|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  40 41 42 [43] 44   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Проблеми со доењето
16.3.2016 12:06:40   
СветлеБ
Ги користам капките AD повеќе време, но рагадата не ми поминува, сега земав една маст ке пробам со тоа. Но овие два три дена забележувам црвенило околу брадавицата, на ареолата. Ме плаши да не е, недај Боже, некое лошо воспаление. Бидејки кога цица малиот ја издрзувам болката, но по цицањето некогаш ме боли не само брадавицата туку целата града. Од што може да е тоа?

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1051
   RE: Проблеми со доењето
16.3.2016 12:31:51   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: СветлеБ

Ги користам капките AD повеќе време, но рагадата не ми поминува, сега земав една маст ке пробам со тоа. Но овие два три дена забележувам црвенило околу брадавицата, на ареолата. Ме плаши да не е, недај Боже, некое лошо воспаление. Бидејки кога цица малиот ја издрзувам болката, но по цицањето некогаш ме боли не само брадавицата туку целата града. Од што може да е тоа?

Јас би се консултирала со доктор, ако веќе нешто се користи, а проблемот не поминува, туку напротив се влошува. Претрчај да те прегледаат.
Инаку, само за инфо, кога јас имав рана на брадавката од гриз на бебе (значи не рагада), ми помогна маст Флугоцид (не знам дали ја има во аптеки, јас ја набавив од ветеринарна амбуланта).


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот СветлеБ)
Непосредна врска до пораките: 1052
   RE: Проблеми со доењето
16.3.2016 12:41:23   
СветлеБ
Синчето ми е еден месец, ми направи сега рагада, додуша како рана ми е големо. А страв ме фака после што ке биде кога ке порасне и кога ке му никнат запчињата. Sandriana до колку месеци ти го доеше твоето?

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1053
   RE: Проблеми со доењето
16.3.2016 12:53:31   
sandriana RR
Уште дојам, има 18 месеци.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот СветлеБ)
Непосредна врска до пораките: 1054
   RE: Проблеми со доењето
16.3.2016 18:33:57   
lukajana RR
СветлеБ и јас би те советувала да одиш на лекар ако е толку сериозно ,ке ти даде некоја маст .
Јас сум користела маст ама одамна беше и не ми текнува точно како се викаше мислам Пантексол така нешто.
Гледај сега да ја излечиш кога бебе ке увежба цицање нема да ти се разрануваат градите.


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1055
   RE: Проблеми со доењето
16.4.2016 15:24:00   
Bea
Одамна не сум пишала, со бебуш нон стоп акција.
Полека го фаќаме редот со цицањето и се надевам дека месецов ќе успееме само да се доиме.
Инаку многу мака истргав, ама упорноста се исплати. Прво не сакаше да фати града, па со силиконска брадавка цицаше. Така пак не можеше да довлече убаво и нон стоп гладен. Мене млекото и така и така и почнавме со ад. Многу тешко го прифатив тоа, плачев на секое шише што го пиеше.
Но со упорност успеав да ја зголемам лактацијата, малку ќе цицне, повеќе мајчино млекце на шише и стигнавме на дохрана до еднаш или два пати на ден.
И конечно златото мајкино пред 2 дена фати и града! Ќе пукнам од радост и милост :)
За сите нови мами, бидете упорни. Нам многу ни помогна Калмата на Медела за да не се одбие. Инаку тргнавме со Авент шишиња и за малку ќе ја зезневме работата.
Се надевам дека ќе имам доволно млеко за комплетно да ја тргнам дохраната и дека ќе се доиме многу месеци.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1056
   RE: Проблеми со доењето
27.5.2016 8:06:11   
СветлеБ
Еве и јас немам одамна пишано, ама додека малиот малку не потпорасне, нема многу слободно време за нет или одмор user posted image
Фала мѕ на Бога ми се реши проблемот. По ова што Ви кажував, после некоја недела ми помина раната, ама со самото нејзино затварање најверојатно ми се затвори и запуши некое каналче и не можеше да ми тече млеко. Ни кога малиот цицаше ни на измолзување. А се погоди викенд и замислете 12 часа да не можам да го измолзам млекото, болки невидени. Среќа веднаш понеделник бев на доктор и ми кажа ако уште малку така останало ке настанал мастит. Ми рече да се измолзувам колку што можам повеќе за да ги разбијам грутките. Па не можам да ви опишам колку тоа боли user posted image дури повеќе од тоа кога имав рана, а малиот цицаше. Ама со упорност и со солзи успеав некаде за недела дена (како да бесе еден век) да ги разбијам тие грутки и се да се врати во нормала. user posted image
Сега еве со полни 3 месеци, ги надминавме тие проблеми, цица и напредуваме супер. user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1057
   RE: Проблеми со доењето
11.8.2016 10:37:45   
палче
Здраво мајки
Јас сум нов член. Имам еден проблем околу доењето. Бебушка е 4 месеци и напредува одлично. Млеко има во изобилство што ми прави проблем. Често градите ми се цврсти и со грутки. Редовно се одмолзувам, топли облоги, зелка, топол туш. Сето тоа помага но веќе еве три ипол месеци сме постојано така. Се понадевав со време ќе се среди но состојбата е и понатаму иста. На два пати се запуши канал, со тњмпература, болки секаде по телото, малаксаноат, но среќа поминав без антибиотик. Постојано аум со страв дека ќе фатам маститис и дека ќе ми се одбие. Имал ли некој ваков проблем? Кога ќе се воспостави лактацијата спрема потребата на бебушот? Навистина би ми значело совет од некој што имал слично искуство како моево. Последниве неколку дена повтормо имам болка во градите инпоинтензивмо се одмолзувам но тоа само провоцира повеќе лактација, а со малку одмолзување само проблем си правам. Совет ве молам.

