|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 5 [6] 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Напади на бес кај мали деца
4.6.2014 10:28:09   
sandriana RR
mama-06, ако се само ноќе овие напади, и се во несвесна состојба, тогаш е веројатно периодот на преживувања, сонувања и скокови во развојот.
Колку време се случуваат?
Кај ќерка ми, која е малку поголема - 34 месеци, минатиот месец ги доживуваше повторно,после речиси една година. Кај неа се случуваат само ноќе, 2-3 пати во текот на ноќта по 15тина минути во просек. Глетката е страшна, почнува од ништо и завршува исто, одеднаш.
Прашував во градинка да не има трауми, проблеми или закачки со некое дете или воспитувачка - ништо од тоа. Си воведов Б6 по едно навечер, 2 недели и сега е ок.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 126
   RE: Напади на бес кај мали деца
4.6.2014 10:40:53   
mama_06
Да, само навечер се случуваат, околу 3 часот наутро. Од мирно спиење одма почнува да плаче, вришти, станува од креветче, мава, каса...Траат околу 15тина минути, за тоа време јас го гушкам силно но и тоа не ми успева затоа што многу мрда, се витка како буквата С и не можам да го задржам подолго време во прегратка. Гледам дека спие иако е со отворени очи ама со некако изгубен поглед, а плаче со солзи. Тоа најмногу ми е жал. Оваа ноќ немаше таков напад, но пред да заспие ми побара да јаде. Јадеше варено јајце. Изгледа го засити и затоа спиеше убаво. Од сега ќе пробам да му дадам нешто баш пред спиење, но тој не јаде ни грицки ни смоки, ништо такво не сака а јајца не сакам баш секоја вечер да му варам па ке пробам со тарана или јуфки, нешто такво. Вечера околу 19 часот но не спие до 23 па изгледа огладнува и тоа го буди. Вечер пак ке пробам со јадење баш пред спиење ако не и јас ќе побарам струачна помош. А кој ви препорача вас да пиете б6?Матичен или психијатар? Јас сум во тотална недвоумица кај да го носам.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 127
   RE: Напади на бес кај мали деца
4.6.2014 12:13:15   
Defne90 RR
Нам матичната ни препорача да пиеме б6.И таа ни рече тогаш дека тие апчиња се пијат од три до шест месеци.По двапати на ден,наутро и навечер.Јас му давав три месеци да пие и навистина многу ни се подобри ситуацијата со спиењето.И еве го сега си спие,со уво не мрднува и не добива веќе такви напади на бес и на нервоза навечер.Инаку и ние бевме истите,ќе станеше ќе почнеше да плаче па да се истегнува и како што викаш во облик на буквата с да се прави и да невозможно ни беше и нам да го задржиме во прегратка.Тоа си е некоја фаза кај децата,не се среќева кај сите де,ама сепак ќе помине за некое врме не грижи се.Консултирај се со матичната за б6 нема потреба од психијатар.И таа ќе ти го каже тоа.Од нив нема никаква штета само корист.

< Поракaта ја уредил Defne90 -- 4.6.2014 12:14:58 >


_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 128
   RE: Напади на бес кај мали деца
4.6.2014 13:22:52   
sandriana RR
И јас во консултација со педијатар дадов Б6.
Во однос на вечерата - не знам колку е соодветно да се даваат тестенини пред спиење - тие може и киселини да ствараат. Нека си вечера што и вообичаено и во вообичаено време, а еден час пред спиење да речеме, понуди чаша млеко, јогурт, чајче....некој кекс... лесно нешто. И обидете се да биде тивка атмосфера (колку е тоа можно со мало бебе дома), пред легнување, некоја тивка музика....
Но верувај, ќе помине, фаза е, колку и да е напорна и страшна.


