|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 13:06:37   
niki
Деновиве форумов ми е инспирација за отварање нови теми, немој да ми замеритеuser posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: Gari68

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Dobredojde veda
Da ti se zivi i zdravi cicinjata golemi da rastat


Arh_diz sigurno si bila seuste sonliva koga si go pisuvala ova,zatoa sto ovaka izgleda sosem nesto drugo deka i posakuvas na Veda

A na veda i jas i posakuvam toplo dobredojde i da go ubedi i soprugot da se zacleni da ni prenesuva i toj iskustva so decata



Ова што го цитирал Гари го видов утрово, но ич не го размислив вака бидејќи во српскиот јазик цица се користи за нешто слатко и мало, како цица-маца, многу често и за убави девојчиња, така да мене ми е секојдневно и нималку чудно.
Но бидејќи живееме кај што живееме (зборувам за мене, мм и ќерка ни) и потекнуваме од кај што потекнуваме многу често ми се случуваат анегдоти со зборови кои на некој друг јазик значат нешто друго.
Еве примери:
Одиме да шетаме ние тројцата и ко што е ќерка ми љубопитна и жива ќе се фати за некоја глупост што ќе ја види на пат. Јас ко и секоја добра и загрижена мајка, која сака да си го заштити детето од микроорганизми, често на српски викам: Пусти то! И опс сите Грци околу нас се вртат и ме гледаат вака user posted image . Мм ми вика пази што збориш, а јас упсuser posted image
Е сега да ви кажам во што е проблемот. Пустис на грчки значи педер. И сосема оправдано ме гледаат чудно, кога на моето слатко девојче му се дерам на глас, без срам и перде: Педеру!user posted image user posted image user posted image А да се избегне тој збор за мене е невозможно, еден ден ќе ме пријават во полиција за малтретирање на дететоuser posted image
Друга ситуација е кога одиме во Србија кај свекрва ми. И тогаш пак кога е непослушно моето дете јас почнувам со моите говори: Ај да не се караме..... Нормално и таму ме гледаат со чудење, а оние кои ме знаат од кај сум и го добија објаснувањето на зборот ми се смејат секој пат кога ќе го изговорам, а тоа ама ич не е реткоuser posted image И таму на улица сум во опасност да ме пријават за педофилијаuser posted image
Најново ни е со кучето дома и една Французинка. На секој негов немирлук ние фуј, фуј, фуј, фуј. Французинкава прво чудно не гледаше, па потоа свати што тоа значи и на крај ни објасни дека фуј на француски било кога нешто бараш, и претураш и бараш. А ние на кучето барај, барај, што да бара јадното бебе од 2 месециuser posted image
Па ајде странци и сите кои често патуваат и оние кои користат дијалекти, раскажете ги своите анегдоти со јазиците со кои се среќавате!
Повелеле!



_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 13:41:24   
elle
Ај да не се караме.....

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
скоро гледав опуштено со Тони и Део и Тони ги прашува гостите колку често посетуваат театар,а гостинката(не е важно која) вика- јас сум за карање многу ретко посетувам театар.
А Тони во негов стил -и јас мислам дека си за карање, но сега оти заврши сезоната може во септември да дојдеш на некоја претстава, а до тогаш јас и ти ќе се караме.
гостинката сигурне не знаеше што значи зборот и со задоволство се согласуваше на поканата на Тони


_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 15:29:23   
Bitolcanka
user posted image user posted image user posted image за темата Ники. Јас немам некое такво искуство, штом имам би го изнела user posted image Малку ми било чудно толкувањето на нашето чао (збогум), со српското (здраво) порано, како помала user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 15:33:31   
arh_diz
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Деновиве форумов ми е инспирација за отварање нови теми, немој да ми замеритеuser posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: Gari68

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Dobredojde veda
Da ti se zivi i zdravi cicinjata golemi da rastat


Arh_diz sigurno si bila seuste sonliva koga si go pisuvala ova,zatoa sto ovaka izgleda sosem nesto drugo deka i posakuvas na Veda

A na veda i jas i posakuvam toplo dobredojde i da go ubedi i soprugot da se zacleni da ni prenesuva i toj iskustva so decata



