profesorica
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29 САД ја одобри новата вакцина за А Х1Н1 Американското министерство за здравство ја одобри новата вакцина за свински грип, долгоочекуван чекор со оглед на тоа дека владата во САД сака да почне со вакцинацијата наредниот месец. Министерот за здравство Кејтлин Себелиус соопшти дека ограничени количества од лекот ќе почне да се издаваат на почетокот на октомври, една недела порано од очекуваното. До 15-ти октомври треба да бидат испорачани околу 45 милиони дози, а дополнително лекот ќе се произведува секоја недела. Први ќе го добијат ризичните групи - бремените жени, младите од 6 месеци до 24 години и постарите со хронични медицински состојби. Вакцината е еднакво безбедна како и онаа за стандардниот грип. Германците се противат на вакцината против А Х1Н1 Претседателот на германското друштво за општа и семејна медицина Михаел Коен на лекарите им препорача да не ја даваат вакцината против новиот вирус на грипот А Х1Н1, особено не на бремените и децата, бидејќи ризикот од нив е поголем од користа, пренесува денеска германскиот печат. Во текстот „Бунт против вакцината" неделникот „Шпигл", пред почетокот на масовната вакцинација, истакнува дека лекарите и фармаколозите предупредуваат на ризичните дополнителни супстанции што таа ги содржи. Критичарите стравуваат дека фармацевтската индустрија намерно спроведува огромен фармаколошки експеримент, го пренесува „Дојче веле" пишувањето на „Шпигл". Сојузната влада, министерствата и службениците од повисок ранг ќе добијат вакцини што се разликуваат од онаа што е нарачана за обичните граѓани во Германија. Нивната вакцина подобро се поднесува, нема несакани спорадични дејства бидејќи нема бустери (супстанци кои го засилуваат дејството на вакцината), а нема ниту конзерванси. Весникот „Велт" коментира дека ова сигурно не е охрабрувачка вест за граѓанството, кое и онака не е сигурно дали да се вакцинира или не. Тоа е опасен сигнал што открива дека во земјата постојат две класи. Тоа не потсетува на Орвеловата „Животинска фарма", место каде сите се еднакви, само некои малку повеќе. Страшното е тоа што се нарачани 200.000 вакцини за избраните највисоките службеници во земјата. На тој начин граѓаните нема да поверуваат, иако на тоа постојано ги уверуваат, дека вакцината против таканаречениот свински грип која треба да ја примат не е опасна. Сега пораката е јасна - оваа вакцина воопшто не е така сигурна и поради тоа луѓето важни за земјата ќе добијат друга, подобра вакцина. „За разлика од „Бакстер" вакцината која ќе ја добијат оние што се одговорни за редот и мирот во земјата, масовно ќе се вакцинира со производот на фирмата „ГлаксоСмитКлајн" која има засилувачи", пренесува „Франфуртер рундшау". Интересно е дека и вработените во „Пол Ерлих институтот", кој ја одобри масовната употреба на вакцината, се наоѓаат на списокот на оние што ќе добијат поинаква, подобра вакцина. извор а1 е ајде кој е помаметен!?лелел мамички кажувајте? ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica леле се наежив и сега???? ситуацијава со свинскиот грип станува алармантна?јас незнам што да мислам, не сакам да го вакцинирам детето ама кога ќе слушнам вака??? ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29 и јас сум против ,амА ете вчера др. на Марко,ми рече да се вакцинираме и сега што да правам?! јас бев цврсто убедена,ама сега кога ми кажа др. почнав да му ја мислам ЗБУНКА И ЦЕЛА ВО ПРАШАЛНИЦИ???????? ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29 еве ја изјавата на министерот за здравство Најновите препораки од СЗО, односно од нивниот стратешки комитет коишто вчера беа доставени, е дека вакцинирањето ќе биде еднодозно за сите над 10 години, додека за тие под 10 години засега ќе се почне со една доза, меѓутоа нема критични докази дека е доволна една доза, така што ќе чекаме уште неколку дена", рече Бујар Османи, министер за здравство. „Вакцината е безбедна за бремените жени, и покрај шпекулациите по медиумите дека можеби е небезбедна. Денеска е јасно потврдено од СЗО дека нема контраиндикација за бремени жени", додаде Османи.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
|