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 129
   RE: Напади на бес кај мали деца
4.6.2014 13:42:22   
mama_06
Да, во право си можно е да му се створат киселини па после проблем плус. Млеко не пие воопшто, јогурт така-така, ама ке се снајдам некако со вечерата. Само се надевам дека овој проблем ке го решиме, жал ми е кутрото мало е а толку голем проблем има. А за тивко дома ич не е, но во спалната е супер и осветление и изолација од бучава и немаме ниту ТВ ни компјутер. Ајде вечерва пак како сношти и ќе видиме како ке е.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 130
   RE: Напади на бес кај мали деца
4.6.2014 14:11:22   
marchi
kaj nas stefan koga ke go fati takov "napad" rika od placenje se tegne se prevrtuva i kasla duri pocnuva da se davi,samo go zemam vrace ke go ispravam i tolku mu pominalo

(Одговор на членот evgenija)
Непосредна врска до пораките: 131
   RE: Напади на бес кај мали деца
4.6.2014 16:21:08   
blue_blue
Те сфаќам дека си загрижена, дете е, но....детето нема ама баш никаков проблем и не го носи по доктори и психијатри. Тоа што го опишуваш е сосем нормална развоја фаза кај децата. Ако знаеш англиски и можеш да читаш напиши на Гугл "toddlers night terrors" и ќе најдеш многу статии кои објаснуваат зошто и како ова се случува. Знам дека изгледа језиво, ама на детето не му е ништо, тоа не е ни свесно што се случува зошто спие. Сабајле ако го прашаш што било нема да се сети. Истово го правеше и ќерка ми и. И изгледаше страшно пошто имаше еден таков продорен глас да мислам дека ми е врежан за секогаш во мозоков. Ова обично се јавува кај деца кои имаат силно развиена имагинација и ги доживуваат и преживуваат работите и во сон а на таа возраст уште не прават разлика што е сон а што јаве. Најважно е да не правиш ништо, да не го дрмаш детето, да не се обидуваш да го земеш во раце оти правиш само контра ефект. Имај на ум дека тој всушност спие. Само биди во соба, присебна и зборувај му со смирен и тивок глас дека си тука....Инаку поминува фазата за неколку недели, можеби месец. Еве на пример ќерка ми сега има скоро 6 години а сеуште се случува да зборува во сон и да си седне во креветче (а спие) само очите и се отворени. Не се плаши за детето, нема ама баш никаква мака, само изгледа така језиво од страна кога ќе викне у сред ноќ а ти како мајка не можеш да го смириш.

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_06

Да, во право си можно е да му се створат киселини па после проблем плус. Млеко не пие воопшто, јогурт така-така, ама ке се снајдам некако со вечерата. Само се надевам дека овој проблем ке го решиме, жал ми е кутрото мало е а толку голем проблем има. А за тивко дома ич не е, но во спалната е супер и осветление и изолација од бучава и немаме ниту ТВ ни компјутер. Ајде вечерва пак како сношти и ќе видиме како ке е.

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 132
   RE: Напади на бес кај мали деца
4.6.2014 23:44:41   
mama_06
Се што можев да најдам на интернет прочитав и разбирам дека е фаза и се тоа. Ама многу се раздолжи кај нас, обично траело околу месец а кај син ми веќе оди над два месеци и тоа со ист интензитет. Ти благодарам во секој случај на сугестијата, секако дека ќе помине а после така навежбана за помалово нема ни да осетам user posted image .
А во врска со имагинацијата, секако дека тие се мали, не знаат да направат разлика што е што, а тоа го забележав од цртаните што ги гледа. Се плашел од крадло, па сега дора не оставам да се гледа а и тој не сака. Живееме во зграда, за викенд само сме во природа па е ограничен во движењето. Тогаш убаво се истрчува и полесно заспива па ноќите му се мирни.
Сега кога го читам постов погоре, ми изгледа дека јас си имам проблем со тоа што се чувствувам немоќна да му помогнам на сопственото дете, а нему ќе му помине.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 133
   RE: Напади на бес кај мали деца
5.6.2014 10:23:24   
mama_06
Уште една мирна ноќ. Попладнето бевме кај свекрва ми, си поигра низ двор, во 20 часот јадеше варен пилешки надкопан, заспа во 23:30. НО, едно големо НО...спиеше со нас на спална. Стана во 7, и пак малку спиеше според некои нормални стандарди, но нему изгледа му е доволно.

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 134
   RE: Напади на бес кај мали деца
6.6.2014 19:36:24   
marchi
ne znam dali bi go narekla jas toa napad na bes.denes pak ni se sluci istoto deteto samo sto zaspa i samo sto go spustiv vo krevetceto pocna da place da rika da se tegne na kraj pocna da kasla i da se davi (kako sto opisav prethodno) uspeav da go smir am go tapkav po gazeto meseto mu bese zgrceno pocna da prdi (da mi izvinite na izrazov) i kakase proliv.znaci imal problem so stomaceto.smetam deka sepak decata imaat nekoja maka stom taka reagiraat.

