blue_blue -> RE: Интервју :) (22.12.2014 16:00:18)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880 Ejjjj,podzaboravena tema no mnogu interesna,barem jas uzivav na "moeto" stolce!Jas bi sakala I Ane Lav da sedne tuka... A sega za blue_blue 1.Omileno mesto za letuvanje I zimuvanje?! Немам омилено бидејќи сакам да менувам. Во лето сакам да сум на море, би сакала следна дестинација да ми биде некаде во Азија. Во зима сакам да сум на скијање, сеедно кој ски центар. Сега за сега гравитирам накај Бугарија, ама кога ќе имам можности би сакала да идам на скијање на Алпи. 2.Omilena vikend destinacija?! Грција во лето. Пролет, есен - Берово, Јанче 3.Omilena hrana? Тестенини и кинеска храна...Сирења + пршут + црвено вино 4.Kniga,film I pretstava koja ti ostavile vpecatok?! Од поновиве Аватар ми е така некој што ми оставил впечаток, инаку долго време ми беше хит Три бои сино со Жулиет Бинош и Чоколада исто со неа. Книга: Јужно од границата, западно од сонцето, Контакт од Карл Саган...Претстава - не сум била одамна во театар - не знам што би рекла 5.Stil na oblekuvanje,shto uzivash da imash na sebe? Фармерки, панталони, рамни кондури, нешто едностано и удобно. Никогаш не сум се дотерувала многу. Се уште не знам да се шминкам. Штикли прв пат купив пред 3 години. 6.Kako kakva majka bi se opishala? Бескрајно многу ги сакам и ги гушкам моите деца, ги воспитувам да бидат самостојни, не идам по нив да викам - пази не ваму не таму, пази да не паднеш, ги оставам да ги решат проблемите со своите другарчиња без мое мешање, на одмор гуи пуштам од 4 години сами да се бањаат - јас седам блиску ама не и во вода. Строга сум за работи за кои мислам дека не треба да преговараме, како јадење, пиење, спиење, облекување. 7.Omilen perfem?! CK Sheer Beauty 8.Podarok koj ti ostavil vpecatok?! кога маж ми ми подари реплика од нашата свадбена торта за годишнина (инаку тешка сум за поклони па не ми купуваат како изненадување [sm=smiley36.gif]) 9.Na shto seushte se raduvash ko malo dete,shto te pravi srekjna?! На патување било какво, кога ќерка ми (било која) ќе ми се качи да ме гушка, кога после 15 или повече години пак се вратив на скијашки терени - цела планина само моја, кога ќе направам нешто добро кој друг не можел да го направи, кога на некој ќе му помогнам и ќе видам дека тоа го цени 10.Shto posakuvash Novata Godina da ti donese?! Конечно промена за работното место со слично такво во странство, патување некое со децава како она во Париз, мислам дека сега Барселона би ми била следна
|
|
|
|