baby_bump -> RE: Губење на млекото (26.12.2010 13:48:03)
|
И кај мене сличен проблем, премногу стрес и нервози, со 2 месечно бебе минатата недела бев во болница 5 дена [sm=smiley19.gif], со дијагноза бронхеолит, инфузија во глава, секојдневно боцкање по 3 пати, се утепав од плакање, ми дојде мензис и на крај овие денови осеќам намалување на млекото. Не сум сигурна но можеби и советот што го прочитав овде, една града еден подој, малку придонесе за оваа ситуација, бидејќи моето цица на 2-3 саати, со цицање само од една града на секој подој, стимулацијата на секоја поединечна града е на секои 5-6 часа, отколку како што го доев претходно, од двете гради на секој подој? Ја разбирам причината за такво доење, нели да го исцица до крај и најхранливото млеко, но млекото така значително ми се намали. Сега пак се враќам на старото на секој подој од двете гради, упорно ја ставам и на двете па можеби ќе се врати млекото. Инаку забележав и зелена столица кај бебето и навечер јас сум толку исцицана што немам млеко да и дадам токму пред ноќното спиење за да не се буди толку често. Се борам да не го изгубам млекото и секогаш кога сака и давам да цица. На крај се консултирав со педијатар и за секој случај купивме Хип Пробиотик за дохрана пред спиење. Само ме интересира што е тоа грисолино? Зошто го давате? Моето бебе е 2 месеци старо, по колку количина од вештачкото млеко да и спремам во случај да снемам млеко навечер? поздрав
|
|
|
|