлика околу млеката.
Првиот пат и јас точно вака како мама_06 го правев со две млека и превкусно е, ама ако се додаде млеко во прав прави огрооомна разлика.
Значи пандиишпанот се пече врз хартија за печење, потоа кога ќе подолади малку се вади скрос од тавчето. Во тавчето се става 500-750 мл хопла и се враќа пандишпанот назад. Значи хоплата оздола си доаѓа. Потоа се меша 300-400 гр млеко во прав со 300 мл врело млеко и убаво се меша да не останат грутки. 1.700 мл млеко се ставаат во тенџере на оган убаво да се загреат, се додава млекото со растворено млеко во прав и се острава да зоврие.
Потоа се става постепено врз пандишпанот за да го впие цело и озгора карамел.
Ако немате карамел, може слободно и со стопени карамели. Едно 300 гр карамели и малку млеко се топат во тавче и се додава озгора. И вака е супер, сум пробала.
Трилечето и мене ми е едно од омилените благи :)

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 369
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
11.6.2014 10:48:30   
elenak

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

Дилина има рецепт и за пандишпанот. Да не го бараш назад еве го:
4 јајца
6 лажици шеќер
1 филџан брашно
1 пециво
Многу лесно и многу брзо се пече. Ептен лесен е колачов и ПРЕВКУСЕН.user posted image

Еве го принцесса, два поста погоре.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 370
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
11.6.2014 10:56:59   
princessa
фала еленак ќе го пробам зашто ќе ни годи на овие горештиниuser posted image

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 371
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
11.6.2014 21:43:53   
iamamom

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

ЕВе ТУКА имаш еден рецепт од нашата Анамоли, значи проверен е 100%.
Патем, добредојде на РР.


Добро ве најдов :) фала и за рецептот :) ќе го пробам во најскоро време :)

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 372
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
12.6.2014 11:13:19   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Еве ти и од мене краток и лесен фил

1 кг овошје
2 пудинга од ванила
100 мл вода
16 лажици шекер

Ставаш шекерот и водтата да повријат ( да стане речиси како шербет )
Го ставаш овошјето ( може и замрзнато - мене со јагоди ми е најубаво и со вишни а можеш и да комбинираш ) и тоа да поврие,да омекне..На страна ги раствараш двата пудинга од ванила со малку водичка и потоа ставаш во тенџерето со овошје..Мешаш цело време да не загори,ке стане густо како пудинг и го тргаш од огин...На пандишпанот му ставаш три шољи млеко,да го намокриш... Потоа филот така топол од тенџере го ставаш врз тортата...Кога ке се подолади малце ја премачкуваш тортата со шлаг пена...Многу е вкусна торатава,лесна за правење..Ако сакаш ке ти го напишам и рецептот за оргиналниот пандишпан. Превкусна е ,може со секое овошје,ама во твојов случај - цреши,незнам како би било зошто црешите немаат некој посебен мирис па такада ,не сум пробала,незнам..Ако имаш пиљара во близина купи си јаготки и ке имаш преубава тпрта..На здравје!!!

Пак му се вратив на колачов, за именденот пред некој ден го правев со јагоди. ГО ОБОЖАВАМЕ! Миана те благословувам за рецептов.user posted image


Баш ми е мило за ова :)
И јас го правев до сега два пати и одма се изеде, кога и да го правам резервиран е пред да се направи user posted image Да ви потенцирам дека откако ке се направи најубаво е да отстои во фрижидер неколку часа, минимум 10 часа..Јас го оставам да преноки, и утре дента го нема...Прелесен, превкусен и не е скап

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 373
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
1.12.2014 10:00:18   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko

Бисквит торта со ореви-мојата омилена user posted image
Потребни намирници:

3 пакетчиња бисквити

200 мл млеко

100 гр ореви

750 мл млеко

200 гр шеќер

2 јајца

2 супени лажици брашно

1 пакетче ванилин шеќер

Млекото (750мл) треба да зоврие. Се додава шеќерот и се меша додека се раствори. Брашното се меша со јајцата (2) и ванилиниот шеќер. Во тоа се додава и млекото со шеќерот и се меша постојано додека се добие крем. Бисквитите се кршат и со нив се покрива дното на садот за печење. Се поливаат со млекото (200мл) и со кремот се прави втор слој. Потоа повторно еден ред кршени бисквити, па слој од кремот се додека имате материјал.