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 135
   RE: Напади на бес кај мали деца
6.6.2014 19:50:12   
Defne90 RR
добро понекогаш и имаат мака кога стануваат така навечер и плачат.Ама се познава кога е така а кога едноставно има така да кажам напад на бес.Како што напишав и ние пред скоро една година ги имавме истите напади.Значи ќе станеше и само ќе врескаше,а наредното утро воопшто не се ни секаваше дека станувачда плаче.Ама сепак тоа се фази кај децата кои поминуваат.Додуше нас доста долго не држеше таа фаза,може и од фактото дека баш кога започна си доби и братче па затоа тој така ноќе си ја искажуваше љубомората.А и не мора да има некоја причина за тоа.Едноставно некои деца имаат многу силна имагинација како што напиша погоре и блу блу па така ноќе кога ќе заспијат всушност тие не се ни свесни,тие сонуваат и го обработуваат сето она искуство и случки преку денот што си собирале се разбира со нивната бујна фантазија.Само што да кажам треба ептен силни нерви и многу трпение.Ама на крај се поминува, и дури да види човек детето ќе почне да си ја преспива цела ноќ.А инаку ако има мака да речеме има температура или го боли мешето и неконтролирано испушта гасови тоа сепак си се познава и тогаш треба да му помогнеме на детето,затоа што нема туку така да се смири.се додека трае болката ќе си плаче.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 136
   RE: Напади на бес кај мали деца
15.6.2014 23:21:20   
mama_06
Јас пак овде да пишам. Дојдов до заклучок-што поактивен ден тоа понемирна ноќ. Дефинитивно ги преживува повторно работите што му се случиле дента па има напади во сонот. Еве вчера, цел ден со игра, надвор низ двор па вечерта плачки и викање во сон. Денес цел ден дома па ке видиме како ке е ноќеска.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 137
   RE: Напади на бес кај мали деца
27.6.2014 16:48:06   
pepuska
Да си пишам и побарам некој совет. Подолго време како реагира со беси грлање на земја ако нешто не добие носе трудам во најмала рака д а ја заиграм со нешто ,а потоа и зборувам за тоа,ако не оди и викам ако вака правиш си одами она одма пркеинува . но она што навистинаме загрижува е следното. Имаме 19 месеци и понекогаш ако икажувам нешто едноставно ме игнорираи не само мене туку итатко и и бабаи дедо кои ја чуваат, не зборува , таа испушта гласови кои личат на говор но од тоа нема ништо разбирливо, страшно нервозн одете е кое з ас е се љути па дуриии когаиграчката ќе и падне од рацетеи за се пишто . Додатно е дека навечер станува 2 пати еднаш добива млеко втор пат час но и во двата наврати прво почнува дапл ач па се подразбудува а конкретно не бара ништо туку јас и давам шише млеко па шише чај кои ги рпифќа ипотоа заспива сум пробала со нишање но не успева.

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 138
   RE: Напади на бес кај мали деца
27.6.2014 16:59:08   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: pepuska

Да си пишам и побарам некој совет. Подолго време како реагира со беси грлање на земја ако нешто не добие носе трудам во најмала рака д а ја заиграм со нешто ,а потоа и зборувам за тоа,ако не оди и викам ако вака правиш си одами она одма пркеинува . но она што навистинаме загрижува е следното. Имаме 19 месеци и понекогаш ако икажувам нешто едноставно ме игнорираи не само мене туку итатко и и бабаи дедо кои ја чуваат, не зборува , таа испушта гласови кои личат на говор но од тоа нема ништо разбирливо, страшно нервозн одете е кое з ас е се љути па дуриии когаиграчката ќе и падне од рацетеи за се пишто . Додатно е дека навечер станува 2 пати еднаш добива млеко втор пат час но и во двата наврати прво почнува дапл ач па се подразбудува а конкретно не бара ништо туку јас и давам шише млеко па шише чај кои ги рпифќа ипотоа заспива сум пробала со нишање но не успева.



