RE: Интервју :) (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто >> Забава



Порака


Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 18:14:50)

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Dali planirate odmor ?
Годинава не, а ако се решиме секако тоа ќе биде Дојран
Sto te pravi srekna?
Многу ситници од секојдневието, здравјето на децата, најсреќна сум кога ќе успееме да отпечатиме нова книга од татко ми
Tvoja omilena destinacija?
Истамбул и Рим




Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 18:24:19)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Дали некогаш чувствуваше дека освен Марио друго дете нема да можеш да сакаш и како ја делиш љубовта меѓу двете деца сега со оглед на тоа дека многу долго само Марио го имаше?
Долго време, цели 14 години, мислев дека нема да сакам друго дете колку Марио. Понекогаш и додека бев бремена ја прашував мајка ми дали исто ќе ја сакам и Миа. Во првиот момент кога ја видов сфатив колку бескрајно ја сакам и знаев дека е точна изреката "Единствено мајката и Бог можат да ја поделат својата љубов кон сите свои деца,и пак секое да ја добие целата! "
Кога би можела да го вратиш времето дали повторно би се омажила толку млада?
Не
Знае ли свеки дека ја рекламираш со слика на форум и која е нејзината реакција на тоа или која би била доколку  не знае?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Не знае. Ако дознае ќе и објаснам дека ве убедував колку е убава и млада, а вие не ми верувавте, па морав да ви покажам. Ќе и кажам и дека сите сте воодушевени од нејзината убавина.
Дали имаш некое хоби  и кое?
Плетам венчиња од свежо ливадско цвеќе.
Кого ни под точка разно не би земала на пуст остров со тебе, па макар и живот да е во прашање?
Мистер Президент[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Што ќе правиш кога ќе израснат децата и ќе тргнат секое по свој пат?
Ќе ги гњавам нивните деца[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]






Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 18:25:52)

ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817

планираш ли да најдеш друга работа откако ке потпорасне Мила?
Да. Не ја сакам својата работа.
каква свекрва ќе бидеш, а каква баба?
Поднослива свекрва и прекрасна баба [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 18:33:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Дали сметаш дека си строга и сурова??[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Можеби сум строга, понекогаш, сурова не сум никогаш




Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 18:46:03)

ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

на кого не би му простила ако те навреди?
На подалечни, или на познаници. Не само што нема да му простам туку ги бришам комплетно. На моите ќе му простам, сигурно нема навредата да биде којзнае колкава.
како би се однесувала ако дознаеш дека најдобрата пријателка го изневерува сопругот?
Би ја прашала зошто го прави тоа, дали е несреќна, што ли? Би и помогнала да му се врати на семејството, се разбира, моето влијание би било со граница.
што се би сторила за среќата на твојот сопруг?
Ништо посебно. Би го сакала секој ден, секој час, секоја минута, во сите тешки моменти, искушенија, падови..
дали марио и миа ќе ги оставиш да се градат самите како личности или ќе влијаеш на тоа?(мислам на друштво, музика, бонтон спрема постари...)
Би влијаела додека се мали..и подоцна, но умерено, чисто да не скршнат од патот.


засега толку




tereza -> RE: Интервју :) (8.6.2010 18:53:34)

ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza

Ајде и јас да прашам нешто,да не останам покусо[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Дали би ја сменила бојата на косата и би станала плавуша?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Кој прилепски актер би го издвоила како најдобар или омилен?
Кое место во Прилеп те релаксира најмногу?
Доста се[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]



Палешке,мене зарем ме заборави[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 18:56:01)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka


Дали живеете во заедница со свекорот/свекрвата? Колку имате приватност? Колку се сложувате со нив - помлада и постара генерација?
Живееме сами
Дали сопругот е постар од тебе? Дали би била со него ако беше помлад? (Дали би била со помлад од тебе-порано во врска, па брак?)
Постар е 2 и пол години. А за ова немам размислувано дали би била со помлад..мислам дека не
Колку имаш време за себе и како го поминуваш?
Кога спие Миа само. Се разонодувам на РР, или кубам веѓи. Друго слободно време немам, работни обврски еден тон[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Дали вака го замислуваше бракот и семејството? Дали е онаков каков што си посакувала?
Не сум замислувала многу, задоволна сум со ова што го имам, бидејќи го сакам мм.
Што околу подговотките за свадбата и самиот ден на свадбата би променила (отфрлила, додала)?
Леле одамна беше [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Па мислам дека ништо не би отфрлила, би додала само свирачи кај делегацијата на мм, оти по невеста без музика не се оди.
Дали правевте веридба (поголема прослава) или само си дадовте збор и ја озаконивте вашата врска со потесното семејство-најблиските?
Дадовме збор и за скоро направивме свадба, бидејќи бев бремена[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Дали мт поседува особини и квалитети кои си ги барала од еден маж?
Поседува, секако. Добар е, внимателен, чувствителен, не пие, не се коцка, не оди по женски (барем мислам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]), ме нервира што многу спие и што не го нервира и ако бомба паднала дома.






Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 18:57:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza

Палешке,мене зарем ме заборави[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]



Леле, никако мила тереза, одам по ред, овие прашања се пред твоите [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 19:06:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

како го поминуваш денот (од утринското будење, па до легнување што се правиш-хронолошки[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] )???

