RE: Козметика за новороденче (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


Bethany -> RE: Козметика за новороденче (10.1.2014 20:09:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mimi 27

мамички пак јас .. имам една пријателка зборувавме токму за козметика за новородено и кога и спомнав дека користам бекутан ми рече мн лош избор сум направила, дека производите на бекутан содржеле најмногу парабени..и ми покажа во составот. дали сте запознаени вие со ова?? какво е вашето мислење дали да продолжам да го користам??

Колку што сум јас упатена, "најштетен" е метил-парабен, и го има и него во бекутанот конкретно, ама таа количина која ја има не е во толку голем процент за да може нешто толку да "наштети".
Ако пак гледаме така, се сложувам со постот на Сандриана, тогаш најздраво вода, па и таа не е здрава [sm=smiley1.gif]




mamamimi -> RE: Козметика за новороденче (16.1.2014 8:14:38)

Mimi 27, fala na odgovorot. Prasanjeto go postaviv koga sin mi imase 7 nedeli :) sega e veke 4 I pol meseci I mesec I pol ne koristam ribino maslo, pominavme na Bubchen mleko za telo cija kozmetika voedno nema parabeni, vnimavam na toa, mnogu na pazarot imaat parabeni, duri I brendirani proizvodi.




Мамичка85 -> RE: Козметика за новороденче (16.1.2014 12:40:28)

Jas da Vi kazam sega za sega koristam Becutan i sum prezadovolna duri i patronaznata sestra mi kaza deka se dobri zatoa sto se ispituvani za ova podracje.




Melanija RR -> RE: Козметика за новороденче (16.1.2014 14:22:44)

Ние од мака, атопичен дерматит, Бекутанот го оставивме.
Бидејќи мораме да користиме козметика без бои,мириси,парабен и што уште не, токму таа козметика е ,,нај,, чиста.Значи Мустела, А-дерма,Био цлин,Еуцерин значи што и да е едно е од 600 ден па нагоре.

Пред породување неможе да знаеме што ќе биде па затоа препорачувам да не се брза со козметика.Само едно за бањање и рибино масло.Потоа ќе видите што ќе му одговара на бебето

Значи и во овој случај значи што поскапо толку подобро.




Мамичка85 -> RE: Козметика за новороденче (17.1.2014 16:19:00)

Pa dobro nie ja banjame so Eucerin sapunce samo ja mackame so Jekoderm i maslo Becutan sega za sega nema reakcija pa ke vidime ponatamu sto i kako.





mimi 27 -> RE: Козметика за новороденче (17.1.2014 18:08:19)

Еве што најдов ... парабените се конзервансите и тие ја заштитуваат козметиката од расипување. Во спротивно кремовите би траеле неколку дена и би се расипале. средствата кои немаат парабени имаат други конзерванси пример (бебешките креми кои се без парабени, како замена ставаат Феноксиетанол. За разлика од парабените кои не ја надразнуваат кожата, овој повеќе ја надразнува и предизвикува алергии.).
Парабените се користеле со причина, затоа што биле најмалку надразливи од сите други конзерванси.

не ни преостанува ништо друго освена да ја сведиме на минимум употребата на козметиките за нашите малечки...









Snow Queen -> RE: Козметика за новороденче (20.2.2014 17:50:52)

Од бекутан сум задоволна и не би ги менувала,а тоа за пеленски осип користам беколино.




Melanija RR -> RE: Козметика за новороденче (26.3.2014 13:42:38)

Барам ама веќе ни јас незнам што [sm=smiley36.gif] Вака барам маслена купка, е супер ама како така на никоја не пишува освен Еуцеринот.Дали ако пишува купка значи маслена, а што би било балзам а што пенливо за капење 2 во 1, или нешто треба да пишува во составот?Знаете ли некоја која е маслена? Бубхем била ама незнам дали е таа што мислам.
Пенливо на Бекутан јасно ми е , ама за балзам и маслена незнам..срам не срам си прашам [sm=jezicek.gif] кој знае нека помага [sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: Козметика за новороденче (26.3.2014 14:30:42)

Меланија и мене ме збуни [sm=smiley36.gif] Немам појма, никогаш не сум размислувала за тоа.
Ама по некоја логика балзам ми е нешто што е како бела боја,( нели како балзами за коса), а маслени се проѕирни течности.
Мислам дека имам сретнувано и на другите (не знам точно Нивеа, Џонсон или друго беше) да пишува ОИЛ напред.
Па ко ќе одиш во продавница ќе видиш би требало да е потенцирано напред на пакувањето дека е маслено.




