Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Zdravo devojki Srekna vi nova godina i srekni bozikni praznici! Me nemase nekolku nedeli eve me pak. Pravevme punkcija izvadija folikul koj bese prazen. So Ivanovski se dogovorivme da odime povtorno na IVF so stimulacija po 6 meseci da ne udirame glava vo zid. Sega odmaram, pa zdravje tamu posle letoto ke probame pak. Na site novi trudnici im posakuvam lesna i ubava bremenost a na ostanatite ovaa godina sto poskoro da vidat . Ve guskam site
evoksi, баш убаво што не дружиш на форумов, жал ми е за тоа што ти се случило, но шансите за успешно ИВФ се поголеми со стимулација. ИВФ на природен циклус, во секој случај може да се направи, но шансите за тоа се помали. Имаме ТЕМА за тоа, можеш да прочиташ, но мој совет е да одиш со стимулации, а на природен циклус можеш да пробаш и следниве месеци. Кај кој доктор беше, со каква терапија, може треба да се проба со друга терапија?
Мили4каск, баш ми е жал, во овие месеци пробувајте природно, па не се знае кога ќе се фати. Позз
Ја чекаме Анна78, денес треба да прави тест.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
Јас сум кај доктор Поповиќ. Пред 5 години имав успешно инвитро кај него. Првиот пат поминав неверојатно лесно и веројатно затоа мислев дека и овој пат ќе биде така. Но за жал не беше.
Докторот ја зема шемата од првиот пат и воглавно одеше по неа. Ми извадија 6 фоликули, 4 беа оплододени, јас инсистирав да ми вратат само едно.
Денес кога ќе размислам не знам зошто бев толку сигурна дека ќе успее зошто и првиот пат ми вратија 3 ембриони, а остана само едно.
Во секој случај фала ви многу за подршката, јас ќе продолжам да ви пишувам.
Evoksi bas mi e zal za neuspesnoto invitro ne se razocaruvaj moze prirodno da se fati ne se znae koga moze da bidne, no ne te razbrav ti veke imas edno dete, pa se obiduvate za vtoro?
Кај нас проблемот е кај мажот ми, многу е лош спермограмот и знам дека не може природно. Ни требаше поприлично време да се одлучиме за второ дете бидејќи знаевме дека мора со инвитро и кога отидов сега втор пат кај докторот ми влеа многу надеж, дека се е супер, јајниците, матката ембриологот ме убедуваше дека ембриончето што го вративме е најсупер ама ете ништо не испадна.
Мене имунитетот ми е катастрофа. Тоа заборавив да му го кажам на доторот. Тој ми даде да пијам прегназол ама мислам дека треба да пијам нешто повеќе. Вие пиевте нешто за имунитет?
Година и пол отприлика после породувањето ми се појави некоја алергија на кожата, некоја хиперсензитивност и до денес не ми открија од што ми е тоа, па си пијам континуирано антихистамини и имам хроничен синуситис што исто така ми се појави пред некоја година кога се обидував да престанам да ги пијам апчињата за алергија. Јас читав малку нешто и си ја поврзав алергијата што ми се појави со хормоните што ги примав, но никој не ми потврдил дека е така. Затоа и сакав ако може да поминам без многу терапија.
Исто сакав да прашам што пиевте за циркулација. Јас сум од мала алергична на аспирин, па не можев да пијам, и после ЕТ цело време ми беа мраз рацете и нозете, дури и настинав.
Сега кога ќе отидам отидам ќе знам многу работи да кажам што не ми текнаа до сега
evoksi, имаме тема Стерилитет кај мажот, тука можеш да пишеш и да споделиш искуства за спермограмот, најпрво да престане да пуши ако пуши, витамин Ц, Е, цинк селен, Б комплекс во појачана доза, чаеви, матичен млеч.
За тебе да провериш од каде алергијата, затоа што пореметување на имунскиот систем може да ти влијае на отфрлање на ембрионите и џабе ќе правиш ИВФ доколку тоа не го средиш. Место аспирин, можеш да пиеш крилово улје, го има по аптеките. Исто и за тебе, витамин Ц, Е, цинк, целен, магнезиум да пиеш и матичен млеч.
