|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  40 41 [42] 43 44   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Проблеми со доењето
19.2.2016 16:59:07   
lolla RR
Супер Беа, само напред. Барај си и пумпа и да ти го носат, јас на 3 саати и ноќно време го барав. Ич да не се срамиш, викаај им да го носат гладен демек да измериш колку цица итн.. сега е најјакиот колострум нек си го исцица бебе. Ајде мама уште некој ден па дома ке е за нешто полесно за нешто потешко.

< Поракaта ја уредил lolla RR -- 19.2.2016 17:00:27 >

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1026
   RE: Проблеми со доењето
20.2.2016 18:56:35   
Kvisko
Bea уште ти е рано за убаво да фати. Ќе видиш штом ќе можеш да седнеш на кревет има многу поубави позиции. Барај ја Вале убавонда ти го намести. Мене она ми покажа супер позиција баш за таква вилица кај бебетто.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1027
   RE: Проблеми со доењето
20.2.2016 19:07:58   
Bea
Kvisko, te molam opisi mi ja taa pozicija?
Inaku jas imam mleko, no seuste nedovolno. Pijam hip caj, a od utre zdravje i ke se odmolzuvam doma.
Bebus e non stop so mene, go stavam na grada mnogu cesto, megjutoa i go dohranuvaat.
E sega, uste ne moze da fati gradi. Toa se takvi borbi, ama zaludno. Sekako probavme so sestrive, polozbi, stikanje, mackavme bradavici so mleko - on e samo nervozen, se vrti levo desno, se vcrvenuva, ednostavno odbiva.
So silikon nauci da faka, mada e mrzliv, pa samo se potsetuvame.
Sto mislite za doenje so silionska bradavica i dajte sovet kako da se mafneme od nea?
Jas sum spremna 24h da se zanimavam so doenje, samo da nemame dohrana i da cicame.direkt od cice...

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1028
   RE: Проблеми со доењето
20.2.2016 22:23:04   
lukajana RR
Веа а во која положба сте пробале да цицате ?
Кај мене Ј кога се роди имаше вовлечено долно усте и најудобно ни беше и уште ни е во лежечка позиција односно легнати една до друга .
Сме пробале да седам и да ја држам во рака ама многу тешко одеше.
Не се нервирај само полека ке почне да цица убаво ,само треба време и трпение

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1029
   RE: Проблеми со доењето
21.2.2016 12:15:30   
blue_blue
Bea, моите цицаа само со силиконска бидејќи имам вовлечени брадавици. Од ден еден додека не прекинавме доење некаде после 9 месеци секој подој беше со силконска. Имав 4 од Medela. Јас баш бев среќна со силиконските зошто никогаш немав рагади или рани и цицањето не беше болно. Единатвено што мораш да ги стерилизираш ама па мене тоа не ми беше некој проблем. Така да не гледам причина да ја откачуваш ако бебето преку неа цица.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1030
   RE: Проблеми со доењето
22.2.2016 8:41:39   
Bea
Еве не нас дома, после првата ноќ сами.
Не испратија со препорака за дохрана 30мл на 4 часа, останатото доење.
Јас не се придржувам целосно на ова, форсирав доење, дохрана дадов два пати. Многу ми е криво и таа што ја дадов, ама се плашам дали му е доволно. И кога му ја дадов си ја испи на екс...
После подој измолзувам максимум 20мл на градата од која доел и тие му ги давам со шишенце.
Колку време е потребно за измолзување во просек? Мене за овие 20мл ми треба половина час со рачна пумпа.
Целата сум збунка.
Сабајлево го надоив во 6, па во 8 уште заспан го ставив на града и цицна малце и си спие сега.
Мокри пелени на секое пресоблекување...
Во ред ли е ова?