Melanija RR -> RE: Козметика за новороденче (26.3.2014 15:16:53)

На никое на пишува oil bath [sm=smiley36.gif] само bath а масло како масло за мачкање.На Џонсон исто и на Нивеа тоа што е оил бет го нема во МКД ,па викам ајде да прашам за некое друго или по состав да барам




Melanija RR -> RE: Козметика за новороденче (3.4.2014 13:20:22)

Пак јас [sm=smiley36.gif] искуства со така наречена органска козметика корин де фарм и логона?
Многу е индивидуално но незнам веќе што да одлучам не е земи пробај тоа се прилично пари [sm=zmeden.gif]
корин де фарм по цена е на многу ок што е чудно 500мл за бањање е 217 денари,а пак Логона (600 ден)е како Еуцерин (670ден)што пак не ми иде никако
[sm=zmeden2.gif]




Dilina -> RE: Козметика за новороденче (1.6.2014 13:15:19)

Јас си ја купив цела козметика од бекутан, со искуство дека мене ми одговара, се надевам ќе одговара и на бебчето... и сега може избрзав ама и такане се скапи, а и ако не одговара јас ќе си ја искористам [sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Козметика за новороденче (12.6.2014 16:55:53)

Нам од болница за проблематична кожа ни ја препорачаа Логона, и земавме. Само не можам д судам дали помага при проблематична кожа бидејќи кога си дојдовме дома и го однесовме на педијатар ни рече дека кожата воопшто не му е проблематична, немао никаква инфекција како што ни рекоа. Вака убаво мириса и трае бидејќи прави пен многу.




nataly86 -> RE: Козметика за новороденче (14.7.2014 12:25:01)

Читам на интернет со парабени без парабени и баш се збунив???
Дали некој може да каже кои производи од нашиот пазар немаат парабени?
За бекутанот некаде се пишува дека е полн со парабени на друго место дека е без??[sm=zmeden.gif]

Ајде Ве молам за искуства за нас неискусните идни мајки[sm=smiley36.gif]




sandriana RR -> RE: Козметика за новороденче (14.7.2014 13:49:36)

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Козметиката за секојдневна, комерцијална употреба, дали за бебиња, деца или возрасни во најголем процент ги содржи овие материи - парабени. И не верувам дека лесно ќе се искоренат овие производи од пазарот за широка потрошувачка.
Изборот на марка на козметика сепак се сведува на нас самите - да донесеме одлука што и колку е соодветно за нас или нашите деца.
Колку повеќе читам и анализирам, краен заклучок е - само вода , па и таа не е најсигурна дека е 100% бактериолошки и хемиски чиста.
Шала на страна - од комерцијални трикови и бизнис афери каде се вртат огромни пари (во фармацевтската индустрија,а со тоа и во козметиката), ние остануваме со милион прашалници во глава, а штетни материи внесуваме на секој можен начин.
Да не должам - никаде навистина не стојат бројчани податоци КОЛКУ има парабени во еден или друг производ.
Секој родител, по својот суд и став и на своја одговорност одлучува за изборот за своето дете.

Овој муабет ми е од пред некој месец, и стојам на ставот.
Инаку, козметиката ја избегнувам максимално - користам само Павлодерм за газето, и Бекутан купка 2во1 за бањање, откако е родена ќерка ми (скоро 3 години). Фала Богу, досега сме немале проблеми со кожата. А дур беше многу мало бебе, до 40 дена, ја мачкав со Јекодерм по цело тело, после бањање.




nataly86 -> RE: Козметика за новороденче (14.7.2014 14:39:27)

Точно така!!! се е премногу искомерцијализирано што човек ставрно доага до момент кога ставрно не знае што да прави.....затоа е овај форум каде можи да се информираме за тоа реално што е така а што е добар маркетиншки трик...