Др. Таше на пример, го гледам на ТВ препорачува Ге132 за двајцата партнери одреден период во постапката, за ИВФ, дека тоа го зајакнува имунитетот и дава подобри резултати.
Викаш едно ти вратиле, а три се оплодиле. Зошто не ги смрзнавте другите три?Позз
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 9.1.2015 14:58:49 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
Девојки нека ви се среќни празниците, од се срце посакувам сите да си дочекаме да имаме здрави и живи бебенца. За жал јас и овојпат не успеав да се израдувам Многу ми падна тешко, се прашувам дали ќе успеам некогаш. Толку бев некако позитивна и веројтно имав големи очекувања, но за жал работите не се случуваат кога се очекува. Уште пред два дена ми се појави малку кафеавко крварење, се јавив одма кај сестрата и ми рече дека штом не е обилно крварење не е страшно и ништо не мора да значи, да почекам до тестот. Но, јас веќе имав симптоми за добивање-ми се лошеше, ми излегоа бубулички и синоќа не издржав направив домашен тест, а сабајлево преку крв, но за жал негативни Сега веќе ме наболува стомакот исто како пред добивање, па веројатно утре и ќе добијам Искрено незнам како ќе соберам сили за следно ивф, но морам, зашто желбата за деца ми е огромна. Извинете што се распишав, ме носи ова глупаво чувство. Позз
Offf Ana bas mi e zal no sto e toa, nema otkazuvanje borbata mora da prodolzi, odmori se sega malku i fizicki i psihicki i drugoto invitro ke uspee ke vidis,a moze i prirodno da bidne, ova prvo invitro ti bese?
Anna78, баш ми е жал, убаво распрашај се со докторот дали треба испитувања да правиш и/или хистеро-лапаро ако не си правела за да можеш следниот пат да имаш успех. А други медицински проблеми со сопругот имате?
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
Ќе се распрашам обавезно, баш ме интересира дали треба некои дополнителни испитувања, хистеро-лапаро не сум правела и незнам што е тоа искрено. Јас освен со тироидната што имам мал проблем друго немам, и тироидната со еутироксот ја средив, но кај сопругот е лош спермограмот, друга мака немаме, кај мене е се во ред, барем така тврдат лекарите, незнам стварно незнам зошто и ова ивф не успеа ама тоа е. Докторот баш на трансферот рече дека имам добри ембриони и добра матка, ама ете ништо
LoveableMe RR да те прашам...се подготвуваш за трансфер...пиеш ли нешто витаминско...знаеш ли точно кога ќе ти биде трансферот...на кој ден е отприлика после циклус...јас се јавив кај Лазаревски....ми рекоа откако ќе добијам на 10-11 ден да отидам за преглед па да се договориме за трансфер ... па затоа сакав да чујам нешто од тебе бидејќи во ист период ќе имаме трансфер...па среќно нека ни биде!!!!!
Разговарај со докторот за можните причини, и сметам дека не е на одмет да се направи и хистероскопија пред следното ивф. За спермограмот, дали сопругот примаше некаква терапија претходно? Знам кај нас ептен направи разлика тоа што мм смени начин на живот - престана да пие алкохол, ја подобри исхраната, престана да вози велосипед, и плус пиеше Сексовит и имаше подобрување.
Нема откажување, тука сме за тебе
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
Фала ви на поддршката девојки, навистина многу ми значи Hopeful, кај мм само 3% од сперматозоидите се добри, се друго не е ок и пие витамини, сексовит исто и матичен млеч и баш на пункцијата биологот рече дека има мало подобрување, а исто престана и да пуши пред 2 год. Тоа е,така требало да биде, се надевам дека до следното ивф ќе се подобри уште. Денес сум веќе подобра, упорна сум многу и морам понатаму, мора да се продолжи борбата и ќе биде
Здраво девојчиња. Само да ве поздравам и да ви дадам поддршка да истраете во оваа макотрпна борба. Ве следам нон стоп иако ретко пишувам. Многу ми е жал за секој ваш неуспех. Ана и сите други, знам дека не ви е лесно, само вие си знаете како душата ви плаче. Исплачете се колку треба и после главата горе! Ќе успееме сите.
