LoveableMe RR -> RE: Наметлива свекрва - Секогаш знае подобро! (24.1.2014 9:21:40)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR Море не е до годините, до карактерот е,освен ако немала прележано мозочен удар,инаку се е карактер. Мајка ми е 65 години и чува три деца, и се спрема и четвртото да го чува, онака као јас и сестра ми ќе и кажеме, а не како она мисли, иако често пати мисли поинаку од нас. Не ни се меша и не ни соли памет. А свекрва ми на пример е 10 години скоро помлада од мајка ми па се не може и се она знае како треба со детето, а не го исчувала повеќе од еден саат откако е родено детето. Годините и немаат некој голем удел.. Потполно се сложувам со Везилка, истата ситуација по карактер и кај мене....мајка ми има еден куп пријатели, свој живот и ако е пензионерка, има активности, а свеки не е научена да се дружи само дома седи, цели живот било така, а сака да биде главна и сите неа да ја слушаат што ќе каже, бидејќи таа се знае и нејзиното мислење е секогаш најправилно и не сака да прифати ништо друго. Децата си ги третира како да имаат 5 години и сеуште се им кажува што треба да прават во животот и се меша секаде... Таа неисполнетост што ја има (бидејќи е преокупирана само дома и без контакти освен со свекорот) мора некаде да ја извади и ете ние младите сме за тоа "рибање" и "ментални игри на нервирање" тука... жалосно, но вистинито.....
|
|
|
|