Octavia -> RE: чести вечерни будења (24.1.2011 14:27:28)
|
Џесика, дури да ги ожениме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Знам дека ти е тешко, да не те плашам, мојов јунак има 9 години и уште сме проблематични за спиење. Од мал правеше така, пробуваше да скокне од креветче среде ноќ кога почна да се исправа, кошмари имав од страв да не тресне на глава ако сум поцврсто заспана. Па попуштив под притисокот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image], полесно ми беше до мене да е, отколку да прави акробации и да пробува да скока кај мене со вриштење. Толку панично плачеше кога се будеше навечер, страшно беше [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]. Добивав најразлични совети од „Остави го нека се изнавришти, ќе заспие“ до „Се плаши затоа што се дели од тебе кога одиш на работа, му треба сигурност“. Јас не сакав да правам дополнителни трауми, па спиеше до мене на спална, па кога потпорасна мм „се отсели“ затоа што малиов многу го клоцал... Реално, цела ситуација не е баш здрава за бракот, ама детето така беше најмирно. Едно време кога почна да разбира дури беше и горд што го избракал татко му од спална [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]. Можеби ќе беше полесно да имавме детска соба, ама искрено, не знам... Другар мој спие во детската соба, а жена му со синот во спална [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], така што...
|
|
|
|