|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Леб
4.3.2013 14:37:26   
Natuska85
Лебот ни е слаба страна.Штом виде што и да е тестесто шизнува детето и нема шански да не му дадеш ќе плаче ќе се корне. Затоа често го кријам дома па прво ќе му дадам неговиот оброк а после седнуваме ние да јадеме и он со нас редовно леб јаде. Вчера правев калцоне дома и кифлички со мармалад, абе цел ден на леб мислам беше. Додека се печеа стоеше до шпорет и подголтнуваше дури мисламuser posted image .Инаку имаше и за него спешал само со кашкалавuser posted image , а вечераше кифлички со мармаладuser posted image .

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Леб
4.3.2013 14:50:55   
sandriana RR
Секогаш се обидувам ручекот да го протераме без леб-бидејки детето мое е лебар, и секако појадокот и вечерата се некоја варијанта со лепче, сметам дека нема потреба да го форсираме и за ручек. ова зборам за викенди и празници, преку недела ручекот и е во градинка, па не можам да коментирам за таму user posted image .
Ако е нешто манџесто за ручек - го пасирам или блендирам погусто,и сама јаде со лажичката, па заборава на лебот, ако е цврста храна - пак се занесува во моментот дека јаде сама, и така го избегнуваме.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Леб
4.3.2013 15:10:22   
AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana

Секогаш се обидувам ручекот да го протераме без леб-бидејки детето мое е лебар, и секако појадокот и вечерата се некоја варијанта со лепче, сметам дека нема потреба да го форсираме и за ручек. ова зборам за викенди и празници, преку недела ручекот и е во градинка, па не можам да коментирам за таму user posted image .
Ако е нешто манџесто за ручек - го пасирам или блендирам погусто,и сама јаде со лажичката, па заборава на лебот, ако е цврста храна - пак се занесува во моментот дека јаде сама, и така го избегнуваме.


Точно и ова сакав јас да го кажам! Значи не сум луда што не му давам леб за ручек, кога си јаде лепче во другите оброци.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Леб
4.3.2013 15:30:55   
elenak
Мојава може е уште мала, ама леб имаме само еднаш дневно на мени. Ако е во појадокот, тогаш со вечерата нема, а со ручекот скоро никогаш. Ептен ако е многу течно, ако ми се истури повеќе водичка па да згуснам. Мислам дека нема многу аир од јадење леб. Еден искусен педијатар на кој му верувам кога слабо ми напредуваше Ј во килажа ми рече: Сакаш да го згоиш детево побрзо без разлика дали ќе јаде здраво? Тогаш само давај и почесто јаглехидрати, леб, тестенини.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Леб
4.3.2013 15:45:13   
Bethany
Мојот син не е некој љубитељ на леб, а инаку се сложувам со еленак дека без лебот се може-ништо не се пропушта. Ако во јадење основа е компир или ориз тоа е најдобра замена за лебот, а пак јас лебот му ставам само во такви некои манџи како леќа или гравче, чисто ете оти така ми е повкусно.
А ретко имаме леб инаку, подобро е да изеде чиниче овесни снегулки наместо кришка леб со нешто. Не ме разберите погрешно, немам ништо против леб, туку само сакам да речам дека тој не е неопходен ако се во храната вклучени житарки на друг начин.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Леб
4.3.2013 15:46:15   
Maca25
Јас дома леб многу ретко и давам. И така во градинка имаат и за појадок леб и за ручек со манџата им даваат леб, дома и давам леб намачкан со нешто ептен ако не знам што да и дадам да јаде. Она додуша не знам зошто некогаш си бара само леб, сув и маслинки на пр. или салата, ама тоа ретко. И бел леб не јадеме, мм може по грешка само некогаш да купи, купуваме најчесто ржан или пченкарен.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Леб
4.3.2013 16:08:37   
vezilka RR
Никола скоро и да не јаде леб, ич не го сака. Колку јаде во градинка, толку му е леб во менито. Јас евентуално му давам 2 пати во неделата најмногу, ако ептен немам што друго да му дадам за вечера, и тогаш морам да му го замаскирам со многу кашкавал или сирење. Досега никогаш му немам дадено леб со ручекот, или да му ставам во манџичка или супа. Кога самиот не го сака лебот, сметам дека нема потреба да му го давам.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Леб
5.3.2013 13:36:56   
dostickage
I V ne jade voopsto leb. Ponekogas ima denovi kade sto voopsto nema kasnato lepce.
Pred nekoe vreme bea sami so mm , i go natepal 3,5 kriski leb pa ocekuvav da mu se slosi ama nisto ne mu bidnauser posted image
Inace doma site jademe integralen leb Nutri so soncogled taka da moze da se sobere 2-3 pati nedelno vkupno da jade leb.
Ponekogas koga kupuvame belo toplo lepce od Pastel znae da ja gloda sredinata do pola ama toa e navistina retko mozebi ednas mesecno.
Inaku se drugo si jade i mnogu saka domasno meseno testo, duri znae i da mi pobara da mu napravam pita ili kiflicki. 