Pepuska и кај нас е оваа т.н фаза.Има 22 месеци и во последно време кога нешто ќе се налути пробува да ја удира главата од подот или било што тврдо во близина.На почетокот ме загрижуваше и пробував да го смирам,но сега го оставам да се испразни од лутината,и сам се смирува.Познавам и други мајки кои го имале овој проблем ,но поминува,период е,фаза во развојот.Битно е да не попушташ,нека не ти го привлекува вниманието на тој начин,кога ќе има такви испади на бес ,прави се дека не гледаш,заработи се нешто и ќе прекине самото.Сега тоа тестира на кој начин ќе тe "држи" во рацеuser posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот pepuska)
Непосредна врска до пораките: 139
   RE: Напади на бес кај мали деца
27.6.2014 18:46:33   
Defne90 RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: pepuska

Да си пишам и побарам некој совет. Подолго време како реагира со беси грлање на земја ако нешто не добие носе трудам во најмала рака д а ја заиграм со нешто ,а потоа и зборувам за тоа,ако не оди и викам ако вака правиш си одами она одма пркеинува . но она што навистинаме загрижува е следното. Имаме 19 месеци и понекогаш ако икажувам нешто едноставно ме игнорираи не само мене туку итатко и и бабаи дедо кои ја чуваат, не зборува , таа испушта гласови кои личат на говор но од тоа нема ништо разбирливо, страшно нервозн одете е кое з ас е се љути па дуриии когаиграчката ќе и падне од рацетеи за се пишто . Додатно е дека навечер станува 2 пати еднаш добива млеко втор пат час но и во двата наврати прво почнува дапл ач па се подразбудува а конкретно не бара ништо туку јас и давам шише млеко па шише чај кои ги рпифќа ипотоа заспива сум пробала со нишање но не успева.

Се согласувам целосно со делукс.И ние сме моментално во таафаза значи буквално се лути за се и сешто и никако не можеме да го смириме.Ама и јас ко делукс сватив дека едноставно ми ги тестира нервите колку ќе издржам па на тој начин да си добие што си сака.И така кога ќе добие таков некој испад на вриштење јас го оставам на под да прави буквално што сака и да вреска колку сака.И кога ќе види дека не го регистрирам воопшто се смирува и се заигрува.Само не се нервирај затоа што сепак тоа си е фаза кај децата која што со тек на време ќе помине.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот pepuska)
Непосредна врска до пораките: 140
   RE: Напади на бес кај мали деца
27.6.2014 22:56:37   
marchi

[/quote]


