Bea -> RE: Вагиналните инфекции како проблем за забременување (31.12.2014 8:34:00)
|
На микробиолошките испитувања добив позитивен резултат на Ureaplasma, од брис од cervix uteri. Значи толку се изнервирав, што немам зборови. До сега никогаш не сум имала позитивен брис, сега во постапка за собирање на документација - мора да излезе нешто. Плус, минатиот месец хистероскопија правев, на база на последните испистувања ми рекоа дека нема потреба да ги повторувам бидејки беа ок. Докторкава ми вика дека е последица на пад на имунитетот (имав многу лош период неколку месеци наназад и ми се одрази на крвната слика и имунитетот). Лечење: антибиотска терапија + вагиналети, па повторување на брис. Она што мене ме чуди, е што гинекологот ми вика дека ова НЕ СМЕТА доколку сакаме да пробаме природно. Овулација треба да имам 3-4 Јануари, па ако нема ништо месецов, по наредниот циклус да почнам со терапијата. Мене ми е малку шубе од една страна, а од друга докторкава експлицитно не' охрабрува да пробаме. Имам доверба во докторката, 10 години сум кај неа, се што кажала до сега, така и било... Стварно не знам што да правам. Што мислите вие?
|
|
|
|