Палешка РР -> Пиво фест во Прилеп (15.7.2009 8:59:18)
|
И оваа година четири денови Прилеп ќе живее со ладното пиво и вкусната скара. Оваа недела, на 16-ти, започнува седмиот по ред, веќе култен, Пиво Фест. Според направените проценки, минатата година се потрошија 70 тони пиво и 30 тони скара. Годинава се очекува дуплирање на бројките.„Оваа година очекуваме да бидат потрошени преку 60 тони скара и 140 тони пиво, исто така според најавите кои ги имаме, очекуваме над 200.000 посетители за овие четири дена“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.Ќе има 22 штандови распределени на простор од 2.900 метри квадратни. Ќе учествуваат пет пивари и овластени дистрибутери со 13 видови на пиво, а покрај нашите естрадни уметници ќе гостуваат и Луис, Електрични оргазам, Серчук оркестар и Северина.„Поголем дел од просторот е резервиран за самите пивари и овластени дистрибутери на пиво, а во другиот дел од штандовите ќе бидат застапени наши реномирани ресторани и угостители“, вели Винета Иваноска, сектор за Лер - општина Прилеп.„Најспектакуларен е секако настапот на Северина кој сите го очекуваме со неизвесност, бидејќи до сега Северина нема одржано концерт на отворено во Македонија“, рече Снежана Ристеска, советник за култура.Покрај забавата, ќе има организирано и натпревари во најбрзо јадење скара и пиење пиво.
|
|
|
|