На крај се завршува со слој крем и мелени ореви.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko

И се разбира неповторливата касато торта
Потребни состојки:
– 1 маргарин кристал
– 150 гр. шеќер во прав
– 2 чоколади за готвење
– 3 жолчки
– 500 гр. бисквити
– 200 мл. млеко
– 200 гр. сецкани ореви
– 200 гр. сецкани желе бомбони
– 100 гр. суво грозје прелиено со 1 лажичка рум
– 100 гр. кокос
– 100 гр. сецкани крем банани

Подготовка:Ставете го маргаринот да се растопи и додајте го шеќерот во прав и една чоколада. Кога ќе се излади ставете ги трите жолчки и промешајте. Бисквитите скршете ги на ситни парченца и попрскајте ги со ладното млеко. Додајте половина од оревите, крем бананите, кокос, желе бомбони, суво грозје и мешајте заедно со половина од смесата со растопениот маргарин и чоколада. Потоа додајте ја уште половината од намирниците и смесата. Ставете на кутија за торта и формирајте облик по желба. Оставете ја да се олади 1 час и потоа на пареа стопете 1 чоколада па посипете ја тортата и вратете ја повторно во фрижидер.


ИЗВОРНА ПОРАКА: blond

Zemav da pravam torticka so jabolki.
Se rendaat 7-8 jabolki, se meshat do 6 mali fildz seker i dve lazicki soda biakrbona. Se ostava da otstoi eden chas, pa posebno se mesaat 2 jajca, 2laz seker, 6fildz brasno pa se dodavaat jabolkite. Se pece vo tava br 26 ili 28, na 200-220 stepeni. Koga e gotova, se porosuva so seker vo prav.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko

recept :Lеден колач со јаболка

1кг јаболки
600мл вода
150гр шеќер
400 гр. бисквити (може нема да ги искористиш сите - зависи во што ке го наредиш колачот - мене ми идат околу 300 гр.)
3 пудинга од ванила
пола лажичка цимет
шлаг или чоколадо за готвење (зависи што сакаш да ставиш одозгора)

Јаболките се лупат и се рендаат и ги ставаме во водата и шеќерот да се сварат 5-10 минути. Пудинзите ги раствараш со 18 лажици вода и кога ќе се сварат јаболката ги додаваш во нив и додаваш пола лажичка цимет. Мешаш постојано додека не се соедини убаво се.

Во еден плех редиш ред бисквити - ред јаболки и се завршува со бисквити. Се става во ладилник да се излади па се премачкува со шлаг или го преливаш со чоколадо за готвење.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Aleksx2Leon

ejjj mamicki, vidov nekoj poodamna pisal deka ke postira recept za milka torta ama barajki podocnezni postovi nikade ne go najdov toj so lesnici,samo so biskviti ima a takva nejkam, pa da ve zamolam ako ja ima nekoj receptata za milka torta so lesnici da mi ja pise user posted image user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko

Милка торта :Состојки
За тестото*
21 белка
300 гр. шеќер
300 гр. лешници
3 лажици брашно
За кремот*
21 жолчка
3 пудинга од ванила
1 л. млеко
100 гр. шеќер
300 гр. милка чоколадо со лешници
300 гр. милка бело чоколадо
250 гр. маргарин
2 шлаг пени
100 мл. млеко
6 лажици брашно





ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko

Подготовка на милка торта :
Се двојат 7 белки и се матат во цврст снег, а потоа постепено се додава 100 гр. шеќер. Се мелат 100 гр.лешници претходно потпечени, се додава 1 лажица брашно и лесно се меша со матените белки.
На ист начин се подготвуваат и другите две теста.
Смесата се излива во калап за торта бр.28 покриен со хартија за печење и се пече во претходно загреана рерна на 180 Ц. 20 мин.
Истата постапка се повторува и со другите две теста.

Подготовка на кремот
Сите жолчки, пудингот и брашното се промешуваат. Ако смесата е густа по потреба се додава малку млеко. Преостанатото млеко и шеќерот се варат и се тргат од оган. Се додава смесата со жолчките и пудингот, се враќа на оган кратко се заедно да се свари со постојано мешање за да не загори. Веднаш во жешкиот крем се додава маргаринот и се мати убаво се заедно.
Кремот се остава добро да се олади и внатре му се додаваат претходно изматени 2 шлаг креми со 100 мл. млеко. Оваа смеса се дели на два дела и во едниот дел се става стопено на пареа Милка црно чоколадо со лешници, а во другиот дел исто растопено на пареа Милка бело чоколадо. Вака подготвените две креми треба добро да се изладат пред да се нанесат на тестата.