(Одговор на членот СветлеБ)
Непосредна врска до пораките: 1058
   RE: Проблеми со доењето
12.8.2016 9:44:36   
Neurotoxin RR
палче, убаво си пишала, самото одмолзување ти прави проблем, имаш зголемена лактација. Еден најискрен совет, слободно ставај го бебето на градата на која имаш згрутчување, тоа воопшто не му штети на бебето, никој не може тоа да го извлече како што може бебето, топлите тушеви исто ти одмагаат, ставај го бебето почесто на града нека ја исцица прво едната, нареден подој другата, доколку имаш само болки истрпи некој ден така, ќе се регулира лакатацијата, но доколку креваш температура, тогаш совет мој е на лекар, иако мислам најсоодветно е да се смириш, да ги следиш потребите на бебето и да ги следиш реакциите на твојот организам, нема подобар лек од тоа.

(Одговор на членот палче)
Непосредна врска до пораките: 1059
   RE: Проблеми со доењето
14.8.2016 8:22:02   
Felly RR
Палче може да пробаш и бебето да го доиш само од една града неколку подои по ред,додека целосно не ти омекне,а другата одмолзувај ја по малку. Тоа може да биде 2-3 подои по ред. Потоа ќе го ставиш на другата града исто неколчку подои по ред. И така ќе тераш додека не осетиш дека градите произведуваат поомалку млеко, потоа пак се враќаш на наизменично, еден подој една града, др подој др.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1060
   RE: Проблеми со доењето
15.8.2016 14:21:40   
mommy_angels RR
Јас имав многу,ама баш многу млеко.Значи нонстоп бев со тие влошките за гради и кога ќе почнеше детето да цица од едната града другата ја чувствував дека сама тече.Штом ќе ја извадев градата да цица млекцето почнуваше да шприца под притисок,така што многу пати детето ми се засркнуваше.И да, болат многу градите,ама баш како што ти рече Неуротоксин со одмолзувањето си правиш поголем проблем.Ставај го детето само да цица и не мора баш на два саати,на почеток и почесто,за да се регулира процесот на лактација.Јас лично на почетокот и давав од двете гради по малку,а откако се регулираше почнав на еден подој од едната,па на друг од другата.Само трпение,откако ќе си направите заеднички ред,ќе си биде во ред.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1061
   RE: Проблеми со доењето
15.8.2016 15:25:43   
Kvisko
Јас немав премногу млеко но имав многу проблеми со грутки првите два три месеци. Лекот е само цицање. Пред подок едно 10 минути држев термофор на местото со грутката и потоа бебето цицаше. Не многу вруќ термофорот туку млак чисто колку побрзо да пушти. Менував позиции на доење за да пуштат сите канали. Ако треба неколку подои одеа само на една града и малку на другата па менував.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 1062
   RE: Проблеми со доењето
16.8.2016 1:10:05   
СветлеБ
Здраво мајка,
И јас би ти дала совет да го доиш детето почесто, така побргу ке ти се регилира лактацијата. А што се однесува за измолзувањето и мене така кога ми се насобереше млеко ми течеше и на почетокот се измолзував до крај, ама после да ти кажам искрено кога ке почнеа да ме болат градите и да ми тече млеко, а малиот не цица, се измолзував само толку колку да престане да тече. Иако велат дека треба до крај да се измолзеш за да не дојде до запушување, јас пробав и така и така user posted image Вака по ми одговараше

