Губење на млекото (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Доење и дополнување на доењето



Порака


Edna -> Губење на млекото (7.7.2010 12:52:24)

Намалување на количината на мајчиното млеко е нешто со што се соочив и мислам дека е полезно да споделам неколку корисни совети за излез од оваа ситуација.
Причини за губењето, односно намалувањето на количината на млекото се многу, но сите овие причини најчесто влијаат првично кај желбата на бебето да цица, а со тоа индиректно врз стимулација на млекото во градите. Моето бебе едно време почна се` помалку да цица. Бидејќи не можев да препознаам дека не јаде доволно ја оставав да си прави што сака. Така бебето почна многу слабо да напредува, навечер да и` ослабува циркулација па ја наоѓав иако препокриена со јоргани и ќебиња, со смрзнати рачиња и носе. Кога ја однесов на доктор констатиравме дека слабо јаде.
Иако ме советуваа за внесување дохрана јас решив сама да истражувам за начините на зголемување на количината на млекото. Еве како после рана детекција и краток период на стимулација си го вратив млекото и дури ја зголемив количината:
1. Наместо на 3 саати Ена ја ставав на гради на саат ипол. Секое бебе е различно. Моето сака да цица на 3 саати. Намалување на половина од временската дистанца беше најповолно решение. Доколку вашето цица на 2 часа, смалете на 1 час. Секако тоа нема да цица така активно ама и со нежно влечење ќе стимулира.
2. Наместо еден подој-една града дојте го бебето менувајќи ги градите штом почувствувате дека цицањето од активно преминува во слабо. Најпрво ја легнувам на една града, потоа ја вртам со нозете кон мојот грб (видете позиција фудбалска топка на гугл) па потоа истото на другата града. На тој начин бебето ги стимулира двете гради и зема повеќе количество млеко затоа што она во едната града му е премалку.
3. После секој подој со пумпа измолзувајте се. Измолзеното дајте му го на бебето во шише. Избегнувајте да употребувате премногу често шише, односно шише со млеко (измолзено + дохрана ако треба) ќе добива самои единствено после доење, а не како замена за доење.
На почеток после подој едвај, ама едвај вадев 20 мг. По неколку дена количината се зголемуваше. Како се зголемува количината на измолзено млеко така се зголемува количината на производство на млеко. Бидете упорно и трпеливи. Пумпата не може да измолзе така како што може бебето. Чекајте ако треба капка по капка. Дадете си одредена количина како цел која ќе ја бркате и бидете упорни. Секогаш нема да успеете да ја остварите (не е до нас нели) ама барем ќе имате добра мотивација и занимаицја низ долготрајното молзење.
4. Прекинете со стимулацијата и сите погорни точки штом почувствувате дека имате повторно доволно млеко. Вратете се на моделот една града-еден подој и не се измолзувајте повеќе.
Што порано почнете со овие вежби за зголемување на количината на млекото тоа побрзо ќе го вратите.
Среќно!




Leonida -> RE: Губење на млекото (7.7.2010 13:13:51)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Edna


2. Наместо еден подој-една града дојте го бебето менувајќи ги градите штом почувствувате дека цицањето од активно преминува во слабо. Најпрво ја легнувам на една града, потоа ја вртам со нозете кон мојот грб (видете позиција фудбалска топка на гугл) па потоа истото на другата града. На тој начин бебето ги стимулира двете гради и зема повеќе количество млеко затоа што она во едната града му е премалку.



Претпоставувам дека мислиш на оваа позиција (фудбалска топка) [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

[image]http://www.moondragon.org/articles/graphics/bffootballclutch.jpg[/image]




Палешка РР -> RE: Губење на млекото (7.7.2010 13:24:11)

Браво за твојот успех Една! Ти благодарам што го сподели своето искуство со нас!
Ве сакам мајки, значи нема ништо посилно на светот од мајчината љубов!

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Тања РР -> RE: Губење на млекото (7.7.2010 14:32:59)

Прекрасен и поучен пост Една. Благодарам!
Јас од време на време се соочувам со намалување на лактацијата и го применувам она твоето „скратување на времето меѓу подоите“. Сега ќе ги применувам сите точки[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




veda -> RE: Губење на млекото (8.7.2010 17:16:55)