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Леб
5.3.2013 13:41:21   
Mihaela 2010
Nie isto koristime Nutri so soncogled,ama moevo dete ide od krajnost vo krajnost...leb namackano so nesto nejke da cue,mnogu retko ako kasne,vo mandji i stavam,a da suv leb krka,i toa ke mi rece sakam suvo lepce,ke i recam abe da ti namackam so nesto?neee suvo ,i taka znae cela kriska da si izede

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Леб
14.7.2013 20:52:07   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama78

Vcera slusnav od pekarite deka ete stetno bilo za decata do 3 god da jadat crn leb! Dodeka pak beliot sodrzi gluten. Sega kako da se odlucime sto e podobro za nasive dusicki? Moeto ima 8 mes i ima ruckano pavlaka so bel leb a i denes na menito imame toa.Ako imate nekoi poznavanja piset_e



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Леб
15.7.2013 12:05:37   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: mama78

Vcera slusnav od pekarite deka ete stetno bilo za decata do 3 god da jadat crn leb! Dodeka pak beliot sodrzi gluten. Sega kako da se odlucime sto e podobro za nasive dusicki? Moeto ima 8 mes i ima ruckano pavlaka so bel leb a i denes na menito imame toa.Ako imate nekoi poznavanja piset_e



Глутен секако треба да се воведе во исхраната од 6от месец, и како што не треба да се воведе прерано, не треба ни предоцна. И невнесувањето на глутен (доколку нема некоја оправдана причина, нели), си има свои последици.
Така да сметам дека каснувањето по едно лепче/кришка бел леб нема да му наштети на бебето/детето. Повеќе ми е проблем адитивите во лебот, отколку глутенот. Ако сте во можност, правете си дома лепче, но доколку немате можност, умерен внес на леб не е штетен. За црн леб не би шпекулирала, немам точни информации, иако јас досега (речиси 2 години), не сум го дала на дете.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Леб
21.8.2014 23:12:36   
Melanija RR
Јаде леб со к.млеко и јогурт, но се мислев за ситос да му ставам малку леб во зеленчуковите каши.Пробав еден ден со вртеше со глава па продолжи само каша

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Леб
24.7.2015 14:53:25   
Melanija RR
Ау после 1 година контра.Околу 19месеци а види леб бара да јаде и тоа со викање.Леб на маса мора и од и тоа така сув или со нешто да му се мака.Некогаш така знаи и сам да побара.Но веќе од 21-22 месеци почнав и со ручекот да му давам за да се засити ,И така манџичка и 2 кришки леб user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Леб
24.7.2015 23:54:55   
lukajana RR
Јас леб давам по малку таму каде мислам дека може да се даде ,а и Ј знае сама да побара некогаш и не и бранам ама и многу не го форсирам ако нема потреба не инсистирам

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Леб
25.7.2015 12:49:31   
Melanija RR
Јас дури и бранев,ама како растеше сакаше и го заситуваше.М е дете кое јаде и количински но за ситост давам и леб со ручекот

