Bea -> RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост (23.1.2015 10:33:06)
|
Здраво RR-ки! Ги земав вчера резулатите од хормони на 3-ти ден. Се плашев за пролактинот бидејќи сум на терапија со Бромергон, но тој беше релативно ок - 9. Тоа што не очеував е TSH 3.6! Никогаш не ми бил над 2. Докторката ме советуваше да повторам на 12 ден од циклус, па ако е повторно покачен да консултирам ендокринолог. Инаку немам прамено МР на хипофиза. Читав нешто за природно намалување, но не успеав да најдам ништо конкретно освен: 1) Да се избегнуваат зеленчуци од типот на зелка, кељ, брокула или да се ограничува внесот на овие зеленчуци 2) Да се користи хималајска сол, природно збогатена со јод, бидејќи TSH се покачува кога Т3 и Т4 не се лачат доволно, а тие пак не се лачат доволно доколку нема доволни количини на јод во организмот. 3) Да се зголеми внес на Б12 витамин и генерално витамини од групата B 4) И секако, намалување на стрес Ќе пробам да променам ова, но сепак кај мене можно е да е и од хипофизата. Не знам, ич не ми се пијат апчиња, ама тоа е што е...
|
|
|
|