Pepuska и кај нас е оваа т.н фаза.Има 22 месеци и во последно време кога нешто ќе се налути пробува да ја удира главата од подот или било што тврдо во близина.На почетокот ме загрижуваше и пробував да го смирам,но сега го оставам да се испразни од лутината,и сам се смирува.Познавам и други мајки кои го имале овој проблем ,но поминува,период е,фаза во развојот.Битно е да не попушташ,нека не ти го привлекува вниманието на тој начин,кога ќе има такви испади на бес ,прави се дека не гледаш,заработи се нешто и ќе прекине самото.Сега тоа тестира на кој начин ќе тe "држи" во рацеuser posted image user posted image
[/quote]
ocigledno deka vo siot toj period na zivot sto sekoja majka gleda deteto da go nauci kako funkcionira svetot, zivotot kako da izgradi licnost od deteto samoto dete dobiva vpecatok deka sustinata bila vo toa da mu se odi po kejf,deka se sto mu treba go ima i deka se sto saka mora da ima od toa proizlguvaat tie napadi na bes.na vakov nacin i decata stanuvaat razmazeni user posted image so ova sto go citirav se soglasuvam zasto vo takvi momenti deteto mozes da go smiris taka sto ili ke mu ja ispolnis zelbata (so sto na kraj sepak ke go "zbesnes" odnosno razmazis) ili ke go ostavis da si polace da se smiri i da svati deka sepak ima granica i se sto se saka ne moze da se ima ili da se napravi.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 141
   RE: Напади на бес кај мали деца
8.5.2015 12:43:45   
Malecka23
Veke 10 dena kako Mila ima sekoja nok napadi na bes.Zaspiva so tatko i raskazuvaat prikazni se po red i veke taman da zaspie pocnuva da vristi da se treska nepovrzano da zbori i toa trae po pola saat a nekogas i poveke.Ne mozeme na nikakov nacin da ja smirime.Gletkata e strasna.Preku den e isto teska za cuvanje saka se po nejzino da bide ako prethodno bese dete sto koga ke mu zems igracka ne ja bara sega se treska od zemja voopsto ne te ni slusa sto i zboris ne mozes da se dog i togas koga ke ja nacekas vo arnite.Koga i zboris i vikas NE za nesto sto ne smee da go pravi i iobjasnuvas samo ti vraka kako nekoja baba.Znaci zivcite mi se otideni skroz.Sama sum malovo place ovaa samo belji pravi nekogas navistina nemam nervi da i objasnuvam za ista rab 100000pati ke i svikam pa ti vraka.Mislam avtoritet na nejze vo momentov nema nikoj.Kolku sto bila protiv plasenje na dete so bilo sto sega go pravam toa non stop ke ja viknam vesterkata.Stignavme do moment kade jas ja vikam vesterkata a malava vika ajde vesterko dojdi so mama kafe da piesuser posted image user posted image user posted image .Znaci ludilo.Pocnav da placam kako malo dete zasto ne moze na kraj da se izleze so nea.Samo nesot i teknuva samo nesto saka po 2000pati daj mi da ruckam ova ona ti i pravis ona ke proba i pluka.Znam deka i ljubomorata si go pravi svoeto ama ne mi se veruva do toj stepen.I navistina ne znam sto ke se pravi.Ova i e tret pat za nepolna godina da ja fakaat napadive ama ovoj pat epten kulminirase.KOga pocna i pred dr luge taka da pravi i nadvor i sekade znaci go dostignavme vrvot.A sto e najtragicno dedo i i ima edna baba vo komsii i idat po keifot jas ja karam ona ne me slusa ovie odma brza pomos se i ovozmozuvaat i na kraj jas sum kriva sto i zabranuvam sto zboram sto vikam pa jas sum ja napravila taka nervoznauser posted image JAS stvarno ne znam izgleda ne sum dovolno pametna da se sprevam so situacijava ne znam.Nekogas koga se treska koga pravi drami duri kako malo gjavolce da gledas taka se odnesuva ma taka i zbori i se treska i po glava.Kazete luge nekoj sovet nesto.Fakt e deka ne mozam da ja ostavam sama od sebe da se smiri posto prabav ednas i nikogas poveke a od dr strana ja gledam deka treskanjeto i e igra da ja kazam za da dobie nesto a ne sakam da bide taka.SUm se trudela celo vreme da pokazam da ukazam na site rab so razgovor so primeri nekogas sum ja iskarala a nikogas ne sum dozvolila da ide razmazeno detiste.E sega e bas takvo i poloso

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 142
   RE: Напади на бес кај мали деца
8.5.2015 13:06:55   
deluxe
Малечка исто е и кај насuser posted image Децава наши како по некој шаблон исто се однесуваатuser posted image Првиот напад на бес му се случи пред 2 дена. Се разбесни зошто да излезам од соба без него.јас заминав на тавански да обесувам алишта .и кога слушам пискот,ама срце ми запре.Со трцање слегував по скали.Кога ме виде се насмеа.А до тогаш се цепеше од плачење.мене душата ми се тресеше после тоа.сега веќе тоа му стана навика.За секоја глупост почна така да реагира и знам дека е фаза.Претходно имаше некој период на трескање глава од подот кога плачеше.Лек за ова е само ИГНОРИРАЊЕuser posted image не се нервирај,игнорирајuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 143
   RE: Напади на бес кај мали деца
8.5.2015 13:12:21   
lukajana RR
Малечка тоа е нормална реакција на дете кога ке се роди бебе,тоа и е начин да привлече внимание.
Во вакви ситуации мора многу внимателно да постапуваш,сепак е мала и што се вика до вчера се било нејзино а сега прво тебе те дели со бебето.Сакав и за одвикнувањето од пелени да ти пишам дека не е време сега,остави и малку простор,малку да влезете во колосек,да почне да се навикнува на бебето зашто иако не ти изгледа така сега го доживува како непријател.
Ако претходно спиела со тебе и сега нека спие да не се почувствува отфрлено колку и да ти е тешко да спиеш со две деца ке мораш за да се почувствува сакана.
И труди се да и посветиш внимание повеќе,кога бебето спие играјте ,читај и ,гледајте цртани заедно нешто што сте правеле порано правете го и сега како да сте сами,ручек и чистење батали ќе се снајдете кога ке дојде мт ке спржиш нешто и ке се помине.
И кај Л имаше така на почетокот љубомора и инаетење за се ама брзо му помина сепак имаше скоро 5 години кога се роди Ј беше поголем а твоево е уште малечко сака внимание
Фаза е и ке помине само бара многу трпение и никако покажување нервоза пред неа,ке се среди со време