(Одговор на членот палче)
Непосредна врска до пораките: 1063
   RE: Проблеми со доењето
7.11.2016 13:33:18   
Kvisko
Леле луѓе имате ли искуство со бебе на 10 месеци што одбива да цица. Откако проба јогурт не сака да цица, ама не сака ни да пие АД. Значи преку ден одбива млеко. Сега за сега му криеме Ад млеко во доручек и попладневната ужинка ама не е тоа тоа. Ноќеска дури ни ноќта не сакаше да цица или пие млеко. Едвај му набутав шише со АД.Се разбуди гладен не може да заспие а изводи и не сака да пие. Ќе фати да цица па ќе се пушто после минута, ќе фати да пие Ад па бутка шише. Не знам што да му правам мора барем до година да цица или пие АД.

(Одговор на членот СветлеБ)
Непосредна врска до пораките: 1064
   RE: Проблеми со доењето
8.11.2016 9:02:28   
blue_blue
Kvisko, јас искрено не би се замарала ич. Ако нејќе да цица нејќе...знам сите дека можеби ќе имаат контра мислење, ама искрено мене не ми е јасно зошто дете кое веќе седи, има заби и почнува и да се проодува, внесува цврста храна треба да цица. Мислам дека од тоа мајчиното млеко вече ниедна хутритивна потреба не му се задоволува туку е само „екслузивитет“ на мајката дека ете она може уште да го дои и тоа да биде до неа, а тоа е научено само да има близина со мајката и ништо повеќе. Таа близина по мене може и без цицка во уста да се постигне. Така да, ако не сака да цица, не сака - моите исто се одбија сами нешто после 9 месеци. Додуше пиеа АД, ама ако не сака да пие АД нек не пие внесува ваљда доволно млечни производи преку јогурт, урда, сиренце....ако се буди навечер јас не би му давала ништо за да да го одвикнам од ноќно будење. Реално на таа возраст и нема потреба навечер да јаде...се буди од навика. А ако сепак мислиш дека не може никако да презаспие без храна дај му јогурт во шишето.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1065
   RE: Проблеми со доењето
9.11.2016 13:22:31   
Kvisko
Фала на voice of reason. И јас некако си мислев исто штом одбива дека нема потреба, ама околу мене другарки со совети мора до година такво млеко, една дури дава Аптамил 3 на две и пол годишно дете. Затоа си реков ај да прашам тука за совет.
Деновиве пак смени и ноќе си пие Аптамил одредена количина за да заспие штом ќе се разбуди и вришти зградата ја корне ако не добие млеко кога сака. Сега за сега ќе терам уште малку така па ќе видам околу година дена да прекинеме со тоа. Сега будењето зависи од тоа колку добро се навечерал. Веројатно кога ќе потпорасне ќе си се најадува подобро и ќе биде полесно да се одвикне од ноќното шише.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 1066
   RE: Проблеми со доењето
9.11.2016 16:57:48   
Hopeful RR
Kvisko, не се замарај. Моите сами се одбија на 11 месеци и продолжија со АД за заспивање, и тоа им го давам разредено. По некое време и ноќе престанаа да пијат, па сега кога се будат, доволно им е да се погушкаат, им ставам цуцла и тераат. Тоа со буткањето шише може да е до забите, или скок во раст некој.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1067
   RE: Проблеми со доењето
17.1.2017 13:11:41   
gorda2
Здраво, ако знае некој од вас да ми го напише соодносот за тоа чајчето сто се прави од семките од дуња за рагади, па се мачкаа градите.... Не си го запишав тогаш, а многу ми помогна. THX

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1068
   RE: Проблеми со доењето
10.2.2017 19:29:10   
fetusce
I jas imam problem so doenjeto. Moeto bebe e 10 dena staro i samo spie koga se budi na 3 i pol , i cetiri casa mu davam da cica a toa bara uste pa mu davam i adaptirano mleko 20 miligrami za da mu stasa. Nekogas se zaborava i spie i 5 casa preku nok pa koga ke se rabudi so placenje pak go dojam i mu davam pak 20 miligrami adaptirano mleko. Koga se budi na dva casai dvaipol casa mu stasuva doenjeto. Sega neznam ni jas kade gresam. Preku cel den i nok me faka kako edno sisence adaptirano mleko. A adaptiranoto mleko sakam da go isklucam . Ako ste imale vakov problem kako ste go resile. . Mi treba sovet.

