Julie1 -> RE: Интервју :) (13.6.2010 18:08:56)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza За Јулие -Кое ти е омилено цвеќе? Не сум некој љубител на цвеќиња, но подарена Црвена ружа од дечко ми, ме прави среќна, па на некој начин тоа е мое омилено цвеќе. -Имаш ли брат/сестра и колку си блиска со него/неа? Имам сестра, и во различни периоди од животов, различна близина сме имале. Но, сепак таа ми е најдобрата другарка, најдобриот советник и воедно најголем критичар за некои мои постапки во животот и работата. Си ја сакам премногу! -Дали си возач или се возиш со такси?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Возач сум само како документ, ја имам возачката но не ја користам, се возам со такси. -Колку имаш самодоверба,на скала од 1-10? Ах сега зависи за кои работи, за некои повеќе, за некои помалку... -Дали лесно се прилагодуваш при промена на средина(мислам на друг град,држава...) Да, лесно се прилагодувам, иако мајка ми секогаш знае да ми рече добро ќерко ти се прилагоди во таа средин, но дали таа средина се прилагоди на тебе, односно дали таа средина те прифати тебе... и тогаш знам да се замислам и анализирам :) -Има ли песна на која ти навреле солзи,и која е? КЛИК
|
|
|
|