Imama slicen problem.I so prvoto i so vtoroto dete.Voopsto imam mala kolicina na mlekeo,dodusa za vtoroto imam poveke ,no posle kontrolata na prviot mesec uvidovme deka ne e dovolno. Maloto imase dodadeno samo 600 gr. I pokraj toa sto probav i napraviv se sto sum slusnala , piev caevi za pogolema laktacija, pijam ogromno kolicestvo na tecnost, voda,kako i site dobro se hranam ,go doev sekoj eden saat, i koga ke pobara, se molzev no sto da molzam-20 tina grama......ama dzabe Kolku poveke cica ikolku pokratok e vremenskiot period izmegu doenjeto  tolku pomalku mleko mi ostanuva za naredniot pat. Edinstveno poveke kolicina na mleko cuvstvuvam vo noknite casovi, zosto  bebeto cica dva pati ili tri vo nokta pa  mi se sobira i poveke mleko. I taka prestanav da eksperimentiram so moeto sonce za da vidam dali mu e dovolno moeto mleko i pocnav da go dohranuvam so NAN 1 (istiot slucaj i so prvoto) No sepak na sekoe hranenje jas prvo go stavam da cica i na dvete gradi ,toa go iscicuva mlekoto i potoa spremam mleko i mu go dodavam. Vo sekoj slucaj i poslednata kapka majcino mleko ke go stavam da ja iscica i veruvajte i sega ne mi e lesno i zalam sto moeto telo ne e sposobno da sozdade dovolno kolicina na mleko za moeto angelce da rasti[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]  I tesko se pomiriv i ovoj pat no sto e tuka e, cucinjata mora da ni rastat a nie mora da go najdime vistinskiot nacin  za toa.




Edna -> RE: Губење на млекото (8.7.2010 22:21:44)

Veda ne ocajuvaj i neka ne te faka taga poradi toa. Ne e kraj na svetot. Znam deca koi bile skroz na vestacka i sega se kukureci golemi :) Prodolzi da pravis toa sto pravis, prvo na gradi pa posle adaptirano. I izmolzuvaj se, ap 20 gr i ne e loso, daj mu gi i tie. Ako ne se zgolemi kolicinata teraj taka. Tvoeto bebe sepak prima malku majcino mleko.
Samo napred! Uzivaj vo bebusot i neka ne te obzema taga poradi doenjeto. Za nekoe vreme (a vremeto leta, znaes veke imas edno pogolemo dete) i maliot ke ti bara hamburgeri samo hihihih




veda -> RE: Губење на млекото (8.7.2010 23:00:48)

Fala Edna , sosema si vo pravo,samo znaes  krivo mi e[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Ama veke se naviknuvam . Blagodaran na podrskata [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Губење на млекото (14.7.2010 19:09:22)

И јас овие денови како да го губам млекото [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Дали е од жешкото, па нит ми се јаде, нит ми се пие нешто, или од што се понервирав малку [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]...Сега му нарачав боза на мм [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Тања РР -> RE: Губење на млекото (15.7.2010 0:39:51)

Сигурно е од нервозите Палешка. Јас така кога се нервирам еден-два дена потоа наредните 2-3 дена имам многу малку млеко. Пиј боза и многу минерална вода. Ќе се среди, не грижи се.




Mamiiii -> RE: Губење на млекото (30.7.2010 2:38:22)

I jas sum enda od vas :(. Imam 4 mesecno bebe i ovie denovi pocnav da go gubam mlekoto.
Do sega mu nemam dadeno nisto drugo osven majcino mleko. Se plasam deka ke go izgubam skroz mlekoto.
Pomagajte, kazuvajte sto da pijam, jadam, sto da pravam za da go zadrzam majcinoto mleko?




Палешка РР -> RE: Губење на млекото (30.7.2010 7:49:07)

Здраво Мамиии

Мене многу ми помага боза и шумливи таблети Магнесол,а други жени од форумот пијат чај за поттикнување на лактација. Но исто така добрата исхрана е многу важна, јади повеќе.
Најважно од се е да не се нервираш, да бидеш смирена, за да ти се врати млекото.
Извести не што си направила[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Тања РР -> RE: Губење на млекото (30.7.2010 14:04:29)

Мамииии
јас да се надоврзам на Палешка. Исто така е многу важно да пиеш многу течности. Мене особено ми помага Кожувчанка и пијам дневно околу 3 литра.




anedespo -> RE: Губење на млекото (30.7.2010 14:51:17)

Многу е битна добрата исхрана. треба добра протеинска исхрана, за да имате прво појако млеко кое ќе го нахрани и држи заситено неколку саати, а не водичка за заситување на жед. Второ, никако стрес и нервоза-убиец број 1 на млекото, само убави чувства и опуштеност. Чести подои за да се стимулира уште повеќе млеко и набрекнати гради не значат и повеќе млеко. Моите беа минијатурни и издишани па можев 2 деца да надојам. А дали им е доволно на бебињата, ќе видите по тоа дали напредуваат според официјални податоци кои се наоѓаат секаде на интернет. И по тоа дали често какаат и мочкаат. Кога бебето е гладно кака зелени столици, во спротивно треба да се жолти како слама. не гледајте пример вашето качило 600 гр. првиот месец а на комшиката 2 кг. сето тоа е индивидуално. Моите качуваа по светскиот просек и секогаш беа меѓу средината и подолната граница, а на брат ми беа дупло поголеми. Тоа не значи ништо само што и сега на брат ми се крупни кон дебели, а моите се слабички и високи. 




