Еца -> RE: Свински грип (5.11.2009 23:25:37)
|
Најнова информација, извор "Нова Макеоднија" Вакцинацијата против новиот грип А/Х1Н1 ќе почне во втората половина на месецов, а вакцини први ќе добијат бремените жени и хронично болните Дотогаш, здравствените власти апелираат граѓаните да внимаваат на хигиената, да киваат и кашлаат во шамиче и веднаш да се јават на лекар доколку добијат симптоми на грип. - Додека стасаат ветените 100.000 дози вакцини треба да се продолжи со превентивните мерки што ги наложи Светската здравствена организација за да се спречи голема епидемија - рече д-р Јованка Костовска, претседателка на Комисијата за пандемски грип. Вакцини ќе се даваат во заводите за здравствена заштита, каде што ќе бидат повикани и хронично болните деца. - Кога ќе ги добиеме преостанатите количества - 600.000 дози вакцини, во јануари, тогаш ќе може да се вакцинира и по училиштата и организациите - вели д-р Костовска. Вера Менкова, инспекторка во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вели дека продолжува акцијата за контрола на училиштата. - Генерално, објектите во кои работат детските градинки се во многу добра состојба, значи се почитуваат наредбите на Инспекторатот, обезбедени се течни сапуни, дезинфекциски средства, дури и хартиени ролни за бришење раце - рече Менкова. Новиот грип, според досегашните сознанија на Светската здравствена организација, најчесто ја напаѓа младата популација за разлика од сезонскиот грип, од кој повеќе заболуваат постари и изнемоштени лица. Во Македонија од сезонскиот грип годишно заболуваат меѓу 10.000 и 20.000 луѓе. Симптомите на сезонскиот и на новиот грип се слични - зголемена температура, болки во мускулите и општа слабост. Поради тоа лекарите препорачуваат сите лица со такви симптоми задолжително да се консултираат со лекар. Во Македонија досега се регистрирани 47 лица заболени од А/Х1Н1.
|
|
|
|