Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Вештачко оплодување VI дел 10.12.2014 21:51:36
Hopeful RR
skriena, имаме теми за трудници во прв триместар, и теми за приска, таму има повеќе податоци, но еве на кратко да ти пишам. Тестот за Даунов синдром е приска, и се прави со комбинација на мерки на повеќе параметри на телото на бебето, кои се земаат при обичен ехо преглед, и крвна слика. Овие податоци се ставаат во софтвер кој пресметува веројатност за бебето да има Даунов синдром. Не знам зошто си одбила, јас го направив. Терапијата е ок, стандард кај сите. Да не имаше крварење, бидејќи Дабростон обично дават во такви случаи. Немој да се паничиш, се ќе биде ок
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
Kapina ne se otkazuvaj moras da bides silna veruvaj kako gospod sto e nikoj ne e se ke si dojde na svoe no imaj malku trpenie znam kako e i jas sum niz toa pominala pa sledniot pat so poz
RE: Вештачко оплодување VI дел 11.12.2014 10:35:37
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: skriena
.... ve molam kazete mi dali i dr primate terapija i dr sakam da ve prasam trudnicite sto se vo pogolemi meseci dali pravevte test za daunov sindrom posto mene maticniot mi rece ama i nemoralo ako ne sum sakala pa teka da odbiv pa kazete mi dali pravevte ili ne i dali postapiv pravilno ne znam ako sakate piset_e ve molam
Скриена, здраво, супер што си со нас, имаме многу теми во делот Бременост, слободно пиши таму, има еден куп рингерајки што го поминале тоа и ќе ти одговорат.
ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla LоvableMe, убаво што си отишла на уште едно мислење......Сакав да ти пишам дека и кај мене фундусот на матката е позаоблен, како смајли, со благо аркуатна форма (slightly arcuate uterus). Тоа е вродено, не знам како да ставам слика од компјутер, да сликнам какво е хсг-то да ти покажам. Е сега, со сите што разговарав викаат дека тоа нема врска со забременување, најблаг вид на аномалија е, но можело да биде подоцна во бременост причина за поранко раѓање. Е сега може да не е баш тоа кај тебе ама еве како искуство.
Лолла, точно така, кај мене сличен случај, но како и што сама кажа никој не ми рече дека е тоа причината што крварам на 8-ми ден од трансферите, баш и Петановски тоа ми го потенцираше рече не, обликот на матката не е причина што рано прокрваруваш, туку или е генетика или преголем стрес на организмот од хормони - дисбаланс и неподготвеност да ги прифати ембрионите. Затоа и предлогот му беше ако генетиката покаже ок, скриен шеќер итн, тогаш нема инекции и сл, туку на природен циклус трансфер на смрзнати ембриони.
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 11.12.2014 10:37:24 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Вештачко оплодување VI дел 11.12.2014 10:38:52
Anna78
Ви благодарам на одговорот Ве Ова е голема борба и бара жртва од нас и подготвка како физички така и психички, мора да сме силни и храбри за да издржиме, но и да имаме верба дека ќе успееме и дека после ќе си се читаме сите на форумот за Ви посакувам успех на сите и сите да си дочекаме
RE: Вештачко оплодување VI дел 11.12.2014 10:42:04
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anna78
Ви благодарам на одговорот Ве Ова е голема борба и бара жртва од нас и подготвка како физички така и психички, мора да сме силни и храбри за да издржиме, но и да имаме верба дека ќе успееме и дека после ќе си се читаме сите на форумот за Ви посакувам успех на сите и сите да си дочекаме
Anna78, како ти оди терапијата, како си задоволна од докторот, тимот?
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Вештачко оплодување VI дел 11.12.2014 12:55:25
SOLE
Decki da ve informiram mene transverot ke mi bide vo sabota znaci na 5ti den, inaku bevme vo neizvesnost vcera mi se javi embriologot i mi rece nie seuste nemame odluceno koga da vi bide transverot pa rece ke mora uste ednas da gi pogledneme embrionite utre sabajle koga ke ideme na rabota i vika moze vednas da vi se javime da trgnete ako odlucime dali ke vi bide na 3ti den, znaci toa bese sabajle, jas satnav rano se spemav i cekav povik pa koga mi se javi rece moze da bide i denes no ajde da odime kako na posigurno da ne izbrzuvame da gi ostavime do 5ti den da si se razviat do stadium na blastocisti,mi vika imas poveke embrioni i nee problem da cekame do 5ti den ako bea malku ke odevme na 3ti za da ne rizikuvame da gi cekame do 5ti, i taka, za mene voopsto ne e problem koga ke bide mu vikam videte vie i odlucete pravilno kako mislite da bide podobro taka, pa so Gospod napred vo sabota odam da si gi zemam embrioncinjata Pozdravce na site i izvinete za dolgiot post
RE: Вештачко оплодување VI дел 11.12.2014 15:46:44
SOLE
vi blagodaram na podrskata srcki ste, daj Boze se da bide vo najdobar red, pa i mojava maka da zavrsi I konecno I da vidam... Na site vi posakuvam uspeh
RE: Вештачко оплодување VI дел 12.12.2014 11:05:12
orchid7
Бев во големо искушение денеска да направам тест преку крв ама успеав некако да се воздржам! Ќе почекам до понеделник па здравје, како треба да биде така. Минатиот циклус ми беше на 12,11, денеска е 12,12 така да ќе оставам бар два дена да ми касни, ако ми закасни, дај боже
RE: Вештачко оплодување VI дел 12.12.2014 15:49:14
scared RR
Да прашам во темава како најактивна. Кој има правено Д-димери, Афа, Хемостаза, на трансфузиологија или некоја друга државна клиника да ми каже како иде постапката, кој дава упат матичниот гинеколог? Или пак треба прво преглед од доктор трансфузиолог (преку мој термин) кој назначува што да се провери?
RE: Вештачко оплодување VI дел 12.12.2014 16:42:48
MademoiselleNina
Капина, ете се јави, и почекај не се нервирај. Што ќе ти се нервози сега. Било - поминало, назад не можеш да се вратиш. Гледај ја иднината, разведри се, прави нешто што ќе те направи среќна, не му ја мисли многу, најди начин да ги избркаш негативните мисли, олабави се и ќе се чусвстваш подобро. Борбата подолжува, откажување нема...
RE: Вештачко оплодување VI дел 12.12.2014 17:10:43
kapina
Ne ne taman rabota doktorot i taka saka da me vidi lazarevski zosto koga se bese odlicno matka odlicna jajnici ok dojde do ova si odam na rabota se najnormalno no toa e