RE: Козметика за новороденче (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


Melanija RR -> RE: Козметика за новороденче (11.9.2013 21:24:45)

Ме замисливте за Јекодермот ,на делови на телото знаат да се појата како црвенила па се губат да не е уствари вруќница или од Јекодермот ,летно бебе ама постојано сме со долги па да не му склет,што викате?




sandriana RR -> RE: Козметика за новороденче (11.9.2013 23:18:23)

Веќе залади, не би требало да се јавуваат вруќици. Ако ти е шубе, батали Јекодерм, ако не му е сува кожата па и не мачкај ништо.




Melanija RR -> RE: Козметика за новороденче (12.9.2013 15:02:57)

Денес беше патронажната и ми рече дека е реакција да сменам прашок или да плави машината два пати.Користам Бонукс може предлог за послаб бебешки прашок?
Ми рече да земеме хиперманган и на крај на бањање со раствор од 2 литри да го полиеме телцето




elenak -> RE: Козметика за новороденче (12.9.2013 15:19:19)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Денес беше патронажната и ми рече дека е реакција да сменам прашок или да плави машината два пати.Користам Бонукс може предлог за послаб бебешки прашок?
Ми рече да земеме хиперманган и на крај на бањање со раствор од 2 литри да го полиеме телцето

А да пробаш со течен детергент? Нема да ти треба ни омекнувач, а алиштенцата мирисаат многу убаво.




Melanija RR -> RE: Козметика за новороденче (12.9.2013 15:21:53)

Да добро ме потесети ми рече течен детергент ама немам искуство ,предлог за кој детергент???
Ми спомна за Нила и незнам кој друг изумив




topce -> RE: Козметика за новороденче (12.9.2013 15:36:02)

ај исфрли го јекодермот, нас тој ни правеше црвенило, и кога ја преоблекувате оставете ја малку да се излуфтира [sm=smiley36.gif], тоа е моја измислица, остави го бебуш малку да диши без облека.и јас првото многу го облекував, а голема склетчика беше.




elenak -> RE: Козметика за новороденче (12.9.2013 15:39:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Да добро ме потесети ми рече течен детергент ама немам искуство ,предлог за кој детергент???
Ми спомна за Нила и незнам кој друг изумив

Ти одговорив тука. Да не сме офтопик, а можеш да прочиташ и други мислења.




Melanija RR -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2013 15:16:27)

Да ве прашам кремата Судокрем што се продавала во Џамбо каде да го пратам мм да бара ,кај кој дел на горниот кат,покрај ескалаторот кај што има шампони,или? .Јас никогаш не сум приметила




Ring -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2013 17:27:28)

Melanija Sudocrem ima I vo Zegin , nekako mi e posigurno ako se kupiva od apteka
A vo dzambo ne znam kade ima,jas ne sum ja videla




mommy_angels RR -> RE: Козметика за новороденче (9.10.2013 17:41:41)

да на вториот кат,таму кај што има шишенца,чаши за деца,лигавчиња итн




Melanija RR -> RE: Козметика за новороденче (10.10.2013 10:12:16)

Во Зегин ја нема,останало само во некоја продавница на зегин во Кисела Вода.Фала на одговорите




Melanija RR -> RE: Козметика за новороденче (10.10.2013 10:33:08)

Изумив да прашам [sm=smiley1.gif]
Дали за дијагноза амонијакален пеленски дерматит освен Судокрем (ако не ја најдеме) може да помогне Бекутан со цинк оксид,или нешто друго?
Не делува павловичевата оригинал.

Едит:осипот е над курето




AnnaMolly RR -> RE: Козметика за новороденче (10.10.2013 10:35:21)

Melanija пробај ја на Нивеа со Цинк, заборавив како точно се викаше ама наменета е само за газе. Мнооогууу е убава, создава заштитен слој на газето за да не доаѓа во допир со содржината на пелената. Поубава крема наменета исклучиво за газе немам видено.