Melanija RR -> RE: Козметика за новороденче (14.7.2014 14:42:17)

Мода е дефинитивно , на некои на самата амбалажа со големи букви стои парабен фри, без бои ,алкохол и сл.
Од сегашна гледна точка би одбрала онаа што се води за органска Логона, Веледа, Корин ди фарм и сл

sandriana RR е во право што помалку козметика толку подобро,сите сакаме бебето да ни мириса на влажни,на шампот,на омекшивач [sm=smiley36.gif] карикирам ама така е [sm=smiley1.gif]




Dilina -> RE: Козметика за новороденче (22.7.2014 21:41:00)

Еве веќе 10 дена надвор од меше, користиме бекутан шампонче и тоа една капка за косичето (пошто ја имаме во изобилство) и малце од косичето надолу пеничка ќе размачкам и толку, па јекодерм во мал слој цела ќе ја намачкам и толку од козметика за еденден...

Е сега пошто на рачињата и ножињата почна да се лупи, и ставам витаминска од бекутан, мн ми помага и за понатаму планирам само неа да ја користам, само да потпорасне маце....




Neurotoxin RR -> RE: Козметика за новороденче (26.7.2014 10:26:41)

Здраво Dalina, ги читав постовите на темава па стигнав и до твојот. Ако се лупи на рачињата сеуште не ставај од витаминската маст, продолжи само со јекодерм, тој лесно се впива а витаминот а и д од рибиното масло ќе ја регенерираат кожата, со витаминската на бекутан (која е всушност павловичева) ќе ги затвориш порите (тое е поентата што ја користиме во пелеснката регија)




Dilina -> RE: Козметика за новороденче (29.7.2014 19:03:27)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

Здраво Dalina, ги читав постовите на темава па стигнав и до твојот. Ако се лупи на рачињата сеуште не ставај од витаминската маст, продолжи само со јекодерм, тој лесно се впива а витаминот а и д од рибиното масло ќе ја регенерираат кожата, со витаминската на бекутан (која е всушност павловичева) ќе ги затвориш порите (тое е поентата што ја користиме во пелеснката регија)


Фала ти Neurotoxin, престанав да и мачкам од бекутанот после твојот совет, зошто бекутанот не ми текна дека е павличева, а павличевата не ни годеше бар кај газето... и сега веќе не се лупи... но мн малце ми мириса на риба на моменти... [sm=zmeden.gif]

Можно ли е да е од јекодермот? инаку риба јадев само еднаш и тоа некој ден после пораѓај....




Neurotoxin RR -> RE: Козметика за новороденче (29.7.2014 19:38:20)

Од јекодермот е тој така мириса, не се секирај, малце е интензивен на мојата сите алишта и мирисаа долго после јекодермот има на пазарот многу креми кои се навистина поскапи, ама не вреди да даваш толку пари, ако ти смета можеш и маслени капки ад да ставаш на местата, ама тие тешко упиваат и мрсат




Neurotoxin RR -> RE: Козметика за новороденче (29.7.2014 19:40:06)

А риба јада слободно, дури и се препорачува додека доиш заради омега масните киселини




Felly RR -> RE: Козметика за новороденче (30.7.2014 14:22:49)

И на М сите алишта и мирисаа на риба, хехее, ама со тек на време се навикнуваш на мирисот и не ти смета. [sm=smiley36.gif]




kate18 -> RE: Козметика за новороденче (22.8.2014 15:16:50)

Кога се роди бебушот имаше многу сува кожа,дури му беше и рапава со ситни бубуљички, ја средивме со Еуцерин +20% омега, од третото бањање резултати видливи, за 2 недели кожичето му е мазно и меко, за сега продолжуваме со еуцерин и после бањање тенок слој Јекодерм... Мустела стелатопиа не ми помогна, ја влажни многу кожата, а не е доволно масна, местата каде се превиткуваа рачињата,вратот само ги воспалуваше и многу беа црвени тие места. Само Веледата не помогна, мора и купката за бањање да биде масна. Може ќе помогне на некој нашето искуство [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Козметика за новороденче (22.8.2014 15:20:50)

Ние го бањавме само со вода и така бебе не е прњаво да мора со нешто,а ако се сака маслена купка.Го бањавме со вода а полевавме со вода во мерика околу 500мл а внатре растворена таблетка Ц витамин




Страница: <<   < Претходна страница  27 28 [29] 30 31   Следна страница >   >>