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 8.5.2015 13:14:24 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 144
   RE: Напади на бес кај мали деца
8.5.2015 13:21:36   
Mihaela 2010
Se slozuvam so lukajana.ignoriranje ne bi ti preporacala bidejki uste povekje ke ja otfrlis.i nie sme vo slicna situacija.od koga se rodi S detevo se izmeni skroz na skroz.jas vo zivot nemam placeno od nea ama pred dve nedeli nemozev da izdrzam.protwstira, nisto ne jade, nisto ne slusa, nisto ne pomaga nepodnosliva e.bebeto go saka, vnimatelna e kon nea ama ete ljubomorata si go pravi svoeto.mm e posvetwn maksimalno na nea ama ako nema zabava 5-10 min odma dosadno i e pravi sceni...
Ja sfakjam deka mn raboti i se smenija, koga ke si legnese jas ili ja ceskav mazev ili za race ja drzev.sega koga bebevo ima napadi od grcevi nea ja smiruvame taa zaspiva sama.i grev mi padna sfesna sum deka promeni i se na nea ama sto da pravam na site trani nemozam da se rascepam bar dur da pomine nekoj mesec.samo trpenie i nikako so loso taka samo polosi stanuvaat.srekja sto e vo gradinka do 2:30 inaku ke se seknam..sega vikendov doma ke bude veselo
E