Побарав на интеренет и баш ми извади коментар на Рингераја од порано. Еве го копирам.

„Моето бебе имасхе амонијакален дерматит и бесе само 4 дена старо. Користев тетра пелена под пелената за еднократна употреба. Навистина е малку мачно за мајката ама го решава проблемот без било какви последици за бебето. Без влажни марамици, само со вода и миење на секое менување на пелена. Ја мачкам сеуште со Судокрем, се купува од џамбо, 300денари и трае долго сигурно месец дена. Трпеливо и сигурно ќе има ефект. “

а имате мака со тоа, Меланија? Како е Михаил?




AnnaMolly RR -> RE: Козметика за новороденче (10.10.2013 10:40:28)

И прочепкај тука, Осип, црвенило на детската кожа. Ете последниот пост е оној што ти го цитирав.




Melanija RR -> RE: Козметика за новороденче (10.10.2013 10:50:33)

Да ја видов темата баш иста дијагноза,ама Бекутанот не е спомнат.
Кога ќе го решиме проблемот ќе пишам во темата што ни помогнало [sm=smiley1.gif]

На Михаил само нешто му фали со кожичето,многу сме нежни како за машко [sm=smiley36.gif]




mamamimi -> RE: Козметика за новороденче (11.10.2013 2:38:00)

Zdravo [sm=smiley1.gif]! Moeto since e staro 7 nedeli i posle banjanje go mackam so jekoderm osven na lice bidejki mu se pojavija sitni mozolcinja (navodno od prasina i slicni kontakti) pa pedijatarot ni predlozi pantexol mast i ima nekoj efekt voedno i za preponite kade mu se lupese kozata. Sakav da ve prasam dali nekoj koristel bakutan mast so ribino maslo, dali mirisa kako jekodermot ili poloso, znam deka site tie treba da mirisaat slicno, na ripce [sm=smiley36.gif]. Pedijatarot rece deka zastitniot epitel se stvara po 3-ot mesec pa do togas da koristam ili ribini masla ili nisto. Fala [sm=smiley1.gif]




mimi 27 -> RE: Козметика за новороденче (18.12.2013 23:26:17)

Здраво на сите, имам бебенце 4 месеци, од кога се роди користиме хип шампонче со пенливо и млеко за тело (бидејки се роди по жешкото се нафрла па ми беше препорачано хип од педијатар), сега сакам да го сменам.. што би ми препорачале ??




sandriana RR -> RE: Козметика за новороденче (19.12.2013 12:31:51)

Од раѓање до денес (2 и кусур години) сме со Бекутан пенливо 2 во 1 за капење, и Павлодерм за мачкање.




mimi 27 -> RE: Козметика за новороденче (24.12.2013 19:47:51)

Ти благодарам Сандриана, веќе купивме и се капиме и мачкаме со него, убаво мириса баш сум задоволна.




Defne90 RR -> RE: Козметика за новороденче (24.12.2013 20:15:15)

I nie sme so becutan cela kolekcija i sampon i penlivo i sapun.Isto taka i becutan pavliceva koristime,prezadovolna sum gi upotrebuvame uste otkoga se rodi pogolemoto since.Sega i dvajcata uzivaat vo proizvodite na becutan.Provereno i dobro sekogas so vrven kvalitet.




Мамичка85 -> RE: Козметика за новороденче (25.12.2013 1:12:02)

I jas si se opremiv so Becutan [sm=smiley36.gif]




mimi 27 -> RE: Козметика за новороденче (10.1.2014 1:02:58)

мамички пак јас .. имам една пријателка зборувавме токму за козметика за новородено и кога и спомнав дека користам бекутан ми рече мн лош избор сум направила, дека производите на бекутан содржеле најмногу парабени..и ми покажа во составот. дали сте запознаени вие со ова?? какво е вашето мислење дали да продолжам да го користам??