Ова што го цитирал Гари го видов утрово, но ич не го размислив вака бидејќи во српскиот јазик цица се користи за нешто слатко и мало, како цица-маца, многу често и за убави девојчиња, така да мене ми е секојдневно и нималку чудно.
Но бидејќи живееме кај што живееме (зборувам за мене, мм и ќерка ни) и потекнуваме од кај што потекнуваме многу често ми се случуваат анегдоти со зборови кои на некој друг јазик значат нешто друго.
Еве примери:
Одиме да шетаме ние тројцата и ко што е ќерка ми љубопитна и жива ќе се фати за некоја глупост што ќе ја види на пат. Јас ко и секоја добра и загрижена мајка, која сака да си го заштити детето од микроорганизми, често на српски викам: Пусти то! И опс сите Грци околу нас се вртат и ме гледаат вака user posted image . Мм ми вика пази што збориш, а јас упсuser posted image
Е сега да ви кажам во што е проблемот. Пустис на грчки значи педер. И сосема оправдано ме гледаат чудно, кога на моето слатко девојче му се дерам на глас, без срам и перде: Педеру!user posted image user posted image user posted image А да се избегне тој збор за мене е невозможно, еден ден ќе ме пријават во полиција за малтретирање на дететоuser posted image
Друга ситуација е кога одиме во Србија кај свекрва ми. И тогаш пак кога е непослушно моето дете јас почнувам со моите говори: Ај да не се караме..... Нормално и таму ме гледаат со чудење, а оние кои ме знаат од кај сум и го добија објаснувањето на зборот ми се смејат секој пат кога ќе го изговорам, а тоа ама ич не е реткоuser posted image И таму на улица сум во опасност да ме пријават за педофилијаuser posted image
Најново ни е со кучето дома и една Французинка. На секој негов немирлук ние фуј, фуј, фуј, фуј. Французинкава прво чудно не гледаше, па потоа свати што тоа значи и на крај ни објасни дека фуј на француски било кога нешто бараш, и претураш и бараш. А ние на кучето барај, барај, што да бара јадното бебе од 2 месециuser posted image
Па ајде странци и сите кои често патуваат и оние кои користат дијалекти, раскажете ги своите анегдоти со јазиците со кои се среќавате!
Повелеле!



mesto cucinja (sum napisala ) cicinja
Inaku na mene cesto mi se slucuva da imam greski vo pisuvanje

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 15:42:55   
Bitolcanka
Се случува и тоа мила user posted image Како инаку ќе user posted image user posted image user posted image И јас не кажувам многу смешки, ама кога ќе тропнам нешто ненамерно user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 15:45:26   
Bitolcanka
Битно - се разбравме, не си замеруваме за вакви случајни грешки user posted image 1 буква или 1 цифра = 1 тон - така доаѓа user posted image Мала промена, а многу важна user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 15:52:19   
Anushka
Niki, темава ти е супер!!!
Си ме изнасмеала ептен, како добро ги раскажа случкиве, алал да ти е!
Еве јас имам многу, а ќе почнам со тие што први ми паѓаат на памет:
1. Ми доаѓа братучетка од Хрватска. Тогаш бевме малецки. Одиме да си играме кај сосетката, а таму бабата на другарка ми, од што и` била слатка братучетка ми, и` вика: „дојди, дојди, баба да те баци!“ А таа се фати во бег и да плаче.
Објаснување: „баци“ на српско-хрватски е да те фрли некој...
2. Имам другарка од Валандово. Еднаш ми вика: „ти се аресе ли диско?“ Јас ја гледам и си викам: а бе, не сум била во диско, Што и е на оваа Што ме прашува?!
објаснување: „диско“ или „диск“ го користат како поим за послужавник 
3. Одам јас на разговор за работа во една грчка фирма. Еден куп Грци, а само еден Македонец (прилично згоден и претставителен). И сега, сите ме интервјуираат, ме тестираат. Се` ќе беше супер да не ми го грешеа презимето. Цело време ми викаа: "Miss Kurova this..., miss Kurova that..." а јас сирота, менувам бои, го гледам дечконо, се смее во себе, а бе во земја да пропаднеш.
4. Уште едно со презиме: мм се презива Веселиновски. Грците редовно го викаат „Mr. Vazelinovski“.
5. Имав еден директор Кореанец. Имаше голем проблем во изговорот на англиски (иако совршено го знаеше). Ги мешаше буквите „К“ и „П“ и „Ф“. Така, еднаш бевме да бираме простор за под наем, гледаме, гледаме, а тој мртво ладен му вика на газдата: "and, where is your fucking (факинг) department" Газдава прашалници и гледа во мене неверувајќи. А мојот директор сакаше да праша: "where is your parking department"...

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 15:56:14   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: elle

Ај да не се караме.....