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 1031
   RE: Проблеми со доењето
22.2.2016 9:14:16   
Snowhite RR
Bea со царски покасно доаѓа млеко, мене по 10 дена ми надојде, ама сепак повеќе форсирај доење, помалку од шишенце, зашто така е полесно и ако се навикне може после нема да сака да цица. Обично докторите советуваат на 2 часа да се будат, ама ако спие не мора да го будиш, значи не е гладно. За пелените не е проблем, јас за Јана памтам до 3 месеци кога и да ја преслекувам пелената беше полна и со мочки и со каки, тоа е нормално, не се грижи за тоа. А дали сега фати бебето да цица? И не се секирај дали е гладно, ако е ќе ти каже верувај user posted image Ако не плачи и си спие значи не е гладно.
Пиши како ќе напредувате

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1032
   RE: Проблеми со доењето
22.2.2016 11:38:28   
Kvisko
Bea мене ми го ставаа легнат на перница како под рака да ти дојде. На Google најди слики за footbal hold. Претпоставувам и тоа сте го пробале. Јас доев две недели со силиконска зарадин вовлечени брадавици па по преоорака на педијатар он ги извлече демек подобро било така побрзо доаѓало млеко и повеќе ќе јадел. Мојот ептен има јак рефлекс па влече мада сега гледам дека не е страшно ни со силиконска да е цело време.
Јас инскстирав на доење и завршив со плачлкво бебе кое пиштеше цечжл ден зашто беше ненајадено. Сега имам три пати дохрана и доење остатокотбод времето и некогаш пак со силиконска и баш ми е гајле. Битно да наптедува да е среќен и насмеан а принципи од типотноредн даваат за мајки што дојдат се скроз небитни.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 1033
   RE: Проблеми со доењето
22.2.2016 12:59:58   
Kvisko
Ми помина времето за уредување додека бебе јадеше.
Се извинувам на печатните грешки.
Сакав самл да ти кажам дека мене за надоаѓање на млеко ми оомага ЛактаМикс на Алкалоид. Некако повеќе ми одговара од Хипот. Има и уште еден микс се куоува во Билната Аптека на Алкалоид и е со сличен состав како ЛактаМикс само бил за помош за грчевите на бебето.
Битното сега е без нервоза и полека. Ако дојде доволно млеко арно ако не ништо страшно. Со дохрана е пкомплицирано ама се влегува во шема и крај. Битното е бебето да е среќно и задоволно. Во моментов имам бебе со грчеви зашто вчера јадев марула и тоа ми е пожално отколку да му дадам шишенце со Аптамил.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1034
   RE: Проблеми со доењето
22.2.2016 13:02:49   
cika
zdravo mamicki prasanjeto mozebi ne e za tuka ako smeta brisete go da prasam zensko bebe staro 7 dena na tri pati ima krvca na pampers od dundeto se zaprepastiv a pedijataro mi vika moze od hormonite na majkata da se cisti bebeto ako nekoj ima vakvo iskustvo spodelete ve molam kako tocka mala ima na pampers pozz do site

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1035
   RE: Проблеми со доењето
22.2.2016 14:22:37   
Bea
Јас многу сакам да дојам, но не знам каде да ја ставам границата - кога дохрана.
Инаку бебе се навикна на силиконската и си влече. Немам дадено ад од 02:30, значи 12 часа. Цело сабајле беше мирен само на цицање и спиеше по 2h по подој, а сега на 10 мин е на цицка и мислам дека е гладен. Наредно ќе дадам дохрана, па ќе видиме до кај сме.