Felly RR -> RE: Козметика за новороденче (10.1.2014 8:25:12)

Дека содржат парабени -да, ама не сум видела некаде да е пишано во проценти колку, па да се знае точно дека баш бекутан содржат најмногу.
Еве некои информации кои ги најдов на природнакозметика.мк а кои може да ви помогнат во изборот на козметика за новороденче.

„После раѓањето бебешката кожа е недоволно заштитена и изложена на дејството на надворешни фактори. Епидермалниот слој на кожата е многу тенок и пропустлив, па штетните состојки и хемиски активните материи многу лесно може да навлезат до дермисот , кој уште не е потполно изграден. Резултат од оваа реакција е оштетување на сврзните влакна и клеточните елементи, со што кожата станува иритирана и склона кон лупење. Токму затоа при изборот на бебешка козметика, треба да се внимава истата да е без: мириси (при допир на мирисот со сончеви зраци, настанува хемиска реакција, при што доаѓа до појава на флеки), парабени (кои се високо алергени и потенцијално канцерогени), УВ фактори (наместо нив треба да се користат минерали како цинк оксид, титаниум оксид), минерални масла (парафин), формалдехиди (делуваат како клеткини отрови). Овие штетни состојки постепено ја уништуваат кожата, ги намалуваат природните одбранбени механизми, предизвикуваат сериозни промени, кои за жал може да бидат и трајни. “




sandriana RR -> RE: Козметика за новороденче (10.1.2014 8:43:09)

Козметиката за секојдневна, комерцијална употреба, дали за бебиња, деца или возрасни во најголем процент ги содржи овие материи - парабени. И не верувам дека лесно ќе се искоренат овие производи од пазарот за широка потрошувачка.
Изборот на марка на козметика сепак се сведува на нас самите - да донесеме одлука што и колку е соодветно за нас или нашите деца.
Колку повеќе читам и анализирам, краен заклучок е - само вода , па и таа не е најсигурна дека е 100% бактериолошки и хемиски чиста.
Шала на страна - од комерцијални трикови и бизнис афери каде се вртат огромни пари (во фармацевтската индустрија,а со тоа и во козметиката), ние остануваме со милион прашалници во глава, а штетни материи внесуваме на секој можен начин.
Да не должам - никаде навистина не стојат бројчани податоци КОЛКУ има парабени во еден или друг производ.
Секој родител, по својот суд и став и на своја одговорност одлучува за изборот за своето дете.




mimi 27 -> RE: Козметика за новороденче (10.1.2014 16:34:46)

Токму така женски сега сум со [sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif] меѓутоа и во составот на хип има парабени така да сакаш некиш сепак треба да користиш нешто сега добивме и новогодишно пакетче од бекутан ќе си продолжиме со него, сепак бекутан постои многу години и има многу задоволни потрошувачи.




Zdravo user posted image ! Moeto since e staro 7 nedeli i posle banjanje go mackam so jekoderm osven na lice bidejki mu se pojavija sitni mozolcinja (navodno od prasina i slicni kontakti) pa pedijatarot ni predlozi pantexol mast i ima nekoj efekt voedno i za preponite kade mu se lupese kozata. Sakav da ve prasam dali nekoj koristel bakutan mast so ribino maslo, dali mirisa kako jekodermot ili poloso, znam deka site tie treba da mirisaat slicno, na ripce user posted image . Pedijatarot rece deka zastitniot epitel se stvara po 3-ot mesec pa do togas da koristam ili ribini masla ili nisto. Fala user posted image


ние користиме бекутан маст со рибино масло и не мириса воопшто убаво ама помага :) инаку и моето се лупеше и имаше брунчиња на лоицето се помина само од себе не мачкавтогаш ништо ... потоа се исфрла од жешкото и тогаш почнав..




Страница: <<   < Претходна страница  26 27 [28] 29 30   Следна страница >   >>