|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  40 41 [42] 43 44   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прва нова храна на бебето II
23.3.2016 16:46:35   
Hopeful RR
Чекај, не те разбрав - викаш не треба овошје навечер а после пишуваш за вечера дека може банана, цреши... Во принцип сите така правиме, некоја житарка или гриз (пченичен, пченкарен) со овошје или јогурт/кисело млеко. Брзо се прави, 5 мин работа. Готовите каши ми се за кога ги немам ни тие 5 минути.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1026
   RE: Прва нова храна на бебето II
23.3.2016 18:23:15   
lolla RR
После настинка/ вирус конечно јаде овие ден два. Хоупфул, идејата околу доручекот ми беше да иде еден оброк само овошје, а другиот да биде житарка со јатка, кокос, урма семки и слично, или варени јајца. За ужинките не се неопходни додека сум дома (цица), но нудам речиси секој ден. Еве денес ја дојаде утринската кашичка за ужинка после 2 ипол часа.

За вечер, и јас не практикувам овошје, иако се случува да му дадам. Најчесто е палента со кисело млеко, лепче надробено во јогурт/ кисело млеко со или без рендано јајце, гриз со кокос и урми, сутлијаш со вода, банана, палачинки, погачки... авокадо со сусам и рж.

Да дополнам, за вечера давам и кус кус со млечно или зеленчук, просо или киноа со малку кромид, пченка и брокула, некоја крем супа, некогаш потпечен благ компир, макарони со моцарела итн. Внимавам на комбинирање на намирниаци иако се случува да прекршам.

За јајце, мене ми олесна кога го воведовме, многу е полесно за храна кога јаде и јајце. А јас сум нивни обожавател па ми беше важно, за разлика од месото кое баш не го готвам за нас. Бебе 3 пати неделно ние три пати месечно хаха.

< Поракaта ја уредил lolla RR -- 23.3.2016 19:12:05 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1027
   RE: Прва нова храна на бебето II
23.3.2016 22:08:52   
gina
so mleko se varat zitnite
a mene me interesira kakvi pcenkarni i ovesni snegulki davate jas kipiv na HIPP i se kako brasno se pravat so AD ili voda i se mesat so kasicka
me ineteresira zemate od onie sto se kako grcki koronfleks oti jas ovi sto gi imam kako ce gi potopam vo jogurt niv gi melete ili taka celi vo jogurt dur omeknat gi davateuser posted image

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1028
   RE: Прва нова храна на бебето II
24.3.2016 9:26:26   
Neurotoxin RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Чекај, не те разбрав - викаш не треба овошје навечер а после пишуваш за вечера дека може банана, цреши... Во принцип сите така правиме, некоја житарка или гриз (пченичен, пченкарен) со овошје или јогурт/кисело млеко. Брзо се прави, 5 мин работа. Готовите каши ми се за кога ги немам ни тие 5 минути.


Мислев на тоа дека овошје треба да се избегнува навечер, но секако дека има овошја кои може да се даваат навечер, лесно сварливи, оние кои не содржат растворени витамини (како цитрусите кои содржат доста вода или јаболкото), црешите не сум ги давала навечер секако, но се добри за мирен сон, па затоа може да се дадат навечер. Во глобала од овшје само банана сум давала навечер. И јаткастите плодови се овошја, па секако не мислев на нив, доколку детето е доволно старо за да јаде јаткасти плодови, тогаш истите се препорачуваат и може да се конузмираат навечер.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1029
   RE: Прва нова храна на бебето II
24.3.2016 9:31:48   
Neurotoxin RR
А за житните каши кога напишав дека ги правев, јас мелев интегрален ориз, купував јачменово брашно, овесни снегулки мелев, и сето тоа го варев посебно, зашто за сите посебен е начинот и времетраењето на варење, значи јас варев три до 4 каши посебно, за еден оброк за бебе од 8-12 месеци, значи поентата беше мешана житна каша. На почеток само така, само житата а после почнав да додавам млеко, банана, кисело мелкце...

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1030
   RE: Прва нова храна на бебето II
24.3.2016 11:58:55   
lolla RR
Секоја мајка готви како што мисли дека е најдобро за детето. Мене ме советуваа по 12 месеци да мешам житарици и така и направив. Дотогаш само по еден вид (ретко кога мешав леќа и просо но тие и не се житарици).