(Одговор на членот cika)
Непосредна врска до пораките: 1036
   RE: Проблеми со доењето
22.2.2016 17:05:26   
lolla RR
Беа, немам искуство со силиконска брадавица па не можам со тоа да ти помогнам. Но сакам да те охрабрам дека во најскоро време ке си доиш без дохрана.
Млекцето се регулира првите 6 недели, значи немој уште сега да доаѓаш до заклучок дали имаш или немаш доволно. Исто така, само во Мк мислам дома сите ги испраќаат со дохрана, а не треба така. 5мл од твојот колострум не може да се спореди ни со 50мл дохрана, а они што не советуваат дохрана па дохрана. Според мене мерило е колку напреднало, па ако по 1-2 недели се покаже слаб напредок да се уклучи дохрана. Јас се измолзував по секое цицање, и колку одмолзев (најчесто 10-20мл) му давав по следен подој. Само еднаш во ноќта му давав дохрана и тоа беше околу недела дена. Ако можеш додека бебе спие разлистај енколку листа наназад на темата Доење има многу искуства (околу пиењето од шише, измолзување). Не гледај на саат, бебето секоја шанса која ја имаш ставај го на града. Ако е мрзливо итн соблечи го по памперс, кожа на кожа покриено со кебенце и така повеќе цицаат. Првите денови се тешки, но упорноста се исплати, нема поубаво нешто од бебе на цице.
Засега терај си ти како мислиш дека е најдобро за него, па набрзо за некој ден ке имате контрола, па ке те советуваат што натаму.

< Поракaта ја уредил lolla RR -- 22.2.2016 17:14:31 >

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1037
   RE: Проблеми со доењето
22.2.2016 18:30:28   
Bea
Не ми е ништо тешко и спремна сум се да направам, но не ми е јасно дали бебето е гладно или не.
Еве што би направиле во мојата ситуација: бебе цело утро до 12h беше на цицање, си беше мирен, си спиеше. Во 12h почна да кенка и го ставав на града на секое кенкање. Бебе влече, ама незадоволно
И сега што би направиле? Да продолжам со цице, а бебе да кенка или да дадам дохрана?
Јас дадов и ме интересираше дали ќе ја испие цела - ја испи. И после тоа мирно си заспа. Јас заклучувам дека бил гладен.
Ако упорноста се состои во тоа да го држам на цице уште 10 саати - нема проблем. Но нема ли да му наштетам на своето дете држејќи го гладно???

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1038
   RE: Проблеми со доењето
22.2.2016 22:08:18   
Kvisko
Bea супер си направила. Јас така терајќи памет го изгладнев. Секое бебе си е приказна за себе и тоа е тоа. Ако изгледа гладен и незадоволен а цицал тогаш е гладен. Твоето е големко бебе и му те ба храна. Следи го него и тоа е тоа. На контрола секамо ќе ти кажат дали е ок ама ако плаче после подолг подој или после константно цицање на 10 минути дај му дохрана не го мачи. Млекото ќе ти надоаѓа и во следниве денови па ќе укинуваш постепено дохрана. Инаку колострумот си го испил без гајле тој доаѓа пред да се појави вистинското млеко.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1039
   RE: Проблеми со доењето
23.2.2016 11:29:31   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: cika

zdravo mamicki prasanjeto mozebi ne e za tuka ako smeta brisete go da prasam zensko bebe staro 7 dena na tri pati ima krvca na pampers od dundeto se zaprepastiv a pedijataro mi vika moze od hormonite na majkata da se cisti bebeto ako nekoj ima vakvo iskustvo spodelete ve molam kako tocka mala ima na pampers pozz do site


cika, ТУКА го префрлив твоето прашање, се надевам ќе се споделат искуства и ќе се реши бргу проблемот.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот cika)
Непосредна врска до пораките: 1040
   RE: Проблеми со доењето
23.2.2016 11:50:18   
lolla RR
Bea, не сакам да ти дадам некој совет па да излезе сротивно од тоа па да се нервираш. Следи го бебето, но не е мерило само плачот, може веќе да почнува и да има грчеви или пак сака да биде држено или од мал милион други причини. На секои 2-3 часа треба да имаш полна пелена со мокрача која треба да е светла. Устичето да не му биде сувко, тоа е знак дека не примило доволно течност.

За пиењето од шише, кога бебето цуца (а си го има инстинктот) од шишето непрестајно му тече и затоа си го испива.

И уште ова, колострум има до 6тата недела од животот на бебето, не е како првиот но дури потоа доаѓа зрелото млеко.