Ја земаме првата кора и врз неа нанесуваме половината од белиот фил. Потоа го земаме другото тесто и нанесуваме половина од црниот фил. На крај ја ставаме и последната кора и врз неа ја ставаме другата половина од белиот фил, а целата торта од страната ја премачкуваме со црниот фил. Одозгора може да се украси со стопено чоколадо, лешници или друго според ваша желба.






ИЗВОРНА ПОРАКА: scared

Милк коцки. Преубави се, маж ми ги обожава. Прв пат ги направив лани и од тогаш само ми бара да му ги правам а мене ми се здосадија веќе user posted image

За кора: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 1 пециво, 6 лажици топла вода и 4 лажици какао. За кремот : 1l млеко, 100 гр. густин, 100 грама бела чоколада, 4 лажици шеќер, 250 грама маргарин и 150 грама шеќер во прав. За топингот : 200 грама млечна чоколада( јас ставам обична за готвење исти вкус ми има, или може една обична една млечна) 5 лажици млеко, 4 лажици шеќер, 150 грама маргарин ( може и помалку за да не дојде тешко)


Кора: јајцата се матат со шеќер. Брашното, прашокот за пециво и какаото се мешаат, се додаваат во матените јајца и се заедно внимателно се меша. Се додава и вода. Смесата се префрла во поголем плех обложен со хартија и се пече на 180 степени, 20 минути. Кората се сече на половина.

крем: од млекото се дели 150 мл за да се растворат густинот и шеќерот. Во преостанатото млеко се додава белата чоколада и се остава садот на оган да зоврие. Во врелото млеко се додава смесата со густинот и се меша се додека не се добие потребната густина. Кога ќе се олади се додава матениот маргарин со шеќер во прав.

Топинг: чоколадата, шеќерот, млекото и маргаринот се ставаат на оган се додека состојките не се соединат. Кремот треба да се олади, за да изгледа како омекнат маргарин.

Фил: кората прво се мачка со белиот фил, потоа со топингот, па потоа се става ја втората кора и се повторува постапката.




_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 374
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
1.12.2014 10:45:48   
AneLav RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko

Милиброд
Состојки
500гр. брашно
1 филџан(125мл)зејтин
1 јајце
2 жолчки
1/2 лажичка сол
1 лажица шеќер
1 квасец
250-300мл млеко
прстофат сол,кора од лимон и малку цимет
100гр. чоколада за готвење
5 лажици мармалад

Подготовка
Во сад ставете го брашното, направете дупка и во неа сипете ги квасецот, млакото млеко, шеќерот, солта, изматените јајца, изренданата кора од лимон,зејтинот.
За посипување на работната маса ќе ви требаат уште 100-тина грама брашно. Замесете мазно тесто, покријте го и оставете го да надојде. Премесете го заедно со сецканата чоколада и оставете го уште 30 минути во садот за да нарасне пак. Потоа растегнете го во долг правоаголна форма и премачкајте го со мармалад заролувајте убав ролат.
Потоа добро притиснете го тестото, ставете го подмачкана тепсија, премачкајте го со жолчка и ставете го да се пече на 200 °Ц, 30 до 35 минути. Печениот милиброд малку попрскајте го со ладна вода, завиткајте го во кујнска крпа и оставете го да се излади.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko

Одлична тема,еве неколку мои рецепти
Страчатела торта состојки
за пандишпан
6 белки
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
пола пециво
за прелевање на пандишпанот
100 мл млеко
за крем
500 мл млеко
6 жолчки
150 гр шеќер
400 мл слатка павлака
2 кесички желатин
100 гр рендано чоколадо

1. Подготовка на пандишпанот
Белките се матат со шеќерот, па се додава брашното и пецивото. Се пече во калап обложен со хартија за печење, на 200 степени околи 20 минути. Откако е печен пандишпанот, се боцка на неколку места и се прелева со врелото млеко. Се остава д асе излади.
2. Подготовка на кремот - Се вари 500 мл млеко. Жолчките и шеќерот се матат, па се прелеваат со врелото млеко и сето заедно се враќа на шпорет, на тивко, се меша додека не проврие, па се трга од огнот. Се остава малку да се излади, па додека е уште топол кремот во него се додаваат две кесички желатин, и се миксира. Се остава да се лади, а за тоа време ја матиме слатката павлака, па ја соединуваме кремот. Кога кремот е сосема ладен, додаваме рендано чоколадо и го промешуваме. Го ставаме кремот врз пандишпанот, и оставаме во фрижидер да се стегне.






_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 375
Страница:   <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?