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Леб
25.7.2015 15:18:23   
Defne90 RR
Леб јадеме онолку колку што си е нормално.Ни помалку ни повеќе.Кога јадат некоја манџа во неа им го дробам,инаку така посебно не сакаат со манџа да го јадат.Инаку кога имаат нешто суво за јадење си јадат по едно до две парчиња леб со тоа.Сепак не претеруваме,се си е во границите на нормалата.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Леб
27.7.2015 13:07:15   
sandriana RR
Ќеркулињата ми се лебарки невидени user posted image
Прва чешалка за заби, со навршени 6 месеци, им беше младо кромитче/лукче и корка леб. Така навикнаа кога имаат мака со забите - кога им растат, да глодаат лепче.
Илина сега, со полни 10 месеци јаде една срединка лепче за појадок или вечера, намачкана со некој намаз, а за ручек не давам леб.
Тина, од лани и премина во навика од градинка да јаде сув леб ( и тоа не е повеќе од една тенка кришка) кога не знае што со себе или има потреба од грицкање. Инаку, преку недела јаде за вечера тостирано лепче со намаз ( кришка или кришкаипол).

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Леб
27.7.2015 15:24:38   
MamaKiki
leb mu dadov docna na S nekade so polni 8 meseci proba gluten i posle nekoja nedela mu dadov lebce vo raka ama cesto ne znae so da pravi so nego pa go frla user posted image
nesto pred 9 meseci pocna da se odbiva od pasirana hrana samoto ,se macevme za jadenje i pocnav da mu makam so leb i si jadeshe user posted image sega e veke nekolku denovi pred polni 11 i veke jade i teleshko ako e na sitni parcenca ama cel mesec dodeka da bidam sigurna deka znae da zvaka bevme na leb barem vo 2 obroci ne jadeshe mn kolicinski ama morashe da davam za da sovlada zvakanje eve sega veke namaluva na lebot :) obozava leb namackan so puter (sreda od edno parce ) tostirana kolku da se stopi puterot i da omekne so prilog od kiselo mleko/pavlaka ili abc sirenje a cesto i varena zolca mu mesham vo "namazot' i ic ne se protivi si ja jaadi user posted image
a da sestra na sovetuvalishte me iskara koga i kazav deka leb ne mu davamtoa beshe okolu 9 meseci, demek piramidata na ishrana mi kazuvala se najvaznoto i najagolemoto nivo bilo na leb, testenini, i zitni prerabotki user posted image zatoa i mnogu ne mu se sekirav periodot od okolu mesec dena deka jade poveke lebaasto

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Леб
28.7.2015 4:53:40   
bucko mal

M ic ne jade leb I ako kasne malku ke go jade suv pa posle prodolzuva da jade glavno jadenje. Neznae da jade zaedno.
Za vecera obicno jade nesto namackano so leb, a ako se pogodi nesto testenini da vecerame ili nesto drugo znae so denovi da ne kasne leb.

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот MamaKiki)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Леб
28.7.2015 10:44:56   
AnnaMolly RR
Филип за ручек не јаде никогаш леб, само манџичка и салата.
За појадок или вечера обично си јаде леб, па сметам дека нема потреба да јаде и за ручек. Така си се научи и сега не сака лепче за ручек.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Леб
2.10.2015 10:42:32   
sandriana RR
Девојки, дискусијата по прашањето на tincule може да ја продолжиме тука - Справување со нејадењето, а искуства има и овде - Не сака да јаде

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Леб
26.11.2015 11:38:49   
Lala*
Омилено нешто на малово му е леб со кашкавал, може дека кога бев трудна најмногу тоа го јадев user posted image . Уште не сме пробале корка, само средината ја јаде. Имаме две запчиња и третото ни расте, сите му се доле па ќе пробам денес да видам дали ќе ја сака да ја грицка.Може убаво ќе му дојде на непцата. user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 97
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?