Весник, јас ќе одам кога ќе добијам следниот циклус некаде на 6-ти ден од циклусот, затоа што јас порано овулирам, се договоривме да одиме на природен циклус, пред трансферот нема ништо да ми даде рече, туку после ќе примам терапија, се договоривме појачана прогестеронска терапија, пошто кај мене и тоа е проблем. Ми рече можам ако не сакам кринон гел, да ставам утрогестан, бидејќи јас и немам баш најдобро искуство со кринонот, па ќе видиме......
За пиење, засега земам магнезиум и Б комплекс плус фолна, Витамин Д3 и витамин К, а планирам да земам една комбинација на калциум, магнезиум, синк селен, така нешто, мислам добро е пред трансфер. Тебе ќе ти дава терапија пред трансфер?
Кате...од тебе зависи кај кој доктор, за двајцата имаме слушано убави работи, така што твое е да одлучиш што понатаму...позз пиши каде ќе одиш во која клиника ќе решиш...
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
Да се надеваме дека оваа година ќе биднеме многу трудни како што имаше и минатата година . Ве охрабрувам сите што имавте успешно ИВФ, да ја споделите вашата приказна ОВДЕ
*******2014******* АКТУЕЛНО
00.01 - весник - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина) 00.01 - MademoiselleNina - ИВФ на природен циклус (Ивановски, Систина) 05.01 - nadesh - почеток со терапија (Таше Трпчевски, Плодност) 18.01 - Pinky30 - почеток со терапија (Глигор Тофовски, ГАК) 00.02 - LoveableMe RR- трансфер со смрзнати ембриони (Петановски, Ремедика) 00.02 - kate..почеток со терапија(Петановски, Ремедика)
========================= ИСЧЕКУВАЛКИ
00.00 - /////// пункција ///// = ЕТ
=========================
00.00 -////// = ТЕСТ
2015 година
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 12.1.2015 9:58:47 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
Anna78, Многу ми е жал, сосема добро разбирам како се чувствуваш. Подршката од девојчињава овде е непроценлива. Се надевам следниот пак ке бидеме некаде во исти термин, па ке се консултираме.
Сакав да те охрабрам во врска со спермограмот. Првиот спермограм на мм беше со 1% нормални сперматозоиди. После испитувања кај уролози, пиење витамини, здрав живот и све тоа, ништо не му најдоа, само холетеролот си го доведе во нормала, а спермограмот остана ист без подобрување. Сепак, со само 1% добивме ќерка. Значи вие со 3% имате многу повеќе шанси.
kate.., јас сум кај доктор Попович и сум задоволна. Единствено што ми смета е што за што и да отидам чекам по саат време минимум. Не знам како е кај другите, но ова со чекањето стварно е проблем, пошто е во работно време, па откажуваш состаноци, други работи. Позитивни искуства има од докториве, па може е најдобро да видиш која клиника ти е поблизу. Ти посакувам што побрзо големо меше.
LoveableMe, ме праша зошто не сме ги замрзнале ембрионите. Сега да ме прашаат веројатно нема да одговорам така, но тогаш, кога прашав какви се ембрионите ембриологот ми рече едно имаме најсупер, две се супер и едно е добро. Ме убедуваше да вратиме две, јас инсистирав едно и првата мисла ми беше ако не успее ова што е најдобро сигурно нема ни оние што не се толку добри и затоа одбив да се замрзнат. Згрешив знам, ама што е тука е. Ти благодарам многу за советите и ти стегам палци за следниот циклус.
евокси, не спомнувај за чекање, секаде е така, дремеме по ходници со саати за пусти дечиња што да правиме, еве и јас во Ремедика постојано чекам, ретко кога точно на закажано ме примаат зошто често има трудници, итни случаеви и се пореметува терминот. Исто беше и кога одев во Систина за првото ИВФ.
Фала ти за убавите желби, ти посакувам успех следниот пат за ИВФ или во меѓувреме природно . Другите каде сте, што правите?
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!