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 145
   RE: Напади на бес кај мали деца
8.5.2015 13:22:23   
blue_blue
Malecka 23, мислам дека знам низ што поминуваш бидјеќи јас со едното дете ги имав истите прикаски по односн на дневно трескање, а со другото по однос на ноќно будење. Ноќното будење нека не те плачи воопшто без разлика колку страшно изгледа, а знам дека изгледа како детето да ти е опседнато со вампри. Врувај ништо страшно не е, сосем нормална фаза на развој низ која минуваат децата, во целата литература за деца го пишува тоа. Верувам дека девојчето ти е на некоја возраст 2,5 - 3 години кога сето ова е многу типично. За ноќно будење имај на ум дека она воопшто не се буди туку дека таа спие, ако и се отворени очите и вришти. Во момементите кога плача таа всушност уште спие и не разграничува јаве од сон. Најдобар начин е да не ја подигнуваш од кревет и да не пробуваш да ја мрдаш од позицијата во која е зошто со тоа всушност ја разбудуваш и и правиш полошо, уште повеќе се унервозува. Седни до неа, до креветот и збори и (не е паметно ни да ја пипаш), само збори и да ти го чуе гласот...ништо друго...тоа е единствен лек и ќе помине за некои 3 до 6 месеци. Знам дека во меѓувреме ти се чини дека нервно ќе попушиш ама имај на ум дека на детето не му е ништо. Тоа само уште нема развиен осет за што е реално а што сон и бидјеќи се јавуваат развојни фази во развој на мозок кои се како квантен скок тоа е само начин мозокот да се издува...сега многу лаички ти објаснувам, ама тоа е од прилика поентата. Ако сакаш прочитај на нет имаш полно на оваа тема, стави на англиски toddler night terrors. По однос на дневното однесување, најголемата грешка што ја правиш е што објаснуваш и викаш и кажуваш не. Со тоа само ја влошуваш ситуацијата зошто ќерка ти ова однесување го прави од две причини, една е да привлеќе внимание пошто веќе не е центар на внимание -ТИ во нејзината глава сега само за бебето се грижиш, и второ има проблем на таа возраст со фонд на зборови со кои може да изкаже како се чуствува и плус не ги знае уште сите емоции и зошто и како минува низ нив и затоа едиснтвен начин и е да направи тантрум (вака се вика ова на англиски и имаш доста статии и на оваа тема). Единствен лек е да ја игнорираш скроз...под скроз се подразбира да не и се обраќаш, да не ја гледаш во очи, да не ја костатираш воопшто. Значи, ништо нема да и се случи - само ќе заоѓа од викање, ама ништо не може да и се деси. Ќерка ми има на неколку пати повраќано од заоѓање во тантрум состојба...Верувај ми проверено ми е и со педијатар и со детски психолог и плус од пракса ти кажувам, само тотален игнор....ништо друго нема да помогне...со тотален игнор покажуваш две работи 1. дека такво однесување не толерираш и не поддржуваш и со него не се привлекува внимание и 2. дека со такво однесување ништо нема да добие...кога ќе се смири, ќе ја земеш во раце и тогаш ќе разговараш со неа ... нема да исправаш криви дрини, само ќе и кажеш дека како што видела со тоа однесување не добила ништо, дека има друг начин да се искаже бес и лутина на кои таа има полно право и дека вие дома на ТОЈ И ТОЈ начин искажувате бес и лутина (понуди и го начинот). Јас на примерс екогаш и зборев на ќерка ми дека мора прво да каже што и е ако сака да ја констатирам и да и помогнам и да и удоволам на барањето и дека ако е лута што не и удоволувам може да оди во своја соба да нацрта цртеж, да фрли некоја мека играчка од ѕид, итд...ама дека само со разговор и искажување на емоција ќе решиме се....Тоа почна да се исплати дури од нејзина 5-та година...значи ова е долгорочен процес но мора да го издржиш...со плашење нема да постигнеш ништо бидјеќи таа знае дека тоа не е точно...исто така на сабајле кажи и како ќе го поминете денот и што и како таа треба да ти помогне околу бебето, што е нејизна обврска. Можеш тие обврски, плус и уште некои пожелни однесувања (као на пример не трескање од земја, сама да јаде, да се облече или што и да е више ти што ќе одредиш) да ги ставиш на хамер - таа нека ги нацрта, а ти нашиши ги и напрај колона за секој ден од неделата. Секогаш кога ќе се понаша соодветно и ќе ти помогне ќе добие ѕвездичка и ќе ја залепите, за 5 ѕвезди добива посебна награда, на пример да иде само со тебе у луна парк или нешто слично што ќе ве вкучи само тебе и неа без бебето и татко и....Имај исто на ум и дека е лута што ти спиеш со бебето а таа мора со татко и...затоа објаснувај и секој ден зошто во моментов тоа мора да е така....а обиди се кога бебето спие само ти и таа да правите нешто и ако не вреска и не се треска од земја додека на пример ти го доиш исто дај и специјална ѕвезда....верувај дека се ова дава резултати...мојата ќе полни скоро 7 години и оваа година е веќе многу друго дете. Карактерот си е тој и пак е тврдоглава и упорна и се, ама веќе одмна не се треска од земја зошто знае дека ништо со тоа не добива...и да ми требаа конњски нерви да истрпам додека она 45 мин секој втор ден се трескаше од земја, ама тоа е....исто така пробај од сеп. да иде у градинка....ќе сфати побрзо дека не е центар на светот и ќе развие социјални вештини

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 146
   RE: Напади на бес кај мали деца
8.5.2015 13:23:45   
Malecka23
Uff probuvam na bilo koj nacin da i posvetam vnimanie so igranje so galenje.Ama luge ona me ignorira nekogas ke me udri ke mi rece nesakam nekogas kogas ne mozam vo moment togas ke i tekne ajde kuli da pravime.I i ostaviv i pelenite sekogas koga go drzam marko i vikam eve ja dada mila gledaj kolku e umna ova ona.Sto i da pravam makar i cistenje i gotvenje probuvam so nejze da mi pravi drustvo da mi pomaga.Ama ne biva.Ne znam mozda sum i jas malku postroga posto sum cel den sama pa moram taka tatko i koga ke dojde uste poveke azdisuva on poveke i popusta,Na momenti e dete angelce ali na momentiuser posted image

Ama delux ne mozes da ignoriras umorot nervozata nespienjeto si go pravi svoeto od edna strana a od dr strana probbav ednas da ja ignoriram pa posle 2h se tresese ne mzoev da ja smiram,Preterano histericna i nervozna