Мене лично највкусен ми е варен рж.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1031
   RE: Прва нова храна на бебето II
24.3.2016 22:55:53   
lukajana RR
Овошје и јас не практикувам за вечера освен тиква и банана некогаш.
До година ипол гледав да биде појадок овошна каша ручек зеленчукова вечера млечна каша или оброк кога веќе не јадевме каши user posted image
Гина житарките што се варат јас ги варам во вода па додавам млеко или овошје .
Мусли или овесни снегулки само потопувам во млеко или вода и стануваат како каша ,ама може и да се блендираат.


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1032
   RE: Прва нова храна на бебето II
28.3.2016 15:50:27   
gina
aj pak za eden sovet pedijatarot mi rece da pocnam pilesko i telesko da mu davam dvapati nedelno ce mu dojde 4 pati ne e mnodu toauser posted image
i da pocnam od 9 riba leka grasok so mesunkasti e me interesira za lekata i za grasakot kako gi pravite koga ce gi svarite posle gi vrvite niz cedalka radi luspite kako gi otsranuvate luspite
a za vecera mi rece da pocekam kon krajot na 9 da mu vovedam
ama ako davajte idei za vecera

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1033
   RE: Прва нова храна на бебето II
28.3.2016 19:57:58   
nadez vera ljubov
Мамички од кога им дававте цвекло на бебушките. Во сокчето 1 лажиче сок од цвекло? Или прво го варевте од колку месеци?

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1034
   RE: Прва нова храна на бебето II
29.3.2016 12:40:40   
sandriana RR
Цвекло се воведува малку подоцна, после 8 месеци.
Како сок не сум го давала, пошто моите не пиеја сок (и сега мнооогу ретко пијат), а во кашички сварено па блендирано.

< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 29.3.2016 12:41:09 >


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 1035
   RE: Прва нова храна на бебето II
29.3.2016 14:08:06   
nadez vera ljubov
Мојава има 7 ипол ќе почекаме уште малку

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1036
   RE: Прва нова храна на бебето II
29.3.2016 15:05:23   
Felly RR
Ние за два дена полни 7. Имаме пробано: банана, јаболко, круша, морков, компир, тиква блага, тиквица зелена, ориз, просо, слива, мислам тоа е се user posted image . Ајде потсетете ме што наредно може.
Планирам палента, па глутен - што во меѓувреме од овошје и зеленчук?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 1037
   RE: Прва нова храна на бебето II
29.3.2016 15:48:32   
Ilina87
Felly, сте пораснале вие user posted image Зеленчук можеш да даваш и брокула, спанаќ, а од 8ми месец и боранија, грашок и цвекло.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1038
   RE: Прва нова храна на бебето II
29.3.2016 17:57:57   
lolla RR
Цвекло непрскано може од одма, ако е непроверено што подоцна, после 8-9 м.

Фели можеш блитва, коприва, касија, вишна.... кромид, лук.

Јас денес се снабдив со полна кеса коприва, и ја наредив за сушење. Се надевам ке ми успее.Исто купив јајца од препелица, па сакам да му дадам утре да проба варено.

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 1039
   RE: Прва нова храна на бебето II
29.3.2016 19:17:43   
Felly RR
Спанаќот ете го заборавив. Пробавме пред некој ден. Во комбинација со ороз не го бендиса баш, ама затоа со банана и јаболко си го искрка без проблемuser posted image Фала на предлозите женски.
Цвекло имам непрскано, органско, само кажете комбинација со што може.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1040
   RE: Прва нова храна на бебето II
30.3.2016 0:40:16   
Ilina87
Јас цвеклото му го давав во комбинација со компир и морков со малку путер или маслиново масло. Само треба малку подолго да го вариш од компирот и морковот.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1041
   RE: Прва нова храна на бебето II
6.4.2016 15:07:45   
gina
devojki jas kupiv crvena leka nemam uste dadeno kolku vreme se vari i so sto mozam da e dadam i da ja vrvam niz cedalka za luspite
a za riba koga probuvavte i nea ja davavte tri dena so red sega edna riba za nego e mogu dali ostatokot varena mozam da e dadam sledniot den

