betpet -> RE: Интервју :) (25.6.2010 16:39:44)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka Бетпет, Што те вади од такт? нечистотија,несреденост. Дали по природа си толерантна, колку толерираш? да, и многу толерирам и затоа многу се мразам, понекогаш за мир во куќа, а и пред се за сопствен мир многу толерирам. Како разрешуваш некој чест конфликт? на мирен начин, со седнување на маса и разговор. Дали на луѓето директно им кажуваш што ти смета кај нив или често премолчуваш? тоа што ми смета директно му го кажувам само на сопругот, можеби и за тоа многу добро се рабираме, а што се однесува спрема другите обично премолчувам. Додека друг би го советувала да не молчи туку директно да му каже. Дали брзо избувнуваш? Колку те држи лутината? Што те смирува? да, правам брза реакција. ме држи многу малку.тогаш веднаш се пуштам во извршување на некоја работа и ми е многу убаво. Колку беше во врска со мт пред бракот? една година и еден месец . Што беше пресудно за да се решиш да преминеш кон следниот чекор - брак? Те притискаа за тоа? Пресудно, па како викаат кој чека ќе дочека, така и јас сметав дека ја најдов вистинската личност што поседуваше се она што мене ми значеше. Никој не ме притискаше, дури не можеа и да ме натераат, ајде ајде, време ти и дури и премногу ти е, ми велеа тетките. Дали те исполнува работата? Таа била твоја животна желба? ме исполнува многу, сопругот мисли и дека претерувам, желба -да, кога студирав и патував со воз секој пат поминував покрај зградата во која сега работам и постојано си велев, ах некој бел ден и јас да работам ваму. По завршувањето на студиите, по некое време и тоа ми се исполни. Во заедница со свекорот и свекрвата сте? Свекор ми е починат кога мм имал 10 години, а сега сме во зедница со свекрвата. мм е најмалото па мора да биде со мама.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], Какви се вашите односи? па она по природа е малку и повеќе од тоа лутка, се лути за се и не можеш многу да и сугерираш, ја знаеш онаа"јас се си знам" и "јас ова најубаво го правам",тешко прифаќа промени и по некогаш ни е лута по 3 дена ако нешто смениме по дома или направиме нешто ново. Јас сакам беспрекорно чисто, а тоа со неа тешко ми оди, и ми вика "ајдеде да не не се направи пак бербат", тешко оди ама јас попуштам и преќутувам и си ја терам работата. Но има и една позитивна страна сака многу да ни го приготвува јанењето и во тоа ужива, па јас ти моменти и го препуштам, а потоа по неа чистам, за на крај да го пофалиме јадењето или да изедеме за она биде среќна. Колку ти помагаат? Дали им се обраќаш со мама и тато?Помага кога имам некоја работа ја чува Теодора, и како што кажав погоре она е главната за јадењето, за тоа второто"мама", тешко ми оди и не викам, ама на сабајле редовно си пиеме кафенце заедно [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Што/кој најмногу ти даваше сила да се бориш за [sm=duda.gif] ? срцето, знаев дека можам да имам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image], но прашање беше само времето. Дали си суеверна? да Дали имаш слободно време и како го поминуваш? Што те исполнува? сега помалку, но кога имам читам закони кој редовно се менуваат, а мора да бидам во тек со се често. Ме исполнува работата, но и онаа во кујна, нешто да направам мјам, мјам. Кое е твоето мото во животот? можам и морам Доволно се, можеби и премногу [sm=smiley1.gif] никошаш не е премногу
|
|
|
|