Мецана -> RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост (30.11.2012 12:52:04)
|
За Lovelace: Стабилни вредности на пролактинот и TSH хормонот се многу важни за забременување. Гинеколозите велат дека најдобра вредност на TSH за забременување е од 1-2, иако вредностите од 3,4 се во пропишаниот опсег. Затоа најдобро да се консултираш со ендокринолог и да земаш соодветна терапија. Истото важи и за пролактинот, ако е вредноста покачена се намалува веројатноста за забременување. Затоа и тој хормон треба да го регулираш. Обично овие 2 хормони истовремено растат, и може да се предизвикани од зголемен стрес и нервоза. Razocarana 19, не мисли толку на цртките(знам дека е тешко но барем помалку мисли), опушти се и ќе видиш дека ќе успеете кога најмалку се надевате. Бидејќи мислата не е сама, вклучено е и целото тело во желбата за забременување, затоа многу често се постигнува спротивен ефект. Можеби едноставно не сте го погодиле денот на овулација. Затоа провери ги последните неколку месеци (барем 5-6) на колку време си добивала, бидејќи не секоја жена овулира на 14 тиот ден како што е медицински одредено. Но, најважно е да се релаксираш [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|