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 1042
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.4.2016 8:55:15   
Neurotoxin RR
За леќата да ти кажам незнам ни јас, јас мислам дека малце покасно ја дадов, па немаше потреба од процедување на лушпите едноставно само ја пасирав, а за рибата, сечев мало парче колку за еден оброк, и тоа го спремав, а другото го замрзнував.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1043
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.4.2016 9:36:57   
Felly RR
Мами, ние пред некој ден пробавме палента. Му дадов готова кашичка на хип која единствени состојки се: пченкарно брашно, оризово брашно и вит Б1 и му ја растворив со АД млеко.
Си изеде околу 50 мл и после тоа образите му се заврвенија и кога го преслекував видов дека и на подколениците на цело ноже има како кругови. Прво ми изгледаше како од чорапчињата да го стегале, ама баш не беа на таа висина,и реков ќе видам вечер со пижамчиња ништо не го стега, ама му се изгубија дури по 3 дена. Е сега ми е мисла од што може да биде реакциоја - дали од палентата или од АД млеко.

После тоа 3 дена му давав само пробани работи, и кога му се изгуби црвенилото, вчера му дадов пак од кашичката ама растворена со вода - немаше реакција.

Се мислам дали може да е од АД? Претходно му имам давано, вака во кашички растворено, ама пошто не е некој голем јадач, се на се, му се има собрано мах 15 мл како да испил, а со кашичкава му дојдоа 50 мл млеко. Можно е да се јави реакција на АД одпослеuser posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1044
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.4.2016 12:08:25   
lolla RR
Фели немам искуство, може да е од АД, може да не е. Останува да си пробаш уште еднаш со АД, а реално и не му треба. Кашите може со вода, мислам тие на ХГип се дотерани така да не му треба ништо плус. А зошто не му дадеш обична палента?

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1045
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.4.2016 11:51:27   
lolla RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

devojki jas kupiv crvena leka nemam uste dadeno kolku vreme se vari i so sto mozam da e dadam i da ja vrvam niz cedalka za luspite
a za riba koga probuvavte i nea ja davavte tri dena so red sega edna riba za nego e mogu dali ostatokot varena mozam da e dadam sledniot den


гина, леќа е 8-9м+ Ако е од црвената, јас ја киснам одвечер, и ја варам 15-20мин. Не сум вадела лушпи, само во блендер.

Риба е 10+, не брзај. Се почнува со пастрмка на пареа или варена. Јас правам цело парче и го дојадувам остатокот. Тоест кога јаде риба, јадеме сите риба со пире од компир и блитва. Не сум му давала храна од вчера, но сигурно може само не ја подгревај. И не мора три дена по ред.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1046
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.4.2016 21:04:00   
Hopeful RR
Црвена леќа јас дадов на 7 месеци, сосема добро помина и често ја јадат. Ја варам најнормално, во блендер како што е, и ептен убав вкус има. Најчесто ја комбинирам со компир, просо, грашок, потоа морков, целер, пашканат, кромид и слично, а понекогаш и со кисело млекце.

Риба уште немам дадено, поспоро ги даваме протеините ради егземот на Ј. И јајце уште немам цела жолчка дадено, постепено работиме на случајот user posted image

Lolla RR, како поминавте со јајцето од препелица? Како го даде, цела жолчка од прва или го делеше?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1047
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.4.2016 22:49:36   
gina
fala devojki ce pocekam so ribata sega sme polni 9m ce probam leka utre a so zolcka samo pola davam cela uste nemam dadeno

sega po kolku obroci treba da imame so se mleko treba li uzina vecera uste nemam vovedeno nemozam da prestasam user posted image a za uzina sto davate ako davas dorucek ovosje i uzina ovosjeuser posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1048
   RE: Прва нова храна на бебето II
12.4.2016 13:49:21   
lolla RR
Хоупфул, директно му дадов цело јајценце (не го изеде првиот пат) од препелица. Така ми рече педијатар бидејки веќе два месеци јаде цело обично јајце.

гина, на 9 м, можеш полека да воведуваш вечера. Ужинка потоа.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1049
   RE: Прва нова храна на бебето II
13.4.2016 11:02:46   
nadez vera ljubov
Мамички вчера наполниме 8 месеци и почнавме со жолчка четвртина со малку кисело млеко. Денеска да почнеме со месо. Еден ден жолчка еден месо наизменично. Сакав да прашам месото кога го варите и при крај го додавате зеленчукот во истото тенџерче или зеленчукот во друго тенџерче? И после во блендер заедно да ставам малку од течноста од зеленчукот или од месото? Со што го комбинирате месото или како до сега во зеленчуковите кашички +месо?

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1050
Страница:   <<   < Претходна страница  40 41 [42] 43 44   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  40 41 [42] 43 44   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?