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 147
   RE: Напади на бес кај мали деца
8.5.2015 13:32:11   
Malecka23
I da so Marko spijat vo ista soba samo da ne ja delam i jas so niv.Zanci nisto ne i suskrateno.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 148
   RE: Напади на бес кај мали деца
8.5.2015 13:41:51   
Malecka23
Mi se izgubi cel post.Znaci od koga se vrativ od bolnica jas ja imam zabelezano deka mi e luta.Ama mislev deka pomina.Vo odnos na spienjto ene gi zaedno spijat zaedno jadat probuvam se da pravat zaedno za nekako da se navikne.Prema bbrat i e mn vnimatelna go zaigruva mu tropka ama vaka e ludilo.Bas ko sto kaza nekoj pogore ko detevo da go opsednale vampiri.A za ignorot lelee ne znam iskreno strav mi e a od dr strana brza pomos odma ke mi dojde posto se se slusa i odma sto i pravam kakva losa majka sum itn.....mi se vika mi se placeuser posted image user posted image

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 149
   RE: Напади на бес кај мали деца
8.5.2015 15:36:15   
blue_blue
Малецка 23, не си пробала да ја игнорираш правилно...значи не треба ти де да ја игнорирраш де да пробуваш да ја смириш...треба она сама да си се смири, тоа е поентата...ако сакаш консултирај се со својот педијатар или со детски психолог пошто јас не сум ни тоа ни тоа, ама се убив од читање и стручна литература и искуства на мајки (не од МК, пошто тука владеат други правила за гледање деца секако диригирани од „бразата помош“) и како што ти пишав ги прашав и педијатарот и детскиов психолог, така да бев сто посто сигурна во тоа што го правам дека не е штетно за неа. Пишав погоре и дека неколку пати повраќаше од плачење и неколку пати 2 саати после се треесеше и липташе и едвај зимаше воздух...Никад не се посомневав во она што го правам. Страшно ми беше тешко да го гледам детето така, ама еве го се исплати секоја моја солза навечер кога сум мислела дека сум лоша мајка и сите нерви кои ги искинав дур дојдов до игнорирање и истрајност во тоа... Исто имав одгледано и една емисија на BBC мислам дека беше каде детски психолог советува самохрана мајка како да се понаша со син и...и става камера дома и после заедно ја гледаат...после тоа психологов и кажува како и што ќе прави и мајкава има бубица со која збори со психологот и оваа и дава совети на лице место...значи причата е таа, детето се треска од земја од причините кои горе ти ги наведов...едини начин е тотал игнор за да сфати дека ништо ама баш ништо не добива со тоа...колку повеќе се трудиш да и одиш по газот толку повеќе ништо не постигнуваш...таа знае само дека ти привлекува внимание, не и е неа битно дал ти викаш и се нервираш или си добра со неа., неа и е важно само дека во даден момент ти си и на неа псоветена а не на бебето...за да сфати дека ќе и се посветиш т.е. ќе и обрнеп внимание само кога соодвтено се понаша, ова несоодветеното мораш да го игнорираш...и не е важно нон стоп со брат и да ја вклучуваш, неа и треба време и само со тебе...значи земи нацицја бебе и прати го кај брзата помош да се занимава и да и одвлечеш внимание а ти со неа прави нешто...секогаш кога ќе можеш....исто така имај на ум дека првиот пат кога ќе ја игнорираш нападот на бец ќе биде најбрутален...ако можеш оди во друга соба...тргни и се од видно поле...или седи во иста соба ако мораш ама понашај се скроз како да не си тука...а на брзата помош...прво кажи му на маж ти да иде и да збори со свекор ти дека ти си мајка и дека ти знаеш што правиш и дека ти и тој сте се договориле за методот кој ќе го применувате на детето што е ваше право како родители...свекор ти има право да се понаша со детето како сака ама кога е сам со неа. Во твое присуство ТИ ќе кажуваш како...ова јасно и гласно ставете му го до знаење...ако ти дотрча и ти се побуни избркај го од дома...ич да не ти чури...јас мајак ми два пати ја имам избркано од кај мене заради ова...се лутела не се лутела гајле ми е...јас знам што правам, доволно сум возрасна и свесна и совесна...и на свекрва ми и имам повишено тон за истово и никад више не ми пререче....мораш ТИ да ја превземеш ситуацијата вос вои раце за твое добро и за доброто на детето...ако сега го испуштиш ова, голема е веројатноста да имаш разуздана тинејџерка за 10 години...

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 150
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 5 [6] 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 5 [6] 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?