Mamiiii -> RE: Губење на млекото (30.7.2010 15:33:55)

Фала ви на сите за убавите совети, ќе пробам све само да го задржам млекото. А малото последниве денови има зелена столица, а јас мислев дека сум го прехладила, ама тоа било зашто не е дохрането :(.
Исто имам приметено кога ке јадам палента многу ми надоага млеко, пијам и чај од ким по 700 мл дневно и по 500 мл млеко, ама слабо јадам. Апетитот ми е многу намален, ништо не и се јаде.
Сега му нарачав боза на маж ми, и после ќе го купам и чајот за доилки од билна аптека. Тој го пиев само првиот месец од како се породив, и тогаш имав многу млеко, дури со пешкири се шетав на мене, ама во последно време многу се намали млекото.
Фала ви уште еднаш, ако имате уште идеи кажувајте и јас ке ви пишувам :)




Палешка РР -> RE: Губење на млекото (30.7.2010 15:44:07)

Мамиииии, не се чуди што ти доаѓа млеко од палента, мене најмногу ми доаѓа од грав, хахаха [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Mamiiii -> RE: Губење на млекото (30.7.2010 15:50:06)

Мене ми е страв да јадам грав да не му направам грчеви на малиша. Има 4 месеци дали треба уште да ја избегавам таа храна или може слободно да почнам да си јадам све? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




*miki mami* -> RE: Губење на млекото (30.7.2010 15:55:21)

јас почнав да јадам се одма после 40 бидејки немаше грчеви и мислам дека и ти мозеш да си јадеш се буквално само незнам за лутото да ти казам бидејки не јадам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]  големо ти е веке бебето 4 месеци[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] некој мајки почнуваат со дохрана на 4 месеци
така да поробај јади си се па ке видиш




Палешка РР -> RE: Губење на млекото (30.7.2010 16:13:35)

Е таа забелешка ти е на место мамиииии. Миа имаше грчеви до 3 и пол месеци, па после тоа јас почнав нормално да се хранам, дотогаш внимавав.




Mamiiii -> RE: Губење на млекото (30.7.2010 17:05:22)

Ок од денес ке почнам све да јадам :)))), па ке ви казам сто резултати има
поздрав и фала многу на советите [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Губење на млекото (31.7.2010 0:35:01)

И да се надоврзам на другите, треба и многу одмор, кога спие бебето одмарај и ти, јас имам забележано дека кога сум поодморена имам повеќе млеко




Палешка РР -> RE: Губење на млекото (11.8.2010 0:03:09)

Ете и јас овие два дена имам малку млеко (се испозанесов, ќе држам диета и ете ти сега [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image])
Од утре ќе применам, што вели Тања, агресивни методи...и нема диета!




nutelizza -> RE: Губење на млекото (11.8.2010 23:56:31)

Со намалување на храна се губи млекото, ние за малку така ке се одбиевме. Јадете си колку ви се јаде само умерено и квалитетно а кога ке престанеме со доење ке мислиме на нас.
И покрај тоа што целосно мојата гардеробата е мала и сите ми викаат дека сум енормно зголемена и не изгледам како порано посебно оние што ме немаат видено со години јас си продолжив по мое и имаме 19 месеци и уште цицаме[sm=duda.gif]
Палешка кога ке почне да оди и да пипка по се низ станот да трча и да го интересира се сама ке си ослабнеш




Палешка РР -> RE: Губење на млекото (12.8.2010 0:03:20)

Фала nutelizza, денес јадев повеќе и испив многу течности, боза и млеко и ми се врати млекото во нормална количина, дури и повеќе. Нема да си играм со најважното нешто за бебето..па и нека останам полничка.




nutelizza -> RE: Губење на млекото (12.8.2010 0:06:22)

До година да си ја доиш така направив и јас потоа почнав да и давам и кравјо млеко и сега пие и двете прво шишенце па си продолжува кај мене. Ама веќе е ретко само преку ноќ бара цице. Кај и да е во есен се одбиваме




Mamiiii -> RE: Губење на млекото (23.8.2010 1:34:16)

Eve me mene pak.. :) Jas uspeav da si go vratam mlekoto pak i sum si mnogu sreknicka :) Ne jadam nesto posebno mnogu, gledam trite glavni obroci da ne gi utnam ( mada nekogas mi se slucuva i da imam 2 obroci dnevno ), ama zatoa pocnav pak da go pijam cajot za doilki od bilna apteka po 1l dnevno. Toa e mesavina od 5 caja. I imam primeteno ako ne se napijam den-dva odma mi se namaluva mlekoto, a koga si go pijam redovno imam mleko i za odmolzuvanje. Probajte so cajot mislam deka stvarno pomaga. 




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>