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
скоро гледав опуштено со Тони и Део и Тони ги прашува гостите колку често посетуваат театар,а гостинката(не е важно која) вика- јас сум за карање многу ретко посетувам театар.
А Тони во негов стил -и јас мислам дека си за карање, но сега оти заврши сезоната може во септември да дојдеш на некоја претстава, а до тогаш јас и ти ќе се караме.
гостинката сигурне не знаеше што значи зборот и со задоволство се согласуваше на поканата на Тони



а, можеби и знаела и и се допаѓала идејата, они си се сепак големиuser posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz


mesto cucinja (sum napisala ) cicinja
Inaku na mene cesto mi se slucuva da imam greski vo pisuvanje


ништо страшно секому се случуваат грешкиuser posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 16:02:00   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

Niki, темава ти е супер!!!
Си ме изнасмеала ептен, како добро ги раскажа случкиве, алал да ти е!
Еве јас имам многу, а ќе почнам со тие што први ми паѓаат на памет:
1. Ми доаѓа братучетка од Хрватска. Тогаш бевме малецки. Одиме да си играме кај сосетката, а таму бабата на другарка ми, од што и` била слатка братучетка ми, и` вика: „дојди, дојди, баба да те баци!“ А таа се фати во бег и да плаче.
Објаснување: „баци“ на српско-хрватски е да те фрли некој...
2. Имам другарка од Валандово. Еднаш ми вика: „ти се аресе ли диско?“ Јас ја гледам и си викам: а бе, не сум била во диско, Што и е на оваа Што ме прашува?!
објаснување: „диско“ или „диск“ го користат како поим за послужавник 
3. Одам јас на разговор за работа во една грчка фирма. Еден куп Грци, а само еден Македонец (прилично згоден и претставителен). И сега, сите ме интервјуираат, ме тестираат. Се` ќе беше супер да не ми го грешеа презимето. Цело време ми викаа: "Miss Kurova this..., miss Kurova that..." а јас сирота, менувам бои, го гледам дечконо, се смее во себе, а бе во земја да пропаднеш.
4. Уште едно со презиме: мм се презива Веселиновски. Грците редовно го викаат „Mr. Vazelinovski“.
5. Имав еден директор Кореанец. Имаше голем проблем во изговорот на англиски (иако совршено го знаеше). Ги мешаше буквите „К“ и „П“ и „Ф“. Така, еднаш бевме да бираме простор за под наем, гледаме, гледаме, а тој мртво ладен му вика на газдата: "and, where is your fucking (факинг) department" Газдава прашалници и гледа во мене неверувајќи. А мојот директор сакаше да праша: "where is your parking department"...


user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Анушка ме скина од смеење. Ќе го разбудам мм.
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 16:14:08   
niki
Анушке и твоиве се суперuser posted image ме боли стомак од смеа
А кореанецот твој ме потсети  на мене кога дојдов првпат тука.

Во обид на туристи да објаснам која плажа е песоклива, која со камчиња ги збркав работите. Наместо да кажам врахакиа, што значи карпички, погрешно, но ќе ме разбереа, јас реков вракакиа што значи гаќи.
Ме изгледаа чудно, а јас пак им се  чудам што ми се чудатuser posted image . Кога си го премотав филмот у земја ќе пропаднев, па им се извинував. Една буква резил ме напраи.user posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 16:20:20   
Anushka
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
добра си.... еве јас се сетив на уште:
1. Една Азијатка се омажила за Македонец. И, напишала книга за нејзиното среќавање со овој народ (мислам дека се викаше „Автостопирање“ или така некако). За да биде фина, кога дошла во МК, ги прашала другарите на мажот и`, како да каже на мк „мило ми е што Ве запознав“. Ај погодете тие што ја научиле?!
Да вика „да ви се испрдам на јазикот“ (ова буквално го пишуваше во книгата, затоа, модератор не го симнувај)

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 16:20:47   
nadica
е жени од смеење ја разбудив надица user posted image user posted image user posted image па сега неможам да ве дружам user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 16:27:22   
Anushka
sorry, Надица баш ми е жал, ама добив инспирација, МОРАМ да продолжам:
Одам на службен пат во Загреб, а како Хрватка по баба, се „правам“ дека им го знам јазикот. И така јас нешто „брилирам“ во говорот, а еден од претпоставените ме прашува како сум дошла (со кое превозно средство). Јас наместо да му кажам со воз - „Влак“, јас му викам со „Тлак“ - притисок... user posted image
Ај пак за мојот директор Кореанец: ми вика "Bring me КОПИ“. Му носам копии од документите, тој ме гледа зелено. Ми вика „ај уонт то дринк копииии“, всушност "I want to drink coffee!"

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 16:36:56   
nadica
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image анушке user posted image user posted image user posted image ме изнасмеа

а дали виде дека денес ти си на жешкопто столче?