Се сетив само уште ова да допишам и ке завршам со попувањето. Градите функционираат на принцип побарувачка - понуда. Значи колку бебето ке исцица или ти ке одмолзиш, толку ке се создаде. Во периоди кога бебето има скок во развој, 3,6,9, ден, недела и истите месеци, бебето цица почесто и малку на празно влече за да им каже на градите да почнат да создаваат повеќе.

Зошто мора да се сомневаме во мајка природа која е совршена, ретко која жена заради одредени околности не може да дои, а сепак се поголем број мами дохрануваат заради постојаните сомнежи дека немаат доволно млеко кои најчесто им ги наметнува околината.

Беа ке ти пратам ПП со некои линкови од специјалисти за лактација.

< Поракaта ја уредил lolla RR -- 23.2.2016 12:03:04 >

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1041
   RE: Проблеми со доењето
9.3.2016 18:07:02   
Kvisko
Lolla е баш ме заинтригира ова со колострумов и никадд не можев да најдам дека се лачи до 6 недела. Најдов само на едно место дека кај предвремено родените бебиња кај мајката 6 недели се лачи млеко налик на колострум зашто такво им треба а потоа кај мајката надоаѓа млеко што би надошло како кај мајка породена во 40 недела. Ова беше кај некој Тори Хадсон а никаде на друго место не најдов ништо. Ај ако не ти е тешко посочи ми ги другите ресурси. Чисто да си прочитам зашто и е баш ново.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1042
   RE: Проблеми со доењето
11.3.2016 19:32:20   
Bea
Драги мои, не можам да најдам време да пишам на темава.
Бебуш е 3 недели стар, уште се бориме со цицање со силикон, моите дилеми дали влече доволно, дали имам доволно млеко, а да не правам муабет колку психички мe утепа моментот што не го дојам ексклузивно детето.
Но, ден по ден бележиме напредок. Денес бевме на мерење и напреднал 110 гр за нецели 3 дена, повеќе на мајчино млекце, отколку на дохрана, па ќе намалуваме и понатаму.
Јас измолзувам на 2 часа, а он цица со силикон. Уште го надминуваме моментот на заспаност и навиката на шише, се надевам ќе успееме и ќе прифати конечно цице.
За сега сум задоволна со оваа мала победа, дс внесува што повеќе мајчино млеко, не за друго, туку дека е многу мал па е од непроценливо значење за него секоја капка.
И да, да им кажам огромно фала на Лола - за советите и охрабрувањето да не се откажам од идејата да му го скратам мајчиното млеко на синчето и на Квиско за поддршката дека и покрај дохраната сум подеднакво добра мајка на своето дете.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1043
   RE: Проблеми со доењето
11.3.2016 21:11:18   
Hopeful RR
Беа, тој психолошкиот момент сите не погодува, јас па амбициозна дека ќе дојам близнаци ексклузивно, ама реалноста е поинаква, нештата не секогаш се така едноставни. И мене не ми беше лесно со дохраната, но за кратко време сфатив дека тоа не ме прави помалку мајка, или помалку добра мајка, така што престанав да се замарам.
За доење е најбитна самодоверба и упорност, а дури и да не фати бебе да цица, со измолзување може да се тера скоро до година, така што не се секирај. Секако, ставај го почесто на цице, и ќе фати. Без силикон не му успева?

Секое бебе е различно, не се они машини, и некое фаќа одма, на некое му треба време... јас тоа го видов од прва рака, Ј за кратко почна солидно да цица, а на М му требаа сигурно 6-7 недели... И денес, Ј кога ќе фати да цица има една сила, а М друга, но важно ми е да цицаат, колку може - толку. Дохрана давам по потреба, додуша сега јадат и се помалку и сакаат млекце...

Ајде само позитивно! Напредувањето ви е топ, само продолжете user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1044
   RE: Проблеми со доењето
12.3.2016 10:35:15   
lolla RR
Во гужва со бебуш што проодува, па немав многу време за да пишувам.

Квиско, тој податок за колострумот ми го даде педијатарот во Систина, а ако се сеќавам убаво го има и во таа брошурата од Систина (ама не ме држи за збор).

