blue_blue -> RE: Утрогестан за подршка на бременоста (25.8.2010 9:59:40)
|
Капинче, опушти се малку, имаш уште 9 месеци и после цел живот да се секираш за првото, па за второто дете, па за третото [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] дај земи со нешто друго занимавај се, читај, гледај филм, прај муабет за у која продавница има попуст....не си испила аспирин, не си испила и да е штетно (а не е сигурно) што сега? Жив човек си, си заборавила, Се ќе биде добро, ни прва ни последна трудница не си, ќе си бидеш мајка и ќе се радуваш....Помага да чуеш од овој, од оној што какво искуство имал, ама секој случај си е засебен. Затоа најди си (ако веќе не си нашла) гинеколог на кој му веруваш и кој тебе ти влева сигурност и доверба и слушај што тој ти кажува, а ти прати си ти како се осеќаш па него известувај го и се ќе биде добро....На плодот му требаш со смирени мисли и со мооогу позитивна енергија.....А дали и што ќе осеќаш во матката, во стомакот, во грбот сите што не има на рингераја да ти кажеме што сме осеќале може ти од тоа нема ништо да осетиш, а може се заедно ќе осеќаш...Ајде драга, уживај, биди добра и нека расне мешето[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image] ИЗВОРНА ПОРАКА: kapince zdravo devojki,dali obavezno treba sekoj den da custvuvas neshto vo matkata ili ne???i drugo eden den ne se napiv aspirin zaboraviv,dali e shtetno toa sto samo eden den ne se napiv???da vi kazam toj den sto ne se napiv i pocna glavata da me boli.pozzz
|
|
|
|