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 1069
   RE: Проблеми со доењето
13.2.2017 12:03:24   
Kvisko
Fetusce мене педијаторот на почеток ми рече новореденчето мора да цица на секои 2 саати преку ден а на 4 максимум ноќе. Ако не се буди само треба да се разбуди за цицање. Моето не беше спанко па не морав да го будам ама тоа ми беше советот од педијатар.
Пробај да го будиш за цицање додека не си стекне навика самото да се буди. Како што ќе добива тежина и сила ќе почне само да се буди верувај ми.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 13.2.2017 12:04:26 >

(Одговор на членот fetusce)
Непосредна врска до пораките: 1070
   RE: Проблеми со доењето
14.2.2017 14:07:44   
fetusce
nikako ne se budi so napori pa ke vidam do koga vaka ke spie. Sega ke pocnam na dva i pol casa da go budam i fala bogu se izmolziv za prv pat racno 40 miligrama. pa i izmolzenoto ke mu go davam. Fala kvisko

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1071
   RE: Проблеми со доењето
2.3.2017 17:50:04   
fetusce
da ve prasam ringejajki kolku mu e potrebno mleko na sekoj podoj na bebeto, neznam dali mi e dovolno mlekoto , bidejki nesaka da cica oti imam mali bradavici samo se macime na grada da se stavime se izmolzuvam ama na celo denonkie imam vkupno 200 do 220, 230, 240 do 260 miligrami mleko izmolzeno baska mu davam i aptamil okolu 210 do 270 miligrami preku celo denonkiie. Neznam sto da pravam so ova bebusko tesko mi e sto neznae da cica a veke go pominavme prviot mesec, vlezeni sme vo vtoriot..Baram pomo[....

< Поракaта ја уредил fetusce -- 2.3.2017 17:57:05 >

(Одговор на членот fetusce)
Непосредна врска до пораките: 1072
   RE: Проблеми со доењето
3.3.2017 11:24:35   
Kvisko
Fetusce тоа што го одмолзувап не е индикаор колку бебето може да исцица. Јас на пример не можев ни капка да извадам со пумпа а бебето си цицаше. Дури и кога сам реши да се одбие од цицање пробав да намалам притисок во градите со пумпа и ништо. Рачно вадев нешто млеко.
Јас имам/имав рамни брадавици и плус мали и на почеток користев силиконски брадавици. На почеток почнувавме со силиконска па откако ќе се извлечеше го ставав без. Кога ги извлече брадавиците тогаш ја баталивме силиконската. Пробај со силиконските брадавици може да помогне ако му е тешко да фати града.
Исто така пробај со различни позиции за доење може и тоа да упали. Мене на пример ме советуваа да го дојам на почеток во позиција во која што го придржував со раката од страната на која дојам а телото му беше на перница покрај моето тело. Може да прибаш и легната ти да бидеш. Има различни позиции за доење и се некоја може да упали.
Инаку на кутијата со аптамилот ти пишува колку треба да испие во текот на денот според килажа. Види од тоа колку пие па остатокот е твое млеко што го пие.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 3.3.2017 11:26:43 >

(Одговор на членот fetusce)
Непосредна врска до пораките: 1073
   RE: Проблеми со доењето
27.3.2017 19:22:08   
fetusce
Ijas imam eden problem bevme so dohrana aptamil i sega sme i toa samo zatoa sto nesakase da cica, sega koga ima dva meseca cica ama ne ja vlece bradavicata , znaci necica se izmolzuvam preku denot so se nokta po 270 290 miligrami majcino mleko i mu go davam pola demek cica a ne vlece, i pola aptamil. Samo pred nekoj den bevme na grada i samo so 50 miligrami aptamil ama mi vlecese sega pak mu tekna da ja faka gradata a da nevlece sto da pravam neznam kako da vlece Pomognete mi .

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1074
   RE: Проблеми со доењето
27.3.2017 20:34:47   
fetusce

ИЗВОРНА ПОРАКА: fetusce

Ijas imam eden problem bevme so dohrana aptamil i sega sme i toa samo zatoa sto nesakase da cica, sega koga ima dva meseca cica ama ne ja vlece bradavicata , znaci necica se izmolzuvam preku denot so se nokta po 270 290 miligrami majcino mleko i mu go davam pola demek cica a ne vlece, i pola aptamil. Samo pred nekoj den bevme na grada i samo so 50 miligrami aptamil ama mi vlecese sega pak mu tekna da place na gradata, da se buni pa moram pak da se izmolzuvam barem 5 pati vo denot i da kombiniram so aptamil. Aj pomognete mi ve molam dali imavte nekoj vakov problem. sto da pravam neznam kako da vlece Pomognete m


(Одговор на членот fetusce)
Непосредна врска до пораките: 1075
Страница:   <<   < Претходна страница  40 41 42 [43] 44   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  40 41 42 [43] 44   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?