Gwendolin -> RE: Козметика за новороденче (31.10.2012 14:54:46)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Calypso А пречистена свинска маст? Јас имам слушнато дека може да се користи, порано моите баби така користеле, свинска маст за мачкање, ама миена во девет води [sm=zmeden2.gif] - поим немам како се прави тоа, ама било ефикасно и против стрии во бременоста. Пречистена е колку што знам (ако мене ме лажат и јас ве лажам [sm=smiley36.gif]) мене ми ја даде една жена која ја користи долго време, специјално ми рече дека е пречистена и да си ја користам за мене ( се мачкав понекогаш во бременоста и не ми се појавија стрии и ми стана супер еластична и хидрирана кожата). Потоа ми нагласи дека е супер за [sm=duda.gif] да се користи за кожичката, а и заборавив да кажам (лелееее остарев) дека убаво е да се стави масло од невен во маста и се добива супер препарат. И јас имам слушнато дека се вари во 9 води, тоа најверојатно 9 пати ја преваруваат со вода и ја истураат водата, по некоја моја логика таа би се правело, ама не знам сигурно. А имам слушнато и тоа со маслиново масло дека може да се мачка, особено па на лето, познавам луѓе што го употребувале за на сонце кога ги шетаа дечињата, зашто препаратите за сончање биле повеќе штетни отколку корисни. Леле и за тоа имам читано и веќе не знам што да користам и за на сонце.
|
|
|
|