Gwendolin -> RE: Козметика за новороденче (31.10.2012 12:49:57)
|
Навистина страшно ова што го читам за козметикиве, ете за цуца моја не користам многу козметики баш од причини што содржат многу хемикалии. На пример порано имаше во аптеки павловичева маст но таква што ја произведуваа во аптеките и не содржеше никакви конзерванси и парфеми и др. додатоци. Ете прочитајте што содржат, па и оригиналната дури има некои хемикалии. Разбирам дека со тоа им се продолжува рокот на траење, но сепак не им фалеше ништо на тие што се правеа во аптеки. Без разлика, после моето безуспешно барање на таква маст, си користам за газето од розовата или пак од онаа на бекутан со невен, понекогаш и ставам во водата за капење малку купка бекутан, но ретко. Прво ја миев и со мерима сапунчето, но една педијатарка ми рече подобро немој зашто содржи многу сода и ја суши кожичката. Ја мачкам некогаш со кремата со рибино масло на бекутан под пазувите, вратчето и зад ушињата, а многу ми помогна кога ја мачкав на лицето и мешето кога беше цела нафрлана со ситни ситни брунчиња...Леле колку сум изнапишалааа[sm=smiley36.gif][sm=zmeden.gif]...може сеа за некој фрик ќе ме мислите, ама неколку пати во неделата ја масирам со чиста свинска маст. Нема миризба, е можеби мнооогу малку, но исчезнува одма. Знам дека е супер за циркулација на крвта и за кожата, бебушка имаше сува кожичка, но сега и е свилена и нежна, нема апсолутно никакви штетни состојки и сум многу задоволна. Да, знам за некој звучи чудно може, покрај толку убави миризливи масла за бебиња, некој да користи маст, но сепак е исклучително природна, здрава, без никакви хемикалии и ако е прочистена не мириса воопшто, бебушка е очигледно многу среќна после масажите и е пу пу здрава со мазна, сјајна кожа. Не да си помислите дека сеа ви тупам да заколите свињи и одма да правите маст за бебиња мачкање [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] ( а ќе излезе и мевце и сланинче шо значи воопшто не ми е лоша идејата), едноставно споделувам искуство и знам и други мамички што ја користат и се многу задоволни.
|
|
|
|