Беа, доела еден или 101 ден, па или ниеден, ти ке си најдобрата мајка на твоето синче. На мајките останува да се упорни, односно да направат се што е до нив а остатокот е на бебе.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1045
   RE: Проблеми со доењето
12.3.2016 10:45:09   
СветлеБ
Здраво мамички.
Јас сум тазе мамичка, малиот има 3 недели. Се ни е супер, се прилагодивме дома, ред за цицање како што кажуваат на 2-3 саати не сме фатиле, ама секако секое бебе е различно, кога му се јаде се јавува. user posted image
Но покрај се што е супер, имаме мал, но сепак голем проблем. На едната града ми направи рагада и тоа не е мала. Јас сум упорна да го дојам, но болката не се издржува. Дури некогаш после доење тој повраќа, нормално му смета од раната. И поради тоа што цица не ми заздравува. Дали некоја од вас мамички сте имале таков проблем?
Може сте дискутирале на темата, ама сепак ако може некој да ми каже што да правам за да ми заздраве раната.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1046
   RE: Проблеми со доењето
12.3.2016 11:31:54   
lolla RR
Светле, можеш со мајчино да ја мачкаш, со ланолин, одмивање со камилица и темелно да се исуши брадвката пред да облечеш градник. Мене тоа ми помогна, а ми помина за десетина дена.

(Одговор на членот СветлеБ)
Непосредна врска до пораките: 1047
   RE: Проблеми со доењето
12.3.2016 11:38:37   
СветлеБ
lolla а дали додека ти помина продолжи да доиш или се измолзуваше? Поради тоа што кога тој цица, повторно се разранува.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1048
   RE: Проблеми со доењето
12.3.2016 11:49:48   
lolla RR
Знам Светле, јас наизменично давав по една града, па минуваа по неколку саати. Се разранува знам, но ке мине. Ако убаво цица, нека си цица тој, за да не ти се направи мастит. Важно е ако можеш биди топлес на таа града, ставај млекце или ланолин, ке мине за неколку дена. Посети и педијатар ако се плашиш, рагадите обично настануваат од неправилна положба на бебето при цицање. Пишувај ни како ке се одвива ситуацијата.

(Одговор на членот СветлеБ)
Непосредна врска до пораките: 1049
   RE: Проблеми со доењето
12.3.2016 12:37:17   
Neurotoxin RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: СветлеБ

Здраво мамички.
Јас сум тазе мамичка, малиот има 3 недели. Се ни е супер, се прилагодивме дома, ред за цицање како што кажуваат на 2-3 саати не сме фатиле, ама секако секое бебе е различно, кога му се јаде се јавува. user posted image
Но покрај се што е супер, имаме мал, но сепак голем проблем. На едната града ми направи рагада и тоа не е мала. Јас сум упорна да го дојам, но болката не се издржува. Дури некогаш после доење тој повраќа, нормално му смета од раната. И поради тоа што цица не ми заздравува. Дали некоја од вас мамички сте имале таков проблем?
Може сте дискутирале на темата, ама сепак ако може некој да ми каже што да правам за да ми заздраве раната.




Здраво Светле.
Ништо подобро и побезбедно не помага како маслените капки А+Д. Откако ќе се нацица, измиј се исуши и стави од капките директно, ако не можеш да ја чуваш градата надвор (што реално е непријатно чувство) земи си влошки за гради, стави си, и мачкај се почесто се до наредно цицање. Малиот нека цица, додека да завлече убаво ќе стискаш заби, после ќе отрпнеш на болката, малце побавно ќе оди вака залекувањето на рагадата, но ќе се залечи, превентивно мачкај од капките и на другата брадавица. Го знам чувството и после 3 ипол години го осеќам како вчера да било.

(Одговор на членот СветлеБ)
Непосредна врска до пораките: 1050
Страница:   <<   < Претходна страница  40 41 [42] 43 44   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  40 41 [42] 43 44   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?