Станувам, пуштам рингла па одам во ВЦ..се мијам, варам кафе и седнувам на РР [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] седам, седам, додека се разбуди Миа, ја пресоблекувам, ја хранам и ја држам в раце. Ако биде мирна в количка местам кревети, ако не попосле, но секако поручувам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Откако ќе заспие почнувам да чистам, средувам алишта, кревети, спружувам, собирам алишта, бришам прашина, мијам чинии, варам чај, млеко, ставам да се вари овошје за кашичка, стерилизирам шишиња. Се враќа Марио од училиште гладен, јаде и разговараме.
Станува Миа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] ја пресоблекувам и јаде. Му ја давам на Марио да ја подржи и правам ручек, ручаме, ги оставам чиниите за кога ќе заспие. Ги пеглам исушените алишта и до вечерта се занимавам со Миа. Потоа гледам вести, пијам кафе и цеееело време ѕиркам на РР [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]






Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 19:09:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Rossana

-Kako bi izreagirala ako na pat te sretne pitacka so malo bebe vo raka i ti pobatra pari? Ti i davas 10 denari i taa ti veli:- Malku se. Sto bi napravila vo toj slucaj?
Ништо, би си заминала
-Sto ke napravis ako nenamerno ostanes bremena?
Незнам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]





Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 19:10:53)

ИЗВОРНА ПОРАКА: elle

На кого сакаш да личат вашите деца на тебе или на маж ти?
Децата испаднаа како што сакав, Марио на татко му, Миа на мене + Марио е на мене во карактерот




Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 19:15:13)

ИЗВОРНА ПОРАКА: brineta88

За што се радуваше последен пат?
Најмногу се радував кога ја родив Миа, мислам ќе полудев од радост!
Омилено јадење?
Руска салата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Што најмогу мразиш да правиш?
Да закачувам перде..затоа мм стално си го однесува
Кои работи те нервираат во домот?
Неред ме нервира страшно
Дали се кажуваш отворено и во лице доколку за некого имаш лошо мислење
Не, не сум толку директна.




Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 19:19:57)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Која ти е неостварена желба?
5 дена во Рим
Што би променила, доколку можеш да го вратиш времето назад?
Би ја спречила смртта на татко ми[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
Дали би се пријавила на Милионер?
Не
Дали доколку би била на Милионер, би се откажала на некое прашање или би одела до крај?
Зихераш сум [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], не би одела до крај
Дали пазаруваш ти или мт?
Мм пазарува и негодува
Дали мислиш дека си добра домаќинка?
Да...знам буквално да готвам се, не заоставам домашни работи
Дали мислиш дека си професионалец во работата?
Што и да работам ќе го завршам беспрекорно.
Дали ја сакаш работата или работиш колку да не седиш дома?
Работам колку да не седам дома, воопшто не си ја сакам работата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]





Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 19:24:31)

ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza

Дали би ја сменила бојата на косата и би станала плавуша?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Додека бев средношколка го сторив тоа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] и бев како плава Циганка[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], повеќе не [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Кој прилепски актер би го издвоила како најдобар или омилен?
Џумерко не го давам за 100 образовани актери, а од младите Игор Трпчески
Кое место во Прилеп те релаксира најмногу?
Ако во прашањето влегува и поблиската околина, најмногу се релаксирам во нашата куќичка во Мариово






nadica -> RE: Интервју :) (8.6.2010 19:48:05)

што работиш што толку не го сакаш?




tereza -> RE: Интервју :) (8.6.2010 19:55:39)

Да ти дојдам ли утре на гости?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
повторно сум ПП по работа




Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 21:35:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

што работиш што толку не го сакаш?

Работам како оператор на безбедносен систем и вршам мониторинг на 32 камери. Истовремено работам и како референт за набавки во одделот за комерција. Работата е напорна, бидејќи се две работни места. Не е креативна туку рутинска, што многу ме оптеретува. Најмногу од се ме нервира што земам многу мала плата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 21:36:36)

ИЗВОРНА ПОРАКА: tereza

Да ти дојдам ли утре на гости?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
повторно сум ПП по работа
Те чекам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 22:30:40)

Лелелелелеллееее кого го спремам за жешкото столче [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Интервју :) (8.6.2010 23:50:43)

Скоро па чукна дванаесет.
На жешкото столче нека седне ники [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]


Мислеше ли дека ќе бидеш трет испитаник?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Дали живееш покрај море?
Дали си размислувала да се вратиш во Македонија со семејството?
Имаш ли пријателки гркинки?
Дали добро го познаваш Грчкиот јазик?






Maca25 -> RE: Интервју :) (8.6.2010 23:56:41)

честито ники[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

да почнеме:

1. што вика маж ти во врска со македонско-грчкиот спор?
2. колку време поминуваш пред компјутер?
3. колку часа во денот и посветуваш на ќерка ти?
4. дали би родила уште едно детенце?
5. која е твојата најголема мана?




Тања РР -> RE: Интервју :) (9.6.2010 0:28:46)

Ники:

1. Маж ти грк е?
2. Како се запознавте?
3. Заврши ги речениците:
Јас верувам________
Јас се надевам____________
Јас се плашам__________
Јас сум__________
(Поздрав до класната која на првиот час ни даде ваква задача, само со повеќе јас____[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image])
4. Како поднесуваш авторитети?
5. Би можела ли да бидеш лидер на политичка партија?
6. А директор на казино?
7.Која е твојата работа од соништата?




Rossana -> RE: Интервју :) (9.6.2010 0:38:22)

Neznam sto da prasam [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley24.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley24.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley24.gif[/image]

Ajde...
*Koja boja vi se ocite?
-Na tebe?
-Na mt?
-Na kerkavi?
-Na kogo lici vasata kerka?
-Sto mislis za karakterot na mt?
-Gi sakas li domasnite milenicinja?




Snowhite RR -> RE: Интервју :) (9.6.2010 0:44:18)

Грчка или македонска музика?
Кога има евровизија, навиваш за мк или за грција?
Колку време си во Грција?
Дали би живеела во Македонија?
Кое ти е омилено место во Македонија, а кое во Грција?




Nade -> RE: Интервју :) (9.6.2010 0:52:55)

BRAVO za idejata, pozdrav do site budni :)




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>