Neurotoxin RR -> RE: Наметлива свекрва - Секогаш знае подобро! (15.6.2015 18:25:40)
|
Анонимен, немам многу години, но млада поминав некои препреки во живототв, а гледав од нив да извлечам некоја лекција. Ништо нема да промениш ако се нервираш, ако водите разговори со мт на оваа тема, да знаеш дека не му е сеедно и дека еден ден ќе се почувстува многу напнато за ситуацијава, ти ќе станеш досадната, замисли како би му било, постојано да слуша дека не си среќна, а за тоа да биде виновна неговата МАЈКА. Таа е мајка, ти си му жена, во однос на ова, мој совет ти е да не разговарате на оваа тема, тој сам ќе ги гледа нештата, ако не сте сега во можност да се одделите, тогаш мој совет ти е да се прилагодиш. подобро дипломатски седни со нејзе, договорете се кој ќе биде „главен“ во кујна, кој со машината за перење, кој за крпата..., сврти си го паметот на мт, на она што го имаш со него, градете го тоа, најдете начин и време како, шеткајте почесто, и ставете клуч на вашата спална соба... вие ќе си го најдете начинот на прилагодување. Бев таму, во твојата состојба... не дека не грешев во моите постапки, ама многу научив. Сега сме сами, и многу го ценам мојот мир сега, не би сакала да се најдам во таа позиција пак, но доколку животот ме натера, мислам дека поинаку би реагирала сега. Барем нема да се нервирам, игнорот е многу јака работа
|
|
|
|