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 16:37:52   
Bitolcanka
Леле Анушке, сите се, ама ова последното - кој жив би го разбрал - Bring me copy user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 23:37:36   
Gari68
Еве една згода од средношколските денови : професор по македонски скорива една ученичка и ја испрашува,оваа почнува да одговара, а професорот така постар малку занесен.Ученичката запира во еден момент и професорот и вели : Сврши ли? а ученичката како од топ:  Свршив,a професорот и вели : Е не ме задоволи. И тогаш ние сите во класот патос од смеење, а тие се чудат што е работава.
Човекот мислел да рече : Заврши ли со одговорот?

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
23.6.2010 23:53:48   
Anushka
ах, бе Гари, добри ви биле и професорот, ама и ученичката, хе, хе, хе. Цепки, ме изнасмеа. Еве нешто слично од искуството на мајка ми (прфесорка по француски):
Некое девојченце имало мал недостаток во говорот, па многу течко изговарала зборови, особено кога ќе се возбуди. Мајка ми морала да ја стане да чита. И така, ученичката чита, ама како да не чита, буква по буква, слог по слог... д`ткала цело време, се` додка не стигнала до зборот „Ла Кур“ (двор). Зборот го прочитала одеднаш, без билокаков проблем. Сите се изнасмеале, а мајка ми ја прашала како тоа токму тој збор го прочитала убво (срам да и` е).
Ученичката, возбудено д`ткајки и одговорила: „пппа, пппрофессорке, Ла Кур ми се лизна пппо јјазззикот“

(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
24.6.2010 0:46:23   
Боцко
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka
... до зборот „Ла Кур“ (двор). Зборот го прочитала одеднаш, без билокаков проблем. Сите се изнасмеале, а мајка ми ја прашала како тоа токму тој збор го прочитала убво (срам да и` е). Ученичката, возбудено д`ткајки и одговорила: „пппа, пппрофессорке, Ла Кур ми се лизна пппо јјазззикот“

user posted image user posted image user posted image user posted image

лудило од смеење, а моиве спијат. ц ц ц што ми правите.

- туку, еве нешто од средно школо: одговара еден на табла физика и решава некоја равенка со коментирање. во еден момент вели: и сега ова можеме да го извадиме пред заграда. а професорката: еми извади го деее
- оние што знаат не руски, како ли ќе реагираат на дај спичку да закурим. ќе го изгледаат човекот мнооогу чудно, нели?
- уф мене ми се случи кај една страшна професорка по историја од минатото да кажам соц. Педеративна реп.југ.
user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
24.6.2010 0:49:09   
Боцко
бугарски СВРШИ е заврши а ПОЧИВА е се одмора. најголемиот апсурд на бугарите е ВРЕДЕН е всушност штетен.
кај италијаните MORBIDO е вслушност нежно.
кај словенците ŠKODA е штета.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
24.6.2010 1:04:00   
Боцко
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka
Ај пак за мојот директор Кореанец: ми вика "Bring me КОПИ“. Ми вика „ај уонт то дринк копииии“, всушност "I want to drink coffee!"


таму во индонезија и филипини, мислам дека кафе е КОПИ. поточно постои посебен вид кафе KOPI LUWAK кое се смета за најскапо на светот. даваат сирови зрна на посебен вид мачки да го јадат, да им помине низ желудник, а понатаму user posted image не би објаснувал. како и да е тоа е КОПИ. си знае човекот. ама кило е 300 евра.
user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
24.6.2010 9:22:08   
niki
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
дојдов на утринска доза смеење, супер случкиuser posted image user posted image user posted image
и да ви раскажам уште нештоuser posted image
Седи нашава французинка со ќеркичката и, а Снуки растрчан, весел си игра. И малава израдувана вика: Снуки кур! Снуки кур! Во моментот излегува од спална ммuser posted image целиот подуен од спиење, не знае кај се наоѓа и ја слуша малава, кога ме погледнаuser posted image демек што си го научила детето, срам да ти е. А всушност малата на француски кажуваше дека Снуки трча!user posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
24.6.2010 9:24:55   
mama26
niki kur na francuski e dvor.malata vikala cnuki dojdi o dvor.hahahaah

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
24.6.2010 9:27:58   
mama26
na francuski kur e dvor .znaci snuki e vo dvor ili trca vo dvor.vikala malata.hahaha me iznasmea i mene malata

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
24.6.2010 9:45:09   
niki
courir  - трчање
Snookey court (куур). - Снуки трча.
la cour - двор
исто се чита


< Поракaта ја уредил niki -- 24.6.2010 9:51:42 >


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Исти зборови на различни јазици и анегдоти
24.6.2010 9:49:27   
Anushka
еднаш кога вадев виза, госпоѓата пред мене имаше гарантно писмо за деловна посета во Италија од фирмата „Курва“ (Courva - крива, облина, форма)
или пак, ние соработуваме со фирма чиј бренд е „Меца Серла“ (Mecca Serla)

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?